Фотоапарати и објективи за фотографирање портрети во секоја прилика

Доловете ја убавината и карактерот на објектите, од бебиња и миленичиња до мода и семејни групи, така што ќе ја изберете најдобрата опрема од основна класа од Canon за фотографирање портрети.
Фотографија одблиску, снимена со EOS R10 од Canon, на која е прикажано бебе што ја подигнува главата од меко ќебе и внимателно гледа настрана.

Најдобриот фотоапарат за фотографирање портрети е оној што не ви ја намалува креативноста, без разлика дали фотографирате преслатко новороденче, саканото домашно милениче или интересен странец на улица. При фотографирањето портрети, вашата опрема мора да ви помогне да ги доловите личноста, карактерот и убавината на вашиот објект, да ја збогати вашата визија, но на никаков начин да не ви пречи.

Мора да земете предвид многу фактори при изборот на фотоапарат за фотографирање портрети, а вистинскиот избор најчесто ќе зависи од видот на портрети што ги фотографирате. Сепак, не грижете се: има фотоапарати од Canon за секое сценарио, како и одлични објективи што може да се комбинираат со нив за да се добијат најдобрите можни портрети.

Портрети од новороденчиња и бебиња

На фотографија снимена со EOS R10 од Canon, бебе гледа во фотоапаратот преку рамото на возрасно лице, а во заднината се гледаат заматени светла.

EOS R10 од Canon е идеална опција за новите родители кои бараат фотоапарат што е едноставен за користење и овозможува снимање прекрасни фотографии со минимален напор. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив RF 50mm F1.8 STM од Canon со избрани 1/25 сек., f/4,0 и ISO640. © Mark Fensome

Благодарение на електронската бленда што овозможува потполно бесшумно фотографирање, фотоапаратите без огледало од Canon се идеални за портрети на бебиња, каде што тишината најчесто е клучна. Со тежина од само 429 g, лесниот EOS R10 од Canon е одличен избор. Тивок кога тоа е потребно за да не се вознемирува бебето, тој се одликува и со наменски режим за портрети што ја зголемува мекоста на тоновите на кожата и малите, деликатни праменчиња коса. На располагање ви се и креативни филтри, меѓу кои еднобоен филтер за потенцирање на природната текстура на кожата, а интелигентниот AF со откривање на очи ќе се погрижи секогаш да добиете совршено фокусирање.

Изборот на вистински објектив исто така е важен, а ние ви препорачуваме комбинација на EOS R10 со RF 50mm F1.8 STM од Canon. Тивкиот STM-мотор за фокусирање нема да го разбуди бебето, а извонредно широката максимална решетка f/1,8 пропушта доволно светлина за портрети со совршена експозиција, дури и во слабо осветлени спални соби. Широката максимална решетка исто така овозможува фотографирање со исклучително мала длабочина на поле и добивање прекрасно заматени заднини.

Семејни портрети

На фотографија снимена со EOS RP од Canon, двојка подигнува за раце насмеано дете во бујна шума. 

Благодарение на екранот на допир со променлив агол, тајмерот и беспрекорната интеграција со апликацијата Canon Camera Connect, која ви овозможува да го контролирате фотоапаратот преку вашиот паметен телефон или таблет, EOS RP е идеален за групни портрети на целото семејство. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/640 сек., f/1,8 и ISO800. © Valéria Fazekas

Благодарение на функциите за следење лица и AF на очи, EOS RP од Canon ќе ги задржи вашите сакани во извонредно остар фокус, што е идеално за снимање групни портрети и на најбројните семејства. Неговиот CMOS-сензор за целосна слика нуди и големо видно поле, кое е идеално за обликувањето на кадарот на групните фотографии, а ви нуди и голем степен на контрола врз длабочината на полето за уметнички поединечни портрети. Семејните фотографи може да го користат и режимот за сцени за групни фотографии, каде што EOS RP автоматски ја приспособува длабочината на полето за сите да бидат во фокусот, без разлика дали се во преден план или во заднината.

Кога семејната прослава ќе биде во полн замав, комбинирајте го вашиот EOS RP со RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon. Овој објектив е доволно мал за да не го привлекува вниманието врз вас и ви овозможува да доловите искрени моменти, а светлата максимална решетка f/1.8 ќе ви помогне да снимите одлични фотографии дури и при услови на слаба осветленост. Неговата широка фокусна должина од 24 mm е идеална да опфатите цела династија во кадарот, без изобличувањето на извонредно широкоаголните објективи. Ако претпочитате снимки одблиску, неговите функции за макро ви овозможуваат да ги доловите и најситните детали.

