За да фотографирате како професионалец ви треба соодветна опрема. Но, со оглед на огромниот избор на фотоапарати и објективи што се достапни благодарение на брзиот развој на технологијата за фотоапарати, како да одлучите која опрема ќе ви одговара најмногу за вашите потреби?
Независно дали штотуку сте дипломирале и влегувате во индустријата, дали имате хоби и сакате да го проширите вашиот хоризонт или сте професионалец кој сака да напредува во својата кариера, еден од првите најголеми фактори што треба да го земете предвид е видот на фотографија со кој сакате да се занимавате. Фотографите за документарни содржини кои можеби треба да работат тивко и дискретно во различни опкружувања имаат потреба од различна опрема во споредба со, на пример, фотографите за мода кои работат во внимателно поставени сценарија со професионални модели.
Капацитетот на фотоапаратот да снима видео е уште еден важен фактор. „Прераснува во сè поважна алатка“ - вели Mike Burnhill, експертот за производи на Canon Europe. „Видеото е важен дел од платформите за социјални медиуми, на пример, и имањето вештини за снимање фотографии и видеоснимки значително го отвораат пазарот за работа во фотографската индустрија“.
Тука, три млади професионалци, сите специјалисти во различни полиња, и сите со своја уникатна приказна како навлегле во индустријата, говорат за фотоапаратите и објективите од Canon што ги користат и зошто тие се идеални за нивниот избран стил. Тие се: нигерискиот фотограф за мода и портрети Emmanuel Oyeleke, германско-руската фотографка за документарни содржини Nanna Heitmann и Ingo Leitner од Австрија, кој е дел од фотографското дуо за свадби Carmen и Ingo. Освен нивните професионални мислења, Mike Burnhill дава дополнителни професионални совети.
Фотографирајте како професионалец: неопходна опрема за подобрување на вашите фотографии
Најдобра опрема за фотографирање мода
Emmanuel Oyeleke, поранешниот професионален играч на играта Scrabble кој се заљубил во фотографијата додека патувал на натпревари низ целиот свет, има освоено многу награди меѓу кои и ASFA Fashion Photographer of the Year за 2019 година. Како самоук, тој зачекори во индустријата за фотографирање свадби (некои со по 3.000 гости) во неговата родна земја Нигерија, потоа премина на фотографирање мода, а сега редовно создава моќни и прекрасни содржини за најпознатите модни списанија во Африка, како и комерцијални содржини за брендови како Coca-Cola и Unilever.
„Системот EOS R почнав да го користам во 2018 година и тоа беше откровение за мене“ - вели тој. „Не треба да се грижите за техничкиот аспект бидејќи фотоапаратот ви ги испорачува потребните резултати и ви нуди слобода за да бидете креативни без граници“. Најчесто го користи EOS R5 од Canon бидејќи беше издаден во 2020 година. „Сензорот од 45 MP снима огромни количини на информации и ми нуди опција за отсекување, а притоа добивам слика со висока резолуција.
„Ако имате доволно голем буџет, тогаш би рекол дека EOS R5 е идеален за модно фотографирање, инаку би ви го препорачал EOS R6 бидејќи тој прави речиси сè што прави R5, но со помала резолуција“.
„Иако за модната фотографија е најважна облеката, кога гледаме слики од луѓе нашето внимание се насочува прво кон лицето, па затоа функциите за следење лица/очи на EOS R5 и EOS R6 се многу важни“ - додава Mike Burnhill. „Друга практична опција за фотографирање мода е екранот на допир со променлив агол што ви овозможува да фотографирате од различни агли за да добиете интересни и динамички слики“.
Објективите што најчесто ги користи Emmanuel се RF 50mm F1.2L USM и RF 85mm F1.2L USM од Canon и ги препорачува и двата за студенти во областа на модата. „Нудат остра слика, брзи се, изработени се многу добро и вредат за парите што ќе ги инвестирате во нив - добриот објектив ќе ви трае многу години“ - нагласува тој.
