ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

Приказните што се кријат зад пет брилијантни слики од спорт

Дали сакате да фотографирате спорт на повисоко ниво? Пет професионалци за фотографирање спорт споделуваат каква сцена, опрема и поставки користеле за да ги доловат овие пет извонредни слики, а ќе ви откријат и совети и трикови за да можете и вие да ги создадете истите ефекти.
A grey figure's head and shoulders shrouded in dust particles and set against a black background.

Притисокот што го создава фотографирањето динамички движења понекогаш може да ги спречи фотографите за спорт да го доловат тој брилијантен момент - извонредна слика што навистина го привлекува вниманието на гледачите. Примерите дадени тука, сепак, се доказ дека со соодветни поставки, опрема што нуди високи перформанси во тензични ситуации и малку креативност може да снимате прекрасни и невообичаени слики.

Разговаравме со пет професионалци кои специјализираат во фотографирање различни спортови за да дознаеме што ги инспирираше да ги снимат овие слики и каква опрема и поставки користеле, но и какви совети би им дале на надежните фотографи кои сакаат да ги создадат истите овие ефекти.

James Musselwhite

Борењето нуди можности за снимање одлични портрети, но фотографот James Musselwhite сакаше да долови нешто уникатно со својата неверојатна слика (снимена одозгора) од британскиот професионален борач Cassius. „Тој е многу уникатен и сакавме да ја прикажеме неговата енергија со потрадиционална естетика - како да излегува од карпа“ - објаснува тој.

James го користеше својот EOS R6 од Canon со адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon и објектив EF 70-200mm f/2.8L USM од Canon, а сликата ја сними со зум од 155 mm, 1/8000 сек., f/5,6 и ISO400, контролирајќи го својот фотоапарат преку апликацијата Canon Camera Connect инсталирана во неговиот паметен телефон. Предизвикот беше да се постигне саканиот ефект без да се врши обработка по снимањето. „Го обоивме телото на борачот, а потоа фрлавме вреќи брашно кон него сè додека не ја снимивме сликата. Го поставив EOS R6 на статив за да можам да фотографирам преку телефонот и приклучив монитор во фотоапаратот преку кабел, а тоа ни овозможи да се концетрираме целосно на осветлувањето и кадарот“ - додаде тој.

Слика од глава на човек со црно палто, стои пред заднина со бели цигли.

Рагби и аматерско борење

„Ако покажете дека знаете како функционира индустријата, промотерите ќе се импресионираат, но тие не сакаат љубителите да бидат присутни зад сцената или да бидат инволвирани во деловниот аспект на работата. Применете го своето знаење за да влезете во круг на луѓе кои ќе ви веруваат, но не откривајте дека сте еден од љубителите“.

Обидете се самите


„Мора точно да знаете како ќе се однесуваат материјалите што ги користите“ - вели James. „Експериментирајте со елементи што не се карактеристични за портрети. Започнете со вода и прскалки или обидете се да боите со светлината користејќи ја лампата на вашиот телефон“.

James предлага да користите и различни брзини на блендата за да дознаете што ќе изгледа добро. „Многу е важно да видите како различните елементи може да се замрзнат во движење за да можете правилно да снимите слика како оваа“ - додава тој.

Jean-baptiste Liautard

Црна силуета од човек на велосипед опкружен со траги од сина светлина

Трагите од светлина во ноќната слика на Jean-baptiste Liautard, амбасадорот на Canon, се создадени со сина долгнавеста LED-светилка и внесуваат чувство на движење во статичките слики. „Ми требаше широк објектив за овој динамички ефект и сакав трагите од светлина да изгледаат поголеми на рабовите на сликата, за да добијам 3D-ефект“ - објаснува тој. „Ми се допаѓа сината боја и ладниот изглед што го добива сликата“. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 16-35mm f/2.8L II USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 16-35mm f/2.8L III USM од Canon) со избрани 16 mm, 20 сек., f/6,3 и ISO100. © Jean-baptiste Liautard

