МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Апстрактно макро фотографирање: фотографирање рефлектирана слика од вода
Бидете креативни со фотографирање цвеќиња и откријте како да снимате макро слики од капки вода во кои се рефлектира слика од цвеќиња.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Снимањето живописни апстрактни слики од површината на меурче од сапуница ви овозможува да ја изразите вашата креативност со помош на макро објектив и да направите отстапка од стандардното. Ќе ви покажеме колку лесно може да добиете прекрасни слики во вашиот дом или вашата градина. За оваа техника ќе ви треба макро објектив, а идеално би било да користите и статив и уред за далечинско активирање на блендата - ако имате фотоапарат со Wi-Fi, како што е EOS 90D од Canon, тогаш ќе можете да ја користите апликацијата Canon Camera Connect во вашиот паметен телефон за да го обликувате кадарот на сликата и да ја активирате блендата. За максимално прилагодување на осветлувањето, најпрактично е да користите надворешен блиц како што се блицовите од серијата Speedlite на Canon.
Земете парче црн картон или црн материјал што ќе го користите како заднина. Идеално би било да користите макро објектив со фокусна должина од 100 mm, но може да користите и кој било друг макро објектив, вклучувајќи го и EF 100mm f/2.8L Macro IS USM од Canon или EF-S 60mm f/2.8 Macro USM од Canon. Ако користите фотоапарат EOS R од Canon, тогаш идеална комбинација за него ќе биде објективот RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon, а за фотоапарат од серијата EOS M на Canon идеална комбинација е објективот EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM од Canon. Сите овие опции се одлични за оваа техника и ќе ви овозможат да снимите извонредни детали.
За да добиете долготрајно меурче од сапуница треба да измешате течно средство за миење или течен сапун со мала количина на глицерин (може да купите во аптека, во делот за намирници за готвење во супермаркетите или преку интернет). Започнете со мешавина од приближно 80% детергент и 20% глицерин, а потоа додадете малку вода. Ќе ви треба и мал прстен од жица што ќе го потопите во растворот - должината треба да биде приближно колку метална закачалка за облека што ќе ја свиткате во соодветна форма. Штом го извадите прстенот, неговата внатрешна површина треба да биде прекриена со тенок слој сапуница.
За оваа техника може да користите дневна светлина или блиц, но живописните бои се видливи само ако го осветлите тенкиот слој сапуница од предната страна или под мал агол. Поместувајте го прстенот во различни положби за да ја искористите светлината од прозорецот или ламбата за да го осветлите слојот од сапуница.
Ако го користите блицот што е вграден во фотоапаратот за безжично активирање на компатибилен Speedlite од Canon, функцијата може да се активира во главното мени. Исто така, блицот Speedlite од Canon ќе треба да се постави во режим на приемник. Користењето надворешен блиц Speedlite од Canon како што е Speedlite 470EX-AI од Canon ви нуди повеќе контрола врз насоката на осветлувањето. Обидете се да ја рефлектирате светлината од бел ѕид, низок таван, па дури и бела картичка или стиропор што ќе го држите над фотоапаратот и ќе го насочите надолу кон слојот од сапуница за да ја распрскате светлината (како што е прикажано тука).
За да добиете доследни резултати треба да го префрлите фотоапаратот во рачен режим. Користејќи ја одбиената светлина добиена со брзо секвенцијално активирање на блицот Speedlite од Canon може да добиете најостри слики, но не заборавајте да поставите иста брзина на синхронизација на блицот и брзина на блендата (овие податоци се наведени во прирачникот за фотоапаратот). Брзината на синхронизација на блицот кај EOS 800D од Canon е 1/200 сек. За да ја зголемите длабочината на полето треба да поставите мала решетка, на пр., f/11 или f/16 и да започнете со мала вредност за ISO во опсег од 100-400.
Ако користите амбиентална светлина наместо блиц, тогаш можеби ќе треба да ја зголемите вредноста на ISO и да ја активирате блендата преку функцијата за тајмер или преку далечински управувач за да добиете остри резултати.
Ако нема доволно светлина за да функционира автоматскиот фокус на фотоапаратот, тогаш фокусирајте рачно со објективот со помош на зголемениот приказ во живо или EVF кај фотоапаратите без огледало од серијата EOS. За да избегнете тресење на фотоапаратот, активирајте ја блендата преку далечински управувач или користете ја апликацијата Canon Camera Connect доколку вашиот фотоапарат има Wi-Fi. Дувајте нежно врз слојот од сапуница за да ги измешате боите. Не грижете се ако не можете да се доближите доволно блиску за да го исполните целиот кадар со различни бои - треба само да ја отсечете сликата и да добиете потесна композиција со Digital Photo Professional или сличен софтвер за уредување фотографии.
За да добиете повеќе совети, трикови и идеи за фотографирање, преземете ја апликацијата Canon Photo Companion за iOS или Android.
Напишано од Marcus Hawkins и Tamzin Wilks
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиМАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Бидете креативни со фотографирање цвеќиња и откријте како да снимате макро слики од капки вода во кои се рефлектира слика од цвеќиња.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Четири креативни совети за вовед во макро фотографирањето, со користење обични предмети за да добиете извонредни слики.
МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Макро фотографирање на едноставен начин - дознајте за најдобрата опрема, совети и техники.