Laura Bingham pictured from behind, facing dense jungle, as she films a vlog with a Canon PowerShot G7 X Mark II.

Снимање видеоблогови за патувања

Како да снимите видеоблог за авантура: запознајте се со жената што ја освои Амазонија со фотоапарат

Во 2018 година, британската истражувачка Laura Bingham ја предводеше првата светска експедиција до изворот на реката Есекибо во Гвајана, заедно со колегите авантуристи Ness Knight и Pip Stewart, а потоа пловеше со кајак по должината на реката до Атлантскиот Океан. Како нова мајка, Laura сакаше да направи нешто неверојатно за да го задржи нејзиниот тешко стекнат статус како авантуристка. За време на нејзиниот предизвик од 72 дена, таа се соочи со брзаци, водопади и отровни змии и ја документираше целата авантура со фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од Canon.*

Есекибо е најголема река во Гвајана и е трета најголема река во Јужна Америка со должина од над 1.000 километри од изворот до устието, извивајќи се низ густи дождовни шуми и отворени рамнини. Таа претставува главен извор на живот за домородното племе Wai Wai, кое ѝ помагаше на Laura и на нејзиниот тим, како и за сите видови диви животни вклучувајќи го и јагуарот. Во период од 72 дена, реката Есекибо беше главен извор на живот и за Laura: таа спиеше на мрежа за лежење на нејзините брегови покрај кајман грабливец со должина од три метри и ловеше риби за да се прехрани.

Фокусирани на физичкиот и емоционалниот предизвик за завршување на патувањето, Laura и нејзиниот тим сакаа да раскажат приказна за човечката издржливост и за одржливото и самостојно патување. Тие беа придружувани од фотограф и снимател на делови од патувањето, но мораа да се потпрат на нивните вештини за снимање и на три фотоапарати PowerShot G7 X Mark II од Canon за самите да ги документираат поприватните моменти.**

Овде ќе дознаеме што значи да се снима видеоблог за авантура кога сте исцрпени, која опрема ќе го издржи предизвикот и зошто е важно да посветите време на раскажување на вашата приказна.

A group photograph by Jon Williams of the expedition members in the Guyana jungle.

Што те поттикна да тргнеш на патување по течението на реката Есекибо?

„Откако на мене и на маж ми“ - колегата авантурист и телевизискиот водител Ed Stafford - „ни се роди син, бев исплашена дека ќе го изгубам идентитетот. Се плашев дека сите мои авантури ќе бидат заборавени и ќе останат во минатото како што сè повеќе му се посветував на мајчинството. Зборував со Ed за ова и тој рече, ‘Никој не патувал по течението на Есекибо претходно, регионот е прекрасен - како џунгла од Дизни’. Само што ги чув зборовите ‘Дизни’ и ‘никој претходно не патувал’, реков, ‘Благодарам за идејата, сега е моја!’ Смеејќи се возбудено, истрчав до канцеларијата за да почнам да истражувам“.

Laura photographs her husband Ed Stafford playing with their son on a beach.

Каква приказна сакавте да раскажете?

„Ness, Pip и јас имаме слични мотиви за авантура - ние навистина уживаме во човечкото искуство. Ние се обидувавме да ги нагласиме придобивките од одржливото и алтернативно патување кое претставуваше и физички предизвик за нас. „Ние бевме таму и за да ги нагласиме последиците од човековото влијание врз животната средина. Реката извира во недопрена дождовна шума, но продолжува во делови кои човекот ги уништил со рударство и сеча на дрвја. Водата на овие места беше прилично загадена - таа беше преполна со човечки измет и ѓубре и ни се појавија егземи и гнојни отоци на телата. Важно ни беше да го документираме ова што е можно потемелно“.

Слични написи
How to become a vlogger

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Како да станете видеоблогер

Започнете и создавајте квалитетни видеоблогови со нашите совети за снимање видеоблогови за почетници.

Vlogger Matt Adlard sat at a kitchen table filming a video on the EOS M50 Mark II.

СНИМАЊЕ ВИДЕОБЛОГОВИ

Најдобри фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови

Овие извонредни фотоапарати од Canon за снимање видеоблогови ви овозможуваат да внесете реалистичност во вашиот видеоблог со голема контрола и неверојатен квалитет за снимање.

The best compact for content

КОМПАКТНИ ФОТОАПАРАТИ

Најдобриот фотоапарат за создавање содржина

Дознајте како PowerShot G7 X Mark III може да ви помогне да ја разбудите вашата креативна страна во секојдневието.

Laura and Ness Knight use a Canon PowerShot G7 X Mark II to film themselves in front of a tent in the jungle, inside which Pip Stewart is sitting.

Како планиравте да ја раскажете приказната?

„Заедно, имаме 150.000 или 160.000 следбеници на друштвените медиуми, така што знаевме дека имаме голема публика која соодветно би реагирала, но сакавме и лично да ги пренесеме нашите емоции директно на видеозапис и за таа цел го користевме фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од Canon“, вели Laura, која објавува под корисничкото име @laurabingham93.

