Полноќен шетач: како Munro Moonwalker снима планински пејзажи

Од шарени макро-снимки до магливите планински врвови, еве како Alan Rowan го користи Canon SX740 HS LITE за да ја добие совршената слика во природа.
Alan Rowan стои на рид, а зад него во долината има жолти грмушки, полиња со трева и река. Држи компактен фотоапарат за да ја слика природата.

Кога Alan Rowan, новинар во национален весник, заврши со својата смена на полноќ, беше премногу возбуден за да спие. Како страстен планинар, откако ја напушти канцеларијата се упати веднаш кон шкотските планини. Искачувајќи се во темнината, го гледаше изгрејсонцето без никој наоколу и се спушташе додека остатокот од светот се будеше.

„Една од најубавите работи при будењето во ова време од ноќта е тоа што денот заживува заедно со вас,“ вели тој.

Сонцето заоѓа над низок планински пејзаж. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

Сонцето заоѓа над низок планински пејзаж. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

Уникатниот начин на живот на Alan му одговарал толку многу, што го живеел 20 години, вградувајќи ја својата страст за планините во работниот распоред и искачувајќи вкупно околу 300 врвови во ноќите.

Сега, како хонорарен новинар и автор, Alan има издадено две книги за своите полноќни авантури, а моментално работи и на третата, во која пишува за својата мисија да искачи по една планина на секоја полна месечина оваа година.

Неговата страст за ноќно качување подразбира дека неговиот ранец е секогаш спакуван и подготвен за поаѓање на кој било од највисоките врвови на Шкотска – авантури што ги документира како Munro Moonwalker на својот блог и социјалните мрежи.

Секоја слика раскажува своја приказна - таа е дневник на местата на коишто сте биле и на она што сте“

На неговите патувања секогаш го придружува компактен фотоапарат од Canon, доволно мал за да го смести во џебот од јакната и со него да ги долови планинските пејзажи. „Секогаш е подобро да имате што помалку багаж, па затоа сакам да понесам одличен џебен фотоапарат,“ вели Alan. „Одам да ги видам планините и да фотографирам, а не да фотографирам додека сум на планина - постои разлика. Не сакам да се занимавам со менувањето објективи и слични работи. Затоа џебните фотоапарати се совршени за моите потреби.“

Alan го користеше фотоапаратот Canon PowerShot SX740 HS LITE за да ги овековечи спомените на планините. Освен што е пренослив и едноставен за користење, фотоапаратот се одликува со голем број моќни функции, од снимање 4K-видеоснимки до извонредниот оптички зум до 40x, што значи дека може да ги фотографира деталите во близина, но и дивиот свет и објектите во далечината.

„Фотографирањето е навистина важно за мене,“ вели тој. „Секоја слика раскажува своја приказна - таа е дневник на местата на коишто сте биле и на она што сте. Таа исто така е начин да им го покажете на луѓето она што го пропуштаат. Многупати кога ќе се искачите на планината, си помислувате, „Ќе беше одлично тој-и-тој да можеше да го види ова.“ Тоа е одлично наследство - фотографиите ќе се пренесуваат на идните колена и се надевам дека и моите внуци ќе уживаат да го гледаат она што сум го правел.“

Советите за фотографирање во природа на Alan

1. Понесете голем зум

Искачувањата на Alan го водат на места од кои може да ве фати вртоглавица и на кои доколку сакате да бидете безбедни, мора да се движите по добро познатите патеки. „Добриот зум значи дека кога ќе забележите диви животни како елени или грабливи птици, можете многу да им се приближите,“ вели тој.

„Ако видите некое животно на неколку километри оддалеченост, не можете да тргнете кон него за да го фотографирате бидејќи во меѓувреме тоа ќе си оди. Мора да можете да ја снимите фотографијата од онаму каде што сте.“

'Рѓосан црвен брод стои среде езеро на сончев ден. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

'Рѓосан црвен брод стои среде езеро на сончев ден. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

Слика одблиску од труп на брод со црвена и сина боја што се лупи и има метална текстура. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

Слика одблиску од труп на брод со црвена и сина боја што се лупи и има метална текстура. Снимено со Canon PowerShot SX740 HS LITE.

Canon PowerShot SX740 HS LITE се одликува со оптички зум до 40x во компактно куќиште, со што овозможува детално снимање на далечните објекти, а технологијата ZoomPlus дигитално го удвојува оптичкиот зум за да се добие 80x со помало намалување на квалитетот во споредба со другите дигитални зумирања. На сликите прикажани погоре е користен зум од 80x за да се долови 'рѓата на трупот на брод во далечината.

