Внесете свесност и присутност во креативното пишување дневници

Авторката и илустраторка Kia Marie Hunt го опишува креативното пишување дневници како начин за креативно изразување, но и за подобрување на психолошкото здравје.
Слика од некој како пишува во тетратка чиишто страници се исполнети со слики и налепници.

Запишувањето на мислите во дневник може да биде инспиративно креативно ослободување, но и одличен начин за изразување на чувствата. Дури и 20 минути во денот поминати во пишување дневник можат да ви го подобрат расположението, особено бидејќи знаете дека пишувате само за себе. А знаете што е најдоброто? Секој може да пишува дневник. Нема правила, само хартијата пред вас којашто ве чека да ѝ раскажете како се чувствувате преку зборови, цртежи, колажи или преку печатење на вашите фотографии.

Писателката, илустраторка и авторка на дневници Kia Marie Hunt е креатор на серијата дневници со активности за деца „My Awesome Year“. Таа има и своја продавница за материјали на веб-страницата „Etsy“ каде што секој месец создава нови прибори за изработка на дневници за нејзината заедница на вљубеници во дневниците којашто секојдневно расте.

За Kia, ова е начин на креативно изразување којшто го користи целиот свој живот. „Мислев дека сум започнала да се занимавам со креативно пишување дневници за да ги зачувам сеќавањата од патувањата во Уругвај и Бразил“, вели таа. „Но неодамна пронајдов еден куп рачно направени дневници од детството. Очигледно е дека отсекогаш сум сакала да пишувам дневници, само требаше одново да ја откријам љубовта кон пишувањето.“

Пишувањето дневници е и добар начин да се запознаете себеси, вели Kia, којашто има 15.700 следбеници на нејзината страница на Instagram @kia.creates, а ја води и страницата @inspiringjournals. „Освен што е катарзична активност, пишувањето дневници ви дава и чувство на слобода бидејќи претставува простор за искрено изразување, без никакви очекувања и ограничувања. Учите за себе секогаш кога создавате“, вели таа.

1. Пронајдете го својот стил на пишување дневници

Слика од некој како држи отворен дневник со шарени цртежи и налепници пред преполна полица.

„Смислата на создавањето дневници е да го снимите и да го зачувате моментот за еден ден да можете да се присетите“, вели Kia, „но и да уживате во сегашноста.“

Жена пишува на розово-бела компјутерска тастатура.

„Процесот на пишување дневници е како личниот отпечаток од прстите, уникатен за секој човек и не постои правилен метод до којшто треба да се придржувате“, вели Kia. „За мене пишувањето дневници започнува со внесување боја на страницата, најчесто преку декорации коишто се специфични за темата. Посветувам многу време на печатање фотографии, бирање налепници и декоративни самолепливи ленти“, објаснува таа.

Без разлика дали стилот ви е минималистички и прецизен или сакате шарени бои, изразувајте се слободно и имајте предвид дека резултатот може да биде различен при секое отворање на дневникот.

„Страницата ја довршувам со додавање цртежи и налепници“, вели Kia. „Не завршувам пред да ја исполнам целата страница бидејќи така ми се допаѓа најмногу. Сакам да го искористам целиот слободен простор, но секако дека тоа не важи за сите.“

2. Изберете тема

Слика снимена одозгора прикажува организирана работна маса на жена на којашто се гледаат ролни декоративна лента до отворен дневник.
Слика од некој којшто одлепува налепница за да ја залепи во дневник.

Има многу начини на пишување дневник, како на пример запишување на соништата, внесување по една реченица дневно, пишување писма што нема да ги испратите, така што можете да експериментирате или, пак, да имате посебна тетратка за секој метод.

„Постојат најразлични подзаедници за создавање дневници“, вели Kia. Правењето листи може да биде доста уреден и минималистички начин на пишување преку којшто можете да се фокусирате на планирање на деновите, неделите или месеците и следење на текот на навиките и целите. Можете да го користите дневникот и како споменар и да лепите во него сѐ што ќе ви дојде при рака, како на пример летоци, билети, тантела, конци, ленти, хартија, ткаенини и буквално сѐ што сакате.

Дневник во којшто секојдневно би изразувале благодарност може да внесе позитивна енергија во вашиот живот. „Ова е начин да ги забележите нештата поради коишто сте благодарни, без разлика на нивната големина“, вели Kia. „Иако звучи едноставно, ваквиот начин на размислување може да ви го промени животот.“

„До омилениот начин на пишување дневници најлесно ќе дојдете со експериментирање“, додава таа. „Пробувајте различни варијанти и не ограничувајте се бидејќи нема потреба да се придржувате до една категорија. Разноликоста е интересна.“

3. Бидете креативни при печатењето

Жена во фустан со сончогледи држи материјал отпечатен со нејзиниот печатач PIXMA.

„Го обожавам високиот квалитет на отпечатените материјали што ми го нуди печатачот од серијата PIXMA TS5350 на Canon. Се чувствувам исполнето кога ги печатам, изработувам, а потоа ги користам своите дизајни на налепници при создавањето дневници“, вели Kia.

