Апликацијата Creative Park ќе ви понуди инспирација и забава со часови, независно од вашата возраст и вештини за изработка на модели. Благодарение на огромниот избор на проекти за изработка на модели, вклучувајќи забавни начини за персонализирање на вашите предмети, модели за изработка, па дури и игри во кои може да уживате, ќе пронајдете нешто што може да правите во домот, независно дали сами или заедно со семејството или пријателите. Апликацијата Creative Park нуди едноставен начин за пристапување до вашите идеи и нивно печатење директно од вашиот мобилен телефон. Достапна е и за iOS и за Android, во повеќе јазици. За да започнете треба само да ја преземете апликацијата од App Store или Google Play. Ќе ви кажеме пет од нашите омилени работи што можеби не ги знаете за апликацијата Creative Park, како и неколку совети за почеток.
Апликацијата Creative Park е потполно бесплатна! Треба само да ја преземете во вашиот паметен уред. Првиот пат кога ќе ја активирате апликацијата, таа треба автоматски да ве пренесе на веб-страницата за завршување на едноставниот процес за регистрација на Canon ID, а може да се регистрирате (или да се најавите доколку веќе имате Canon ID) ако одите во горната десна картичка на менито и допрете Confirm/Create Canon ID (Потврди/создади Canon ID).
За да печатите од апликацијата Creative Park ќе треба да поврзете компатибилен инк-џет печатач PIXMA од Canon - погледнете ја листата на поддржани модели на печатачи*. За да го поврзете вашиот печатач, одете во десната картичка на менито и изберете „Add Printer“ (Додај печатач) во „Settings“ (Поставки).