Тој дури му овозможува на Alan одблизу да го снима небото навечер. „Работам на книга во која се работи за искачување на планините при полна месечина,“ вели тој. „Фотоапаратот со моќен зум ми овозможува да снимам фотографии одблизу.“

2. Бидете подготвени за акција

Режимите за групно снимање може да бидат навистина практични во планините. „Се наоѓате во огромен пејзаж, но честопати може да забележите движења на голема оддалеченост и имате само неколку секунди да преземете нешто,“ вели Alan. „Ако забележите движење во зеленилото, треба брзо да го доловите. Затоа, брзината на континуирано фотографирање Canon PowerShot SX740 HS LITE ви дава огромна предност при снимањето на случувањата.“

Соодветен за фотографирање објекти во движење, од диви животни до школски спортски активности, овој режим за групно снимање со брзина од 10 слики во секунда доловува поголем дел од приказната.

3. Погрижете се да ги снимите фините детали

„Кога сте на врвот на планината, пред вас има прекрасна глетка која вие мора да ја доловите на најдобриот можен начин,“ вели Alan. Затоа е многу корисно да имате фотоапарат со можност за фотографирање со голема деталност. „Снимањето 4K-видеоснимки го доловува секое движење на тревата. Кога снимате во 4K, ги регистрирате малите детали кои во спротивно би исчезнале.“

Режимот за 4K-видео на Canon PowerShot SX740 HS LITE нуди остра резолуција и овозможува снимање фотографии од видеоснимките. Alan открил и дека функцијата за снимање видеоснимки со забрзано движење е исто така одлична. „Снимањето со забрзано движење е одлично за изгрејсонца и зајдисонца. Може да го снимите променливото светло и различните бои во многу долга низа.“

4. Споделувајте во движење, каде и да сте

Ранец во виолетова и сива боја стои на подот со столпчиња за планинарење и фотоапарат Canon PowerShot SX740 HS LITE врз него.

„Споделувањето стана многу, многу важно,“ вели Alan. „На социјалните мрежи, луѓето со нетрпение очекуваат да објавам нови приказни. Понекогаш кога нема да ги објавам, луѓето веднаш прашуваат, „Ја чекав оваа објава, каде е?““

Поврзувањето со Bluetooth и Wi-Fi на Canon PowerShot SX740 HS LITE му овозможува на Alan да ги споделува своите слики во движење и да го поврзе фотоапаратот со својот мобилен телефон за да може да објавува новости од планината. Сликите автоматски се префрлуваат на неговиот телефон со помош на функцијата за автоматско префрлување на апликацијата Canon Camera Connect, а тој може и географски да ги означи своите фотографии преку GPS-приемникот на телефонот пред да ги објави на својот блог и на социјалните мрежи.

5. Користете стабилизација на слика за остри слики од дивиот свет и макро слики

Без разлика дали Alan ја фотографира својата внука како си игра во градината, или пак снима орел кој лета високо на небото, за него интелигентната стабилизација на сликата на Canon PowerShot SX740 HS LITE од Canon е од непроценливо значење за стабилноста на снимките и острината на сликите. Тој вели дека функционира подеднакво добро кај макро снимките, како и кај движењата.

„Фотографирам одблиску гасеници, пеперутки и секакви работи за мојата внука и ѝ ги покажувам,“ вели тој. „Таа се радува и тоа нѐ поврзува. Одлично е тоа што сака да истражува. Ако имате млада генерација што се интересира за природата и природниот свет, тогаш нема ништо подобро од тоа.“


Напишано од Lucy Fulford

Слични производи

  • PowerShot SX740 HS Lite Edition

    Компактни дигитални

    PowerShot SX740 HS Lite Edition

    Запознајте се со компактниот фотоапарат Canon PowerShot SX740 HS со џебна големина, огромен оптички зум до 40x и неверојатна 4K-резолуција за снимање видео.

Слични статии

Див во срцето: џебниот PowerShot SX740 HS LITE EDITION

Пет причини поради кои PowerShot SX740 HS LITE EDITION е совршен за фотографирање диви животни.

Фотографирање авантури на отворено

Фотографката Anna Blackwell планинари низ дивините на Дартмур со Canon EOS R6.

Уживајте во природата

Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

Природа во црно-бело

Создавајте неверојатни црно-бели фотографии од природа со PowerShot G7 X Mark III.