Создадете свој свадбен албум на којшто со радост ќе му се навраќате

Создавањето свој свадбен албум ви овозможува одново да го доживеете настанот и креативно да се изразите. Дознајте како со нашите стручни совети.
Свадбени фотографии поставени на маса и рака којашто држи црно-бело фотографија од двајца младоженци коишто се држат за рака и се смеат.

Успешниот свадбен албум ја раскажува приказната од заедничкиот ден којшто се случува еднаш во животот и ги чува скапоцените спомени за следните генерации. Сепак, изработката на свадбен албум од страна на професионалец може дополнително да го оптовари буџетот за свадбата, со што двојката може да ја пропушти неверојатната шанса да ги зачува спомените од посебниот ден. Зошто да не си го направите самите?

Hannah Millard, позната и како Camera Hannah, фотографира свадби од 2010 година и обожава да ги доловува емоциите коишто се раѓаат при магичните моменти. Носител е на меѓународни признанија, како и добитник на низа награди за својата работа којашто ќе ја одведе од родниот крај во Дарбишир, Англија, до егзотични локации низ целиот свет. Одржува и часови по фотографија, целодневни работилници и менторски сесии коишто се одвиваат на интернет или со физичко присуство, а обожава да се занимава и со креативни изработки и себеси се смета за тежок „гик“. Во продолжение, Hannah споделува совети за двојките коишто сакаат самите да создадат свој уникатен свадбен албум.

1. Соберете ги избраните фотографии на купче

Човек држи свадбен албум направен во домашни услови и исполнет со фотографии од приемот. На корицата се залепени светкави златни букви со коишто е напишано: ВРЕМЕ Е ЗА ЗАБАВА.

„Создавањето албуми со фотографии коишто самите ги печатите може да биде особено пријатно искуство“, вели наградуваната фотографка за свадби, Hannah Millard. „Можете да создадете и специјални персонализирани албуми и да им ги подарите на семејството и пријателите.“

Најпрво, соберете ги сликите од посебниот ден, оние од професионалниот фотограф и оние снимените од пријателите и семејството.

„Повеќето фотографи ќе ви ги испратат дигиталните фотографии со висока резолуција како дел од услугата“, вели Hannah. „Овие дигитални фотографии се со многу висок квалитет и се совршени за печатење на вашите фотографии. Го користам EOS R6 од Canon, а кога снимам свадби, најчесто го комбинирам со објективите EF 24mm f/1.4L II USM од Canon, EF 50mm f/1.2L USM од Canon и EF 100 f/2.8L Macro IS USM од Canon коишто ги прикачувам со одличниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R од Canon, со што знам дека ќе снимам фотографии со неверојатен квалитет.“

„Планирам да си го набавам и RF 15-35mm F2.8L IS USM од Canon. Опсегот на зумирање со широк агол и светлата решетка нудат многу можности за групни фотографии и фотографирање свадби на затворено.“

Бидејќи повеќето фотографии што ќе ги изберете за свадбениот албум ќе бидат во дигитален формат, можете да ангажирате онлајн агенција за изработка на фотоалбуми на којашто ќе ѝ ги испратите омилените фотографии, а таа ќе ги отпечати и спакува во албум. Ова е одлична опција за оние коишто сакаат да имаат креативна контрола, а се ограничени со време. Сепак, за истиот трошок, можете и самите да го отпечатите и составите албумот.

2. Закажете дружење со партнерот

Слика од програма за уредување слики на којашто се прикажани свадбени црно-бели фотографии и фотографии во боја.

Преку одбирањето на омилените свадбени фотографии за да ги поставите во албум, ќе се потсетите на посебниот ден и на убавите спомени.

Човек распоредува свадбени фотографии со различна големина на маса и држи и разгледува две од нив.

Откако ќе ги изберете омилените фотографии од дигиталните датотеки, отпечатете ги. Ова ќе ви помогне во изборот.

