ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Фотографирање движење: совети од професионалец
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Во текот на неговата 40-годишна кариера, Dave Rogers (фотограф на Getty) ги снимил најуникатните слики во историјата на рагбито. Тој стоел покрај теренот на секое Светско првенство во рагби уште од првото во 1987 година, а во Јапонија годинава ќе биде секој ден со англискиот тим. Без разлика на спортот, ова се најдобрите 10 совети и техники на Dave за снимање подобри спортски фотографии.
Уште како тинејџер во раните 1970-ти, Dave пројавил интерес за фотографијата кога ги гледал натпреварите на англискиот фудбалски тим Wolverhampton Wanderers. Тој памети дека бил заинтересиран не само за натпреварот, туку и за тоа што се случувало зад сцената - особено фотографите покрај теренот.
Откако ја добил својата прва шанса во локален весник - преку комбинација на вештина, решителност и малку среќа, вели тој - Dave го заслужил своето место во домот на славните спортски фотографи. Тој го снимил Jonah Lomu од Нов Зеланд како му прави потег со вртење на Mike Catt од Англија во нивната битка на Светското првенство во рагби 1995 година; Nelson Mandela како го предава трофејот во 1995 година на капитенот на Springboks, Francois Pienaar, обединувајќи ја Јужна Африка по долгиот период на апартхејд; драматичниот дроп гол на Jonny Wilkinson во продолжетокот со кој Англија го освоила Светското првенство во рагби 2003 година и многу повеќе.
Една од најпознатите слики на Dave е снимена на Светското првенство во рагби 2003 година. На оваа слика, тогашниот капитен на Англија Martin Johnson се надвишува над фотографот, моќно држејќи го трофејот над него откако неговиот тим го освоил турнирот. Можете речиси да го чуете неговиот громогласен восхит додека неговите соиграчи зад него и навивачите на стадионот ја прославуваат победата. Во огромните дланки на рагбистот, трофејот изгледа речиси како играчка којашто блеска под рефлекторите на сцената.
Кога се сретнавме со Dave, тој почнуваше да се подготвува за Светското првенство во рагби 2019 во Јапонија, каде што ќе престојува заедно со англискиот тим. Тој го организираше планот за патување и ја подготвуваше опремата за фотографирање, барајќи дозвола за користење далечинска контрола на фотоапаратот на стадионите. Освен три професионални куќишта, објективи, стативи и стативи со една ногарка за фотоапарати, тој ни кажа дека ќе понесе и голема количина опрема за врнежливо време за да се справи со дождовната сезона.
Освен тоа, тој веќе размислуваше за фотографиите што се надева дека ќе ги сними. Меѓу илјадниците фотографии што планира да ги сними во текот на турнирот, има една особено значајна: „Моја фотографија од соништата е како Англија повторно го подигнува трофејот Webb Ellis; Светското првенство!“
Овде го открива неговиот професионален совет за подобрување на вашите спортски фотографии, без разлика на спортот што го фотографирате.
„Најголемиот предизвик е да го познавате спортот“, кажува Dave. „Научете ги правилата на играта за да знаете што се обидуваат да направат играчите“. Ако не можете да го предвидите следниот потег на играчот, ќе ви биде тешко да го следите натпреварот.
Секој спорт е различен. Во споредба со рагбито, „фудбалот е многу побрз за играње и за фотографирање“, вели тој. Од друга страна, пак, иако во рагбито има повеќе играчи и луѓе кои може да ви го попречат видикот и да ви влезат во кадарот, во фудбалот „има помалку играчи на теренот, па имате подобар преглед“.
На почетокот на својата кариера, Dave бил примен на курсот на Британскиот национален совет за обука на новинари и покрај тоа што не поседувал фотоапарат. Тој морал да го купи тоа што можел да си го дозволи во тој период: стар фотоапарат со филм од 35 mm. Доколку започнувате сега, тој препорачува како клучни фактори да се земат „едноставното користење, сигурноста и вредноста за вложените пари“. „Купете го најдоброто што можете да си го дозволите“, вели тој и внимавајте на лажната економичност.
