The Northern lights illuminate the sky, casting green reflections in the lake below.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Светла, камера, акција: незаборавно патување на кое се фотографираше убавината на поларната светлина...

Австрискиот фотограф Markus Morawetz е познат по неговите свадбени фотографии, но долго време влече инспирација и од љубовта кон природата. Во март 2019 година одлучи да ја сподели својата страст со неговата сопруга Carina и нивната 10-месечна ќерка Fanni. Патувајќи со кампер-комбе од нивниот дом на излез од Виена, Австрија, семејството тргна за да види и долови едно од најволшебните чуда на природата - поларната светлина во северна Норвешка.

По неколку недели зимско патување низ Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка, тројцата авантуристи добија можност да уживаат во чудото не еднаш, туку двапати. „Тогаш престојувавме на плажа во Норвешка, а условите беа совршени - чисто небо, без ветар - а поларната светлина траеше приближно по еден час дневно, неверојатни бранови во светло зелена и виолетова боја над нас“ - вели Markus.

„Ако ја фотографирате поларната светлина или, пак, само одите во Норвешка, тогаш мора да појдете до Ramberg на Lofoten Islands“ -вели Markus. „Не е важно кој период од годината е, оваа плажа со бел песок и сина вода изгледа прекрасно. Свежиот снег беше совршен за санкање со Fanni“.

„Многу луѓе ни велеа ‚Не може да патувате толку далеку со бебе, многу е ладно, многу е изолирано‘“, но Markus и Carina добро се подготвија за да се заштитат од природните елементи и тргнаа во авантура. „Една од нашите најважни цели во животот е да успееме нашата ќерка да стекне почит кон природата“ - вели тој. „Знаевме дека е далеку и знаевме дека може да биде многу ладно, но март е месецот во кој најдобро се гледа поларната светлина.

„Целото попладне е исполнето со прекрасна златна светлина, а по зајдисонцето започнува „синиот час“ со извонредна светлина. Дури и ако не се појави поларната светлина, во овој период има многу можности за фотографирање“. Markus сака да патува со лесна опрема и затоа фотографираше со EOS R од Canon заедно со адаптерот EF-EOS R за да може да ги користи неговите омилени објективи EF.

Слични написи
A landscape image of pine trees, a lake and snow-dusted mountains under a starry sky.

НОЌНО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Фотографирање на ноќното небо

Врвни техники за ноќно фотографирање ѕвезди, вклучувајќи и снимки со забрзано движење и ѕвездени траги.

A child, shot from behind, dressed in a hooded coat and beanie hat, watches fireworks light the sky pink.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПЕЈЗАЖИ

Како да фотографирате на ладно време

Температурите под нулата може да предизвикаат многу проблеми на вашиот фотоапарат, па затоа следете ги овие професионални совети за фотографирање на снег и мраз.

10 tips for capturing fireworks

ФОТОГРАФИРАЊЕ ОГНОМЕТИ

10 совети за фотографирање огномети

Опрема, техники и композиција - најдобри совети за фотографирање огномети.

„Знаевме дека има голема веројатност да ја видиме поларната светлина е таа вечер и бевме на Unstad Beach на Lofoten Islands во Норвешка“ - вели Markus. „И светлината се појави! Тоа беше еден од најдобрите моменти; многу ќе се разочаравме ако си појдовме накај дома и ја пропуштевме. Ова беше прв пат да видиме како се појавува. Волшебен момент - и уште поубав за мене како фотограф“.

Најдобрите совети на Markus Morawetz за фотографирање на поларната светлина

1. Пронајдете ги најдобрите локации

Семејството знаеше дека зајдисонцето започнува околу 5 pm, па затоа пристигнуваа на нови локации рано претпладне за да ја пронајдат совршената локација со моќна заднина. Markus и Carina ја носеа Fanni на прошетки во околината за да откријат што сè може да им понуди местото во однос на објекти во преден план за да се привлече вниманието и да се добие размер, а притоа разгледуваа и неколку алтернативни места во случај да се помести светлината или да изгледа подобро од друга страна. „Барајте работи како убави камења, вода, дрвја или некоја куќа“ - предложува Markus.

