Сите знаеме дека играњето и креативноста се важни за детскиот развој, а негувањето на овие нешта во домот може да доведе до квалитетно време поминато заедно како семејство. Alison (all.about.the.play), ентузијаст за игра и креатор на содржини, верува дека е важно за нејзините деца - Isla и Callum - да учат преку креативност.
„И двајцата се многу креативни, а мене, седнувањето и изработувањето со нив ми е многу забавно“ - вели таа. „Обожувам да гледам како ги реализираат нивните фантазии“. Alison ги споделува доживувањата на семејството на социјалните медиуми, а најновиот проект со нејзината шестгодишна ќерка, Isla, е домашно изработена книга за деца со печатачот SELPHY CP1500 од Canon.
Изработувањето на своја книга со приказни може да претставува предизвик, но SELPHY CP1500 може да го олесни процесот. Без разлика на тоа дали правите уникатен подарок, училиштен проект или персонализирана приказна за пред спиење, семејствата може да работат заедно за да смислат идеи. „Isla беше вклучена во многу одлуки“ - вели Alison. „Ми се допаѓа што ова беше нешто што можеме да го создадеме заедно“. Овде, Alison ги споредува нејзините совети за процесот да биде лесен и забавен за целото семејство.
Создајте книга со приказни за вашите деца, чекор по чекор
Потребни материјали
SELPHY CP1500 од Canon се одликува со можноста да печати врз хартија за налепници со задна страна што се лупи, така што не се потребни ножици или лепило кога изработувате со помали деца. Овој печатач ви овозможува да додадете дополнителни елементи со помош на апликацијата Canon SELPHY Photo Layout, што ви нуди начин да ја создадете целата книга без многу дополнителни материјали. Ќе ви биде потребно:
- SELPHY CP1500 од Canon
- Паметен телефон со инсталирана апликација Canon SELPHY Photo Layout
- Колаж
- Компатибилна фотохартија за налепници од Canon, касета и мастило
Може ќе сакате да додадете дополнителни детали, за кои ќе бидат потребни изборни материјали:
- Ножици
- Лепило
- Печати
- Бои, пенкала и моливи
- Еколошки светки
Смислување идеи
Истражувањето на идеи за приказни и создавање своја книга со приказни е совршената прилика да разговарате со вашите деца за нивните животни искуства, за нивните омилени книги и ТВ-серии - со вклучен заплет, слики, главни ликови, теми и пораки. Или, начинот на кој може да ги искористат пријателите и саканите лица како инспирација кога создаваат лик.
„Isla реши дека сака да биде во книгата, заедно со брат ѝ Callum и мама и тато“ - вели Alison. „Имаме неколку книги дома што истражуваат што би се случило ако пластиката влезе во морето, така што Isla разбира дека треба да ги чува плажите. Сака да собира ѓубре и им вели на другарчињата да си го соберат ѓубрето ако фрлат нешто“.
Isla се надоврзува: „Желките сакаат да јадат медузи, но ако во морето има пластични ќесиња, тогаш желките ќе мислат дека тие се медузи и ќе ги изедат. Тоа многу ги разболува“. Оваа страст кон животните и околината стана централната тема во приказната на Alison и Isla.
Создавање ликови и избирање слики
Правењето книга од фотографии може да претставува совршен начин да им се вдахне нов живот на спомените – без разлика на тоа дали создавате фантастична авантура со слики од одмори, дали на милениче му давате таен идентитет, или ги преобразувате вашите деца во суперхерои, ликови од бајки или изумители. Создавањето книга со приказни е идеална можност да излезете од дома за да снимите нови фотографии, така што децата може да изберат на кој начин сакаат да бидат претставени.
„Откако решивме дека во нашата приказна Isla и Callum ќе бидат на плажа, најдовме фотографии што соодветствуваат со приказната“ - објаснува Alison. „Isla мислеше дека ѓубрето на плажата е добра идеја и сакаше да вметне фотографија од нашиот собирач за отпадоци“. При склопување на книгата, Isla нацрта тажно лице за да означи како се чувствува кога ќе види пластика оставена на плажа, а потоа нацрта среќно лице за да означи колку е среќна кога прави позитивни промени.
