Зад објективот: Helen Bartlett - претворање на страста за фотографирање во кариера

Helen Bartlett ја споделува приказната за нејзината кариера за фотографирање семејни портрети, нејзината омилена опрема и нуди совети за почетниците.
Црно-бела фотографија од бебе кое допира книга.

Helen Bartlett започна да фотографира деца кога беше тинејџер, во детската градинка на мајка ѝ во јужен Лондон. Професионалната кариера ја започна во 2003 година и сега спаѓа во групата на најуспешни и најпочитувани фотографи за семејни портрети во Обединетото Кралство. Во нејзините црно-бели слики ја користи достапната светлина и го доловува емотивниот аспект на семејниот живот. Разговаравме со неа за предизвиците со кои се соочила при претворање на страста за фотографирање во кариера.

Кога прв пат ве заинтересира фотографирањето?

Татко ми сакаше да фотографира додека растев и затоа имавме темна просторија за развивање слики во домот. Јас и браќата имавме рачни фотоапарати и снимавме многу фотографии на црно-бели филмови, а потоа ги развивавме и печатевме. Во тоа време, мајка ми раководеше детска градинка во домот во работните денови. Кога станав тинејџер, започнав да ги фотографирам децата што доаѓаа во детската градинка и тие фотографии им ги продавав на нивните родители за да заработам пари за џепарлак. Продолжив да фотографирам додека да дипломирам, бидејќи отсекогаш сакав да бидам фотограф. Сепак, бев убедена дека тоа ќе биде само нереализирана желба и дека ќе продолжам да работам нешто друго.

Црно-бела слика од дете кое се смее и си игра со меурчиња.

Кога фотографира деца, Helen секогаш се труди да внесе забавен елемент во нејзините слики, што е одличен начин за снимање слики со природен изглед. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 85mm F1.2L USM DS од Canon со избрани 1/2000 сек., f/1,2 и ISO320. © Helen Bartlett

Како желбата се претвори во кариера?

Се обидов да работам на неколку работни места, но сè уште сакав да бидам фотограф, па затоа мојот постар брат ми позајми пари за да основам компанија за фотографирање деца и сè тргна како што треба. Опремата за дигитално фотографирање стануваше сè подостапна, па затоа купив EOS 10D од Canon, компјутер и живеев со моите родители додека да се стабилизирам.

Какви предизвици мораше да надминеш?

Најголемите предизвици во тоа време се исти и денес. Најтешко е да се пронајдат клиенти. Може да снимате најдобри фотографии во светот, но ако луѓето не слушнале за вас, тогаш многу е тешко да привлечете клиенти. На почетокот, за да научите како да работите со деца треба време и искуство. Се сеќавам кога фотографирав четири мали момчиња во соба во сутерен, на дождлив ден, и си размислував колку интересен и забавен предизвик би била ваквата работа. Колку подолго работите со деца, толку повеќе дознавате како да извлечете максимум од нив и што да правите за да можат сите да го поминат времето на прекрасен начин.

Црно-бел страничен портрет од бебе.

Специјалните макро објективи ви овозможуваат да фокусирате на многу помало растојание од стандардните објективи, што е идеално за фотографирање новороденчиња и бебиња. Снимено со EOS-1D X Mark II од Canon и објектив EF 100mm f/2.8L Macro IS USM од Canon со избрани 1/500 сек., f/2,8 и ISO1000. © Helen Bartlett

Црно-бела слика од мало дете што седи на рамената на татко му.

Охрабрувањето на родителите да учествуваат во фотосесијата им помага на вашите субјекти да се опуштат за да можете полесно да ги доловите спонтаните моменти. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/1000 сек., f/2 и ISO400. © Helen Bartlett

Какви совети би им понудиле на амбициозните професионални фотографи?

Едно од најважните нешта што треба да ги запомнат е дека фотографирањето ретко може да ве одведе до големо богатство. Работата е напорна, па затоа пред да дадат отказ од работа, важно е да запомнат дека не можат да успеат преку ноќ. Ви препорачувам да научите колку што е можно повеќе. Интернетот е одличен извор за практична помош и учење техники. Но, најважно е да вежбате. Бидејќи ништо не може да биде подобро од самото фотографирање. Добра идеја е да почнете да ги фотографирате пријателите и членовите од семејството пред да почнете да наплаќате за фотографирање. Колку повеќе фотографирате, толку повеќе трикови ќе научите и толку повеќе ќе го дефинирате вашиот стил.

Црно-бела слика од сцена во шума со силуета од дете кое стои на гранка на паднато дрво.

Вклучувањето сенки во вашите слики може да ви помогне да го пренесете расположението и да создадете амбиентално чувство. Снимено со EOS R5 од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/400 сек., f/1,8 и ISO800. © Helen Bartlett

Каква опрема користите во моментот?

Во моментот користам два фотоапарати и сакам да преминам на модел без огледало. Сè уште го користам мојот омилен EOS-1D X Mark II од Canon во комбинација со објективите EF 85mm f/1.4L IS USM од Canon, EF 35mm f/1.4L II USM од Canon и EF 24-70mm f/2.8L II USM од Canon. Децата се движат брзо, а извонредниот автоматски фокус и неверојатната издржливост на серијата EOS-1 D X се одлични кога не знаете со што ќе се соочите на фотосесијата - песок, течност за меурчиња, меки играчки - со разиграни дечиња може да се случи сè.

Во 2020 година ја надополнив мојата опрема со EOS R5 од Canon, за кој мислам дека е неверојатен уред. Навистина ми се допаѓаат функциите за следење лица и очи, екранот на допир со променлив агол и 5.940-те положби за автоматско фокусирање што ми овозможуваат да создавам нови и интересни фотографии за моите клиенти. Го користам заедно со фантастичниот RF 50mm F1.2L USM од Canon, што не би го заменила со ниту еден друг објектив. Го користам и повеќенаменскиот RF 35mm F1.8 Macro IS STM од Canon, бидејќи многу ми се допаѓа неговата функција за макро, што го прави совршен објектив за фотографирање новороденчиња. Во 2021 година ќе ја надополнам мојата опрема и со објективот RF 85mm F1.2L USM од Canon. Квалитетот на новите објективи RF е неверојатен.

Секогаш препорачувам да се инвестира во брз примарен објектив бидејќи тој ви овозможува да фотографирате во затворени простории користејќи ја природната светлина, а тоа е одличен начин да научите повеќе за решетката и брзините на блендата. Висококвалитетниот и евтиниот објектив EF 50mm f/1.8 STM од Canon е извонреден примарен објектив со кој може да експериментирате. Еквивалент за оние кои користат фотоапарат за целосна слика без огледало од Canon би бил објективот RF 50mm F1.8 STM од Canon.

Слични производи

  • EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • EF 50mm f/1.8 STM

    STM објектив со достапна цена, брза решетка од f/1.8 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
  • RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.

Слични статии

11 совети за семејно фотографирање

Дознајте совети за фотографирање прекрасни семејни портрети од амбасадорката на Canon Helen Bartlett.

Најдобри совети за изложување отпечатени фотографии

Дознајте како да го разубавите вашиот дом со прекрасни отпечатени семејни фотографии како во галерија.

Совети за фотографирање бебиња

Забавувајте се при фотографирањето бебиња и добивајте одлични резултати.

Снимајте подобри портрети

5 забавни предизвици за семејни фотографии со блогерката Katja Gaskell.