Отпечатете ги најважните моменти од вашите животи со Zoemini S2 од Canon

Од патувања сами до први изложби, зборувавме со група млади луѓе за настаните што најмногу им значат и начинот на кој ги споделиле тие спомени со инстант фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon.
Испружени раце држат неколку фотоапарати Zoemini S2 од Canon, од кои едниот печати слика, а друг човек држи црно-бела отпечатена фотографија.

Сите имаат посебен момент во животот на кој се гордеат, или искуство што ги оформило во личноста која се денес. Без разлика на тоа дали станува збор за дипломирање, прв одмор со пријатели или добра оценка за некој испит, сите овие достигнувања треба да бидат снимени и споделени.

Значењето на тој „важен момент од животот“ можеби нема веднаш да ви биде очигледно, па токму затоа вреди да се снимаат колку што е можно повеќе спомени, без разлика дали се мали или големи, за да можете веднаш да ги споделите со семејството и пријателите или да ги украсите личните предмети и спалните соби како потсетник на убавите времиња.

Canon предизвика група студенти да се пофалат со фотографии од нивните важни моменти во животот. Откријте кои се тие настани што им го променија животот и дознајте како ги прославија со инстант фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon.

Запознајте ја групата

Четворица млади луѓе позираат за групен автопортрет во парк, снимен со фотоапарат со печатач од Canon.

Нашата група ја документираше својата прва средба со фотографија. Фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon има прстенесто светло и огледало, што го прави совршен за групни автопортрети кои може веднаш да ги отпечатите и да ги споделите со сите. Компактноста на фотоапаратот го прави многу лесен за носење кога сте надвор.

Zoemini S2 од Canon, паметен телефон и неколку отпечатени фотографии поставени на дрвена површина. Се гледа рака што го користи екранот на допир на паметниот телефон.

Zoemini S2 од Canon може да се користи како инстант фотоапарат и како печатач, така што можете да ги печатите фотографиите од вашиот паметен телефон преку апликацијата Canon Mini Print.

Нашата група беше составена од четворица студенти од Универзитетот Кардиф: постдипломците Ashvin Tiwana, Megan Gaen и Shubhangi Dua, плус студентот по музика од прва година Evie Ingles. Заедно, тие ги споделија и отпечатија моментите од своите животи на кои најмногу се гордеат.

Групата го употреби Zoemini S2 од Canon, паметен 2-во-1 мини фотоапарат со печатач за фотографии што е совршен за зачувување скапоцени спомени. Со време на печатење од приближно 50 секунди, можете речиси веднаш да ги оживеете вашите фотографии, а апликацијата Canon Mini Print ви помага да добиете повеќе од вашите фотографии и да ги претворите во минијатурни уметнички дела за изложба.

Ashvin Tiwana

Човек кој ја користи апликацијата Canon Mini Print на паметен телефон за да ги претвори своите фотографии во кружни налепници. Масата во заднина е покриена со фотографии отпечатени со Zoemini S2 од Canon.

„Навистина уживав во печатењето на моите слики од Zoemini S2 од Canon“ - вели постдипломецот Ashvin Tiwana. „Можноста за додавање текст преку апликацијата Canon Mini Print е исто така корисна функција што ви овозможува да се сетите каде сте биле на вашите патувања. На сликата секогаш ќе ги има тие информации“.

Човек се насмевнува кон фотоапаратот, држи мали отпечатени фотографии од одмор пред своето лице.

Лизгачкото копче на горната страна на Zoemini S2 од Canon им овозможува на корисниците да се избираат помеѓу различни режими, вклучувајќи пејзаж без блиц, портрет со автоматски блиц и автопортрет со прстенесто светло.

Ashvin го избра својот пат низ Виетнам како неговиот важен момент. Тој обожава да патува сам, посетил многу места и истражувал различни култури. Првпат сам патувал во Франција, и оттогаш патувал низ Камбоџа, Виетнам и Ирска.

„Имав среќа да патувам околу светот откако наполнив 19 години,“ вели тој. „Најдобрата страна на патувањето сам е тоа што не мораш да следиш туѓ распоред и можеш да истражуваш и пробуваш нови нешта врз основа на тоа што тебе ти се допаѓа.“

Сликата која реши да ја отпечати беше снимена за време на неговото патување во Виетнам во 2020 година, на турнеја со брод низ заливот Халонг.

„Навистина уживав во целокупното искуство од Виетнам, бидејќи на тоа патување со брод стекнав многу добар пријател, со кој сме блиски до ден денес,“ вели тој. „Тоа само потврди зошто уживам во тоа да патувам сам, бидејќи можеш да запознаеш прекрасни луѓе и да формираш посебна врска, не само со местата што ги гледаш за прв пат, туку и со луѓето со кои ги посетуваш истите“.