„Тие објективи се одлични за фотографирање секакви слики, почнувајќи од слики со максимална фокусна должина па сè до портрети со прекрасна перспектива“ - се согласува Mike. „Друга алтернатива би бил објектив со зум како што е RF 24-70mm F2.8L IS USM или EF 24-70mm f/2.8L II USM прикачен со адаптер“.
Најдобра опрема за фотографирање документарни содржини
Фотографката за документарни содржини Nanna Heitmann е родена во Германија во 1994 година и таа го купила својот прв DSLR-фотоапарат, EOS 400D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 850D од Canon), кога имала 14 години. Додека растела добивала инспирација од сликите што ги гледала на National Geographic и затоа студирала и дипломирала за фоторепортерство и фотографирање документарни содржини на Универзитетот за применети науки и уметности во Хановер. Оттогаш има работено за National Geographic, TIME Magazine и de Volkskrant, како и многу други. Во 2019 година беше поканета да стане кандидат за членство во Magnum.
Во последните неколку години, Nanna, која главно работи на долготрајни проекти како документирање на заедницата околу последниот рудник за јаглен во Германија, ги користеше EOS R од Canon и EOS R5 од Canon. „Претходно го користев EOS 5D Mark III од Canon, но сега уживам додека работам со фотоапаратите без огледало до Canon“ - вели таа. „Опремата ја носам по цел ден, па затоа е подобро да работам со лесен фотоапарат“.
Nanna вели дека иновациите вградени во EOS R и EOS R5, вклучувајќи го и AF при слаба светлина до -6 EV, нудат многу придобивки за фотографирање документарни содржини. „Чувствителноста при слаба осветленост е важна кога работите при слаба осветленост без блиц, а режимот за бесшумно фотографирање на фотоапаратот ви овозможува да работите дискретно“ - вели таа. „Со сигурност би ги препорачала и EOS R и EOS R5 за студентите за фотографирање документарни содржини“.
За оние со малку помал буџет, исто од групата фотоапарати со системот EOS R, добра опција е моделот EOS RP. „Тој е помал и полесен фотоапарат и нуди многу одлични функции како режим за бесшумно фотографирање, а исто како и другите фотоапарати со системот EOS R, компатибилен е со објективите EF“ - вели Mike.
„Ако имате доволен буџет за да го набавите EOS R6, неговите неверојатни перформанси при слаба осветленост ќе ви овозможат да работите во најразлични услови на осветлување, а функцијата за следење лица/очи ќе ви овозможи да не се грижите за фокусот и да се концентрирате на моментот, композицијата и изразите на лицата“.
Nanna сака да им се доближи на луѓето кои ги фотографира, па затоа најчесто ги користи објективите RF 35mm F1.8 Macro IS STM и RF 50mm F1.2L USM од Canon. „Сè што ми е потребно се два објективи“ - вели таа. „Повеќе сакам да користам примарни објективи наместо објективи со зум, бидејќи тие ве принудуваат да се движите и да се трудите повеќе за да ги снимите сликите“.
Mike се согласува дека овие два објективи се совршена комбинација. „Фокусните должини од 35 mm и 50 mm отсекогаш биле популарни за фотографирање документарни содржини и фоторепортерство бидејќи нудат природна перспектива“ - вели тој. „Објективот RF 35mm F1.8 Macro IS STM е мал, има разумна цена и стабилизација на слика со 5 чекори за остри слики при рачно фотографирање“.
Најдобра опрема за фотографирање свадби
Carmen и Ingo Leitner се запознаа на италијанска плажа во 2003 година. Откако ја открија нивната заедничка љубов кон фотографијата додека патуваа заедно, тие започнаа да ги фотографираат свадбените моменти на своето семејство и пријателите, а потоа одлучија да отворат свој бизнис во 2009 година.