Инспирацијата за трагите од сина светлина во прекрасната слика на John-baptiste од велосипедистот за груби терени Peter Kaiser бил некој стар заштитник за екран. За да ги создаде трагите од светлина, John-baptiste одел околу Peter и правел полукружни движења со светлото, го запирал движењето на светлото кога одел зад него, а потоа го продолжувал да го движи светлото додека се враќал пред него за да создаде симетричен ефект. „Сакав субјектот да биде поставен централно во сликата и светлината да создаде динамички ефект од едната до другата страна на сликата“ - објаснува тој.

Предизвикот беше во тоа да знае дали го започнува и прекинува боењето со светлината на правилното место. „Морав да ги разгледам моите грешки за да одредам приближно како да ги коригирам. Peter мораше да стои мирно, а јас одев полека за трагата од светлина да изгледа природно“ - додава тој. „Експозицијата од 20 секунди ми овозможи да се движам околу спортистот со долгнавеста LED-светилка, а решетката од f/6,3 ми помогна да добијам поголема длабочина на полето за да може сè да биде во фокус, дури и трагите од светлина.

Црно-бела слика од глава на човек во светла облека, наспроти црна заднина.

Екстремни спортови

„Неопходно е да го познавате спортот што го фотографирате, бидејќи така ќе можете да предвидите што ќе се случи. Често фотографирам брзи движења во шума или други опкружувања со слабо осветлување, па ако сакам да ги замрзнам движењата мора да користам објективи со широка решетка и одличен сензор“.

Обидете се самите


„За вакви фотографии е потребно време“ - објаснува Jean-baptiste. „Ви треба совршено стабилен фотоапарат, па затоа мора да користите статив. Исто така, ви треба долга експозиција и многу темно опкружување“.

Ако се обидете и вие да го направите ова, повикајте пријател кој ќе ви позира како субјект - или искористете некој предмет, а потоа експериментирајте со движење на некоја светилка околу нив, правејќи различни движења. Колку побавно го движите изворот на светлина, толку посветло ќе биде боењето со светлината, а сензорот на фотоапаратот ќе има повеќе време за да ја апсорбира светлината. Не заборавајте да облечете темна облека без рефлективни површини за да не бидете видливи на сликите.

Morgan Harlow

Глава и рамена на натпреварувач во нетбол кој ги витка рацете над главата додека скока по топката.

Фотографот за спорт Morgan Harlow ја сними оваа фотографија од натпреварувачот во нетбол Mary Cholhok од Уганда за време на мерките воведени поради пандемијата од Ковид-19, кои ја ограничија нејзината слобода за движење околу теренот. Снимено со EOS-1D X од Canon (сега е заменет со новиот EOS-1D X Mark III од Canon) и објектив EF 300mm f/2.8L IS II USM од Canon со избрани 1/800 сек., f/2,8 и ISO6400. © Morgan Harlow

Ограничувањата во движењето на Morgan за време на овој натпревар во нетбол ја примораа да се движи бавно и да се фокусира на доловување на најдобрата слика. „Mary создава прекрасни форми кога скока по топката, па затоа се фокусирав на неа, го намалив кадарот и главното внимание го насочив кон нејзините очи“ - објаснува Morgan.

Таа вели дека ова е класичен пример за техниките за изолација што им се потребни на фотографите за спорт. „Застанав зад мрежата на голот за да фотографирам одблиску. Околу теренот имаше многу табли со LED-светилки, па затоа морав клекнам зад нив за да не влезат во кадарот, а притоа да ја изолирав Mary од другите играчи“.

Слика одблиску од човек кој гледа кон фотоапаратот, наспроти црна заднина. Авторски права: Ben Lumley.

Спортски движења со фокус на нетбол и пливање

„Проучувањето на делата на други фотографи и нивниот метод на работа е одличен начин да ги подобрите вашите вештини“.