„Сметам дека е важно двојката заедно да ги избере свадбените фотографии“, вели Hannah. „Одвојте време да се дружите и заеднички да се присетите на свадбата. Разгледувањето на сликите ќе ве потсети на вашиот ден и уште повеќе ќе ве зближи. На овој начин не само што ќе ги најдете омилените слики, туку ќе дознаете и кои слики му значат најмногу на партнерот и зошто. При одбирањето на сликите, важни се и емоциите што се доловуваат.“

3. Започнете со фотографиите коишто сигурно сакате да ги вклучите во албумот

Жена додава декоративен агол на колаж од слики во свадбен албум направен во домашни услови.

„Свадбениот прием е често богат со боја, а се користат и различни извори на светлина со различна температура на боите. Црно-белите фотографии може да го одвлечат вниманието од боите и да го насочат на емоциите коишто се доловуваат во моментот“, вели Hannah. „Но ако комбинирате повеќе црно-бели слики со слики во боја на истата страница, вклучете повеќе слики од секој тип.“

Не е лесно да се одлучи што ќе се изостави, а што ќе се вклучи кога го создавате свадбениот албум.

„Започнете со сликите коишто дефинитивно сакате да ги вклучите“, вели Hannah. „Секоја свадба си има своја приказна со клучни моменти во денот како размената на прстените, првиот бакнеж и потпишувањето на матичната книга. Потоа, по приемот, се фрла букетот и се игра првиот танц. Ова се главни моменти коишто сигурно ќе сакате да ги вклучите во приказната којашто ја раскажувате. Подеднакво се важни и сликите коишто ве допираат и поради коишто се навраќате до одреден момент од која било причина.

4. Оставете им простор на омилените фотографии

Две раце поставуваат слика од двајца прегрнати младоженци на првата страница од свадбен албум отпечатен и составен во домашни услови.

Изберете соодветен број големи и мали фотографии за вашиот албум и оставете празен простор околу нив за да не ги натрупате страниците. За помалите фотографии можете да ги употребите фотографиите направени со инстант печатачите и фотоапарати како Zoemini S2 од Canon од страна на гостите. Од естетска гледна точка, важно е да им дозволите на омилените слики да дојдат до израз.

„Изберете три или четири централни фотографиите од фотографиите коишто дефинитивно влегуваат во изборот за албумот“, советува Hannah. „Ова ви се омилените фотографии и треба да оставите простор околу нив во албумот. Немојте да ја правите честата грешка со визуелно натрупување на страниците со многу фотографии. Доколку им посветите цели страници на централните фотографии, ќе постигнете разновидност и рамнотежа. Добрите централни фотографии имаат силен визуелен ефект, одлична композиција и доловуваат момент во којшто сѐ изгледа совршено.

„Од друга страна, некои фотографии изгледаат подобро кога околу нив се распоредени помали слики“, продолжува Hannah, „како спонтаните фотографии од гостите на приемот или додека танцуваат на подиумот.“

5. Не заборавајте ги воведните фотографии

Две раце држат свадбени фотографии од кои на едната се прикажани младоженци коишто се прегрнуваат и свадбена торта на три ката.

За да ја раскажете целата приказна од посебниот ден преку свадбениот албум, вклучете воведни фотографии од различните локации, како и слики од свадбената торта, цвеќето итн. Овие нешта брзо се забораваат, па ќе ви биде мило кога ќе можете да се потсетите во иднина.

„Снимам многу видеозаписи на свадбите, а речиси истиот процес важи и при создавањето албуми од фотографии“, вели Hannah. „Започнете со воведни фотографии за да обезбедите контекст. Сликите коишто ја прикажуваат локацијата за свадбената церемонија ќе ве воведат во настанот, а потоа и во приемот ако се префрлувате од една локација на друга. Можеби нема да ви бидат омилените фотографии, но ако не ги вклучите, ќе изгубите од посебноста на денот. Препорачливо е и да ја надополните атмосферата со внесување детали. Можете да вклучите слики од цвеќето, свадбените додатоци и украсите за на маса коишто овозможуваат и добар визуелен тек ако се префрлувате од една локација на друга.“

6. Отпечатете ги избраните фотографии

Жена стои пред печатач PIXMA од Canon и разгледува штотуку отпечатени фотографии.

