Кога веќе имате два врвни професионални фотоапарати и многубројни примарни објективи, избирањето различна опрема за патување може да претставува изненадување за некого, но за професионалниот фотограф и амбасадор на Canon Martin Bissig, тоа беше очигледниот избор. Технологијата на фотоапаратите постојано се развива, така што, испробувањето нови модели ви нуди пристап до нови функции кои може многу да ви помогнат ако сте почетник, или во случајот на Martin, да ви обезбедат нови алатки за професионално работење.
Со испланирано патување до Шри Ланка од еден месец, Martin ги истражи опциите за опрема внимателно и одлучи да го проба EOS R10 од Canon со објективот RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon. Тој го избра APS-C-фотоапаратот EOS R10 поради неговата минијатурна големина, лесно куќиште и импресивно секвенцијално фотографирање – и резултатите го воодушевија. „Доловив многу моменти со EOS R10 кои не би можел да ги доловам со поголемите фотоапарати, бидејќи не би ги носел нив на пат“ - вели тој.
Martin сподели фотографии од неговото патување, како и совети за тоа како да направите професионални фотографии од вашите авантури кои можете да ги однесете дома.
Како да се предизвикате со улично фотографирање и фотографирање при патувањата
Поинаков поглед на животот
Martin покажа интерес во фотографирањето уште како дете во Швајцарија, гледајќи како татко му развива фотографии во темната просторија во нивниот дом. Неговите слики беа отпечатени во списание кога тој имаше само 13 години, а сега, тој е еден од најобјавуваните фотографи за акциони спортови во Европа.
Иако се прослави во светот на возење велосипеди на планини, Martin знае дека вештините кои се учат во која било област на фотографирањето се пренесуваат. Можностите за патување му нудат слобода да вежба нови техники и да испробува различни фотоапарати и објективи, а сето тоа без да чувствува притисок да исполнува рокови или да задоволи клиенти.
„Обожавам патувања и авантури, така што се трудам да ги вметнам во сѐ што правам“ - вели тој. „Мојата комерцијална работа е фокусирана на спортови на отворено, а кога не работам, се трудам да одам на најмалку две експедиции годишно. Понекогаш, некои списанија ги објавуваат фотографиите од овие патувања, но се обидувам да го одвојам тоа од мојата редовна работа“.
Патувањата, исто така, му нудат можност на Martin да се поврзе со умствените придобивки на фотографирањето. „Фотографирањето прави да сум поприсутен“ - вели тој. „На пример, можеби немаше да го забележам човекот што стои бос меѓу зеленчуците на пазар ако не размислував за создавање интересна композиција. Фокусирањето на детали ме прави посвесен за интересните нешта што се случуваат околу мене“.
Учење преку искуство
Martin најмногу фотографира луѓе што не ги познава, на локации што му се непознати. Ова од него изискува спонтаност и повикување на неговото долгогодишно искуство за да ги долови движењата додека се во тек. „Се трудам да бидам што е можно поавтентичен“ - вели тој.
„Фотографирањето при патувањата ми помага при комерцијалната работа бидејќи морам брзо да размислувам и во двете сценарија“ - продолжува Martin. „Сите одлуки се носат за момент. На пример, во сликата што ја снимив од девојка што оди пред автобус, го видов одразот на автобусот во стаклото на железничката станица, а потоа видов група ученици кои се подготвуваа да поминат пред него, така што, застанав за момент и ја подготвив композицијата додека чекав да зачекорат во кадарот“.
Како искусен фотограф за движења, тајмингот на Martin е совршен речиси цело време. Но, за фотографите кои сакаат да бидат сигурни дека ќе ја доловат снимката, EOS R10 од Canon се одликува со секвенцијален режим и режим за пред-фотографирање. „Ако не можете да го видите субјектот или знаете дека одеднаш ќе се појави од никаде, овие алатки се неверојатно практични“ - вели тој.