Ако DSLR-фотоапарат со целосна опрема е премногу сложен за вас или е надвор од вашите можности, набавете компактен или хибриден фотоапарат со функции што ги задоволуваат барањата за фотографирање спорт. Фотоапаратот PowerShot SX70 HS од Canon, најдобриот од палетата на хибридни модели од Canon, има оптички зум до 65x, може да фотографира 10 слики во секунда и има брзо и прецизно автоматско фокусирање (AF) со опција за континуирано AF што ќе ви помогне да ги доловите случувањата.
Меѓутоа, за да максимално ги искористите придобивките од големиот избор на објективи од Canon, инвестирањето во DSLR-фотоапарат како што е EOS 80D од Canon е одличен избор за фотографирање спорт.
„Стандардниот објектив за фотографирање спорт е EF 400mm f/2.8L IS II USM од Canon [и уште полесната и понова верзија на овој објектив, EF 400mm f/2.8L IS III USM од Canon] кој е извонреден, а јас често го користам и EF 70-200mm f/2.8L IS II USM од Canon. Тие се сигурни и може да поднесат многу удари. Кога фотографирате спорт, фотоапаратите ги спуштате брзо на земја и трчате наоколу - тие треба да бидат прилично цврсти за да го издржат тоа.
„Доколку сте почетници, објективот 70-200 mm е попрактичен. Објективот од 400 mm најчесто го користат професионалци“.
За да постигнете слични резултати со поскромен буџет, може да го земете предвид објективот EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon или EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM од Canon. Двата објектива се одликуваат со препознатливата технологија за стабилизација на слика (IS) од Canon која помага да се реши проблемот со заматени слики од тресењето на фотоапаратот. Ако вашите дланки се тресат, тогаш елемент во објективот исто така се тресе за да го елиминира тресењето. Ова значи дека, дури и кога фотографирате рачно наместо со статив, вашите фотографии треба да бидат извонредно остри.
„Изберете голема брзина на блендата и широка решетка [помала f-вредност] затоа што заднините може да бидат пренатрупани и може да го одвлекуваат вниманието со рекламните паноа итн. Не заборавајте, колку поширока е решетката, толку помало ќе биде фокусирањето. Само заматете ги динамичните заднини и обидете се да го користите објективот колку што можете со неговата максимална фокусна должина. Изберете поставка за ISO што е прилично ниска за да мора да користите голема брзина на блендата и мала решетка“.
Еден совет што го препорачува Dave за целосно отстранување на заднината е „да се качите повисоко на трибината за да го гледате теренот одозгора. Ако можете да снимите фотографијата одозгора со поглед надолу, ќе добиете чиста зелена заднина“.
Според Dave, најдобрите услови за фотографирање се во „облачна светлина“ затоа што светлината ќе биде порамномерна на целиот терен, па нема да треба да ги прилагодувате поставките за експозиција толку често. Но, ако фотографирате на сончев ден со голем контраст помеѓу површините под сенка и на сонце, „изберете да седите на сончевата страна и да работите на страната под сенка“, вели тој. На тој начин ќе работите со задно осветлување. „Доколку седите под сенка и работите наспроти сонцето може да имате потешкотии. Многу често ќе добивате само силуета на играчот наспроти светлата заднина. Затоа, секогаш седете на сончевата страна. На тој начин ќе добиете и поубави бои“.
Ова најлесно може да се направи на мали локални спортски настани каде што гледачите може да стојат и да шетаат околу паркот или површината - таму, може да разгледувате наоколу сè додека не го најдете совршеното место. На настаните со нумерирани седишта, може да изберете каде во просторијата сакате да седнете. Откријте како е позиционирана просторијата и во кој период од денот почнува настанот за да изберете седиште што ќе биде на сонце во тој период. Можете и да преземете апликација за следење на сонцето за фотографи.
Понекогаш, ќе сакате да постигнете ефект на силуета. За да го направите тоа, намалете ја вредноста на ISO, зголемете ја брзината на блендата и затворете ја решетката (користете поголема f-вредност). „Ќе ви треба светла заднина“, препорачува Dave. „Намалете ја експозицијата. Силуетата може да биде ефективна доколку не го правите тоа често. Доколку го правите често, станува клише“.
