Како да снимите подобри божиќни фотографии оваа година

Подобрете ги вашите празнични фотографии со овие 10 лесни совети.
На тревник покриен со слана, дете кое седи на скала го забавуваат неговите родители. Сите тројца се облечени во топла, зимска облека. Фотографирано од Lena Petrova.

Дури и ако ги почитувате сите традиции за Божиќ, сите празнични сезони се уникатни. Важно е да ги фотографирате краткотрајните моменти од семејното забавување и божиќните собири, без оглед на тоа дали сте дома, покрај елката, посетувате роднини или само уживате во зимските сцени на празнична прошетка.

Семејниот фотограф Lena Petrova го усоврши нејзиниот метод за доловување на овој посебен период од годината, како за неочекуваните слики, така и за планираните групни фотографии. Нејзиниот пристап кон семејното фотографирање може да се резимира со една реченица: „Ќе снимите добри слики кога сите ќе заборават на фотографирањето и ќе уживаат во времето што го поминуваат заедно“. Без разлика на тоа каде славите Божиќ, треба убаво да си поминете и да создадете долготрајни спомени.

Следат некои совети што ќе ви дадат многу идеи за божиќни слики, од тоа како да снимате прекрасни ефекти на дефокусирање со украсни светилки, до доловувањето на брзото отворање подароци без заматување, како и позирање за природни групни портрети.

Со непроценливите совети од Lena, ќе ви покажеме како да снимите семејни фотографии во домот со вашиот фотоапарат со EOS R-систем од Canon, а и како да ги оживеете со вашиот печатач Canon PIXMA или SELPHY.

Подготвени сте?

1. Обмислете ја заднината

Две момчиња среќно си играат во снегот навечер. Во заднина, две заматени елки се украсени со украсни светилки. Фотографирано од Lena Petrova.

Lena советува да изберете сцени врз основа на вашите семејни традиции. „Освен украсувањето на елката и отворањето на подароците, треба да подготвите вечера, да напишете честитки и многу други работи што ви се важни вам и на вашето семејство“, вели таа. За да добиете добри фотографии од деца што си играат, најдобриот начин е да си играте со нив. „Обидете се да дознаете што сакаат да прават децата и создадете ситуација во која ќе можат да го покажат тоа“, додава Lena. „Добивате најдобри снимки кога сите се забавуваат“. Фотографирано со избрани 1/160 сек., f/2,2 и ISO 1250. © Лена Петрова

„За семеен портрет, барам дискретна заднина што нема да го одвлече вниманието од луѓето на фотографијата“, објаснува Lena. „Но, тоа не значи дека мора да биде обична - може да ја опфатите елката или украсните светилки за да добиете празнична атмосфера“.

Запомнете да вметнете различни празнични заднини. Ако сите снимки ви се пред семејната елка, тоа лесно може да стане здодевно. Размислете кои елементи од празникот ви се важни вам и на вашето семејство и фокусирајте се на тоа да ги вклучите нив.

Излезете и надвор. Можете да фотографирате наспроти дрвја покриени со снег или да одите на празничен пазар на Бадник. Ако во вашиот град има Работилница на Дедо Мраз, тешко е да се надмине класичната фотографија од млад член што седи покрај Дедо Мраз.

2. Фокусирајте се на важните работи

„Предметите што создаваат пријатна атмосфера во реалниот живот не секогаш се соодветни за снимање убави фотографии, па затоа кога снимам портрети во домовите на луѓето, честопати го поместувам мебелот и непотребните декорации од кадарот, вклучувајќи и слики на ѕидот“, вели Lena.

За неинсценираните снимки, можете да изберете агол на фотоапаратот што ги отстранува несаканите елементи од вашата сцена, или играјте си со композицијата и кадарот за да се уверите дека окото на гледачот природно оди кон субјектот - поставете го субјектот централно или со правилото на третини. Или, пак, користете објектив како што е Canon RF-S 18-45mm f/4.5-6.3 IS STM за да зумирате и да елиминирате елементи што го одвлекуваат вниманието. Можете и да користите објектив како што е Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, којшто има извонредно широка максимална решетка f/1,8 за заматување на заднините и привлекување дополнително внимание на вашиот субјект.

3. Користете реквизити и украси

Мајка и дете гледаат во божиќна сцена поставена на тревник со слана. Двајцата се облечени во топли зимски алишта. Фотографирано од Lena Petrova.

„Не плашете се да претерате со реквизити; подобро е да имате од сè по нешто отколку да се ограничите со еден или два“, вели Lena. „Не заборавајте и на празничната облека. Фотографијата може да изгледа чудно ако субјектите позираат во обични јакни додека држат божиќни реквизити и се опкружени со украсни светилки. Но, имајте предвид дека облеката не треба да го одвлекува вниманието од лицата на сликата поради премногу силни или контрастни бои“. Фотографирано со избрани 1/250 сек., f/2,5 и ISO 1600. © Лена Петрова

„Ако снимате божиќна фотографија на отворено, тогаш во кадарот ќе ви требаат елементи што укажуваат дека се ближи Божиќ, како елки, светилки и украси“, вели Lena. Ова можете да го направите на едноставен начин, со тоа што ќе однесете чорапи за подароци или украси надвор во градината“.

