Ветровити врвови на карпи, мочуришта покрај езера и мирни шуми – природни опкружувања им се допаѓаат на фотографите на див свет и пејзажи кои имаат трпение да ги документираат постепените промени и раст како што одминуваат годишните времиња. Понекогаш, фотографирањето може да ги евидентира и прослави и подлабоките промени во текот на времето, како обновување на природата покрај напуштен каменолом што повторно ѝ се препушта на природата.
Gayle, фотографката што го создаде Natured Secrets, има страст кон биолошката разновидност и обновување зелени простори. Таа го документираше бавниот раст на британски проект за обновување на природата на нејзиниот праг, надевајќи се дека нејзиниот труд ќе ги инспирира другите да вратат мал дел од својата градина на природата.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА
Фотографирање на тајните на природата: приказната за проект за обновување на природата
Фотографски проект за обновување на природата со историја
Приказната започна пред 20 години кога Gayle засади шума покрај својот дом во Пенинскиот планински венец во северозападна Англија, претворајќи напуштен каменолом и поранешна фарма за ласици во прекрасно засолниште за дивиот свет.
А сега, кога пејзажот им посака добредојде на животните и растенијата, ја исполнува амбицијата на Gayle – „патешествие на надежта“ – да нема граници меѓу нејзината градина и обновената област, создавајќи навистина диво место.
„Кога пристигнавме, сакав да ѝ дадам на оваа отворена локација 'чувство на место' за да ја поврзам мојата врска со оваа локација со животната средина“ - вели Gayle, која завршила постдипломски студии за наука за конзервација и екологија при универзитетот Ланкастер. „Индустриската активност го преобрази оригиналниот пејзаж, оставајќи пустош. Но, откако каменоломот заврши, ова место се врати кон природата. Повторно раѓање.
„Започнавме со емулација на оваа трансформација и закотвување каква било градина што можевме во внатрешноста на пејзажот, каде што немаше видлива граница меѓу едното и другото. Никогаш не мислев дека можеме да создадеме таква градина. Ние само ја 'скротувавме природата'“.
Како што земјата полека заздравува, Gayle смета дека ова патување е совршено за долготраен фотографски проект. „Неколку години учев во школата за ботаничка уметност Челзи и поради тоа отсекогаш сметав дека [земјата] треба да се документира“ - вели таа. „Тоа може да го има во различни списанија и на микро веб-страница, но за мене има еднаква поделба меѓу науката и креативноста. Затоа, се надевам дека моите фотографии може да бидат малку различни.
„Нашиот напуштен каменолом ги носи лузните на нашето индустриско минато, но природата пополека си ја зема земјата назад. Како чувари на област со неверојатна мешавина на историја, индустрија, геологија, див свет и флора, јас сакам да го евидентирам патот, развојот и растот на биолошката разновидност на земјата, користејќи го фотографирањето како евиденција“.
Поврзување со природата низ објективот
Областа е сега преполна со див свет, вклучувајќи и кафеави зајаци, бумбари, чучулиги, шлуки, калуѓерки, обични сини срелки, ветрушки и срни, поради што е лесно да се види зошто е рај за фотографи. Разнобојните мочуришта, пасишта и шуми покрај ливади богати со цвеќиња привлекуваат многу различен див свет.
„Низ минатите 20 години, ја регенериравме земјата, откривајќи извори на свежа вода за да ги подобриме големите мочуришни долини и да поврземе постоечки езерца со камења со низа нови езерца без обвивка од цемент“ - вели Gayle.
„Засадивме локални листопадни шуми, гледајќи како растат и полека се покриваат со мов за да обезбедат раскошно и зелено чувство преку целата година за да се поддржи изобилство од живот. Стеблата и гранките се покриени со мов што наликува на минијатурни изгубени светови што се откриваат одблиску и зголемуваат“.