2. Подгответе се за ладното време

За ова слика Markus користеше долга експозиција и ги искористи предностите што ги нуди екранот со променлив агол на EOS R за да создаде прекрасно обликувана слика.

Еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат фотографите кои работат во ладни опкружувања е брзото празнење на батериите. Знаејќи дека прерано испразнета батерија може да биде разлика помеѓу снимање и пропуштање на поларната светлина, Markus секогаш носи резервна батерија со него кога работи на отворено. „Ја чувам блиску до телото - во џебот од панталоните или јакната - бидејќи колку е потопла батеријата, толку подолго трае“. Тој фотографираше со EOS R од Canon чиј опсег на препорачана работна температура е од 0 до 40°C. Markus знаеше дека за ниту еден фотоапарат нема гаранција дека може да работи во смрзнувачките услови, особено на температура од -5 до -10°C, па затоа се потруди да избегнува ненадејни промени на температурата - кондензацијата што може да се појави како последица на тоа може да предизвика дефект кај фотоапаратот. Земајќи ги предвид сите фактори во опкружувањето, „EOS R беше одличен“ - вели тој. „Го користев многу долго време кога ќе ја земете предвид ниската температура, беше многу лесен за ракување и се забавував со креативноста што ми ја овозможи“.

3. Вежбајте дома

Markus ја сними оваа слика блиску до својот дом со PowerShot G5 X Mark II од Canon. „Облаците можат да внесат убавина во ѕвездените пејзажи. Условите се менуваат многу брзо“ - вели тој.

Не мора да чекате да се појави светлината за да вежбате - вели Markus. „Ладното време нема да ја намали само енергијата на вашата батерија, туку и вашата енергија, што значи дека треба да работите брзо и да знаете што правите, па затоа треба да вежбате да фотографирате ноќно небо пред да тргнете на север. Појдете на некој отворен простор во близина, во зимскиот период, каде што нема многу светлина за да се научите да работите со ракавици и голема јакна, но и да вежбате да користите долги експозиции. Вежбајте приближно еден час, а откако ќе ги совладате ноќните пејзажи, обидете се да снимите траги од ѕвездите или Млечниот пат“.

4. Бавна експозиција и мала чувствителност

За да добиете најјасни резултати, Markus ви препорачува да го поставите фотоапаратот на статив и да користите мала вредност за ISO со долга експозиција. „Не се плашам да ја зголемам вредноста за ISO доколку е потребно, но повеќе сакам да користам статив и подолги експозиции со траење од една до пет секунди за да ја доловам светлината. Од моето искуство во свадбеното фотографирање знам дека е подобро да ја снимите сликата рачно ако е потребно, на пример, со максимално ISO 5000 доколку е многу темно, и да имате малку зрнеста текстура што лесно може да ја отстраните во обработката по снимањето, наместо да го пропуштите моментот. Но ако имате време, подобро е да ја намалите вредноста на ISO, да користите подолга експозиција и да го ставите фотоапаратот на статив за да го елиминирате движењето и да добиете поостар и појасен резултат“.

5. Контролирање на светлината

„Кога го пронајдов ова место, се надевав дека камењата ќе ги рефлектираат боите на небото. Кога се појави светлината веќе имав подготвено план и знаев што треба да направам за да започнам со фотографирањето“.

Фотографирањето за време на ова патување честопати опфаќаше доловување детали во осветлени опкружувања, како на пример, снег или песок на брегот, како и детали во потемните елементи како што е небото или планините. „Понекогаш е многу тешко да се одлучите за експозицијата“ - вели Markus. „Не можам да користам премногу долга експозиција бидејќи плажата ќе биде премногу светла, а ако ја измерам светлината само на плажата, тогаш небото ќе биде премногу темно. Сликата може да се осветли или затемни во обработката по снимањето, но можно е да се појави зрнеста текстура и да се намали острината“.

