„Причината зошто започнав да одам на вакви авантури е што сакав да се испробам“, вели Anna. „Сакав да си ги тестирам границите, да видам до каде ми е зоната на комфор. Но, многу се забавував, тоа беше вистинска радост“. Снимено со EOS R6 од Canon со објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/200 сек., f/22 и ISO100. © Anna Blackwell
Независно дали се искачуваат по сртови, пловат со кајак по езера или пливаат во природа, спортските активности на отворено им нудат огромни можности на фотографите со смело срце.
Таква креативка е и Anna Blackwell, авантуристка од Обединетото кралство, фотографка, писателка и говорничка која ужива да си ги поместува границите на способностите, всушност, таа изгради цела кариера снимајќи фотографии и видео записи за водечките брендови на спортови на отворено, како што се Lowe Alpine и Peak UK. Нејзините вчудовидувачки лудории се пешачење 1.000 милји сама низ Франција и Шпанија по прастарите патеки за поклоници, пловење со кајак 4.000 km низ 11 земји и пет главни градови и искачување на Јбел Тубкал, највисокиот врв во Северна Африка.
„За време на една од моите први авантури, почнав да фотографирам и да пишувам блог - главно за пријателите и роднините да можат да следат како напредувам на моето планинарење на долги патеки“, објаснува Ана, запрашана како хобито го претворила во професија. „Продолжив со ова неколку години, ги споделував авантурите на интернет преку слики и зборови и ова зема замав. Набргу потоа почнав да зборувам за своите авантури по настани, фестивали, како и во компании и училишта. Потоа почнав да им приоѓам на брендовите и да им нудам соработка за моите претстојни патувања, па постепено успеав да остварам доволно приход од фотографирање, пишување, снимање авантуристички филмови, говорништво и ова да го претворам во редовна работа“.
Последното пешачење во природа и кампување ги одведе Anna, нејзиниот партнер Sam и нејзиното куче Bilbo на карпестиот пејзаж во северен Дартмур во Англија со EOS R6 од Canon и два објективи – RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon и RF 50mm F1.8 STM од Canon – за друштво. Споделува зошто сака да побегне од сѐ, дава совети за планинарење во дивината и открива како најубавите авантури да си ги донесете дома со помош на величествена фотографија.