Ако сакате сосема искрени слики, PowerShot PX од Canon е фантастичен избор. Ако го поставите дискретно врз маса или работна површина во близина на семејството, овој паметен фотоапарат ќе снима фотографии во стилот на документарните филмови од секојдневните активности без да го нарушува моментот, благодарение на паметното следење на објектите и обликувањето на фотографиите. Може да ги прегледувате сликите снимени со фотоапаратот така што безжично ќе се поврзете со апликацијата Canon Connect за мини PTZ-камери, која дури и ќе ви ги препорачува најдобрите фотографии. PowerShot PX од Canon може и да снима кратки видеоснимки во Full HD, кои исто така може да се префрлуваат преку апликацијата.

Портрети за мода и убавина

Модна фотографија снимена со EOS R од Canon, на која е прикажан модел во фустан што наликува на кимоно и држи лисја и гранки од палма кои го врамуваат нејзиното лице.

За фотографите за мода и убавина е важно секогаш да испорачуваат беспрекорни слики на кои ќе бидат истакнати моделите и производите што ги фотографираат. Благодарение на функциите за откривање лица и очи, EOS R од Canon ви овозможува никогаш да не го погрешите фокусот и секогаш да добиете неверојатно остри портрети. Снимено со EOS R од Canon и објектив RF 50mm F1.2L USM од Canon со избрани 1/160 сек., f/1,4 и ISO160. © Guia Besana – амбасадор на Canon

Ако сакате да направите портретите за мода и убавина да се истакнуваат на социјалните мрежи, EOS R од Canon се одликува со CMOS-сензор со 30,3 MP што испорачува слики во висока резолуција, и овозможува снимање на сите детали со неверојатна острина. Благодарение на автоматското фокусирање до -6EV што го нуди големиот и извонредно чувствителен сензор за целосна слика, EOS R нуди одлични перформанси и во најтешките услови на осветлување, од студиото до улицата, без разлика каде и кога ќе ве одведе фотосесијата.

Објективот RF 85mm F2 MACRO IS STM од Canon е идеален за портрети за мода и убавина. Благодарение на широката решетка f/2 и телефото компресијата на оддалеченоста, овој објектив нуди заднини со меки бои и посилен ефект на заматување, што на портретите им дава елеганција и ги издвојува објектите од нивното опкружување. Телефото објективите како овој нудат и многу мало изобличување, со што овозможуваат снимање прекрасни портрети, особено од лица. Ако сакате снимки одблиску од раце или црти на лицата, RF 85mm F2 MACRO IS STM може да одговори и на тие потреби, благодарение на макро зголемувањето од 0,5x. Освен тоа, ако решите да излезете на улица навечер за да фотографирате, може да го оставите стативот дома благодарение на стабилизацијата на слика со 5 чекори.

Портрети на миленичиња

Куче со дебело кафеаво-бело крзно седи на трева пред море.

Комбинирајќи ја брзината и квалитетот на слика, EOS R7 од Canon е идеалниот фотоапарат за снимање објекти во движење или доловување на сите детали во услови на слаба осветленост. Снимено со EOS R7 од Canon и објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 59 mm, 1/30 сек., f/9 и ISO100.

Иако вашите миленичиња најчесто денот може да го минуваат во спиење, неизбежно е дека во моментот кога ќе се обидете да ги фотографирате, тие одеднаш ќе почнат да се движат како да ги бркате. Токму затоа EOS R7 од Canon е идеалниот фотоапарат за фотографирање домашни миленичиња. Создаден за фотографирање диви животни, EOS R7 се одликува со неверојатно брзо секвенцијално фотографирање со брзина до 30 fps и електронска бленда со брзина до 1/16.000 што ќе ви овозможи да ги доловите случувањата без разлика колку брзо се движат животните. Благодарение на функцијата за откривање животни и AF со следење, вашиот објект ќе биде во остар фокус без разлика каде ќе отиде во кадарот, а стабилизацијата на слика со 8 чекори (во зависност од прикачениот објектив) ви нуди фотографии без заматување, дури и при рачно фотографирање. Благодарение на поврзувањето преку Wi-Fi и Bluetooth, EOS R7 може беспрекорно да се впари со апликацијата Canon Camera Connect, така што ќе може далечински да ја активирате блендата додека го забавувате вашето милениче и го насочувате во вистинската насока.