„На секој од нас ни беше потребен еден мал фотоапарат за да можеме да се искрадеме кога никој не гледа и да снимиме како се чувствуваме. Искуството ќе беше помалку искрено доколку дававме интервјуа пред екипата за снимање. Ги чувавме фотоапаратите во џеб или во торба за да бидат лесно достапни и за да можеме да ја искористиме секоја можност за снимање“.

Кои се најголемите предизвици во снимањето видеозаписи од вашите авантури?

„Кога сте толку емоционално и физички посветени да го извршите предизвикот, лесно можете да заборавите да застанете за да снимите фотографии или видеозаписи. Ова особено важи за мене затоа што навистина сакав да го извршам предизвикот и да му се вратам на семејството. Меѓутоа, ние тргнавме на патувањето за да раскажеме приказна и за да создадеме содржина не само за нас, туку и за нашите спонзори, па поради тоа моравме да ја завршиме работата. Од суштинско значење беше тоа што можев да го извадам фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од џеб и веднаш да го користам, така што остатокот од времето можевме да продолжиме да се движиме со брзо темпо“.

Ness Knight sits on a sandy riverbank filming a vlog with a Canon PowerShot G7 X Mark II.

Кои фактори ги земате предвид кога избирате фотоапарати?

„Открив дека тежината што ја носите е обратнопропорционална на тоа колку забавно ќе ви биде. Доколку имате мал фотоапарат PowerShot G7 X Mark II со вас кој сè уште снима извонредни снимки, тоа само ќе го направи патувањето уште позабавно.

„Фотоапаратите ги фрлавме во торбите, кои беа пред нас во кајаците, покрај кремови за сончање, очила за сонце и нашата храна за тој ден. Тие се покажаа цврсти и издржливи и прилично добро се справуваа со влажноста, за разлика од лаптопот што го понесовме за складирање на снимките. Кога бевме загрижени дека фотоапаратите се премногу влажни, само ќе ги фрлевме во нашите торби со ориз за да се исушат. Моравме да внимаваме на нив кога вадевме чаша ориз за да јадеме, но функционираше!“

Дали фотоапаратот беше едноставен за користење?

„Поради природата на тоа што го правевме, особено важно беше да имаме фотоапарат што работи без многу прилагодувања од наша страна. Најмногу го користевме автоматскиот режим за фотографирање затоа што времето не ни дозволуваше да ги менуваме поставките. Автоматската поставка на PowerShot G7 X Mark II е толку добра што дури и ако немате познавање за фотоапарати и немате време да ги разгледате поставките и да изберете различни сцени и режими, тој е доволно интелигентен да го направи тоа за вас. Тој прилично добро се справи во опкружувања со различно осветлување, со соодветна експозиција на сцената без разлика дали се наоѓавме на директна сончева светлина на реката или во мрежите за лежење под крошната на џунглата навечер.

„Уште една добра функција на PowerShot G7 X Mark II е тоа што може да го завртите екранот нагоре за да снимате автопортрети на едноставен начин. Ова покажува дали сте фокусирани или не и што се наоѓа во вашата заднина. Ова е особено практично за снимање видеоблогови и го прави фотоапаратот уште поедноставен за користење во движење“.

Adventurer Laura Bingham stands chest deep in the Essequibo River, holding a machete aloft. Photograph by Jon Williams.

Дали сте задоволни што вложивте напори да снимите фотографии и видеозапис?

„Секој момент од патувањето беше толку интензивен што многу од нив и ги заборавивме. Невозможно е да запаметите сè и постои опасност да ги заборавите убавите мали моменти. Сега кога сме дома, сите спомени станаа заматени, но токму преку фотографиите и видеозаписите што ги снимивме можеме да го евоцираме патувањето во секој момент“.

Кои се вашите совети за луѓето кои можеби сакаат да снимат видеоблог за нивните авантури?

„Ако вашата цел е да снимате видеоблогови, PowerShot G7 X Mark II од Canon е извонреден фотоапарат. Тоа е фантастичен и сеопфатен фотоапарат за видеоблогери кој ќе ви помогне на авантурите.

„Во поглед на содржината, не заборавајте дека никогаш немате премногу. Дури и кога мислите дека сте создале доволно, секогаш можете да експериментирате и да пробувате нови агли сè додека не добиете нешто што функционира. Бидете доволно свесни за вашите можности и недостатоци и побарајте помош ако ви е потребна“.

Напишано од Matthew Bowen

*Фотоапаратот PowerShot G7 X Mark II од Canon е наменет за опкружувања со температура од 0-40°C и влажност од 10-90%. Нормално работење во екстремни услови не е загарантирано. Водоотпорното куќиште (40m) WP-DC55 е достапно како посебна дополнителна опрема.

** Видеозаписот во овој напис е комбинација од видеоблогови снимени од Laura, Ness и Pip со PowerShot G7 X Mark II од Canon и материјали снимени од професионалниот снимател Peiman Zekavat со EOS C300 Mark II од Canon, EOS 5D Mark IV од Canon и објективи од серијата L.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите приказни