Фотографите за храна често избираат објектив од 35 mm за вертикално фотографирање предмети во хоризонтален распоред бидејќи е доволно широк за да ги опфати и реквизитите, како прибор за јадење и состојките од рецептот. Снимено со EOS RP од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/125 сек., f/2,5 и ISO800. © Natasha Alipour-Faridani
Фотографирањето храна е одличен начин да експериментирате со вашиот фотоапарат од Canon, но не само поради тоа што на крајот од сесијата ќе можете да го изедете субјектот што сте го фотографирале. Внимателно позиционирајте ги состојките, приспособете го осветлувањето и прилагодете ги поставките за да добиете прекрасни фотографии од храна.
Секако, има опрема и предмети што можат да ви помогнат да извлечете максимален квалитет од вашиот фотоапарат. Стативот може да ви помогне кога фотографирате храна од горна страна во формат со хоризонтален распоред, при слаба осветленост или кога фотографирате на екстремно мала оддалеченост, но и објективите од Canon со стабилизација на слика (IS) можат да ви помогнат во вакви ситуации. Ако ја надополните опремата со блиц Speedlite од Canon или друг вид на вештачко осветлување, тогаш ќе добиете повеќе креативни опции за снимање фотографии од храна со професионален изглед.
Купувањето подобар објектив има најголемо влијание врз фотографирањето на храната. Голем број објективи имаат доволно кратко фокусно растојание за да ги доловат малите детали, но само вистински макро објектив може да ви понуди зголемување од најмалку 1x. Тоа значи дека субјектот ќе се сними во сензорот со сооднос од 1:1 или во реална големина кога објективот е поставен на неговиот минимален фокус.
Макро објективот е идеален за откривање на скриените текстури, интересните шеми и дискретните структури на храната што инаку се незабележливи, но тоа не е сè кога станува збор за фотографирањето храна. Тука ќе ги разгледаме најдобрите објективи за фотоапаратите EOS од Canon.