Разнобојните огномети на ноќното небо претставуваат волшебен спектакл за многумина - па зошто да не го доловите ова возбудливо чувство со фотографија? Независно дали користите компактен фотоапарат како што е PowerShot G7 X Mark III од Canon, фотоапарат без огледало како што е EOS R6 од Canon или DSLR-фотоапарат како EOS 90D од Canon, овие 10 совети за фотографирање огномети ќе ви помогнат да ги доловите спектакуларните моменти оваа празнична сезона.
ФОТОГРАФИРАЊЕ ОГНОМЕТИ
10 совети за фотографирање експлозивни огномети
1. Кој е најдобриот фотоапарат од Canon за фотографирање огномети?
Не е важно каква опрема имате или колку сте искусни - фотографирањето огномети може да биде и лесно и забавно. Ако сте на отворено и уживате додека гледате огномет, тогаш идеален начин за да го доловите овој настан е да користите пренослив и џебен фотоапарат како што е PowerShot SX740 HS од Canon со CMOS-сензор со голема чувствителност или да го користите PowerShot G7 X Mark III од Canon со светла максимална решетка од f/1,8, кој е одличен за ноќно фотографирање и фотографирање при слаба осветленост.
Моќните EOS RP од Canon и EOS 90D од Canon се совршени за фотографи кои сакаат поголема креативна слобода. Сензорот за целосна слика вграден во EOS RP нуди поголема контрола врз длабочината на полето и подобри перформанси при слава осветленост. EOS 90D е подеднакво импресивен при слаба светлина и нуди наменски режим за рачно снимање на ноќни сцени со кој може да снимате остри слики при слаба осветленост без да користите статив. И во двата фотоапарати е вграден процесорот за обработка на слика DIGIC 8 од Canon кој дигитално го намалува шумот на сликите дури и при високи поставки на ISO (чувствителност), за да добиете одлични резултати и флексибилност во темнина.
Ако сакате уште повисока класа на фотоапарат, тогаш ви го нудиме EOS R6 од Canon - професионален фотоапарат што е дизајниран земајќи го предвид фотографирањето при слаба осветленост. Опремен е со сензор за целосна слика од 20,1 мегапиксели што значи дека сите пиксели се поголеми и почувствителни на светлина, а тоа резултира со слики со врвен квалитет при слаба осветленост и неверојатен динамички опсег. Тој нуди и стабилизација на слика со максимум 8 чекори доколку се користи со компатибилни RF-објективи, што значи дека ќе добиете ноќни слики без заматување дури и при рачно фотографирање со релативно бавни брзини на блендата, со цел да доловите колку што е можно повеќе светлина.
2. Кои се најдобрите објективи за фотографирање огномети?
Прекрасни фотографии може да снимите со помош на објективите што се вградени во компактните фотоапарати со извонреден зум или со објективот што ви бил испорачан со вашиот фотоапарат. Сепак, ако имате можност да користите други објективи, тогаш ќе можете да создадете поразлични и покреативни композиции.
Пократките фокусни должини ви овозможуваат да опфатите згради и структури во вашите слики заради дополнителен контекст и визуелен интерес. Широкоаголен примарен објектив како што е достапниот RF 16mm F2.8 STM од Canon е одличен избор за дополнување на вашата опрема што ја користите со фотоапарат од серијата EOS R од Canon, како што е EOS RP или EOS R6. Неговиот компактен профил го прави повеќенаменски придружник за сите видови на фотографирање. Користењето фотоапарат од серијата EOS R со широкоаголен објектив со зум, како што се RF 14-35mm F4L IS USM од Canon или RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon, ќе ви овозможи да ја менувате фокусната должина за да снимате различни композиции - нешто што е многу практично во динамички опкружувања со ограничен простор за стоење.
Од друга страна пак, телефото објективите ги изолираат и нагласуваат деталите што резултира со импресивни кадри што се целосно исполнети со огномети.
За да го извлечете најдоброто и од двата света, користете објектив со зум што има голем фокусен опсег, како што е RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon, кој нуди и вградена стабилизација на слика за фотографирање доследно остри слики.
3. Која е најдобрата локација за фотографирање огномети?
Пожелно е да планирате однапред за да пронајдете место на кое нема пречки. Проверете ја локацијата во текот на денот и дознајте во кој правец ќе дува ветерот. Ова е особено важно ако има логорски оган во близина, бидејќи ќе ви помогне да избегнете чад или жарови во кадарот. Доколку планирате да користите статив, ќе треба да го поставите на место на кое нема да ви пречат други луѓе додека фотографирате.
Локациите со интересен предмет во преден план, на пример, мост, може да внесат дополнителна димензија во вашите фотографии.