Печатачот од серијата PIXMA TS7450 од Canon е одличен избор за младенците коишто сакаат самите да си го создадат свадбениот албум. Печати брзо и создава фотографии во боја без рабови со димензии од 6x4 инчи за само 43 секунди.

Дури и ако се одлучите за професионално изработен албум, можете да смислите концепт со којшто ќе покажете како сакате да ви изгледа албумот и кои слики сакате да ги употребите со следење на чекорите дадени погоре. Физичката презентација особено помага да си замислите како ќе изгледа албумот, без разлика кој го составува крајниот производ.

„Кога гледате слики на телефон или на компјутер, не можете да добиете вистинска претстава за тоа како ќе изгледа конечниот албум. Без разлика дали ќе се одлучите за професионално отпечатен албум или ќе си го создадете самите, добро е да имате физички фотографии со коишто ќе експериментирате“, предлага Hannah. „Користам печатач од серијата PIXMA TS7450 на Canon и воодушевена сум од едноставноста и ефикасноста на процесот, а отпечатените фотографии се со одличен квалитет. Можете да печатите фотографии со или без рабови коишто ќе изгледаат одлично и во двата случаи. Ако ги поставувам фотографиите на бели страници, претпочитам да печатам без рабови, додека кога користам страници во боја или со текстура, белиот раб околу фотографијата создава ефект на привлечна рамка.

7. Експериментирајте со повеќе видови фотохартија за да ја најдете омилената

Свадбени фотографии и пакувања хартија за печатење од Canon поставени на маса.

При бирањето хартија за свадбените фотографии, Hannah советува: „ Сјаната, полусјајната, фотохартијата со текстура и мат фотохартијата изгледаат различно и оставаат различен впечаток, па убаво е да пробате повеќе опции. За да го добиете најдобриот квалитет на печатење, важно е да ги прилагодите поставките на печатачот во зависност од хартијата што ја користите.“

Hannah предлага да ги отпечатите фотографиите на различни видови фотохартија и да ја одберете онаа што ви се допаѓа најмногу.

„Ми се допаѓа што можам да испробувам различни видови фотохартија кога печатам фотографии“, вели таа. „Сјајната, полусјајната, фотохартијата со текстура и мат фотохартијата се достапни во различни големини со коишто можете експериментирате за да утврдите кој тип на хартија ви одговара. Омилена ми е полусјајната хартија бидејќи со неа се создаваат прекрасни фотографии со професионален квалитет и без многу сјај. И сјајната хартија дава одлични резултати, особено кај страниците коишто се преполни со голем број шарени фотографии, бидејќи овозможува истакнување на контрастот и сатурацијата. Мат хартијата има посуптилен, придушен израз.“

„Убавината на печатењето свои фотографии е во комбинирањето на различните видови хартија во зависност од сликите или страниците.“

8. Составете сценарио за го осмислите распоредот на фотографиите

Свадбени фотографии поставени пред отворен лаптоп, а зад нив жена разгледува штотуку отпечатена фотографија.

„За да ги утврдите точната големина и распоред на фотографиите за вашиот албум, започнете со печатење на мали формати, а потоа преминете на печатење поголеми примероци доколку има потреба“, вели Hannah. „Ќе заштедите време и пари.“

„За постепено да ја развиете и раскажете целата приказна, препорачливо е да составите еден вид сценарио за филм“, објаснува Hannah. „Започнете со централните фотографии и оние што сте сигурни дека сакате да ги вклучите, а потоа додадете ги воведните фотографии и распоредете ги сите фотографии во временска линија. Ова ќе ви овозможи визуелна референца на целата приказна и ќе ги избегнете можните пропусти во раскажувањето. На овој начин ќе утврдите и дали албумот е добро балансиран, на пример, дали сте додале премногу фотографии од гостите коишто држат говори, а недоволно спонтани фотографии од гостите.“

9. Пристапете му на печатењето професионално

Слика на којашто е прикажан портрет во комбинација со поле со темно портокалова боја во коешто пишува: Најдобриот ден во животот.

