„Причината поради која ја сакам својата работа е тоа што патот до неа го минав следејќи ги само работите што ме интересираа“ - објаснува Rich McCor. „За мене, тоа беше начинот на кој го доловувам светот околу мене - поинаков и покреативен начин каков што немав видено дотогаш, а притоа имав можност да го истражувам мојот роден град Лондон“.
За Rich, британскиот уметник зад популарниот Paperboyo на Instagram, комбинирањето на неговото хоби за фотографирање со изработката на модели од хартија првично беше начин за создавање оригинални содржини што му ја разбудија неговата фантазија. Едни од најдобрите негови дела се делата во кои држи отсечена црна хартија покрај знаменитостите во Лондон за да создаде интересни илузии.
„Тоа беше времето на стапчиња за автопортрети и период кога Instagram почна да се претвора во стандарден извор на информации“ - вели Rich. „Мојата намера беше да избегнувам клишеа и да создадам препознатлив стил, па затоа експериментирав со различни верзии на модели од хартија“.
По повеќе од половина деценија, работата на Rich се претвори од хоби во одлична кариера. Тој објави книга насловена „Around the World in Cut-Outs“, во соработка со познати брендови како Disney® и води стил на живот што, пред 2020 година, му овозможи да патува низ целиот свет.
Навраќајќи се на својот успех, Rich вели: „Тоа што започна како мало хоби во попладневните часови и за време на викендот прерасна во кариера што ми овозможи да патувам низ целиот свет и да заработувам забавувајќи се“.
Експериментирање со храна: како Paperboyo продолжува со популарноста
Креативност со SELPHY Square QX10 од Canon
Сега, со приближно половина милион следбеници на Instagram, Rich ги издигнува своите пронајдоци на повисоко ниво. Неговиот најнов проект му овозможи да ја изрази својата креативност со помош на SELPHY Square QX10 од Canon, вметнувајќи ликови од цртаните филмови во тема за храна - збогатени со голема доза на оригиналност карактеристична за Paperboyo.
Rich знаеше дека SELPHY Square QX10 од Canon може да создава живописни фотографии, но сакаше да ги тестира своите вештини за илустрирање со цел да ги нагласи боите. Rich ги илустрираше своите анимации со Adobe® Photoshop®, а потоа им додаде стандардна заднина за фотографии, ги извезе во својот паметен телефон и ги отпечати далечински со помош на апликацијата SELPHY Photo Layout.
Експериментирање со креативна инспирација
„Ограничувањата во 2020 година поттикнаа присилна еволуција на мојата работа и опкружувањата во кои ги создавам сликите“ - вели Rich. Охрабрен да пронајде начини за тестирање на својата креативност, тој се фокусираше на неговото домашно опкружување. „Наместо да создавам слики со знаменитости и пејзажи, сега експериментирам на даската за сецкање во кујната или на мојата работна маса. Моите дизајни постепено станаа посложени - неизбежно беше да ги подобрам силуетите и да ги применам моите вештини за илустрирање за да внесам бои и повеќе детали во моите ликови“.
Наведувајќи пример за лимон како замена за тениско топче и домат како замена за ракавица за боксување во две од неговите последни кратки анимации, Rich вели: „кога добив предизвик да направам креативен проект со храна, јас веднаш си го интерпретирав тоа како „експериментирање со храна“, а тоа ме асоцираше на спорт и почнав да размислувам како да ја искористам храната како замена за спортска опрема“.
Инспирација за овој предизвик добив и во форма на балон од гума за џвакање што пука на лицето на субјектот и во форма на споредба помеѓу формата на кафето и пламенот, што подоцна беше ставена покрај отпечатена слика од змеј и витез со живописни бои и квадратна форма од 68 mm. „Користам нешто препознатливо и го збогатувам со креативност за да го изненадам гледачот“ - вели тој. „Преминав на анимации и го променив опкружувањето, но концептот за креативна трансформација секогаш е основа на мојата работа“.
Во бесконечна потрага по идеи
Rich знае дека треба да продолжи да експериментира со нови работи за да го задржи успехот што го постигна со Paperboyo, дури и ако направи грешки во меѓувреме. „Мислам дека е важно за надежните уметници и креатори на содржини да знаат дека ќе имаат многу неуспеси, грешки и лоши дела што ќе придонесат за да успеат“ - вели тој. „За секоја добра идеја што сум ја смислил, имав по најмалку 10 лоши идеи што морав да ги разработам за да ја добијам потребната инспирација што ќе ме одведе до подобра идеја“.
Страста за неговата уметност му помага и да го полни својот профил со фотографии што публиката ги обожува и сака да ги купи во отпечатена форма. „Често ме прашуваат „Како да успеам на Instagram?“, но јас мислам дека тоа е погрешно прашање. Треба да прашаат „Како да пронајдам нешто што сакам да го работам?“, бидејќи токму на тој начин успеав во ова.
„Тешко е да се направи транзиција од мало хоби, каде што сите успеси и неуспеси се ваши, во кариера каде што мора да дозволите туѓите мислења да ги формираат содржините“ - дополнува Rich. „Го задржав вниманието на публиката бидејќи успеав да еволуирам и да пронајдам нови насоки во кои можам да напредувам, но сето тоа се должи на мојата љубов кон работата и желбата за пронаоѓање и создавање уникатни содржини“.
Напишано од Lorna Dockerill