Откријте како да извлечете максимум од Canon PowerShot PX

Оваа мала повеќенаменска камера е опремена со функции за целото семејство, почнувајќи од подобрување на вашата домашна канцеларија па сè до создавање видеоснимки за социјални канали.
A mother sits with her three children in a lounge, posing for a portrait on the Canon PowerShot PX. There is a sofa in the background.

Користењето на PowerShot PX од Canon е исто како да имате сопствен фотограф и видеограф. Независно дали организирате забава или ја користите како веб-камера, компактната PTZ-камера (поместување, закосување, зумирање) ги снима моментите автоматски. Ставете ја на рамна површина или на статив и вклучете ја, а таа штом препознае лице, ќе почне самостојно да снима фотографии и видеоснимки на интелигентен начин. Се напојува преку батерија, а нејзиниот објектив има одличен опсег на поместување, закосување и зумирање.

На тој начин вие можете слободно да уживате во моментите - да не спомнеме дека може и да учествувате во случувањата - без обврска да бидете фотограф или снимател. Исто така, нема потреба да ги разгледувате фотографиите и видеоснимките со часови за да ги изберете тие што ви се допаѓаат најмногу. Сите содржини во мемориската картичка на PowerShot PX се прикажуваат на апликацијата Connect за мини PTZ-камери инсталирана во вашиот паметен телефон, за да можете рачно да ги изберете омилените содржини и да ги префрлите или споделите на социјалните медиуми. Исто така, камерата е доволно паметна за да ви ги препорача најдобрите слики и видеоснимки, а тоа ви заштедува време и напор.

Погледнете го видеото подолу за да дознаете повеќе информации за поставувањето и користењето на PowerShot PX од Canon.

A still showing an illustrated Canon camera on an orange background next to text that reads: PowerShot PX.

Камерата PowerShot PX од Canon нуди многу повеќе од само практичност, па затоа треба да ги знаете нејзините силни страни.

Еве неколку начини на кои вие и вашите сакани може да извлечете максимум од специјалните вештини на оваа камера, како и совети за максимално искористување на нејзините функции во секоја ситуација.

1. Семејни собири и настани: зачувајте ги специјалните моменти

Случаен момент меѓу мајка и ќерка кои седат на столче и читаат книга, со поставен Canon PowerShot PX на масичката за кафе.

Canon PowerShot PX е мала и дискретна камера што е идеална за снимање драгоцени семејни моменти кои може да изгледаат многу подобро од сценирани групни портрети.

Жена става бел Canon PowerShot PX на тапа од шише на отворено.

Камерата Canon PowerShot PX се напојува преку батерија за да можете да ја користите надвор, доколку временските услови се добри. Функционира најдобро кога е поставена под сенка и не е изложена на директна сончева светлина.

Дали планирате забава? Камерата PowerShot PX од Canon е идеална за документирање социјални настани и семејни собири. Стапчето за автопортрети се издолжува неколку метри од корисникот, но PowerShot PX може да се стави многу подалеку за да ја долови целата сцена.

Поставете ја камерата PowerShot PX пред да пристигнат гостите, а притоа позиционирајте ја на ниво на очите, на рамна и стабилна површина од каде што ќе може да надгледува каде ќе се собираат луѓето, погрижете се сцената да биде добро осветлена и уверете се дека нема пречки во лакот на поместување на камерата.

Потоа оставете ја камерата да се погрижи за сè. Користејќи технологија за препознавање лица, камерата ќе се поместува, закосува и зумира за да долови најдобри композиции, ќе ги снима гостите во групи и автоматски ќе го коригира изобличувањето во сликите.

Дали сакате повеќе контрола? Апликацијата Connect за мини PTZ-камери ви овозможува да ја поставите камерата да приоритизира одредени лица, како човекот за кого ја организирате забавата, а потоа да ги подреди сликите по субјект.

Не треба да се грижите дека нема да имате доволно мемориски простор. Ако microSD-картичката на камерата се наполни, достапна е опција за автоматско бришење слики што ќе ви овозможи да продолжите со фотографирањето. Прво ќе се избришат најстарите слики, но опцијата нема да ги отстрани вашите омилени слики.

2. Создавање содржини: доловете забавни активности

Мајка која се насмевнува на својата ќерка која вади торта од рерната. Во преден план се гледа заматена камера PowerShot PX од Canon која го доловува моментот.

Апликацијата Connect за мини PTZ-камери ви овозможува да снимате далечински преку вашиот паметен телефон. Поместете ја, закосете ја и зумирајте со камерата за да ја добиете саканата композиција, а потоа притиснете го копчето за снимање или фотографирање за да снимите видео или фотографија.

Ако сте успешен пекар, уметник или некој креативец кој сака подобар начин за документирање на своите достигнувања, тогаш PowerShot PX од Canon е решението за тоа.