„Внимавајте при отсекувањето на сликата кога големината на хартијата не соодветствува со соодносот на сликата. Со Easy-PhotoPrint Editor од Canon можете да ја повлечете сликата во прегледот пред печатење за да го најдете најдобриот распоред“, вели Hannah.

Лице гледа свадбени фотографии на лаптоп, а истовремено држи фотографија од свадбата во раката. На бирото околу лаптопот има уште неколку отпечатени фотографии.

„Алатката Auto Photo Fix во Easy-PhotoPrint Editor од Canon може да го подобри квалитетот на печатењето“, вели Hannah. „Отпечатете две верзии, една со поправки и една без поправки, и одберете ја онаа што повеќе ви се допаѓа. Најдобро е да не правите поправки на сликите коишто биле внимателно уредени од страна на професионален фотограф за свадби.“

„Многу ми се допаѓа апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon“, со воодушевување вели Hannah. „Ја користам при осмислувањето на страниците кога сакам да отпечатам повеќе фотографии на една страница фотохартија, чиишто димензии може да бидат на пример 10x8 инчи или A4-формат, и којашто потоа можам да ја залепам директно на страница од албум. Особено ми користи кога го планирам распоредот на поединечна страница и сакам да видам како ќе се совпадне со соседната страница.

„Печатењето повеќе помали слики на една страница ви заштедува време и труд бидејќи не мора да се мачите да ги подредите прецизно кога ги лепите во албумот“, продолжува. „Апликацијата и софтверот Easy-PhotoPrint Editor од Canon нудат голем број на готови шаблони од коишто можете да бирате. На крајот, копирајте го распоредот во алатките за дизајн на некоја од компаниите за онлајн печатење за да го создадете крајниот свадбен фотоалбум. А отпечатените фотографии не мора да ги фрлите. Можете да ги зачувате или да им ги подарите на роднините и пријателите, па и да им ги врамите за да го комплетирате гестот.

10. Постигнете поголем ефект со креативност

Две раце распоредуваат четири воведни слики на страница наспроти страница со две поголеми фотографии од ентериерот на свадбата.

„За да ги залепите фотографиите во албумот, можете да користите декоративни лепливи ленти или да изберете од големата палета обични и декоративни рабови“, вели Hannah. „Како алтернативна опција и за елегантен изглед, можете да користите и двострана лента. Кога експериментирате со распоредот на сликите, можете да користите декоративна лента за привремено да ги прицврстите фотографиите, а потоа да ја одлепите без да ги оштетите.“

„Може многу да се зборува за создавањето свој сопствен свадбен албум со фотографии отпечатени во домашни услови“, заклучува Hannah. „Најдобро е да изберете албум со релативно голем формат, на пример со страници со димензии од 12x12 инчи, со што ќе можете да комбинирате големи и мали слики. Самостојната изработка на свадбениот албум ви дава можност да вклучите различни елементи, како покани, посебни и рачно напишани пораки, суво цвеќе, програмата за свадбата и разни други спомени.“

„Накрај, самите можете да создадете целосно персонализиран свадбен албум со фотографии со врвен квалитет којшто ќе остане во спомен и на следните генерации. Ќе се забавувате додека го изработувате и е неверојатно економичен во споредба со останатите аспекти од свадбата.“

Напишано од Matthew Richards

Слични производи

  • EOS R6

    Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат.
  • RF 15-35mm F2.8L IS USM

    Серијата L се одликува со извонредно широк агол и неверојатна острина благодарение на оптичкиот квалитет и стабилизацијата на слика со 5 чекори за динамички агли дури и во тесни простори

Слични статии

Снимете ги и отпечатете ги спомените од вашата свадба

Дознајте зошто Zoemini S2 и печатачот Canon Zoemini се совршените додатоци за свадби.

Објаснување на видовите на хартија

Истражете ги различните видови на хартии од Canon со овој практичен водич за купување.

Како да уредувате битни фотографии

Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

Најдобри печатачи од Canon за фотографии

Без разлика дали сакате да ги изложите вашите фотографии во рамка, во колаж со фотографии или на налепница, пронајдете го најдобриот печатач за вашите креативни потреби.