Откако ќе ги снимите најважните слики, време е да ја употребите креативноста. Некои фотографи-почетници се опседнуваат со замрзнувањето на случувањата, но Dave препорачува да се користи заматувањето за да се истакне брзината. За да го направите тоа, обидете се да ја поставите брзината на блендата на 1/15 сек. Меѓутоа, тој нагласува, „не треба да користите толку многу заматување да не можете да препознаете што прават спортистите. Нивните лица сè уште треба да бидат што е можно поостри“.
Особено во спортови со предвидливо и линеарно движење како што се коњските трки, тркачките атлетски дисциплини или мотоспортовите, поместувањето со случувањата (со поместување на фотоапаратот за да го следите лицето или возилото во движење) ќе ви помогне да го задржите објектот релативно остар и да заматите сè останато, навистина пренесувајќи го впечатокот на брзина.
За да додадете поголема возбуда, Dave препорачува, „спуштете го аголот. Ако се спуштите пониско кога играчот скока накај вас, ќе изгледа како да лета низ воздухот“.
Ова е стратегијата што Dave ја применил за неговата извонредна слика од тогашниот капитен на Англија, Martin Johnson, додека го држел трофејот на Светското првенство во рагби 2003. Поставувајќи се пониско од Martin, перспективата ја истакнува веќе импресивната висина и сила на рагбистот.
„Јас носам два фотоапарати или многу често и три во последно време, за секој случај. Ако врне, ги прекривам колку што е можно повеќе. Многу луѓе носат тврди торбички, но јас носам само ранец. Јас носам објектив EF 400mm f/2.8L IS II USM од Canon, EF 70-200mm f/2.8L IS II USM од Canon, две куќишта на фотоапарати и два мали објективи со зум. Носам и три или четири резервни батерии, особено кога времето е ладно, бидејќи тогаш батериите се трошат многу побрзо. Земете водоотпорни материјали и прекривки за објективи - нема да се покаете. Доколку немате, прекријте ја вашата опрема во пластична торба. Ќе ви заштеди многу пари за поправки“.
Dave го користи врвниот фотоапарат EOS-1D X Mark II од Canon, но подостапниот EOS 80D од Canon има куќиште од магнезиумска легура и е отпорен на прав и влага, поради што е сигурен во секакви услови. Исто така, има софистициран систем за автоматско фокусирање со 45 точки и брзо континуирано фотографирање од 7 слики во секунда со следење на објектите, поради што е идеален за фотографирање динамични спортови.
Во просек, Dave снима приближно 2.000 фотографии на еден рагби натпревар за да добие неколку со кои ќе биде навистина задоволен, така што немојте да се обесхрабрувате ако првите ваши фотографии не се толку возбудливи колку што очекувате. „Најголем проблем е кога луѓе стојат пред вас и не можете да гледате од нив или ви влегуваат во кадарот и ви го попречуваат погледот“, вели тој. Dave брише многу вакви слики, но продолжува да фотографира, чекајќи ги вистинските моменти. „Се бришат прилично многу слики, но сега со дигиталните фотоапарати, знаете што добивате и можете да видите што сте фотографирале кога ќе погледнете на задниот дел од екранот“.
Трпението ќе ви се исплати кога ќе ја видите вашата извонредна фотографија на задниот дел од екранот на фотоапаратот. Со трпение, фантазија и вистинската опрема во вашата торба (DSLR-фотоапаратот EOS 80D од Canon со објектив EF 70-300mm f/4-5.6 IS II USM од Canon или EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM од Canon, или хибридниот фотоапарат PowerShot SX70 HS од Canon како наши најдобри препораки) може да снимате врвни спортски фотографии!
Напишано од Matthew Bowen
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
Фотографирање движења
Фотографот за екстремни спортови Richard Walch за неговата мотивираност за снимање неверојатни слики од скијање и сноубординг.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Пет професионални фотографи за спорт нудат совети за снимање одлични слики од спорт.