EOS R10 се одликува со истиот систем на автоматски фокус Dual Pixel AF CMOS II како и EOS R3, EOS R5 и EOS R6 од Canon, како и импресивна брзина на фотографирање (слики во секунда), поради што е идеален за фотографи и сниматели кои сакаат да експериментираат со понапредни функции. „Поради брзото континуирано фотографирање, овој фотоапарат повеќе наликува на професионален, отколку на опција од средна класа“ - вели Martin.
Губење во толпата
„Кога фотографирам за комерцијални клиенти, користам две куќишта EOS R5 од Canon и палета на примарни објективи RF, но, кога патувам, сакам да бидам подискретен и да користам помал фотоапарат што ми овозможува да се движам слободно“ - вели Martin.
„Не би сакал да стојам среде пазар во Шри Ланка со EOS R5 од Canon и објективот EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon, бидејќи премногу би се истакнувал како професионален фотограф на фотосесија. Претпочитам да се вклопам во опкружувањето, бидејќи на тој начин можам да се доближам до субјектот без да го вознемирам или да бидам некултурен“.
Исто како и EOS R5, EOS R10 е опремен со функции поради кои е интуитивен и практичен, со инстинктивни стандардни и вртливи копчиња кои Martin ги ракуваше со леснина, како и слична структура на навигација и ракување со мени. EOS R10 исто така се одликува и со панорамски режим којшто спојува серија фотографии во самиот фотоапарат, снимени при вертикална или хоризонтална ротација на фотоапаратот, што му овозможи на Martin да „долови поголем дел од опкружувањето и да понуди навистина широкоаголна перспектива“.
Резултати вредни за печатење
Кога се грижите за тежината и просторот, користење паметен телефон за фотографирање може да изгледа како разумна опција, но Martin не се согласува. „Го користам мојот паметен телефон за фотографирање, но чувството при фотографирање со фотоапарат е многу поинакво“ - вели тој. „Фотографирањето со RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon во Шри Ланка ми овозможи да снимам фотографии кои не би се ни обидел да ги снимам со паметен телефон, како фотографијата од рибарите на брегот, потпомогната од APS-C-сензорот или сензорот што ја отсекува сликата што го прошири максималниот опсег до 240 mm (еквивалент на целосна слика), а фотографирањето во RAW-формат ми даде повеќе опции за обработка по снимањето“.
Дури и доколку Martin не планира да ги објави своите слики во списание, сепак сака да бидат доволно добри за да ги отпечати за себеси. „Сликите снимени на телефон може да изгледаат добро на екранот од телефонот, но нивните ограничувања се откриваат кога сакате да ги отпечатите или да создадете фотоалбум“ - вели тој.
Истото важи и за снимање видео; EOS R10 има функции поради кои е привлечна надградба од снимање видеозаписи со телефон за снимателите. Има вградена поддршка за вертикално снимање видео и поврзување преку Wi-Fi, поради што е совршен за создавање и споделување висококвалитетни објави на социјалните медиуми, а снимањето со висока стапка на слики (4K со 60 fps и 1080p со 120 fps) ви дава поголема контрола при обработката по снимањето.
Martin вели дека е присутен во моментот и учи кога и да држи фотоапарат. Патувањето до Шри Ланка му даде одлична можност да ги вежба своите вештини, но прошетка во локален парк или до плажа може да ви ги пружи истите можности. Ако сакате да ги развиете вашите вештини како фотограф, земете страница од книгата на Martin: најдете субјект што ве интересира, изберете опрема што нема да ве забави и почнете да фотографирате.
Напишано од Matthew Bowen
Слични производи
-
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM
Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори. -
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.
Слични статии
Предизвик за објектив за улично фотографирање
Зошто Canon RF 28mm F2.8 STM е суштински елемент на торба со опрема за улични фотографи.
Совети за фотографирање во екстремни временски услови
Од заштита на вашата опрема до грижа за себе, ова се нашите најдобри совети и трикови за усовршување на фотографирањето во екстремни временски услови.
10 совети за фотографирање при патувања
Фотографот за патувања и блогерка Diana Millos ги споделува своите најдобри совети за извонредни фотографии при патувањата.
Фотографирање со почит при патувањата
Што треба да имате предвид кога фотографирате култури и заедници што се различни од вашите.