Фотографиите имаат моќ да ги доловат моментите во времето и да ги претворат во скапоцени спомени. Но, таа моќ се губи кога ќе останат зачувани во длабочините на тврдите дискови или меѓу страниците на социјалните мрежи.
Печатењето на вашите омилени фотографии ги претвора во физички предмети што може да се врамуваат и изложуваат низ домот, да се подаруваат, да се вметнуваат во колажи или фотоалбуми, па дури и да се печатат како налепници за да ги персонализирате вашите предмети.
Достапна е широка палета на печатачи што ви овозможуваат да ги печатите вашите фотографии, кога сакате и каде сакате – од компактни печатачи што може да ги понесете со себе на излети, одмори и специјални настани, до модели за голем формат за печатење големи фотографии за врамување и закачување на ѕид.
Како да го изберете најдобриот печатач за печатење фотографии во домот? Овде подетално ќе разгледаме што нуди палетата на печатачи од Canon.
Најдобри печатачи за печатење фотографии
- Најдобри повеќенаменски печатачи за фотографии
- Најдобар печатач за фотографии за печатење од мобилни уреди и изработување колажи од фотографии
- Најдобар печатач за фотографии за големи проекти
- Најдобар печатач за печатење фотографии со професионален квалитет
- Како да направите добрите фотографии да изгледаат одлично
Најдобри повеќенаменски печатачи за фотографии
Повеќенаменскиот печатач овозможува брзо и лесно трансформирање на дигиталните спомени во прекрасни отпечатени материјали за украсување на вашиот дом или споделување со вашите сакани. Физичката природа на печатењето придонесува сликите да имаат поголема вредност, особено во форма на подарок.
Повеќенаменската серија Canon PIXMA TS7450a е едноставна за користење и се одликува со вграден скенер и поврзување преку Wi-Fi со вашиот компјутер или паметен телефон. Таа е компатибилна со бесплатната апликација Canon PRINT и може да печати фотографии во боја без рабови со димензии од 10x15 cm за само 43 секунди.
Серијата PIXMA TS7450a е висококвалитетен печатач за фотографии со пристапна цена којшто користи црно мастило базирано на пигмент, што овозможува печатење на јасен црно-бел текст отпорен на размачкување, како и мастила во цијан, магента, жолта и црна боја за печатење фотографии.
Ако ви е потребна уште побрза опција за печатење на вашите фотографии, можеби за поголеми проекти како создавање на свој свадбен албум, Canon PIXMA TS7650i може да печати фотографии во боја без рабови за само 19 секунди1.
Исто како серијата PIXMA TS7450a, така и Canon PIXMA TS7650i е компактен печатач со разновидни опции што користи картриџ со мастило со црн пигмент и картриџ со три бои. Тој е едноставен и интуитивен за користење, со контролен панел со екран во боја што се отвора нагоре за јасна видливост.
Последното нешто за кое треба да се грижите ако работите на проект за печатење е останувањето без мастило, а Canon PIXMA TS7650i е компатибилен и со PIXMA Print Plan2. Оваа услуга со претплата ги следи нивоата на мастилата и доставува нови картриџи до вашиот дом веднаш штом ќе открие дека се при крај, заштедувајќи ви време и напор, и по 50%3 пониска цена од стандардните мастила. Тоа е исплатлива опција ако печатите голем обем на фотографии, бидејќи и документот и фотографијата се бројат како една страница.
Најдобар печатач за фотографии за печатење од мобилни уреди и изработување колажи од фотографии
Печатачите што ги опфативме досега се модели за печатење на работна маса што се одликуваат со вграден Wi-Fi, така што ќе може да ги поставите насекаде во домот. Но ако сакате да печатите од поголема далечина, може да ги понесете компактните, мобилни печатачи од Canon со себе насекаде за да печатите директно од вашиот паметен телефон или компатибилен фотоапарат. Тоа е одличен начин да им подарите нешто за спомен на семејството и пријателите, па дури и да создадете сопствени разгледници од вашите патувања што ќе ги испратите дома.
