Градовите се енергични и волшебни места. Луѓето, зградите, реките и улиците во нив нудат бескрајни можности за фотографирање. Зошто да не го земете вашиот фотоапарат, да излезете и да го истражите градот во ваша близина? Подготвивме неколку врвни совети што ќе ви помогнат да снимате фотографии со кои ќе се гордеете. Продолжете да читате и откријте како да ја подобрите композицијата, како да се справите со светлината што се намалува и како да ја раскажете приказната на вашиот град.
Најдобри совети за фотографирање градови и урбано фотографирање
1. Опрема за урбано фотографирање
Иако сите фотоапарати од Canon може да се користат за урбано фотографирање, фотоапаратите со заменливи објективи нудат најголема разновидност. Помалото често е и подобро, бидејќи дискретниот пристап може да ви помогне да снимите искрени фотографии од градскиот живот на луѓето. Фотоапаратите без огледало од серијата EOS M од Canon како што е EOS M50 Mark II се особено компактни и ненаметливи.
Многу фотографи ги претпочитаат примарните објективи од 35 mm поради нивниот мал и лесен профил и видното поле кое, иако доволно широко за да собере многу во кадарот, сепак нуди релативно мало изобличување со стеснување споредено со извонредно широкоаголните објективи. Малиот објектив во вид на „палачинка“ EF-M 22mm f/2 STM од Canon е апсолутно идеален, со „ефективна“ фокусна должина од 35,2m во однос на целата слика. EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon нуди постандардна перспектива, а неговата брза решетка е одлична за изолирањето објекти пред заматена заднина. Ако барате разновидност, EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM од Canon е широкоаголен објектив со вградени функции за макро. Сепак, не се работи само за примарните објективи - компактниот EF-M 11-22mm f/4-5.6 IS STM од Canon исто така нуди огромна разновидност како широкоаголен објектив за зумирање.
За корисниците на DSLR, лесниот Canon EOS 250D се одликува со подвижен екран со променлив агол, идеален за снимање необични и возбудливи перспективи. Со него се одликуваат и повеќето други тековни фотоапарати од Canon, вклучувајќи го и пософистицираниот, но сепак компактен EOS 850D од Canon, кој е посоодветен за фотографите-ентузијасти. Меѓу идеалните објективи за градско фотографирање за DSLR фотоапаратите од APS-C формат се вбројува и извонредно тенкиот примарен објектив во вид на „палачинка“ EF-S 24mm f/2.8 STM од Canon и малиот објектив за зумирање со извонредно широк агол EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM од Canon - двата се одлични за да ги опфатите дури и најголемите згради во кадарот.
Што се однесува на DSLR-фотоапаратите за целосна слика како што е EOS 6D Mark II од Canon, EF 35mm f/2 IS USM од Canon е одличен избор за рачно фотографирање градски сцени ноќе, а неговата оптичка стабилизација со четири чекори и брзата решетка со f/2 овозможуваат навлегување на светлината тогаш кога е најпотребна. За фотоапаратите без огледало, EOS RP од Canon за целосна слика и RF 35mm F1.8 IS Macro STM од Canon претставуваат моќно, но компактно решение. Импресивниот извонредно широкоаголен RF 16mm F2.8 STM од Canon е разновидна опција за урбано фотографирање што ви овозможува да фотографирате широкоаголни градски сцени, како и снимки одблиску од архитектонските детали, благодарение на максималното зголемување од 0,26x.
2. Урбана инспирација
Сите градови се историски и културни динамични места што во себе содржат илјадници различни приказни. Додека го истражувате градот, размислете за тоа кои негови приказни најмногу ве интересираат, а потоа задлабочете се во нив. Игнорирајте ги добро познатите знаменитости и обидете се да пронајдете место што раскажува уникатна приказна и кое ќе го покани гледачот во светот на фотографијата.
Движењето на луѓето, добрата или транспортот го сочинуваат срцето на повеќето градови. За да го доловите градот во движење, обидете се да го истражувате одејќи низ него додека не дојдете до некое прометно место, а потоа запрете и снимете неколку фотографии од интересно прегледно место.
Многу градови почнуваат нов живот кога ќе падне ноќта. Обидете се да фотографирате ноќни пејзажи на места што се добро осветлени, како што се пазарите за божиќните празници во Прага или West End во Лондон. Снимањето траги од светлина исто така може да даде добри резултати. Зошто да не пронајдете високо прегледно место, како што е мост или тераса на покрив и да ги фотографирате улиците под вас?
Некои од највпечатливите градски фотографии прикажуваат контрасти - помеѓу старото и новото, мирот и раздвиженоста или помеѓу космополитските заедници на градовите. Обидете се да доловите ваша интерпретација на оваа тема - на пример, можеби ќе забележите некој како медитира во полн парк во Шангај, може да фотографирате историска зграда во Лондон до која никнал огромен облакодер или да ја доловите раздвиженоста во хипстерскиот четврт во Њујорк.
