Од модерна урбана архитектура што блеска во градскиот пејзаж до историски структури од тули кои датираат со векови, градовите нудат свет на перспективи кои вреди да се доловат и кои се уникатни за секој фотограф.
Самоуката графичка дизајнерка и фотографка Paula Stopka од Лондон, потекнува од Краков во Полска и често може да ја видите како истражува градови ширум светот со фотоапарат во рака, од неодамна EOS R од Canon, барајќи нови перспективи и иновативни агли.
Во продолжение ги споделуваме нејзините инспиративни дела и нашите најдобри совети за снимање креативни фотографии од градски пејзажи и урбани сцени.
УРБАНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Совети за обликување на кадарот за фотографирање неверојатни градски сцени
1. Истражете различни перспективи
Невообичаените гледни точки може да дадат нова перспектива на градските знаменитости кога истражувате со фотоапаратот. Фотографирањето нагоре низ впечатлива архитектура кон небото и воведувањето слоеви со различни катови од зграда може да внесат длабочина и да го насочат погледот. Или, пак, обидете се со погледи одозгора за прекрасна глетка од покриви и облакодери, погледи од видиковци или фотографирајте ги пејзажите преку вода од ниска гледна точка за сликарски рефлектирања. Екранот на допир со променлив агол на вашиот фотоапарат е идеален за такви услови, особено кога е комбиниран со статив, бидејќи ви овозможува да фотографирате од покреативни позиции.
Понекогаш може и одвнатре да се ужива во прекрасните згради и нивните уникатни структури. Качете се последниот кат и погледнете надолу или во далечината за да ги доловите дизајните на покривите користејќи светлина за драматичен ефект. Или, пак, ако имате омилена зграда во вашиот град, посетете ја во различни периоди од денот - златниот час веднаш пред зајдисонце може да ги разубави и преобрази сцените. Обидете се да ја фотографирате од различни места за да најдете уникатен поглед.
2. Создајте визуелни патеки на слика
Обичните градски сцени може да оживеат кога фотографот создава композиција со интересни визуелни патеки. Скалите со контрастни кривини и прави линии може да се претворат во прекрасни слики слични на школка кога се користи оваа техника, симулирајќи ја алатката за обликување на кадарот позната под името Golden Ratio, или Fibonacci Spiral, која фотографите може да ја користат за да го насочат гледачот низ фотографијата.
Архитектонскиот раскош не е секогаш потребен бидејќи можете да го користите овој ефект со осветлени ескалатори навечер за да создадете линии што го насочуваат вниманието, па дури и сенки на страничниот дел од зграда за да го насочите гледачот кон главната фокусна точка.
3. Оставете простор во горниот дел на сцената
Отворениот простор во горниот дел на фотографијата, особено кога станува збор за прекрасно небо, може да ѝ даде друга димензија на сликата и да ги отстрани пречките што го одвлекуваат вниманието. Проширениот простор во горниот дел е корисен и ако сакате да фотографирате ноќно небо и да ги нагласите градските светла што трепкаат со помала брзина на блендата за потемно небо.
Кога фотографирате урбана панорама, негативниот простор над сцената внесува рамнотежа на сликата и спречува да изгледа пренатрупана со детали. Не заборавајте и на просторот под вашите градски пејзажи – рефлектирањата во водата може да бидат навистина креативен начин да внесете уште еден елемент на интрига кога барате нова перспектива на популарно место за фотографирање.
4. Користете широки агли
За пространите градски пејзажи е потребен широкоаголен објектив. Објективите RF од Canon нудат одличен квалитет на слика, подобрена стабилизација на слика и побрз мотор за автоматско фокусирање. Објективот RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon има широк опсег на зумирање со кратко фокусно растојание и моќна стабилизација на слика, поради што е идеален за фотографирање пејзажи и архитектура.
За прекрасни панорами, панорамскиот режим на EOS R7 од Canon и EOS R10 од Canon ќе комбинира слики кога го движите фотоапаратот во една насока, држејќи го притиснато копчето за блендата. Држете го фотоапаратот стабилно и рамно кога го користите овој режим.
Кога фотографирате пространи пејзажи, нивелирајте го хоризонтот со користење на автоматското нивелирање доколку е достапно на вашиот фотоапарат. Ви препорачуваме и да ја прикажете мрежата на визирот за да постигнете одлична рамнотежа на вашата композиција.
Широкоаголното фотографирање со фотоапарат со висока резолуција ви дава слобода да ја отсечете сликата за да ги отстраните рабовите, да го подобрите кадарот или дури и да нагласите дел од зградата за уникатни резултати.