Раце лепат кружни налепници на задната страна на паметен телефон.

„Супер е што можете да додавате рамки, филтри и налепници во апликацијата Canon Mini Print“ - вели Ashvin.

За гордо да се пофали со еден од своите омилени спомени, Ashvin одлучи да ја отпечати својата фотографија на однапред исечена кружна самолеплива хартија ZINK од Canon со големина од 1,3 инчи и да ја залепи таа отпечатена фотографија, заедно со неколку слики од неговите други авантури на задната страна од неговиот телефон, за да може да ги гледа секој ден како потсетник на неговите патувања. Фотоапаратот со печатач Zoemini S2 од Canon и самолепливата хартија се доволно мали и лесни за да можете да ги носите со вас на вашите авантури за моментално печатење на вашите спомени.

Evie Ingles

Човек лепи кружни налепници од Canon на црна футрола за бенџо што е потпрена на ѕид од бели цигли.

„Мислам дека Zoemini S2 од Canon е многу забавен“ - вели студентот по музика Evie Ingles. „Мал е и компактен, а и лесно пренослив. Со него може да фотографирате или да печатите слики од вашиот паметен телефон - многу е лесно“.

Жена гледа право кон фотоапаратот, а пред лицето држи мала отпечатена фотографија од себеси на сцена.

За Evie, нејзиниот важен момент кога настапувала на сцена не бил само концерт во којшто уживала, туку и значајно искуство. „Тоа беше една од најзабавните работи што некогаш сум ги направила и беше големо достигнување и во моите настапи и за мојата самодоверба“ - вели таа.

Evie го одбра нејзиниот прв поп настап како својот важен момент и сакаше да го зачува споменот со тоа што ја залепи фотографијата снимена со Zoemini S2 од Canon на нејзината футрола за бенџо, за да може да ја носи со себе на идни настапи.

„Тоа најверојатно беше најголемиот настап што досега сум го имала“ - објасни таа. „Беше со поп колективот на Универзитетот Кардиф и навистина многу ми значеше бидејќи пеев на голема сцена пред многубројна публика“.

Покрај тоа што пее, Evie свири на саксофон, кларинет, флејта, бенџо и пијано. Самолепливата хартија за печатење од Canon наменета за Zoemini S2 ѝ беше корисна на Evie кога ја правеше фотографијата за футролата за бенџо. Таа отпечати и неколку слики на однапред исечена кружна самолеплива хартија ZINK од Canon со големина од 1,3 инчи за да стави повеќе украси на футролата.

„И онака сакам да ставам налепници на мојата футрола за бенџо, па си ја ставив фотографијата од Zoemini S2 од Canon на неа“ - вели таа. „Кога ќе одам на настапи, ќе имам убав потсетник на ова достигнување“.

Исто така, Evie уживаше да ја користи апликацијата Canon Mini Print и додаде рамка на нејзината слика. „Многу е лесна за користење“ - вели таа. „Беше едноставно да се поврзе Zoemini S2 од Canon преку Bluetooth, а јас на својата слика ставив рамка, што беше супер бидејќи рамката ги имаше истите бои како и фотографијата, што навистина ја подобри“.

Megan Gaen

Две дланки држат Zoemini S2 од Canon и паметен телефон што ја покажува апликацијата Canon Mini Print, со фотографија од дипломирање на екранот.

Постдипломката Megan Gaen уживаше додека експериментираше со функциите на апликацијата Canon Mini Print. Користете го тајмерот за снимател и функцијата за далечинско активирање на блендата преку апликацијата, гледајте го приказот во живо, додавајте интересни приспособувања и правете колажи.

Жена закачува мала црно-бела фотографија на новогодишни сијалички на кои веќе има закачено и други фотографии.

За Megan, Zoemini S2 од Canon беше многу лесен за користење. Таа ја изложи отпечатената фотографија во својата универзитетска спална, закачена на новогодишни сијалички.

Megan го одбра нејзиното „домашно“ дипломирање додипломски студии како нејзиниот важен момент. Како и на многу други студенти чии студии беа погодени од пандемијата од Ковид-19, така беше откажано и дипломирањето на Megan од Универзитетот Саутемптон.

„Мојот важен момент се случи во 2021 година, кога ги завршив додипломските студии по германски и шпански јазик“ - вели таа. „Сè уште можевме да ги изнајмиме наметките, па одржав мала прослава дома со моите родители. Снимивме неколку убави фотографии и тоа беше навистина важно, бидејќи вложив четири години напорна работа и моментот вредеше да се прослави“.