Малите детали го создаваат идентитетот на градот. Тие често ни се кријат пред очи, така што снимањето на овие фасцинантни карактеристики може да доведе до создавање извонредни фотографии. Помислете на раскошните викторијански улични светилки во Лондон, графитите на париската метро станица Art Nouveau или на обрасците во препознатливите тротоари на Лисабон. Внимавајте на малите и уникатните детали при следната посета на градот и обидете се да смислите интересни начини да ги фотографирате.
3. Најдобри режими на фотоапаратот
По природа, градовите се прометни места, но има периоди кога активностите се намалуваат, како што е доцна навечер или многу рано наутро. Во овие периоди од денот, ќе треба да се приспособите на фотографирањето при слаба осветленост. Тоа подразбира мали брзини на блендата, високи вредности на ISO и техники за стабилно држење на фотоапаратот.
Прво што треба да се сетите при фотографирањето при слаба осветленост е да оневозможите целосно автоматските поставки да го користат блицот. Тоа може да го сторите така што ќе го користите режимот „Исклучен блиц“ или режимот за рачно снимање на ноќни сцени. Во режимот „Исклучен блиц“, вашиот фотоапарат мора поинаку да ги користи своите способности за да ги снима фотографиите без блиц. Тоа се прави со зголемување на чувствителноста на светлина (брзина на ISO), намалување на брзината на блендата и отворање на решетката на објективот.
Режимот „Исклучен блиц“ исто таа е погоден и за фотографирање во градски музеи и објекти во кои е забрането фотографирање со блиц или во кои фотографирањето со блиц би ја уништило атмосферата.
Многу фотоапарати од Canon, како што е EOS RP од Canon, имаат режим за рачно снимање на ноќни сцени, кој брзо фотографира четири слики и ги комбинира во еден кадар, оптимизиран за минимално тресење на фотоапаратот. Бидејќи во многу градови користењето стативи е ограничено, режимот за рачно снимање на ноќни сцени може да ви овозможи снимање остри ноќни фотографии на градот.
Примарен објектив со широка решетка како RF 50mm F1.8 STM од Canon е одличен избор за фотографирање при слаба осветленост. Мал и лесен, овој ненаметлив објектив нуди остар квалитет на сликата. Широкиот опсег на поставки за решетка на примарните објективи нуди фантастична контрола врз длабочината на полето. За да извлечете максимум од овие објективи, користете го режимот со приоритет на решетка (Av) и контролирајте ја длабочината на полето или користете го режимот со приоритет на бленда (Tv) за да контролирате како се снима движењето. Друга карактеристика на овој вид објективи е тоа што мора да му се приближите на објектот, наместо да зумирате, што значи дека често ќе пронајдете поинтересни агли за снимање.
4. Техники за фотографирање градови
За да бидете подготвени за фотографирање во секое време, треба да имате претстава за промените во осветленоста околу вас додека чекорите низ градот. Ако се стемнува, планирајте да ги зголемите вредностите на ISO, да ја намалите брзината на блендата или да ја отворите решетката. Ако осветленоста се зголемува, намалете ги вредностите на ISO, зголемете ја брзината на блендата или затворете ја решетката. На овој начин поставките на фотоапаратот ќе бидат речиси идеални во случај да наидете на спектакуларна сцена што сакате да ја снимите.
Користете го еднобојниот стил на слика на фотоапаратот за да создадете црно-бели слики во самиот фотоапарат. Бидејќи во црно-белите фотографии најважни се сенките и светлината, користењето на еднобојниот режим ќе ви помогне да ги увидите разликите во контрастот. Вашиот LCD-екран ќе ги прикажува сликите во црно-бело, но ако фотографирате во формат RAW, може да ја вратите бојата на сликите при обработката по снимањето на компјутер.
Ако имате време, може да ги посетите истите места во градот во различни периоди од денот за да ги доловите промените во осветленоста и присутните луѓе. Само три до четири фотографии снимени на еднакво временско растојание во текот на денот може да ви дадат претстава за промените на градот.
Кога фотографирате субјекти во движење, како што се луѓе кои поминуваат преку мост или чекорат по плоштад, најдобро е стабилно да го прицврстите фотоапаратот, да го исклучите блицот и да изберете помали брзини на блендата за подобро да го доловите движењето на субјектот. Кога се обидувате да направите ваква фотографија, побарајте површини и места на кои може да го поставите или да го држите фотоапаратот за да добиете максимална стабилност. Експериментирајте со режимот со приоритет на бленда (Tv). Откако ќе поставите брзина на бленда, фотоапаратот автоматски ги балансира вредностите на ISO и решетка, што ви овозможува да ја истражувате вашата креативност.
Ако ви треба дополнителна помош и совети додека сте во движење, апликацијата Canon Photo Companion изобилува со персонализирани содржини, предизвици и извори на инспирација и ви ја нуди потребната помош за да ги реализирате вашите урбани авантури.
Напишано од Matthew Richards
Слични производи
-
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM
Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори. -
RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM
APS-C-објектив од серијата EOS R со опсег на зумирање од широк агол до телефото што е совршен за фотографирање патувања, диви животни, спорт и животен стил. -
EOS RP
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања. -
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
RF 35mm F1.8 MACRO IS STM
Макро објектив f/1,8 од 35 mm со брза решетка за широкоаголна перспектива, кратко растојание на фокусирање и хибридна стабилизација на слика.