Canon ја опишува разликата во брзината на пренос на податоци помеѓу фотоапаратите и објективите за системите со EF-приклучоци и RF-приклучоци како разлика помеѓу брзината „на мопед и експресен воз“, поради што RF-објективите како што е RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon претставува одличен избор за фотографирање движења. © James North
Фотографирањето движења се однесува на фотографирање субјекти во движење, почнувајќи од миленичиња до птици во лет, од спортови до игри со топка. Бидејќи субјектот се движи со одредена брзина, може да биде тешко да ја снимите фотографијата на која се надевате, но преку користење на фотоапаратите и објективите кои се најпогодни за фотографирање движења, ќе си дадете огромна предност.
Воглавно, фотоапаратите што се најпогодни за фотографирање движења имаат напреден систем за автоматско фокусирање со многу AF-точки што ви помагаат прецизно и континуирано да следите субјекти, дури и кога се движат хаотично. Исто така, би требало да имаат брза максимална стапка на слики во режим за континуирано фотографирање, со голем капацитет на меѓумеморија за да можете да снимите поголема серија фотографии.
Во групата на идеални фотоапарати за фотографирање движења се вбројуваат EOS R6 и EOS R7 од Canon. И двата модели се карактеризираат со чувствителен и интелигентен автоматски фокус што се основа врз вештачка интелигенција со длабоко учење за следење птици, животни, луѓе, па дури и возила, а имаат и неверојатно брзи стапки на слики.