Вградената стабилизација на слика (IBIS) во EOS R7 се комбинира со оптичката IS во објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon за да испорача до 7 чекори на стабилизација, што ви овозможува да фотографирате рачно или со мали брзини на блендата во слаба осветленост, без да се грижите за заматувањето. Сето ова се испорачува во компактен објектив кој, со тежина од 390 g, е доволно лесен да ги олесни и најдолгите фотосесии со миленичињата. Благодарение на APS-C-сензорот во EOS R7, овој објектив создава видно поле еквивалентно на објектив од 24-48 mm на фотоапарат за целосна слика и нуди разновиден опсег на зумирање и неверојатно корисна флексибилност при непредвидливите фотосесии со миленичињата.

Портрети во различни опкружувања

Фотографија снимена со фотоапарат EOS R6 од Canon, на која е прикажана жена во бел фустан која танцува ноќе на плажа, а во заднината има осветлени згради.

EOS R6 од Canon е дизајниран за извонредни перформанси во услови на слаба осветленост и висок контраст. Иако неговиот сензор за целосна слика со 20,1 MP има помалку пиксели од некои други фотоапарати од Canon, секој негов пиксел е поголем и поради тоа почувствителен на светлина. Резултатот е фотоапарат со можност за автоматско фокусирање до неверојатни -6,5 EV. Сликано со EOS R6 од Canon со објектив Canon RF 50mm F1.2L USM со избрани 1/40 сек., f/1,4 и ISO32000. © Javier Cortés – амбасадор на Canon

За непредвидливата природа на портретите во различни опкружувања е потребен колку што е можно поразновиден фотоапарат. EOS R6 од Canon се одликува со куќиште со заштита од временските услови и е дизајниран да може да го понесете секаде каде што треба да фотографирате. Неговата вградена стабилизација на слика (IBIS) нуди до 8 чекори на стабилизација за јасни слики без заматување кога фотографирате рачно, а неговиот голем сензор за целосна слика со извонредна чувствителност на светлина и широк опсег на ISO овозможуваат снимање совршено осветлени портрети во непредвидливи и неповолни услови на осветленост. Освен тоа, благодарение на напредните функции за откривање и следење на очи, како и автоматското фокусирање до -6,5 EV, со EOS R6 објектите ќе бидат во фокусот во секое време. Благодарение на секвенцијалното фотографирање со брзина до 20 fps, никогаш нема да пропуштите природен израз, без разлика колку краткотраен.

Истите карактеристики што го прават RF 24mm F1.8 MACRO IS STM од Canon соодветен за семејни портрети го прават и добар избор за портрети во различни опкружувања. Со тежина од само 270 g, може да го понесете секаде, а неговата оптичка IS со 5 чекори и широката максимална решетка се дизајнирани да ви помогнат да ја изразите вашата креативност без разлика на условите на осветлување, со што ви овозможуваат да снимате интересни фотографии од целото тело исполнети со контекст. Фокусната должина овозможува овој објектив да биде и фантастичен објектив за снимање видеоблогови.

Без разлика што фотографирате, од мачки до братучеди, мајки до модели, кога го имате вистинскиот фотоапарат и објектив од Canon покрај себе, подготвени сте.


Напишано од Peter Wolinski

Слични производи

  • EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • EOS R7

    Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.
  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • EOS RP

    Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
  • PowerShot PX

    Снимете ги најдрагоцените моменти во животот автоматски со помош на оваа паметна камера што препознава лица и може да се поврзе со вашиот паметен уред.
  • RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM

    APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил.
  • RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM

    Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење.
  • RF 24mm F1.8 MACRO IS STM

    Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики.
  • RF 35mm F1.8 MACRO IS STM

    Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.

Слични статии

Совршен објектив за портрети

Што да земете предвид кога избирате објектив за портрети?

Совети за фотографирање бебиња

Забавувајте се при фотографирањето бебиња и добивајте одлични резултати.

Придобивки од вистински фотоапарат

Дознајте како Canon EOS R100 може да ви помогне да ги овековечите скапоцените спомени.

Снимајте апстрактни портрети

Експериментирајте со повеќе експозиции, боење со светлина, играње со сенки и многу повеќе.