Сите љубители на диви животни знаат дека оддалеченоста е најважна. Ако сте оддалечени премногу, ќе го пропуштите моментот. Ако сте премногу блиску, тогаш ризикувате да го исплашите животното. Но, ако не сте професионалец со огромен телефото објектив, тогаш тешко ќе можете да ги снимите тие прекрасни глетки и да ги земете дома со вас. Токму тука може да ви помогне PowerShot ZOOM од Canon. Овој монокуларен фотоапарат ви нуди сè што ви е потребно. Тивок е и дискретен, нуди извонредни можности за зумирање и ви овозможува да гледате повеќе за да можете да ги фотографирате и снимате дивите животни. Доволно е мал за да го држите во рака и е целосно автоматизиран, така што може да се погрижи за фотографирањето додека вие уживате во самото искуство.
Младиот конзерватор, блогер и фоторепортер Tolga Aktas го користеше PowerShot ZOOM од Canon покрај реката Северн во близина на неговиот дом во Глостершир во Обединетото Кралство. Tolga потекнува од јужниот дел на Лондон, има 28 години и студира применета екологија на универзитетот во Глостершир, а има направено и повеќе проекти за истражување со групите за зачувување како Wildlife ACT и The Mammal Society. Тој ја споделува својата љубов кон природата со целиот свет преку пишување и фотографирање, а тие содржини ги објавува на својот блог Ways of the Natural World. „Светот на природата ме инспирира на многу начини“ - вели тој. „Ние сме поврзани со природата, но понекогаш го забораваме тоа“.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ
Уживајте во природата со PowerShot ZOOM од Canon
Најважни совети за фотографирање диви животни: носете лесна опрема
Кога патува на терен, Tolga сака да носи лесна опрема. „Сакам да носам минимална опрема што ќе ми овозможи да се фокусирам на опкружувањето, а не на содржината во мојата торба“ - вели тој. Со него секогаш носи цврсти обувки, заштита од вода, тетратка и пенкало, мешавина од јаткасти овошја, вода, кафе и повеќенаменско џебно ноже. Се разбира, тој носи и двоглед и опрема за фотографирање.
При истражување на каналите, полињата и природните резервати на Глостершир со PowerShot ZOOM од Canon, Tolga го намали бројот на додатоци во неговата торба со опрема, благодарение на флексибилноста што ја нуди опремата. „Го користев PowerShot ZOOM и како фотоапарат и како двоглед, а тоа ми овозможи да носам помалку опрема“.
Штом го наполните преку USB-кабел, PowerShot ZOOM може да сними и зачува максимум 150 слики или видеозаписи во траење до 60 минути (максимум 10 минути по видеозапис) пред да треба повторно да го полните. Може да снимите и зачувате повеќе слики во зависност од тоа дали користите microSD-картичка, microSDHC-картичка или microSDXCon-картичка.
Исто така, PowerShot ZOOM може да се полни преку пренослива батерија, а може да се полни и во вашиот автомобил преку USB-кабел* додека патувате. Сликите може да ги префрлувате во вашиот паметен телефон со помош на апликацијата Canon Camera Connect.
Внимателни средби со дивите животни
Според Tolga, најважните фактори за набљудување диви животни се трпеливост и внимателност. „Мислам дека поголемиот дел од времето треба само да го набљудувате светот на природата околу вас“ - објаснува Tolga, „да ги слушате звуците, да ги мирисате различните мириси во опкружувањето или да допирате различни биолошки структури, кои нудат уникатно чувство“.
Тоа навистина дојде до израз при патување во Јужна Африка во 2018 година за истражување на загрозените видови. „Бев пресреќен што сум таму. Фотографирав буквално сè! Но, на тој начин може да пропуштите многу други прекрасни моменти“ - вели тој.
Кога Tolga се врати во Јужна Африка следната година, заради проект за зачувување на дивите кучиња и лавовите, одлучи да биде повеќе присутен во моментот. „Не носев многу опрема со мене и можев да се поврзам со природата и да уживам во сета убавина што можеше да ми ја понуди Јужна Африка“.
PowerShot ZOOM е практичен за користење и нуди подобро доживување при набљудувањето диви животни.
Набљудувајте од далечина
Независно дали е на далечна локација или во локалниот регион, Tolga се однесува со дивите животни со исто ниво на достоинственост. Тоа значи дека не прави ненадејни звуци или движења што можат да ги исплашат, никогаш не ги вознемирува нивните живеалишта и секогаш стои на доволна оддалеченост од нив. „Никогаш нема потреба да ги допирате животните или да влијаете негативно врз безбедноста на некој вид само заради ваша корист“ - нагласува тој. „Најдобро е да им се восхитувате од далечина наместо да се доближувате блиску до нив“.
