Експериментирањето со рефлектирањата може да ви понуди многу интересни резултати.
Фотографот за надворешни активности и животен стил Jake Baggaley обожува авантури. Тој е натпреварувачки атлетичар и планинар кој е инспириран од раскошни пејзажи и драматични сцени од природниот свет. „Пораснав во New Forest [во јужниот дел на Англија] и сакав да бидам надвор во природа“ - вели Jake. „Сакав и да си играм со фотоапарати. Татко ми предаваше фотографија - додека растев имавме темна просторија во кујната - па нормално беше тие интереси да останат со мене и кога пораснав“.
Атлетичкото трчање му овозможи на Jake да оствари нови контакти лица и да воспостави уникатен стил. „Никогаш немав цел да станам фотограф за надворешни активности и повеќето мои дела беа социјални документарни содржини, но токму така започнав да добивам работа во индустријата за надворешни авантури“ - објаснува тој. Во клиентите на Jake сега спаѓаат и The North Face, Another Escape и Adidas.
Кога му се укажа прилика да ги фотографира пејзажите прекриени со снег и замрзнатите езера во централниот дел на Шведска, а притоа да скија или лизга по мраз, за компанијата за одржливи експедиции Do The North, тој проект му го оствари сонот на Jake. „Го посетивме регионот Dalarna за лизгање по мраз и националниот парк Fulufjället за скијање. Местата беа изолирани и сакав да го доловам мразот и огромниот изолиран пејзаж“ - вели тој.
Неопходен беше лесен фотоапарат, поради што компактниот EOS M6 Mark II од Canon, со неговиот екран на допир што се врти за 180˚, вграден Wi-Fi, 4K-видео и APS-C-сензор со 32,5MP, беше идеален избор. Заедно со објективот EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon понудија моќни спецификации во мал и пренослив пакет.
Jake овде ќе ви покаже како да извлечете максимум од вашиот фотоапарат кога сте на авантура и ќе ви покаже дека може да снимите прекрасни слики од природата без да патувате далеку од дома.