Од замрзнување на субјекти коишто се движат брзо на динамична позадина до доловување чувство на движење при снимање на побавни субјекти, со техниката на фотографирање со поместување ќе внесете движење и драматичност во вашите фотографии.
Со техниката на поместување можете да додадете нов елемент во фотографиите со кој било фотоапарат. Не мора секогаш да снимате субјекти коишто се движат со голема брзина. Поместувањето можете да го користите за да им припишете чувство на движење на субјектите коишто се движат релативно бавно бидејќи со заматување на движењето ќе изгледаат како да се движат многу побрзо отколку што реално се движат.
Совети и техники за поуспешно поместување на фотоапаратот при фотографирањето
1. Што претставува поместувањето во фотографијата?
Поместувањето е креативна техника којашто може да создаде чувство на вистинско движење при фотографирањето движење. Ако го замрзнете предметот што се движи брзо со користење на бленда со голема брзина, предметот ќе изгледа како статуа и фотографијата нема да ја отслика драматичноста на моментот. Но ако користите помала брзина на блендата и го движите (или поместувате) фотоапаратот со истата брзина како и предметот, ќе снимите фотографија во којашто предметот што се движи ќе биде остар, а позадината и другите фиксни предмети ќе се заматат рамномерно.
Освен што внесувате чувство на брзина, поместувањето ви овозможува да снимите и поостра слика од предметот што се движи и да го привлечете вниманието на гледачот, како и да прикриете непривлечна позадина. Без разлика која ви е целта, поместувањето е многу корисна вештина, а тајната за совладување на импресивното поместување е во вежбањето. За поместувањето треба да имате добра контрола врз фотоапаратот, а за тоа ви е потребно искуство.
Спортовите во коишто спортистите се движат по патеки се добра прилика за вежбање на техниките на поместување бидејќи атлетичарите, коњите, крос-мотоциклистите или тркачките автомобили поминуваат пред вас при секој круг, со што имате повеќе шанси да ги усовршите вештините. Дома, децата или миленичињата коишто си играат во дворот се одлична можност за снимање на субјекти во движење.
2. Поставки за фотографирање со поместување
Изберете го режимот со приоритет на бленда (Tv) или целосниот рачен режим (M), а потоа изберете брзина на блендата.
Идеалната брзина зависи од повеќе фактори: брзината на движење на субјектот, растојанието помеѓу вас и субјектот, објективот што го користите и интензитетот на ефектот на заматување што сакате да го постигнете. Започнете да снимате со брзина на блендата од околу 1/60 сек и намалувајте ја сè додека не ја усогласите со движењето. За поголемо заматување обидете се со брзина од 1/30 сек или помала, а за помало заматување, со 1/125 сек. Не заборавајте да ја исклучите стабилизацијата на објективот, освен ако не фотографирате со објектив со функција за стабилизација на сликата во режим 2 бидејќи во тој случај треба да ја користите. Во овој режим системот за стабилизација на слика ќе го коригира вертикалното тресење, но не и хоризонталното движење на фотоапаратот додека го следите движењето.
За некои субјекти ќе мора да употребите поголема брзина на блендата за да не се заматат целосно. На пример, за тркачки автомобил најверојатно ќе треба да користите поголема брзина на блендата отколку за велосипедист. Ќе постигнете заматување и со брзина на блендата од 1/200 или 1/400 сек ако субјектот се движи брзо и успеете да го следите додека се движи.
Ако снимате во рачен режим, за да постигнете добра експозиција, ќе треба да ја поставите и решетката. Во режимот за приоритет на бленда (Tv), фотоапаратот автоматски го поставува овој аспект.
Поставете го режимот за погон на режим за континуирано фотографирање. Освен што ќе имате поголеми шанси да го доловите важниот момент, ќе го минимизирате и тресењето на фотоапаратот што настанува при притиснување на копчето за блендата.
3. Планирање и фокусирање на фотографиите со поместување
Позадината на вашата фотографија треба да биде заматена, што значи дека одредени делови ќе бидат помалку значајни. Од друга страна, целокупните бои играат важна улога во фотографијата бидејќи го обликуваат кадарот за вашиот субјект. Обидете се да најдете позадина којашто ќе биде во контраст со субјектот за да може полесно да го истакне и да овозможи создавање на заматени ленти при снимањето. Снимете неколку пробни фотографии без субјектот за да видите дали постои можност да направите добра фотографија. Хоризонталните линии, како на пример ограда или работ на патот, ќе внесат структура во фотографијата и пореално чувство на брзина. Ако снимате во услови со слабо осветлување, заматените светла од позадината ќе внесат драматичност во фотографиите.
За да го спречите фотоапаратот да го промени фокусот за време на поместувањето, следете го субјектот со користење на автоматскиот фокус во режимот AI Servo AF. Во зависност од тоа колку сте оддалечени од дејството, можеби ќе треба да експериментирате за да утврдите дали ќе постигнете подобри резултати со AF во една точка или со AF на зона.
4. Подобрете ја техниката на поместување
- Застанете пред избраната позадина со стапалата во ширина на рамената за да заземете стабилна положба. При поместувањето треба да се движи само горниот дел од телото, па додека го следите дејството виткајте се само во делот на половината.
- Во режимот на континуирано фотографирање, притиснете го копчето за блендата кога субјектот е сѐ уште оддалечен од саканата точка и продолжете да снимате додека не ја помине.
- Следете го вашиот објект со рамномерно движење, но не само додека фотографирате. Следете го пред да започнете да го фотографирате, додека фотографирате и откако ќе завршите, а притоа обидете се да се стабилизирате вие и фотоапаратот најмногу што можете, како и да ги минимизирате вертикалните движења и движењата на закосување. За подобри резултати, ви препорачуваме да го користите визирот (ако имате визир на фотоапаратот) наместо LCD-екранот.
Не грижете се ако првите слики не ви излезат добро бидејќи поместувањето се усовршува со вежбање. Ќе го совладате преку снимање многу фотографии и анализирање на причините зошто некои изгледаат подобро од останатите. На пример, можеби користите погрешна брзина за блендата или субјектот е премногу заматен. Потоа ќе примените сè што сте научиле на следните фотографии.
Секако, ако субјектот е совршено фокусиран и позадината е рамномерно заматена, успешно сте ја совладале техниката. Фотографирањето со поместување е многу забавно и сигурно ќе сакате да се обидете повторно.
Откако ќе ја усовршите техниката на поместување преку ден, експериментирајте навечер со внесување траги од светлина во вашите фотографии со поместување.
Напишано од Marcus Hawkins
Слични производи
-
PowerShot SX740 HS
Доловете ги сите детали со оптички зум до 40x и 4K Ultra High Definition со помош на овој компактен фотоапарат со џебна големина. -
PowerShot G7 X Mark III
Фотоапарат со опции за поврзување што снима извонредни видеоснимки и фотографии што ќе им се допаднат на вашите следбеници. -
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил. -
RF 100-400mm F5.6-8 IS USM
Повеќенаменски, компактен и лесен RF-објектив со зум од 100-400 mm и стабилизација на слика со 5,5 чекори за фотографирање диви животни и движења. -
RF 24-240mm F4-6.3 IS USM
Објектив со зум до 10x и разновидна примена што е наменет за системот EOS R и што нуди огромна флексибилност за еден пренослив објектив.