4. Како да го фотографирам амбиентот што го создава огнометот за време на забава?
Добар начин за да го доловите амбиентот на забавата е да фотографирате членови од семејството кои се забавуваат со новогодишни прскалки, користејќи ја нивната фантазија за да создадете забавни и уметнички шаблони со светлина. Апликацијата Canon Photo Companion има водич што ги објаснува најдобрите техники и поставки за боење со светлина, а содржи и многу други идеи за снимање неверојатни слики.
Друг начин да снимите интересна фотографија е да го доловите отсјајот на огнометот на прозорец, со пријателите или членовите од семејството како гледаат низ него одвнатре. Снимете неколку тест слики за да се осигурите дека субјектите имаат добра експозиција и задржете ги овие поставки при фотографирањето на настанот. Ако вашиот фотоапарат располага со ваква опција, тогаш не заборавајте да ги снимате вашите слики во RAW-формат. На тој начин ќе добиете максимална флексибилност кога станува збор за прилагодување на експозицијата во различни делови од сликата. Обработката по снимањето може да се изврши во бесплатниот софтвер Digital Photo Professional (DPP) од Canon, наменет за обработка и уредување содржини во RAW-формат.
5. Како да снимам остри фотографии од огномети?
Првата важна работа, независно каков уред користите, е да го исклучите блицот - треба да ја доловите светлината од огнометите, а не околните предмети осветлени со блиц. Потоа, доколку е можно, изберете режим на фотоапаратот што ќе ви овозможи одредена контрола врз поставките, како што се режимите за приоритет на бленда (Tv) или рачен (M) режим.
Тешко е да предвидите кога ќе експлодира најголемиот и најсветол огномет, па затоа не е лоша идеја да го поставите фотоапаратот во режим на континуирано фотографирање, познат и како секвенцијален режим, и да снимате повеќе слики последователно со голема брзина при секое притиснување на копчето за блендата. Ова ќе ви ги зголеми шансите да доловите една или две фотографии со особено драматични експлозии. EOS R6 од Canon фотографира континуирано со брзина до 20 fps во режимот за електронска бленда, овозможувајќи ви да не пропуштите ниту момент од случувањата.
Доколку фотоапаратот ви е поставен на статив, може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect за да ја контролирате блендата на фотоапаратот безжично преку вашиот телефон или таблет-уред. Или, пак, може да користите жичен или безжичен далечински управувач, па дури и тајмерот за снимател на вашиот фотоапарат. Сето ова ќе ви овозможи да ја активирате експозицијата без да го допирате фотоапаратот, со што ќе се избегне тресење на фотоапаратот и вашите фотографии ќе останат остри.
6. Како да фотографирам огномети без статив?
Ако вашиот објектив има стабилизација на слика (побарајте ја ознаката IS во името на објективот) или имате фотоапарат како EOS R6 од Canon со вградена стабилизација на слика, тоа ќе ви помогне да ги спречите дури и најмалите потреси при рачното фотографирање, но имајте предвид е можно да се намали брзината на блендата доколку фотографирате во режимот за приоритет на решетката (Av). Ако користите статив, исклучете ја стабилизацијата на слика на објективот. Доколку ви треба поголема стабилност, ставете го фотоапаратот врз стабилна површина како полица или ѕид, користете го режимот за прегледување во живо преку екранот на задната страна на фотоапаратот и снимајте пробни слики за да ја проверите композицијата.
7. Како да фокусирам кога фотографирам огномети?
Изберете рачен фокус на фотоапаратот или поместете го преклопникот за фокусирање на објективот во положбата MF и прилагодете го фокусот на бесконечност. Вредноста за бесконечност е означена со симболот ∞ на куќиштето на објективот или на екранот на фотоапаратот. Ова е поставката за фокусот што ќе ви биде потребна доколку сакате да го доловите огнометот на небото.
Ако сакате да опфатите елементи во преден план на фотографијата и сакате тие да се прикажат остро, тогаш е препорачливо да фокусирате во точка што се наоѓа на приближно една третина од целосната длабочина на сцената, а на тој начин ќе добиете максимална длабочина на поле и ќе ја изострите речиси целата површина на сликата помеѓу елементите во преден план и заднината. Ова е брз начин за симулација на професионална техника што се нарекува хиперфокусно фокусирање - прочитајте повеќе за неа и користете го попрецизниот калкулатор за хиперфокусно фокусирање во апликацијата Canon Photo Companion.
8. Какви поставки треба да користам за да фотографирам огномети?