Но, не мора да присилувате да има реквизити и украси во вашите снимки на неприроден начин. Тешко е да се избегнат празничните украси во периодот пред Божиќ, поради што можете да ги вметнете природно ако снимате во стил на документарен филм додека се шетате. На пример, за да ја вклучите елката, зошто да не го документирате денот или ноќта кога сте ја избрале и сте се мачеле да ја внесете во автомобилот?

4. Изберете го вистинскиот објектив

„Може да бидете во искушение да користите широкоаголен објектив за да опфатите повеќе луѓе во кадарот во тесни услови, но кратката фокусна должина создава изобличувања што нема да им се допаднат на вашето семејство“, вели Lena.

Наместо тоа, користете објектив како Canon RF 50mm F1.8 STM. Овој објектив е поширок од објектив за портрети, поради што може да собере повеќе луѓе во кадарот, но не е толку широк да создаде изобличување со стеснување.

Објектив со зум како што е Canon RF 24-70mm F2.8L IS USM или Canon RF 24-105mm F4L IS USM ќе ви овозможи да создадете привлечно заматување на заднината. Оддалечете се од субјектот и зумирајте додека не го создадете посакуваниот ефект.

5. Искористете ги временските услови во ваша полза

Две деца држат портокали над главите. Детето на левата страна држи и црвена божиќна шапка. Фотографирано со Canon EOS R100.

Снежниот Божиќ што го гледаме на разгледниците често не е реалност, но лошите зимски временски услови се. Поради тоа, важно е да ги прифатите сите видови на временски услови и да научите да го користите вашиот фотоапарат во различни сценарија. Фотографирано со Canon EOS R100 и објектив Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM со избрани 20 mm, 1/320 сек., f/4,5 и ISO 800.

Дури и ако живеете во област каде што е многу студено во зима, запомнете дека вашиот фотоапарат со EOS R-систем од Canon може да функционира во услови при кои луѓето се мачат. На пример, Canon EOS R100 функционира на температури меѓу 0 и 40 °C.

При услови на снег, рефлективната бела боја може да му отежни на фотоапаратот да ја одреди точната експозиција, што ќе резултира со темни фотографии. Префрлете го фотоапаратот од мерење со проценка до мерење во точка (во режим на мерење) и изберете нешто потемно од снегот, како лицето на субјектот, за да ја приспособите експозицијата на областа наместо на целата сцена.

При снег и дожд или на облачни денови, вашите снимки може да изгледаат многу сиви и тмурни. За да го надминете ова, променете го балансот на белата боја на вашиот фотоапарат на однапред зададениот параметар Облачно, што ќе ги осветли нештата.

6. Земете ја предвид брзината на блендата

Важно е да ја земете предвид брзината на блендата кога фотографирате на Божиќ. Брзина на бленда од 1/60 е доволна за да го надминете тресењето на фотоапаратот и луѓето што не седат мирно. За субјекти што намерно се движат, подобро е да користите побрза бленда од 1/250 сек. или уште побрзо за да избегнете заматени движења.

Но, запомнете дека заматувањето не е секогаш лошо и може да создаде чувство на движење во вашите фотографии. Користење мала брзина на блендата со вашиот фотоапарат на статив може да ги замати луѓето што се движат во вашиот кадар, а опкружувањето ќе остане остро и во фокус. На пример, можете да се фокусирате на елката и да користите бавна бленда за да ги заматите движењата на вашето семејство околу неа.

7. Нека блесне групната фотографија

Седумчлено семејство, вклучително и куче, стои надвор, сите се облечени во божиќни џемпери и шапки. Зад нив има ѕид од зимзелени дрвја. Фотографирано од Lena Petrova.

„Не заборавајте да снимите повеќе слики, во случај некој да трепне“, советува Lena кога станува збор за групни слики. Фотографирано со избрани 1/250 сек., f/3,5 и ISO 3200. © Лена Петрова

„Кога снимате групен портрет, речиси секогаш работите со два реда луѓе“, вели Lena. „За да бидат сите учесници од двата реда во остар фокус, решетката треба да биде околу f/4-5,6. Вашата цел е да ги поставите сите глави на различно ниво. Побарајте столчиња со различна висина или, пак, искористете некоја фотелја и ставете некого на нејзиниот наслон за рака“.

Многу луѓе се прашуваат како да снимат групни божиќни фотографии, а некои фотоапарати од Canon можат многу да го поедностават процесот, вклучително и Canon EOS R50 и Canon EOS R100, коишто имаат режим за групни фотографии.

„Обидете се да избегнете периоди на тишина за време на подготовките за групна снимка“, продолжува Lena. „Фотографите-почетници честопати се концентрираат на техничките аспекти и забораваат на луѓето кои позираат за фотографирање. На вашите пријатели и членови од семејството ќе им здодее и тоа ќе се отслика на фотографиите. Кажувајте им што правите и пуштете музика за да им помогнете да се опуштат“.