Компактниот Canon SELPHY CP1500 поддржува повеќе типови на хартија, од хартија со големина на поштенска картичка (RP-108 и KP-36IP) до мини налепници (KC-18IL), а меѓу нив се и хартијата со големина на кредитна картичка (KC-36IP и KC-18IF) и хартијата со квадратна форма (KC-18IS). Секое пакување со хартија вклучува картриџ за мастило наполнет со точната количина на мастило. Брзината на печатење фотографии е приближно 41 секунда за фотографија со големина на поштенска картичка со димензии од 10x15 cm.
Canon SELPHY Square QX10 е самостоен пренослив печатач што се одликува со вградена батерија на полнење и печати квадратни фотографии од 68 mm на малку поголема хартија за налепници од 72x85 mm, со што ви овозможува да пишувате сопствени белешки во долниот дел на отпечатените фотографии. Како и со поголемиот Canon SELPHY CP1500, може да користите различни опции за распоред и да додавате украсни печати, рабови и специјални ефекти преку апликацијата Canon SELPHY Photo Layout.
Одликувајќи се со уште помали димензии, преносливиот печатач Canon Zoemini 2 е доволно мал за да може да го ставите во џеб, што го прави идеален за изработка на колажи од патувањата или за да го понесете на фестивал за моментално печатење на автопортрети.
Дознајте повеќе во нашиот водич кој ќе ви помогне да бидете креативни со компактните печатачи за фотографии.
Најдобар печатач за фотографии за големи проекти
Ако работите на долгорочен проект за кој се потребни многу отпечатени фотографии, особено со поголеми димензии, потребата за редовна замена на картриџите за мастило може да ви изгледа напорно. Печатачите MegaTank од Canon се одликуваат со резервоари за мастило со релативно голем капацитет, со што се изоставуваат картриџите.
Canon PIXMA G640 е особено силен кандидат што испорачува извонреден квалитет на фотографиите благодарение на шест мастила базирани на боја. Секој комплет шишиња со мастило со ниска цена е доволен за печатење до 3.800 фотографии во боја со димензии од 10x15 cm, а печатењето без рабови е поддржано до целосна големина на A4/писмо. Дополнувањето на резервоарите е едноставно и практично.
Како и другите печатачи PIXMA што ги спомнавме, G640 исто така се одликува со вграден Wi-Fi и поддржува скенирање и печатење засновано на Cloud, а вградениот скенер со висока резолуција го олеснува скенирањето и копирањето на фотографиите.
Најдобар печатач за печатење фотографии со професионален квалитет
Ако сакате да печатите фотографии на повисоко ниво, Canon PIXMA PRO-200 нуди печатење без рабови во A3+ (329x483 mm) за само 90 секунди. Тој нуди и печатење панорамски фотографии со должина до 990 mm, со што може да добиете поширока слика, што е идеално за фотографирање пејзажи.
PIXMA PRO-200 користи осум поединечни картриџи за мастило базирани на боја, а мастилата се создадени на начин што овозможува печатење фотографии со професионален квалитет. Затоа, тој е совршениот печатач и за најпребирливите фотографи кои бараат врвен квалитет и поголеми димензии на фотографиите.
Печатачот се одликува со повеќе влезни фахови што овозможуваат компатибилност со медиуми за фина уметност со релативно голема дебелина, како и со стандардни фотохартии, така што ќе може да експериментирате со изгледот и впечатокот од вашите отпечатени фотографии. Во тоа ќе ви помогне бесплатниот софтвер Professional Print & Layout од Canon, кој го поедноставува дизајнот на страниците со повеќе слики и ви нуди едноставни опции за приспособување на приказот на боите, светлината и контрастот.