Обидете се самите


Morgan вели дека треба да го чекате вистинскиот момент за да снимите вакви фотографии и ве советува да ја земете предвид заднината. „Некоја нагласена боја или предмет може да ја уништи вашата фотографија“ - вели таа. Ако нешто во далечината привлекува несакано внимание, тогаш изберете поширока решетка (со избирање помала вредност f). На тој начин ќе ја заматите заднината, а субјектот ќе остане остар и во фокус.

За да внесете енергија и интерес во вашите слики, фокусирајте се на лицата на субјектите, особено нивните очи. Кога фотографирате спорт, треба да размислите и за обликување поинтересни кадри - начинот на кој Morgan го долови лицето помеѓу свитканиот лакт ни го насочи вниманието кон спортистот и неговата одлучност, во одлучувачки момент на натпреварот.

Освен тоа, ако фотографирате тимски спорт, застанете во соодветна положба. Morgan застана блиску до мрежата на голот, па затоа беше на правилното место и подготвена да го долови движењето.

Samo Vidic

Силуета во портокалова и црна облека вози велосипед, а шумата околу него е заматена.

Објективот EF 16-35mm f/2.8L II USM од Canon што фотографот за спорт Samo Vidic го употреби за оваа слика му ја обезбеди потребната ширина и оддалеченост на субјектот од заднината, за да создаде илузија од брзо движење. Снимено со EOS 5D Mark IV од Canon и објектив EF 16-35mm f/2.8L II USM од Canon, со избрани 16 mm, 1/8 сек., f/9 и ISO200. © Samo Vidic

Амбасадорот Samo Vidic на Canon е успешен и светски познат фотограф за спортови спонзориран од Red Bull. Ова слика е од неговиот пријател Nino, кој во некоја несреќа останал парализиран од вратот надолу. Samo добил идеја да сними специјална слика од Nino за да направи илузија како тој се симнува по удолнина со голема брзина.

„Купив мали помошни тркала за Nino, го прицврстив фотоапаратот на виљушките на велосипедот и ги променив рачките и седиштето за да му обезбедам соодветна поддршка“ - објаснува тој. „Потоа почнавме да го туркаме со приближна брзина од 5 km/h“.

Користејќи два блица Speedlite со далечинско активирање, широкоаголен објектив и мала брзина на блендата, Samo успеа да го изолира Nino и да создаде заматен хаос од трка по удолнина. „Nino заплака на крајот - беше толку среќен што успеа барем малку да се придвижи“ - вели Samo.

Слика од глава на човек облечен во црвена облека, носи слушалки, гледа низ прозорец од мал авион.

Спорт, реклами и авантури

Ако не знаете многу за спортот што го фотографирате, Samo предложува да прашате некој од натпреварувачите што може да очекувате. „Фотографирав некои планинари, но не знам многу за планинарењето, па тие ми објаснија кои движења се импресивни, како треба да се држат со рацете на одредени делови од карпите - информации од таков тип“.

Обидете се самите


Ако сакате да снимите ваква слика, мора да ја усовршите вашата техника во помирно и поконтролирано опкружување - советува Samo. „Започнете со мали предизвици и надградувајте го вашето искуство. Користете мала брзина на блендата и експериментирајте со рачниот фокус и автоматскиот фокус со следење очи за да откриете што ви се допаѓа повеќе. Замолете некој пријател да вежба со вас и обидете се да го поместувате фотоапаратот со различни брзини, но имајте предвид дека и брзината на субјектот ќе влијае врз конечниот резултат. Започнете да експериментирате само со блицот на фотоапаратот, а потоа закачете и Speedlite на некое дрво или менувајте ја висината на која ќе го закачите - сето ова ќе влијае врз сенките и сликата“.

Ella Ling

Човек во инвалидска количка посегнува за да удри тениско топче, а неговата сенка се протега на левата страна наспроти сина заднина.

Австралискиот тенисер Dylan Alcott посегнува по топчето за време на финалето на настанот за натпреварувачи во инвалидски колички, во оваа амбиентална слика снимена од фотографката за спорт Ella Ling. Ella вели дека CMOS-сензорот за целосна слика од 20,1 MP на EOS-1D X Mark III од Canon ѝ овозможил да снима остри слики преку нејзиниот EF-објектив со зум. Снимено со EOS-1D X Mark III од Canon и објектив EF 70-200mm f/2.8L IS II USM од Canon (сега е заменет со новиот EF 70-200mm f/2.8L IS III USM од Canon) со избрани 155 mm, 1/3200 сек., f/5,6 и ISO160. © Ella Ling

За ваква слика е потребно паметно позиционирање и трпение. „Појдов до патеката над теренот за да доловам нешто уникатно“ - вели Ella. „Имаше еден мал прозорец низ кој светлината го осветлуваше натпреварувачот, а покривот фрлаше сенка врз теренот. Ете така добивате неверојатна црна заднина. Копчето за блендата го притиснав колку што можев попрецизно за да доловам кога топката ќе го допре рекетот и внимавав да не добијам преголема експозиција за натпреварувачот“.

Слика одблиску од човек кој носи очила за сонце и се смее

Професионален тенис

Ella вели дека посветеноста имала важна улога во нејзиниот успех - но и тоа дека не се плашела да им пријде на докажаните фотографи и да им побара совет и поддршка. „Му се претставив на кинематографот на Вимблдон, кој ме предизвика да фотографирам околу теренот“ - се присети таа. „Главниот фотограф ме зема под негова закрила и почнав да работам во неговата агенција како хонорарец“.

Обидете се самите


„Усовршете го прилагодувањето на поставките за експозиција и обидете се да пронајдете повисока позиција за да можете да го фотографирате субјектот одозгора“ - вели Ella. „Сонцето треба да биде ниско на небото за да се добијат долги сенки. Ова важи за сите спортови или субјекти, нема потреба да се движи“.

За да добиете прекрасни сенки треба да барате моменти на изгрејсонце или зајдисонце, кога сонцето е на најниска точка. Или, пак, користете Speedlite или извор на вештачка светлина за да добиете сличен ефект. Композицијата е важна кога работите со сенки; тука важи правилото на две третини, а спортистот треба да биде во десната третина на сликата. И боите се важен фактор - погледнете колку е нагласено жолтото тениско топче. Секогаш треба да направите пауза од движењата и да се обидете да внесете уметнички елементи.

Се надеваме дека овие извонредни слики и совети од професионалците ве инспирираа да се обидете да снимите фотографии од некој спорт. Кога ќе започнете да експериментирате со различни техники, креативните можности ќе станат бесконечни.

Напишано од Jack Fittes

Слични производи

  • Фотоапарати без огледало

    EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • Објектив за зумирање со извонредно широк агол

    RF 14-35mm F4L IS USM

    Извонредно широкиот објектив RF од Canon опфаќа детали со прецизност карактеристична за серијата L, од 14 до 35 mm, и го олеснува држењето на фотоапаратот благодарение на стабилизацијата на слика со 5,5 чекори.
  • Објективи RF

    RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • Објектив со телефото зум

    RF 70-200mm F4L IS USM

    RF 70-200mm F4L IS USM е неопходен, компактен и лесен објектив со телефото зум од серијата L и тој е совршен за патувања, спорт/диви животни и портрети.

Слични статии

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ ДВИЖЕЊА

    Најдобри објективи за фотографирање движења

    Нашиот водич за најдобри објективи за фотографирање движења.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Како да снимите одлични фотографии од движења

    Совети за снимање прекрасни фотографии од движења со вашиот фотоапарат од Canon.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Снимање исполнето со акција во придружба на професионалец

    Jean-baptiste Liautard ја објаснува уметноста на фотографирање акциони спортови.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ

    Како да бидете креативни при фотографирање спорт

    Пет професионални фотографи ги откриваат техниките што ги користат за фотографирање.