Tolga беше импресиониран од PowerShot ZOOM од Canon, кој и покрај неговата компактна големина, нуди одлични можности за зумирање што се еквивалентни на телефото објектив од 400 mm, со опција за користење дигитален зум до 800 mm. „Тој е лесен и може да почнете да го користите веднаш откако ќе го вклучите, без притоа да ги вознемирите дивите животни. А благодарение на опциите за зумирање од 100 mm, 400 mm и 800 mm, што се избираат со притиснување на едно копче, слободата е неверојатна!“
Доловете ги сите детали
Компактната големина и интуитивната функционалност на PowerShot ZOOM нудат голем потенцијал за гледање и снимање слики, а опремен е и со електронски визир како фотоапаратите без огледало од Canon. Тоа му овозможи на Tolga да снима слики со висока резолуција од животни кои стојат на високи места или од дрва со интересни текстури. „Кога сакав да доловам галеб на покрив со зум од 400 или 800 mm - немаше проблем. Или ако сакав да доловам детали од шишарка на некој бор, овој мал фотоапарат го правеше тоа без проблем“ - вели тој. „Најмногу ми се допадна оптичката стабилизација на слика која ми овозможи да снимам неверојатно остри фотографии и видеозаписи. Рацете вообичаено ми се тресат, па затоа ми беше мило што Canon ми помогна во стабилизирањето“.
Уживајте во моментот
Фотоапаратот PowerShot ZOOM од Canon со монокуларна форма може да го носите без да го држите во рака благодарение на неговата практична врвка за на рачен зглоб, а неговата тежина од само 145 g е помала од тежината на повеќето паметни телефони. Тој е целосно автоматизиран и дизајниран за практично користење, а нуди и автоматски фокус со следење што ќе ви помогне да снимате јасни и остри фотографии дури и од најплашливите диви животни.
За разлика од паметните телефони, PowerShot ZOOM од Canon нема апликации што ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ве дефокусираат. Меѓутоа, доколку одлучите да го понесете вашиот телефон, тогаш ќе можете да ја искористите функцијата за прегледување во живо на апликацијата Canon Camera Connect за да го споделите вашето искуство со друг набљудувач, а лицето кое ракува со фотоапаратот ќе може да гледа сè преку визирот.
Снимените слики може да ги гледате и преку електронскиот визир на PowerShot ZOOM, а благодарение на вградените функции за поврзување преку Bluetooth и WiFi, ќе можете брзо да ги споделите тие моменти со целиот свет преку социјалните медиуми.
По нешто за сите
Не е потребно да сте професионален конзерватор или искусен фотограф за да можете практично да го користите PowerShot ZOOM од Canon. „Од перспектива на љубител на природата и набљудувач на птици, оваа алатка е одлична за да го подобри вашето доживување, заедно со опремата што вообичаено ја носите со вас“ - вели Tolga. „Но, воопшто не е ексклузивна: таа претставува повеќенаменска опрема што ја препорачувам на сите кои ја сакаат извонредната природа“.
Напишано од Rachel Segal Hamilton
*Може да се полни/напојува преку USB Type-C. Со фотоапаратот не се испорачува полнач. Минималните предуслови за полнење се извор за напојување со енергија компатибилен со USB PD што испорачува најмалку 5V, 1,5 A со USB Type-C излез и користење на испорачаниот USB Type-C во Type-C кабел.
Слични производи
-
Компактни дигитални
PowerShot ZOOM
PowerShot што може да го држите во една рака и да снимате волшебни семејни моменти или диви животни со зум од 100 mm, 400 mm2 или со дигитален продолжен зум од 800 mm. -
ДВОГЛЕДИ
ДВОГЛЕДИ ЗА ГЛЕДАЊЕ ПТИЦИ
Сите двогледи од Canon за гледање птици нудат прецизна оптика и оптичка стабилизација на слика за да овозможат удобно и опуштено доживување при гледањето птици во долги временски периоди.
• Изберете помеѓу зголемување од 8x до 14x
• Оптичка стабилизација на слика за стабилен приказ
• Заштита од лоши временски услови и издржливост -
ФОТОАПАРАТИ СО МОЌЕН ЗУМ
PowerShot SX740 HS
Доловете ги сите детали со оптички зум до 40x и 4K Ultra High Definition со помош на овој компактен фотоапарат со џебна големина.