5. Фотографирајте вертикално
Постојана тема во урбаните композиции на Paula е вертикалната положба. „Сметам дека снимањето вертикални фотографии е забавно и предизвикувачко. Кога ќе го свртам фотоапаратот вертикално ги гледам работите од поинаква перспектива. Тоа создава чувство на длабочина во сликите“, вели таа. „Симетријата ми е најважна и тоа е мојот главен фокус. Симетријата овозможува сè да изгледа пријатно, балансирано и попривлечно за окото на гледачот. Таа внесува и хармонија во сликата“.
Paula ги користи практичните функции на нејзиниот EOS R од Canon за нејзините вертикални слики. Таа објаснува: „Секогаш ја вклучувам мрежата со линии на мојот фотоапарат од Canon бидејќи ми овозможува подобро да го обликувам кадарот на сликите, а понекогаш ја користам и функцијата за електронска либела“.
Сите фотоапарати EOS R од Canon им овозможуваат на фотографите да изберат како да се прикажуваат информациите на визирот кога снимаат фотографии вертикално. Можете да префрлите на вертикален приказ за информациите автоматски да се ротираат и полесно да се читаат.
6. Користете ја светлината за да ја подобрите композицијата
Ноќното фотографирање може да ги преобрази секојдневните сцени во извонредни разнобојни пејзажи. Во поглед на композицијата, кога работите во самрак или во темнина, можете да ја поставите сликата од знаменитоста со помош на екранот за прегледување во живо за да можете јасно да ја видите композицијата, менувајќи ја експозицијата со користење компензација на експозиција или целосен рачен (M) режим на екранот.
Користењето жичен уред за активирање ви овозможува да фотографирате далечински, што е корисно за невообичаени агли и долги експозиции. Апликацијата Canon Camera Connect ви овозможува да ги менувате поставките и експозициите на фотоапаратот преку вашиот телефон. Можете дури и да гледате слика во живо од фотоапаратот преку вашиот уред.
Долгите експозиции од неколку секунди се одлични за доловување на движењето на возилата покрај импресивна знаменитост, само почекајте проток на сообраќај пред да го притиснете копчето за блендата за да доловите креативни траги од светлина од предната и задната светлосна сигнализација на возилата. Експериментирањето со композицијата и аголот на фотографирање за да откриете каде ќе се наоѓаат трагите од светлина во однос на знаменитоста, како и со различните брзини на блендата, е исто така дел од забавата.
За повеќе совети, погледнете го нашето видео за фотографирање градски пејзажи додека сонцето заоѓа.
Завршна мисла: како да додадете GPS-информации во фотографиите
Знаењето каде точно се фотографирани вашите омилени градски знаменитости може да биде навистина корисно, особено ако сакате повторно да посетите одредена локација и одново да го доживеете патувањето. Некои фотоапарати од Canon имаат вграден GPS, така што податоците за локацијата ќе се зачуваат во датотеките со слики. Ако вашиот фотоапарат ја нема оваа функција, тогаш апликацијата Canon Camera Connect може да ги искористи податоците за позиционирање од телефонот и да додаде информации за локацијата во вашите слики.
Paula заклучува дека фотографирањето згради и градски пејзажи е одличен начин да се „развиете како фотограф“. Користете ги нашите совети за да создадете незаборавни урбани слики.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
Објективи RF
RF 24-50mm F4.5-6.3 IS STM
Мал и неверојатно лесен објектив со зум од 24-50 mm од серијата RF што може да го користите секој ден за фотографирање патувања, пејзажи и многу повеќе. -
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
Фотоапарати без огледало
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
Фотоапарати без огледало
EOS R
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите. -
Извонредно широкоаголен објектив со зум
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење. -
Широкоаголен објектив
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини. -
Објективи за DSLR
EF 16-35mm f/4L IS USM
Објектив од серија L со извонредно широк агол, високи перформанси и вградена технологија за стабилизација на слика.
Слични статии
-
Архитектонска фотографија
Совети за архитектонска фотографија
Впуштете се во архитектонската фотографија со помош на техниките и советите од професионалец.
-
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Совладајте ја композицијата во фотографирањето
Десет техники за доловување повпечатливи, поинтересни и поекспресивни слики.
-
ФОТОГРАФИРАЊЕ ГРАДОВИ
Максимално искористете ги можностите за урбано фотографирање со помош на нашите најдобри совети
Снимајте неверојатни градски сцени и детални урбани пејзажи. Продолжете за да ги видите сите совети, техники и инспирација што ви се потребни.
-
УЛИЧНО ФОТОГРАФИРАЊЕ
Предизвик за објектив за улично фотографирање
Зошто Canon RF 28mm F2.8 STM е суштински елемент на торба со опрема за улични фотографи.