Откријте ги семејните игри од хартија коишто се забавни и за изработка и за играње - радоста да си поиграте со направениот хартиен модел е уште поголема од чувството на исполнетост по изработката.
Мислите дека вашиот семеен печатач може да печати само документи и фотографии? Грешите. Откријте цел нов свет на креативни идеи коишто ќе оживеат пред вашите очи со помош на печатачот Canon PIXMA – од домашни книги со рецепти и интересни дизајни за вашите уреди, до персонализирана облека и „страшни“ украси за Ноќта на вештерките.
За уметницата и изработувач на модели од хартија Aimee Graham, којашто одржува работилници за цвеќе од хартија и оригами, печатените материјали се извор на безброј можности. „Производите од хартија се медиум со којшто работам со години и којшто ми овозможува креативна платформа да создадам нешто од ништо“, вели таа. „Бидејќи ви нуди многу различни опции, можете да го користите за создавање не само за дводимензионална, туку и за тродимензионална уметност. Идејата да се создаде нешто од ништо може да им изгледа тешко изводлива на луѓето што не се многу креативни. Во случајов, печатениот материјал овозможува добра почетна точка.“
Aimee исто така верува дека печатењето и изработката на модели ни помага да ја ослободиме внатрешната креативност, што е одличен начин за зближување на семејствата. „Секој има креативна страна бидејќи сите сме биле креативни како деца“, вели таа. „Со текот на времето и поради животните обврски што ги имаме како возрасни, таа исчезнува, па можноста да ја разбудиме ни овозможува повторно да се забавуваме и ни ја враќа рамнотежата. Мислам дека ова е особено важно за семејствата бидејќи ги зближува. Ги зближува родителите со децата, но и возрасните со своето внатрешно дете, што е прекрасно.“