Ако изберете да го документирате вашиот проект, можеби агол од вашата градина што ја враќате кон природата, осигурете се дека го имате правилниот фотоапарат и објектив. Gayle го користи нејзиниот EOS 6D Mark II од Canon, во комбинација со еден од нејзините макро објективи, за да ги долови овие ситни светови. „Фотоапаратот ни ја дава можноста да бидеме во хармонија со специфичен организам, без оглед на тоа дали е цвет одблиску, инсект или спорите на задниот дел од папрат“ - вели таа. „Почнувате да гледате нешта што претходно не сте ги забележале, поради што сум посвесна за тоа како можете повеќе да се поврзете со природата низ објективот“.
Научете да „гледате“ со фотоапаратот
Оваа врска е посилна од кога семејство бувови се појави по реставрација на амбар којшто Gayle и занаетчии кои работат со ѕидови од сув камен го изградија со камења кои ги најдоа во поранешниот каменолом. Сега е нов дом за птици.
„Учењето да 'гледам' низ фотоапаратот и да чекам тивко да излезат бувовите од амбарот ми овозможува да набљудувам повеќе“ - вели Gayle. „Го забележувам движењето на тревата, промената во светлината, молците, птиците и цвеќињата што ги допираат. За момент, јас станувам плен, кога објективот ги гледа канџите додека птиците кружат над мене, но приказната се менува кога се движам. Јас станувам ловецот“.
Gayle користи втор DSLR-фотоапарат за целосна слика со избор од подолги EF-објективи. Со едно куќиште на фотоапарат за макро објективи, а друг за телефото објективи, таа никогаш не пропушта момент при менување објективи. Со овие алатки, таа може да го долови драматичното небо и птици в лет, како бувовите, при што стабилизацијата на слика е особено важна бидејќи не користи статив.
„Ми треба дострелот на мојот неверојатен EF 600mm f/4L IS III USM за да се приближам до бувовите“ - вели таа. „Далеку сум од локацијата и немам заштита, па не можам само да седам и да се надевам дека ќе видам елен или птица одблиску. Тешко е и да се фотографира црвеногушка бидејќи дрвјата се толку големи. Знаете дека ќе ги добиете најдобрите снимки со објективот од 600 mm бидејќи е остар и е фиксен објектив, додека, пак EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM од Canon ми овозможува да зумирам и одзумирам, за да можам да ја фотографирам птицата ако се движи или лета кон мене. Го имам потребното растојание“.
Документирање на обновување на природата сега и во иднина
Gayle, исто така, го документираше проектот за обновување на природата преку анкети, пресување на цвеќиња, зачувување растенија во алкохол, како и цртање и сликање со водени бои. Сепак, таа ужива во малите моменти со дивиот свет привлечен кон ова место и има страст за придобивките по менталното здравје од интеракција со природата. „Гледање низ фотоапаратот рано наутро ви овозможува да вдишете мир и смиреност“ - објаснува таа. „Преку споделување на овие слики на социјални медиуми, можам да ја пренесам таа умствена состојба, помагајќи им на другите со пренесување на искуството од гледање во убавината што нѐ опкружува“.
Ги охрабрува сите што размислуваат да создадат сличен проект да почнат со неколку дрвја или грмушки за да привлечат птици и инсекти. „Секогаш садете дрвја, ако можете“ - советува таа. „Не ви треба многу простор, а за шест или седум години ќе имате шума во која ќе можете да шетате и да го почувствувате просторот“.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
DSLR-фотоапарати
EOS 6D Mark II
Независно дали сакате да фотографирате поамбициозни проекти или штотуку станувате професионален фотограф, EOS 6D Mark II ви нуди сè што ви е потребно за да ги направите следните возбудливи чекори. -
Широкоаголен примарен објектив
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
Објективи RF
RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM
Мал и неверојатно лесен објектив со зум од 24-50 mm од серијата RF што може да го користите секој ден за фотографирање патувања, пејзажи и многу повеќе. -
Објективи RF
RF 600mm F11 IS STM
Револуционерен објектив со извонреден телефото опсег што е компактен, лесен и идеален за фотографирање диви животни, патувања и сафари или фотографирање возови.