Оттогаш, тимот од два сопружници кои ги започнаа своите кариери како технички инженер и шминкер, фотографираат свадби на некои од најубавите локации во светот. Првиот DSLR-фотоапарат што го купиле и сè уште го имаат е EOS 350D од Canon (сега е заменет со новиот EOS 850D од Canon), а сега ги користат фотоапаратите EOS R5 и EOS R6, најчесто истовремено, од кои едниот за фотографирање, а другиот за снимање видео.
„Најважната функција за нас е неверојатно прецизниот систем за фокусирање и кај EOS R5 и кај EOS R6“ - вели Ingo. „Дури и кога ја користиме максималната решетка на објективите, сликите се неверојатно остри. Друга важна придобивка, барем за снимање видео, е вградената стабилизација на слика (IBIS) што нуди 8 чекори за стабилизација со одредени објективи и ја елиминира потребата од користење статив“.
За оние кои сакаат да работат како фотографи за свадби, Ingo вели дека дефинитивно вреди да инвестираат во EOS R5. „Ако не ви требаат датотеки со 45 MP, тогаш и EOS R6 е одлична опција“ - додава тој.
„Двете најважни придобивки што ги нудат овие фотоапарати за фотографирање свадби се функцијата за следење лица/очи и режимот за бесшумно фотографирање што ви овозможува да ги фотографирате луѓето без да знаат за тоа, особено во тивки места“ - додава Mike. „Исто така, тие се хибридни фотоапарати, што значи дека може да снимаат 8K RAW-видео и 4K-видео со 120p кај EOS R5 и 4K UHD-видео со 60p кај EOS R6“.
Carmen и Ingo најчесто ги користат објективите EF 35mm f/1.4L II USM, RF 50mm F1.2L USM и RF 85mm F1.2L USM од Canon, како и RF 28-70mm F2L USM. За оние кои почнуваат со фотографирање свадби, Ingo им препорачува: „Ви предложувам да користите објективи од 35 mm и 50 mm, со широки максимални решетки - објективи од серијата L доколку можете да си ги дозволите“.
„Кога започнувате да работите како фотограф за свадби, повеќенаменските објективи со зум како што е RF 24-105mm F4L IS USM се екстремно практична опција. Тоа е објектив што може да сними од сè по нешто“ - вели Mike. „Потоа може да набавите и RF 50mm F1.8 STM или EF 85mm f/1.8 USM - нешто брзо и мало со широка решетка. На тој начин ќе можете да снимате различни слики, на пример, да ја користите најшироката решетка за да го истакнете субјектот наспроти заднината. Ако имате објектив со зум и примарен објектив, тогаш сте подготвени за речиси сите ситуации“.
Независно од вашите планови, дали е тоа фотографирање мода или портрети, фотографирање документарни содржини, фотографирање свадби или друго, инвестирањето во добра опрема е инвестирање во вашата иднина. Вашата професионална авантура започнува тука…
Напишано од David Clark
Слични производи
-
RF 24-70mm F2.8L IS USM
Внесете професионалност во вашето фотографирање со објектив без огледало за целосна слика со зумирање од 24-70 mm кој се одликува со брза решетка и стабилизација на слика со 5 чекори. -
RF 50mm F1.2L USM
Примарен објектив со 50 mm и f/1,2 за извонредна острина, како и одлични перформанси при слаба осветленост. -
RF 50mm F1.2L USM
Примарен објектив со 50 mm и f/1,2 за извонредна острина, како и одлични перформанси при слаба осветленост. -
RF 24-105mm F4L IS USM
Лесен и разновиден објектив за зумирање од 24-105 mm со f/4 од серијата L со брз и тивок автоматски фокус и 5 чекори за стабилизација на сликата. -
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика. -
EOS R
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите. -
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Mount Adapter EF-EOS R
Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува беспрекорно поврзување на вашите објективи EF и EF-S со системот EOS R, а притоа го задржува истото ниво на квалитет и перформанси. Дознајте повеќе. -
Mount Adapter EF-EOS R
Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува беспрекорно користење на објективите EF-S и EF со фотоапарати EOS R.