Освен што ја има закачено отпечатената фотографија на ѕидот од својата спална во универзитетот, Megan планира да додаде една копија и на ѕидот во спалната соба во својот дом на кој веќе има закачено многу фотографии. „Има црно-бела тема, па ја употребив апликацијата Canon Mini Print за да додадам црно-бел филтер. Многу беше практично бидејќи не морав да се грижам за уредување на фотографијата на мојот компјутер“ - објасни таа.

Megan печатеше фотографија од нејзиниот паметен телефон, но на задната страна на Zoemini S2 од Canon има копче за филтер што ви овозможува да се преминете од фотографирање живописни бои на фотографирање црно-бели слики. Постои опција да се поврзете со Facebook, Instagram и Google Photos преку апликацијата и оттаму да ги печатите вашите слики.

„Мислам дека додавањето на сите тие мали налепници, филтри и рамки беше многу интересно и тогаш можете да ги приспособите сликите по ваш вкус“ - вели таа. „Беше едноставно и брзо – и не морав да се грижам за сушењето на мастилото“.

Shubhangi Dua

Млада жена седи на плетен стол и гордо покажува уметничка слика. До неа и на нејзиниот скут има уште две разнобојни уметнички дела.

Постдипломката Shubhangi Dua го употреби Zoemini S2 од Canon за да отпечати серија слики од нејзината дебитантска уметничка изложба. „Никогаш не ја сметав уметноста за професија, но поради изложбата, мислам дека сега можам себеси да се наречам уметница“ - вели таа.

Shubhangi е надежна уметница, и секако, нејзината креативна страст мора да се вклопи во нејзиниот важен момент од животот. Неодамна, нејзиниот сон од детството се оствари со тоа што ја одржа својата прва уметничка изложба на уметничкиот фестивал Фринџ во Бат, Англија.

„Го одбрав ова дело (видете погоре) за својот голем момент бидејќи е од мојата прва изложба“ - вели таа. „Самото тоа што го гледам своето дело изложено на ѕид меѓу многу други талентирани уметници ми дава чувство на достигнување и препознавање на трудот што го вложив. Исто така, ова е голем момент бидејќи многу години мислев дека не сум доволно добра уметница и ми е мило што си докажав дека не сум во право“.

Zoemini S2 од Canon е завртен со предната страна надолу врз разнобојни уметнички дела, стои покрај мала налепница што се става во дневник.

Shubhangi ги печати важните моменти од својот живот за нејзиниот дневник. Времето на полнење на Zoemini S2 од Canon е приближно 120 минути, а може да печатите дури и додека се полни.

Жена во сив капут се насмевнува кон фотоапаратот додека дланка држи мала отпечатена слика од уметнички дела пред неа.

Копчето за рабови додава бела или приспособена рамка на вашата отпечатена фотографија.

Shubhangi отпечати две дела од изложбата што нејзе ѝ се многу лични. „Овие две уметнички слики се наменети да се гледаат една со друга“ - објасни таа. „Големата е од мајка ми, а малата е од мене кога бев помала“.

Апликацијата Canon Mini Print е опремена со голем избор на налепници, од цвеќиња до животни. Shubhangi ја употреби апликацијата за да додаде цветни налепници на фотографиите од уметничките дела, за да ја долови темата на природа. „Ги ставив отпечатените фотографии во мојот дневник и ќе направам повеќе копии за да си ги закачам во собата како табла на достигнувања, да се потсетам самата себеси дека успеав“ - вели таа.


Без разлика дали сакате да викате на цел глас за вашите „важни моменти“ и да ги покажете на целиот свет, или да го овековечите споменот во личен дневник, Zoemini S2 од Canon и сите други производи од палетата Zoemini од Canon се идеални за печатење фотографии што можете да ги изложите дома, да ги украсите вашите технолошки уреди и да ги споделите со вашите семејства и пријатели. Што чекате? Не заборавајте да ги споделите резултатите на хаштагот #FreeYourStory со означување на @canonemea.



Напишано од Tamzin Wilks

Слични производи

  • Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.
  • Canon Zoemini 2

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.
  • SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.

Слични статии

Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini

Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.

Најдобри придружници на фестивалите

Зачувајте ги вашите спомени во движење со палетата на Canon Zoemini со џебна големина.

Најдобрите печатачи за студенти

На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.

Најдобрите преносливи печатачи од Canon

Истражете ја палетата на компактни печатачи од Canon за да дознаете кој е најсоодветен за вас.