Истражување различни формати
Во која било библиотека или работилница, може да најдете многу различни книги за деца, од стрипови и сликовници до бајки и биографии. Ликовите може да комуницираат преку балончиња за говор, стихови, или преку наратор или ставки во дневник.
Без разлика на форматот, апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви овозможува да додадете текст, рабови и печати на фотографиите. Исто така, има и шаблони што ви овозможуваат да печатите распореди со една или повеќе фотографии, како и избор од различни завршни обработки. Ова е одличен начин за децата да се вклучат во процесот и да видат што функционира пред да го притиснат копчето за печатење.
„Сметам дека апликацијата е лесна за користење и дека беше забавно да бидеме креативни“ - вели Alison. „Пробавме некои налепници и дизајниравме некои фотографии со рабови. Исто така, додадовме текст, си игравме со балончиња за говор и додадовме срце на некои фотографии. Поради различните функции на апликацијата, книгата со приказните изгледаше забавна и поинаква“.
Печатење на фотографии и склопување на книгата
Откако ќе ги отпечатите сликите, можете да ги комбинирате елементите. Сега може да биде практично да скицирате структура на хартија или да ги ставите страниците на масата или на подот пред да се одлучите за изгледот на страницата. „Имавме многу различни идеи, така што ги запишавме сите и размисливме кои делови да ги вметнеме“ - вели Alison. „Процесот течеше беспрекорно и имавме почеток, средина и крај“.
Помалите деца може да ги залепат фотографиите, а поголемите деца и возрасните може да сечат. Сите може да се вклучат со други креативни идеи, како цртање или пишување и избирање фотографии за корицата. Не заборавајте да ги додадете имињата на авторите и илустраторите - тоа сте вие!
Восхитување и споделување на вашата творба
„Решивме да ја наречеме 'Авантурите на плажа на Isla'“ - вели Alison. „Го употребивме црно-белиот филтер на три фотографии и неколку налепници во форма на квадрат за да го направиме насловот, пишувајќи го текстот во сина боја за да се истакне. Многу сме задоволни со резултатот!“
Учење како самите да создадете книга е забавен начин за поминување време со семејството, да ја ослободите фантазијата и да уживате во дискусии за ликови и теми. SELPHY CP1500 од Canon, во комбинација со апликацијата Canon SELPHY Photo Layout, го олеснува процесот и го отстранува напорот, помагајќи им на семејствата да создаваат на секој чекор. Можете гордо да го прикажете резултатот на полицата за книги или на масата покрај креветот, а исто така, може да биде персонализиран подарок за вашите сакани.
„Бидете креативни“ - советува Alison. „Нема правилен или погрешен начин да создадете книга со приказни. Можете да изработите книга за нешто за кое вашето дете се интересира, или за некое нивно патување. Тоа е одлична активност за дождлив ден. Isla обожува да му ја чита книгата на Callum, така што не станува збор само за создавањето, туку и за споделувањето на книгата со другите.
Ослободете ја својата фантазија со тоа што ќе создадете своја авантура и ќе експериментирате со SELPHY CP1500 и апликацијата SELPHY Photo Layout. Кога вие сте авторот, небото е граница.
Напишано од Kat Halstead
Слични производи
-
SELPHY CP1500
Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии. -
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
Слични статии
Мојата прва година низ отпечатени фотографии
Фотографот за портрети Jemella Ukaegbu ги споделува своите најдобри совети за снимање и овековечување на првата година на вашето бебе.
Планирајте, забавувајте се и печатете
Дознајте како апликацијата SELPHY Photo Layout може да ви помогне во смислувањето идеи за возбудливи проекти за изработка на модели.
Совети за печатење за враќање на училиште
Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.
Најдобри печатачи за изработка на модели
Од семејни проекти до професионална завршна обработка, Canon ќе ви понуди совршен печатач.