8. Фотографирајте го фотографот

На Божиќ, треба да поминете време со семејството и пријателите, но понекогаш е тешко да запомните дека тоа ве вклучува и вас кога сте зад фотоапаратот.

Ако поставите тајмер на вашиот фотоапарат или, пак, ако ја користите апликацијата Canon Camera Connect за далечинско фотографирање, тогаш и вие може да бидете дел од семејниот портрет“, вели Lena.

Можете креативно да се вметнете во снимките, дури и ако заборавите да скокнете во предниот дел на семејниот портрет. Можете да ги искористите одразите во прозорците или вода, па дури и огледалата во вашиот дом, за да се вметнете во кадарот на интересен начин.

9. Не заборавајте ги домашните миленичиња

Мачка носи хартиена круна од крекер додека лежи пред мала елка. Круната е преголема и паѓа преку очите на животното. Фотографирано од Lena Petrova.

Многу фотоапарати од Canon, како што е Canon EOS R100 и Canon EOS 5D Mark IV (користен овде) се одликуваат со режими за автоматско фокусирање за животни, поради што, дури и ако вашето милениче не сака да седи мирно, можете секогаш да го снимите во совршен фокус. Фотографирано со избрани 1/200 сек., f/1,8 и ISO 3200. © Лена Петрова

Мачка што носи црвен шал и лежи на фотелја ја врти главата за да погледне во фотоапаратот. Во заднина има заматена елка украсена со украсни светилки.

Фотографиите служат како спомени само ако се гледа што има на нив, поради што е важно да го избегнете заматувањето. Вашиот фотоапарат со EOS R-систем од Canon ќе ви помогне да го доловите вистинскиот карактер на вашето милениче, без оглед дали е палав, замислен, пресладок или сите три.

„Божиќните светилки и играчки им се интересни на домашните миленичиња, што значи дека има голема веројатност да снимите забавни и разиграни божиќни фотографии од нив“, вели Lena. „Мачињата може да ги заинтересирате со лента за украсување подароци или украсни светилки, а кучињата со задоволство ќе си играат во снегот со децата - тоа се одлични субјекти за снимање забавни божиќни фотографии“.

Можете да направите и празнични бисквити за кучиња и да го доловите изразот на лицето на вашиот најдобар пријател додека ги јаде. Или, посетете локален центар за спасување и прашајте дали може да ги фотографирате животните. Уште подобро, волонтирајте тој ден. Можете да снимите неверојатни фотографии додека ги шетате кучињата или си играте со мачките, а можеби и ќе им помогнете да бидат посвоени.

10. Оживејте ги спомените

Печатач Canon SELPHY завиткан со црвена панделка, а околу него има блескави украсни светилки.

Ако ви требаат совети за фотографирање семејства за божиќни честитки и други подароци, барајте неинсценирани моменти, како и инсценирани, бидејќи природните реакции можат да ги прикажат нашите најблиски така како што ги знаеме. Потоа, можете да ги отпечатите на вашите печатачи PIXMA или SELPHY од Canon. Појдете на Canon Creative Park за бескрајни опции за печатење и изработка на модели - од шаблони до рамки за слики што можете да ги отпечатите и фотокниги што можете да ги дадете како подароци на вашите најмили.

Откако ќе снимите совршени божиќни фотографии, ви преостанува само да ги оживеете вашите спомени со печатење. Првиот чекор е да ги усовршите вашите отпечатени материјали со една од апликациите за печатење од Canon.

Ако користите печатач Canon PIXMA, како што е серијата Canon PIXMA TS5350a, апликацијата Easy-Photoprint Editor има многу шаблони, уредувач на распореди и алатки за уредување на слики за да можете да ги користите вашите божиќни фотографии на креативни начини, од печатење за колажи, календари и колажи со фотографии до шаблони што ви овозможуваат да печатите сопствени божиќни честитки.

За секој што користи печатач Canon SELPHY, како што е Canon SELPHY CP1500, апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви нуди многу нови начини да ги отпечатите вашите празнични спомени. Изберете некој од многубројните распореди, приспособете со печати или текст и изберете некоја завршна обработка. Апликацијата ви овозможува и да додадете QR-код на вашите отпечатени материјали, којшто може да обезбеди линк до онлајн албум со семејни божиќни фотографии.

Со овие совети, Божиќ годинава навистина може да биде незаборавен!

Напишано од Pete Wolinski

Слични производи

Слични статии

Печатење божиќни честитки

Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.

Зимски предизвик за изработување модели од хартија

Од украси што стојат на врвот на елката, до снегулки и лампиони, создајте празнични хартиени украси со печатач PIXMA и Creative Park.

Совети за фотографирање миленичиња

Погледнете совети за фотографирање миленичиња што се погодни за почетници. Откријте техники за снимање во затворено и на отворено, приспособување на експозицијата и контрола на длабочината на полето за да снимате остри и впечатливи фотографии.

Фотографирање слики за печатење

Седум одлични совети за овековечување на спомените преку печатење.