Како да направите добрите фотографии да изгледаат одлично
За да добиете долготрајни отпечатени фотографии со врвен квалитет, изборот на хартија е подеднакво важен како мастилото. Големиот број различни профили во драјверите за печатачи од Canon овозможува процесот да биде детално приспособен за да се добие најголема точност во поглед на бојата, светлината и контрастот, а отпечатените материјали да бидат многу отпорни на размачкување или избледување со текот на времето.
Сјајната хартија е особено добра за печатење живописни и впечатливи фотографии во боја. Нерефлективната мат хартија може да биде подобар избор за печатење драматични црно-бели фотографии, како и за подискретен третман на боите, на пример во портретите и свадбените фотографии.
Може да изберете од широката палета на фотохартии од Canon, меѓу кои и економичната сјајна фотохартија за „секојдневна употреба“, подебелата и полуксузна фотохартија Plus Glossy II, полусјајната фотохартија Plus Semi-Gloss со луксузна сатенска завршна обработка, како и мат фотохартијата која е одлична не само за печатење мат фотографии, туку и за разгледници и проекти со модели од хартија. Сите овие фотохартии се достапни во голем избор на големини. Добра идеја е да тестирате неколку различни фотохартии за да видите која ја претпочитате.
Палетата на печатачи и хартии од Canon им овозможува на фотографите да бидат сигурни дека фотографиите што ќе ги отпечатат соодветно ќе ги доловат нивните слики, без разлика како или каде планираат да ги изложат. Од преносливите модели што го прават забавно печатењето со семејството и пријателите во специјалните прилики, до печатачите за на работна маса што се подеднакво погодни за печатење документи и фотографии, до печатачи MegaTank што се практични и исплатливи за поголеми проекти. На уникатен начин, печатачот Canon PIXMA PRO-200 нуди печатење во големи формати со професионален квалитет по релативно достапна цена.
Слични производи
-
PIXMA TS7450a Series
Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија. -
PIXMA TS7650i
Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење. -
PIXMA G640
PIXMA G640, односно првиот повеќефункционален печатач во палетата PIXMA G којшто содржи шест резервоари за мастило базирано на боја коешто може да се дополнува, претставува спој на печатење со ненадминат квалитет на ниво на фотографија, голем обем и ниски трошоци за печатење. -
PIXMA PRO-200
Фокусиран на печатење фотографии со живописни бои, разновидни опции и практично користење, PIXMA PRO-200 е идеален избор за ентузијастите за фотографирање и надежните фотографи. -
SELPHY CP1500
Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии. -
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
Слични статии
- Брзината за печатење на фотографии се заснова на зададените поставки со употреба на ISO/JIS-SCID N2 на фотохартија Plus Glossy II и не го зема предвид времето за обработка на податоците на компјутерот.
- Услугата PIXMA Print Plan е достапна само за жителите на Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Холандија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Република Ирска и Обединетото Кралство.
- Врз основа на заштедата на просечниот трошок по страница во споредба со оригиналните стандардни мастила што се продаваат за најдобрите 20 сè-во-едно инк-џет печатачи во Западна Европа, (студија на Key Point Intelligence - јануари 2022 година). Трошок по страница (CPP) со месечна претплата на Canon PIXMA Print Plan (пакет од 200 страници), без дополнителни страници, во споредба со трошокот по страница за печатење со стандардот ISO/IEC 24711 со најдобрите 20 сè-во-едно инк-џет печатачи со картриџ со бои, со цена под 200 евра во Западна Европа, користејќи картриџи со стандарден капацитет. Просечниот CPP што се користи за да се одреди процентуалната заштеда во споредба со CPP за Canon PIXMA Print Plan (пакет од 200 страници). Потрошувачката на мастило и цените се засноваат на информациите од веб-сајтот на производителот во Германија. Продажните цени на мастилото не се земени предвид за оваа студија. Студија на Keypoint Intelligence од јануари 2022 година нарачана од Canon, врз основа на јавно достапни информации од јануари 2022 година. Печатачите се избрани според продажбата на уреди во IDC Quarterly Hardcopy Peripherals Tracker - Final Historical 2021Q4, Западна Европа.