Нејзините автономни функции за снимање ја прават идеална камера за снимање кога вашите раце се зафатени или извалкани - ако месите тесто за торта или држите четка и палета во рацете, последното нешто за кое треба да се грижите е ракувањето со камерата. Благодарение на гласовните команди, режисерот ќе бидете вие: изговорете „Hello, Pixie“ за да ја активирате камерата, „Start recording“ за да почнете да снимате видео или „Take a picture“ за да снимите фотографија, а потоа изговорете „Stop“ за да го прекинете автоматското снимање*.

3. Снимање: станете ѕвезда на социјалните медиуми

Момче и куче трчаат надвор, во заднина на статив стои Canon PowerShot PX.

Функцијата за помош при следење е идеална за снимање движења. Треба само да ја вклучите функцијата за помош при следење во апликацијата Connect за мини PTZ-камери. Сите видеоснимки веднаш ќе бидат достапни за прегледување на вашиот телефон и ќе можете да ги изберете омилените содржини, да ги уредите и да ги споделите.

Ако сте надежни ѕвезди на социјалните медиуми кои сакаат да објавуваат видеозаписи со минимален напор, тогаш PowerShot PX од Canon може да биде решението за брз успех на социјалните канали како што е YouTube.

Ако ја користите опцијата за автоматско снимање на камерата, нејзините функции за поместување, закосување и зумирање може да внесат прекрасни ефекти во вашите видеозаписи. Во зависност од условите, камерата автоматски ќе снима широкоаголни кадри, кадри од повеќе субјекти (ќе опфаќа луѓе кои стојат блиску еден до друг - идеално кога настапувате со еден или двајца пријатели) или, пак, само ќе го прилагодува зумот и кадарот (ќе го поместува кадарот за да опфати луѓе што не се гледаат на сликата).

Ако сакате да фотографирате далечински, тогаш со надградба на фирмверот, што може да се преземе преку апликацијата Connect за мини PTZ-камери, ќе добиете функција за помош при следење која ќе ви овозможи да снимате субјект во движење, дури и кога субјектот не гледа кон камерата. Снимањето може да го активирате преку екранот за снимање на апликацијата или со доделување на функцијата за снимање на копчето за безжична комуникација на камерата.

Малите димензии и тежина на камерата PowerShot PX ви овозможуваат да ја поставите речиси на секоја локација. За да добиете добар агол треба да користите статив. На долната страна на камерата има стандарден приклучок за статив, за да можете да ја поставите камерата во совршена положба и да бидете сигурни дека ќе биде стабилна и ќе ги долови вашите скокови и трикови.

4. Работење од дома: добијте подобра веб-камера

Бела камера PowerShot PX од Canon ставена врз мал куп книги на дрвена маса.

Ако ја користите камерата PowerShot PX од Canon како безжична веб-камера, таа ќе ве задржи во кадарот дури и ако се движите низ просторијата. Се напојува преку батерија, но за подолги состаноци ви препорачуваме да користите компатибилен USB-C PD-полнач/уред за напојување.

Фиксните веб-камери пред кои треба да се седите без да се поместите во текот на целиот состанок се тековниот (и релативно здодевен) стандард, но со додавање на PowerShot PX од Canon во вашиот систем за работење од дома ќе внесете нова динамичка димензија во виртуелните состаноци и презентации на интернет. Работејќи без кабли преку Wi-Fi и Wireless Webcam Utility за мини PTZ-камери од Canon (достапна бесплатно за компјутери со Windows 10), камерата PowerShot PX ќе ги примени своите функции за следење за да ве придружува додека се движите низ вашата домашна канцеларија. Благодарение на оваа нова слобода, вашите колеги на работните маси брзо ќе почнат да ви завидуваат.

Независно дали планирате некаков собир за пријателите и семејството, сакате да снимате динамички видеозаписи за вашите социјални канали или само сакате да ги подобрите работните состаноци, малата и паметна камера PowerShot PX од Canon ќе се погрижи за сè.



Напишано од Sam Kielsden

Слични производи

  • PowerShot PX

    Снимете ги најдрагоцените моменти во животот автоматски со помош на оваа паметна камера што препознава лица и може да се поврзе со вашиот паметен уред.
  • EOS R100

    Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен.
  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.

Слични статии

Снимајте моменти без напор

Снимајте ги секојдневните моменти на едноставен начин со Canon PowerShot PX.

11 совети за семејно фотографирање

Дознајте совети за фотографирање прекрасни семејни портрети од амбасадорката на Canon Helen Bartlett.

Најдобри фотоапарати и објективи за снимање видеоблогови од Canon

Canon нуди палета на фотоапарати и објективи што се идеални за креаторите на содржини. Овој водич ќе ви помогне да ја пронајдете совршената опрема.

Придобивки од вистински фотоапарат

Дознајте како Canon EOS R100 може да ви помогне да ги овековечите скапоцените спомени.