Matt е доста зафатен. Самиот ја снима, уредува и создава целата содржина поради што му е потребен фотоапарат којшто лесно се користи и нема да го забави. „Мислам дека во моментов снимам од 10 до 15 видеозаписи месечно, вклучувајќи ги и 10-минутните видеозаписи за моето онлајн училиште за готвење и двата видеозаписи неделно на Instagram и TikTok. А снимам и Instagram Stories секој ден.”
Го предизвикавме самоукиот пекар и ѕвезда на социјалните медиуми Matt Adlard да го испроба EOS M50 Mark II во енергична сесија за снимање видеозаписи. Како и многу други создавачи на содржина, Matt започнал да снима со помош на паметен телефон, па преминал на фотоапарат од типот „насочи и фотографирај", а потоа на Canon EOS 70D (којшто е сега заменет со EOS 90D од Canon). EOS M50 Mark II му даде можност да ги испроба квалитетот и практичноста својствени за фотоапарат без огледало EOS M.
Рецепт за успех: познатиот пекар Matt Adlard го испробува фотоапаратот Canon EOS M50 Mark II
Пренослив дизајн
EOS M50 Mark II од Canon вклучува голем број на функции коишто го олеснуваат снимањето видеоблогови, вклучувајќи ја и AF со препознавање на очи за снимање на автопортрети со остар квалитет, коишто функционираат и во режимите за видео и Servo, како и подолга издржливост на батеријата во споредба со EOS M50 од Canon. „И многу е брз и лесен“, вели Matt. „Ова ми е важно бидејќи често го преместувам фотоапаратот, го отстранувам од држачите, му ја менувам положбата, го ротирам итн.“
„Дури и екраните со променлив агол на EOS M50 Mark II се унапредување за мене од технолошки аспект“, додава Matt. „На пример, кога снимам со телефонот одозгора, не го гледам екранот. Поради ова не знам дали го снимам тоа што сум сакам да го снимам. Но на EOS M50 Mark II можам да го свртам екранот и да гледам во храната под мене за да проверам дали го снимам тоа што ми треба.
Функции што заштедуваат време
Периодов Matt ги снимаше видеозаписите со помош на EOS 70D од Canon, комплет објективи и паметен телефон. „Кога снимам одозгора, го поставувам телефонот на статив над храната, а EOS 70D отстрана. На крајот сепак морам да ги уредувам видеоснимките во Adobe® Premiere® Pro бидејќи имаат различна ориентација, односно видеоснимките од фотоапаратот Canon се снимени со ориентација на пејзаж, а видеоснимките од телефонот се снимени со ориентација на портрет. Поради ова, морам да ги ротирам видеоснимките и да им ја приспособувам големината што честопати им го нарушува квалитетот.
„EOS M50 Mark II, од друга страна, автоматски насетува кога снимате вертикален видеозапис. Кога ги пренесувате снимките, тие се веќе поставени со ориентација на портрет наместо пејзаж, што е супер доколку сакате да ги користите на Instagram Stories, IGTV и TikTok. Околу 60 % од содржината што ја снимам во последно време е во вертикален формат, така што оваа опција ми заштедува навистина многу време.“
Уште една од функциите на EOS M50 Mark II коишто му заштедуваат време на Matt е можноста за префрлување на фотографии и видеоснимки во image.canon или апликацијата Camera Connect од Canon. „Опцијата е особено практична кога снимам надвор или патувам бидејќи не морам да го носам лаптопот. Можам да го поврзам фотоапаратот со апликацијата Camera Connect на телефонот и да вчитувам директно на социјалните медиуми.
Проследување во живо на YouTube
Matt првично се прослави на YouTube и со подемот на Instagram и TikTok. Иако со отворањето на неговото онлајн училиште „Bake it Better“ (Печи подобро) тој се повлече од платформата за споделување видеозаписи, EOS M50 Mark II му го обнови интересот. „Мислам дека почнав да создавам содржина поради гледаноста, наместо да уживам во она што го создавав“, признава Matt. „Но направив пауза и дефинитивно повторно размислувам на темата.“
Една од функциите на EOS M50 Mark II којашто го олеснува овој аспект е можноста на фотоапаратот да проследува директно до YouTube* на која било мрежа поврзана на интернет. „Го поврзавме со софтверот што го користиме, OBS (Open Broadcaster Software®), за да пробаме и забавно беше“, вели Matt. „Видов дека супер функционира и би го правел почесто, на пример да готвиме во живо со училиштето за готвење. Ме охрабрува тоа што фотоапаратот лесно и брзо се поставува за проследување во живо.“
„Влезот за микрофон ќе го подобри квалитетот на звукот за проследувањето во живо или снимањето видеоблогови“, додава. Често наснимувам говор над содржината, па важно ми е да можам да вклучам микрофон и да снимам звук којшто ќе нема ехо и нема да биде испрекинат.“
Едноставно користење
Matt за себе вели дека не се разбира многу во фотоапарати, но дека EOS M50 Mark II има многу интуитивна употреба. „Како некој којшто не секогаш ги чита упатствата за употреба, лесно се снаоѓам со фотоапаратот поради менијата со слики и контролите со екран на допир. Особено ми користеше и тајмерот за снимање видеозаписи бидејќи имав доволно време да се подготвам пред да започнам со снимањето.
Matt признава: „Не се разбирам многу од поставки како решетка или ISO, но EOS M50 Mark II има режим за храна којшто автоматски насетува кога снимате храна и ги прилагодува боите и останатите поставки.“ „Ова значи дека можам веднаш да започнам со снимање зашто знам дека снимената содржина ќе изгледа супер.“
„Бидејќи многумина создаваат содржина во моментов, мислам дека подобрувањето на квалитетот на видеозаписите е важно за да се отскокне од мнозинството. Многу ми се допаѓа што можам да снимам во 4K и да додадам макрообјективи на фотоапаратот за да ги доловам деталите и текстурата одблиску. Мислам дека ќе ми помогне да се издвојам од останатите.“
Напишано од Marcus Hawkins
*Потребна е безжична мрежа поврзана на интернет со брзина од најмалку 6 Mbs, сметка на YouTube со најмалку 1000 претплатници, како и сметка на image.canon.
Слични производи
-
Стерео микрофон DM-E100
Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање. -
Tripod Grip HG-100TBR
Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач. -
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.