Омилениот трик на Markus е да сними повеќе експозиции. „Ќе снимам две слики со идентичен кадар, едната со експозиција за светлите елементи, другата со експозиција за темните елементи, а потоа ќе ги спојам при обработката по снимањето и ќе ги засилам малку боите. Постои и уште поедноставен начин ако го користите EOS R од Canon и неговиот HDR-режим што снима три слики континуирано со различна експозиција и ги спојува за да создаде слика со поширок опсег на тонови“. Сепак, треба да имате предвид дека HDR функционира најдобро при дневна светлина. Друга алтернатива може да биде употребата на поларизирачки филтер што ќе ви овозможи да ја подобрите заситеноста на тоновите во вашите слики.

6. Креативни композиции со помош на екранот со променлив агол

За вашите фотографии да изгледаат поинаку од останатите треба да размислувате радикално кога станува збор за обликување на кадарот. „Често ќе ме најдете како лежам на земјата или влегувам во некои грмушки бидејќи не сакам да снимам „стандардни“ слики какви што снимаат сите“ - вели Markus. „Сакам моите да изгледаат поинаку и да раскажуваат приказна, а фотографирањето од различни агли ми помага да го постигнам тоа. Екранот на EOS R од Canon што се врти под различни агли ми помогна во тоа кога ја фотографирав поларната светлина, бидејќи имаше многу снег и мраз и добро беше што не морав да лежам на ладната и мокра земја или да ризикувам да се качувам на дрво кога најблиската болница е оддалечена многу километри. Сè што требаше да направам е да го подигнам EOS R од Canon високо или да го спуштам долу и да го завртам екранот за да можам совршено да ја видам сликата“.

7. Концентрирајте се на фокусот

„Кога е темно, автоматскиот фокус многу тешко пронаоѓа нешто што може да фокусира, па затоа користам рачен фокус и го поставувам фокусот на бесконечно“ - вели Markus. Тогаш објективот е поставен да формира слика од нешто што е премногу далеку, чија оддалеченост не ни може да се измери - во овој случај тоа се ѕвездите.

За време на патувањето тој користеше објектив за зумирање и примарен објектив - објективот EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon и објективот EF 35mm f/1.4L II USM од Canon. „Тие се одлични објективи за пејзажи што имаат многу големи отвори на блендата и нудат голема длабочина и острина, поради што беа совршени за ова патување“.

8. Користете голем отвор на блендата и долга експозиција

„Дури и кампер-комбето беше дел од неколку кадри!“ Семејниот дом под прекрасната светлина за која патуваа далеку за да ја видат.

Комбинацијата од EOS R од Canon и објективот EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon му овозможи на Markus да користи подолги експозиции од неколку секунди со најголемиот отвор на блендата на објективот. „Повеќето слики ги снимив со голема бленда f/2,8. Истите параметри треба да се користат и за снимање траги од ѕвездите или Млечниот пат, но ќе ви биде потребен добар објектив со голем отвор на блендата за да нема потреба да користите премногу голема вредност за ISO“.

За разлика од стандардните DSLR-модели, фотоапаратот за целосна слика без огледало EOS R од Canon му овозможи на Markus да ја менува експозицијата на неговите слики во реално време, користејќи го електронскиот визир (EVF) на фотоапаратот за да види како ќе изгледа конечната слика пред да ја активира блендата. „Тоа е одлично бидејќи не мора да ја снимите сликата за да дознаете дали ќе биде премногу светла или темна - EVF е тука да ви покаже. Тоа може да ви заштеди многу време и напор, што е многу важно кога фотографирате светлина бидејќи не знаете колку долго ќе биде достапна, а и премногу е ладно за да експериментирате. Штом добиете соодветна експозиција и кадар, освен ако не се помести или промени светлината, може да фотографирате колку што сакате, а тоа го прави овој фотоапарат одличен за ентузијасти и почетници“.

Markus, Carina и Fanni ја постигнаа својата цел за снимање одлични слики од поларната светлина, но патувањето беше незаборавно поради моментите што ги споделија како семејство. „Најважно ми е да го доловам моментот, а не да го создадам“ - вели тој, но најдобро е да бидете подготвени за неочекуваните моменти.

Напишано од Natalie Denton

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите приказни