Човек го држи Zoemini од Canon додека печати фотографии.

Материјалите со димензии од 2x3 инчи отпечатени со помош на Zoemini од Canon одлично се вклопуваат во дневник, а отпечатени се на самолеплива хартија поради што нема да ви биде потребен лепак.

Создавачите на дневници и други хартиени изработки можат да ги користат домашните печатачи за да создадат безброј нови креативни материјали за своите дневници исто како Kia со нејзиниот печатач од серијата PIXMA TS5350 на Canon.

„Понекогаш го создавам дизајнот дигитално со Adobe® Illustrator®* и го испраќам директно до печатачот преку безжична мрежа. Во други случаи, пак, дизајнирам рачно и го користам PIXMA за да го скенирам дизајнот пред да започнам со уредувањето. Огромно е задоволството кога ќе видите како дизајнот на налепница преминува од идеја во физичка форма.“

„Обожавам да додавам фотографии на страниците во дневникот“, вели таа. „Најпрво внесував фотографии од патувањата или деновите поминати во природа за да ги зачувам сеќавањата од патувањата, но сега печатам сѐ почесто и снимам најразлични моменти, како на пример цвеќињата што ќе ги забележам на прошетките или сончевата светлина во студиото во дадена прилика.“

Kia го користи печатачот со Bluetooth и џебна големина Zoemini од Canon за создавање на инстант налепници со димензии од 2x3 инчи коишто ги лепи во дневниците, а се поврзува едноставно, преку паметен телефон.

„Супер е што можам да снимам фотографии со телефонот, да им додадам филтер преку апликацијата Canon Mini Print, веднаш да ги испратам до Zoemini од Canon, а потоа да ги отпечатам директно на самолеплива хартија. На овој начин, во процесот се внесува преубаво чувство на синергија бидејќи можам да снимам момент и веднаш да го додадам во дневникот.“

Апликацијата Canon Mini Print нуди голем избор на прилагодливи налепници, рамки и фонтови за текст со коишто можете да експериментирате за да ги персонализирате сликите пред да ги отпечатите.

4. Создадете свој уникат

Слика од некој како става печат на пополнета страница од дневник.
Жена го фотографира својот отворен дневник со PowerShot G7 X Mark III од Canon.

„Го користам PowerShot G7 X Mark III од Canon за да снимам делчиња од процесот на создавање дневник, како и да ги фотографирам завршените страници“, вели Kia. „Можам да се поврзам со телефонот преку безжична мрежа и лесно да ги префрлам сликите и видеоснимките. Потоа ги уредувам фотографите или видеоснимките на телефонот и можам да ја споделам содржината од дневникот со заедницата уште истиот ден.“

Можете да ја користите апликацијата Canon Mini Print, којашто е компатибилна со Zoemini од Canon и Zoemini S од Canon, за да ги прикажете вашиот темперамент и расположение со помош на рамки, филтри, цртежи итн. Но Kia не користи само налепници и фотографии, туку го гради дневникот со секакви материјали коишто смета дека можат да ѝ бидат од корист.

„Сакам да ја создавам текстурата со додавање на отпечатени материјали како свиткани страници или пликоа. Страниците изгледаат убаво кога ќе внесете интерактивни елементи“, вели таа. „Имам еден дневник којшто го користам само во октомври и којшто е наменет за предизвикот за Ноќта на вештерките којшто го организирам секоја година. Има богата текстура со скинати страници коишто се накапени со чај и полни со тантела, восочни печати и страшни печатени материјали, а сето тоа е споено со конец.“

Има безброј начини за ослободување на креативноста, а сликите, персонализираните налепници и прекрасниот ракопис на Kia му даваат личен печат на нејзиниот дневник.

„Штом го украсам дневникот, земам пенкало и почнувам да пишувам. Не размислувам многу. Пишувам слободно и го исполнувам просторот со зборовите коишто ми текнуваат во моментот. Не размислувајте премногу и не оптоварувајте се ако изгледа неуредно или правите правописни грешки бидејќи тоа не е важно.“

„Особено ми е важно да можам да го споделам креативниот процес и завршените дневници со мојата заедница на социјалните медиуми бидејќи таму се поврзувам со останатите луѓе коишто го имаат истиот интерес“, вели Kia.

Убавината на пишувањето дневници е во личниот процес. Ви треба само тетратка за да создадете магија.

Напишано од Lorna Dockerill

*Adobe и Illustrator се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.

Слични производи

Слични статии

Документирање проект

Документирајте 100 дена од личен проект со Canon Zoemini 2 и пакет со 100 листови фотохартија.

Направете си свои фиџети

Фиџетите изработени од хартија се забавни за играње и ги смируваат возбудените умови.

Најдобрите преносливи печатачи од Canon

Истражете ја палетата на компактни печатачи од Canon за да дознаете кој е најсоодветен за вас.

Патнички дневник како на професионалец

Претворете ги сликите од одморите направени со Canon Zoemini S2 во уникатен креативен дневник.