Кога снима улични портрети, TikTok ѕвездата Kym Moseley користи EOS R6 од Canon и примарни објективи и објективи со зум, вклучувајќи ги RF 70-200mm F2.8L IS USM од Canon и RF 16mm F2.8 STM од Canon. „Многу тешко се поднесува кога ќе пропуштиш шанса само поради тоа што го немаш вистинскиот комплет“, вели тој.
Фотографирањето луѓе што ги среќавате на улица може, но и не мора да биде застрашувачко искуство, вели популарниот тиктокер и фотограф/видеограф Kym Moseley, кој придоби повеќе од 180 илјади следбеници на социјалната платформа.
Ким е навикнат да снима улични портрети. Всушност, тоа што им приоѓа на луѓе кои не ги познава и што ги прашува дали може да ги снима за портрет, многу придонесе за неговиот успех на интернет. Откри дека иако има луѓе што можеби се срамат да се фотографираат, други пак се поласкани што некој ги замолил и со задоволство позираат за него, особено доколку тој потоа, за возврат, им понуди да ја сподели сликата и да си ја понесат со себе.
Овде, Kym, кој користи EOS R6 од Canon, говори за тоа како изградил самодоверба да им приоѓа на луѓето, за придобивките од прифаќањето на непредвидливоста и вредноста на искрените повратни информации. Тој, исто така, покажува како е возможно, со помош на SELPHY Square QX10 од Canon, да се оди чекор понапред и наместо на вашите субјекти фотографијата да им ја покажувате на LCD-екранот од вашиот фотоапарат, на луѓето да им подарите да си чуваат примерок во спомен на искуството.