Независно каков фотоапарат користите, помала поставка за ISO (чувствителност на светлина) ќе резултира со поостри слики со подобри бои и помалку шум. Затоа започнете со поставката ISO100 или ISO125, а потоа прилагодувајте ја решетката и брзината на блендата за да добиете одлична експозиција.
Ако фотографирате рачно, тогаш започнете со најмалата брзина на блендата што може да ја користите без притоа да се појави неприфатливо заматување предизвикано од тресењето на фотоапаратот или од движењето на огнометите. Може да користите брзина на блендата од 1/10 сек. - доволно е брза за да го замрзне движењето на огнометите, но и доволно бавна за да ја долови нивната светлина. Ако користите фотоапарат поставен на статив, тогаш може да изберете многу помала брзина, на пример, една или две секунди, како почетна точка.
Ако сакате да задржите малку острина низ сцената, започнете да фотографирате со решетка од приближно f/8. Ако треба да пропуштите повеќе светлина низ сензорот, но не може да користите помала брзина на блендата без да се појави заматување, тогаш може да се обидете со поширока решетка од f/5,6 или f/4 - но, колку е поширока решетката (односно, колку е помал f-бројот), толку е помала длабочината на полето, а тоа значи дека помала површина од сцената ќе биде остро фокусирана.
Потребно е малку да експериментирате за да пронајдете соодветна рамнотежа помеѓу брзината на блендата со која ќе ги доловите деталите со саканата острина и решетката со која ќе добиете одлична експозиција и длабочина на поле по ваша желба. Ако не можете да добиете резултати со добра експозиција без заматување преку прилагодување на решетката и брзината на блендата, тогаш обидете се да го прилагодите параметарот ISO. Фотоапаратите со поголеми сензори, како што се фотоапаратите за целосна слика без огледало како EOS RP или EOS R6, нудат подобри перформанси при високи поставки на ISO и со нив ќе добиете најдобри резултати, но општо правило е да користите мала вредност за ISO што ќе ја зголемите само доколку е потребно.
9. Како да ги доловам облиците на огнометите?
Режимот за сијалица на фотоапаратот ви овозможува да ја држите блендата отворена колку што ви е потребно, што значи дека можете да ги доловите огнометите како се движат по небото и експлодираат, оставајќи траги од светлина со импресивни облици. За да го користите режимот за сијалица, изберете го рачниот режим (M) или режимот за приоритет на бленда (Tv), а потоа изберете ја последната опција, по опцијата од 30 сек. Притиснете го копчето за блендата за да ја отворите блендата, а потоа притиснете го повторно за да ја затворите.
Фотоапаратот треба да биде многу стабилен за долгите експозиции, па затоа треба да користите статив. Користењето жичен уред за активирање или далечински управувач, како безжичниот далечински управувач BR-E1 од Canon, е многу практично бидејќи ви овозможува да фотографирате без да ги користите рацете и да добиете неверојатно остри слики. Ако имате фотоапарат со Wi-Fi како што е EOS 90D од Canon, тогаш може да ја користите апликацијата Canon Camera Connect која ќе ви овозможи да ја активирате блендата далечински преку вашиот паметен телефон или таблет-уред.
10. Како да добијам соодветна експозиција за огномети?
Темно небо на кое експлодираат светли огномети е прилично нетипично сценарио во однос на вообичаените субјекти кои се фотографираат, а автоматските режими на вашиот фотоапарат може да постават експозиција која е премногу светла за ноќно фотографирање огномети. Ако фотографирате во рачен режим (M) или некој полуавтоматски режим, како приоритет на решетка (Av) или приоритет на бленда (Tv), тогаш може да користите компензација на експозицијата за да го избегнете ова. Побарајте го копчето или иконата -/+ на екранот и поставете го на приближно -1 или -2.
Ако користите рачен режим (M), тогаш може да ја следите скалата со индикатор за експозиција на LCD-екранот или во долниот дел од визирот на фотоапаратот додека избирате комбинација на поставки што го поместуваат индикаторот налево по скалата.
Може да снимите прекрасни фотографии од огномети без разлика каков фотоапарат користите. Најважно е да се обидете да го направите тоа и да се забавувате!
Напишано од Peter Wolinski
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Широкоаголен примарен објектив
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
Компактни дигитални
PowerShot G7 X Mark III
Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници. -
Објектив за зумирање со извонредно широк агол
RF 14-35mm F4L IS USM
Извонредно широкиот објектив RF од Canon опфаќа детали со прецизност карактеристична за серијата L, од 14 до 35 mm, и го олеснува држењето на фотоапаратот благодарение на стабилизацијата на слика со 5,5 чекори. -
Широкоаголен објектив
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
Извонредно широкоаголен објектив со зум
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење.