Децата, исто како и возрасните, обожуваат да ја изразат својата креативност и личност во своето опкружување. Кога сте млади, вашата спална соба претставува повеќе од просторија во која заспивате на крајот на долг ден. Таму пишувате домашно, таму си играте, таму преспиваат вашите пријатели – тоа е ваш личен мал универзум. Дали има подобар начин да го направите тој простор навистина ваш отколку да изработите нешто што го сакате? Поради Creative Park од Canon, печатач PIXMA, хартија и ножици, никогаш не било поедноставно.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Создадете спална соба со мотиви од диносауруси со хартиени украси што може да се рециклираат
Изберете тема
Има многу начини за приспособување на украсите за детска спална соба – како што се завеси или постелнини со текстура и насликани мурали или врамени отпечатени материјали. Но, понекогаш е тешко да останете во чекор со интересите на децата, кои постојано се менуваат. Во еден миг се заинтересирани за вселената и астронаути, во друг за пирати и потоа, пред да трепнете, за диносауруси. Пребојувањето и купувањето нови постелнини или уметнички дела може да е скапо, но, сега можете да ја преуредите собата на вашето дете на праисториски и подостапен начин.
Зошто да не пробате хартиени украси? Кога интересите на вашето дете ќе се сменат, едноставно можете да ги рециклирате украсите и да направите уште. На веб-сајтот и апликацијата Creative Park од Canon има илјадници бесплатни шаблони, вклучувајќи и секакви идеи за хартиени модели наменети за деца, но надежните палеонтолози ќе бидат особено возбудени кога ќе ги видат достапните дизајни од диносауруси. Изберете маска за цела глава, како на птеранодон или трицератопс, или хартиен модел од апатосаурус. А ако вашите деца сакаат да ја изработат совршената релјефна картичка како подарок за роденден на нивен пријател, зошто да не создадете картичка со тирекс? Chee-Chiu Lee и неговите синови Elon (7) и Okkie (11) испробаа неколку дизајни од веб-сајтот.
Подгответе се да создадете ѕидна уметност со диносауруси
Една од најголемите предности на изработувањето хартиени модели од диносауруси е тоа што не ви е потребна нова или комплицирана опрема. Проверете ги упатствата за секој шаблон – за некои може да се потребни дополнителни материјали, како што се конци, ластици, лепило или боички – но, општо, ќе ви бидат потребни:
- Печатач PIXMA од Canon, како што е серијата PIXMA TS5350a.
- Апликацијата Creative Park (или веб-сајтот) од Canon.
- Се препорачува мат фотохартија од Canon, особено за посветли дизајни со повеќе детали, но, каква било хартија за печатење во A4-формат е соодветна за поедноставни дизајни.
- Ножици – безбедносни ножици се најсоодветни за помладите изработувачи на модели.
Изберете украси во форма на диносауруси
Штом ги соберете потребните алатки, време е да изберете дизајни од Creative Park од Canon, да ги преземете шаблоните и да ги отпечатите со печатач PIXMA. Има огромен избор од дизајни – почнувајќи од сладок автомобил од хартија којшто ќе им се допадне на помалите деца, па сè до постери на кои е прикажан тирекс со оголени големи и страшни заби што многу ќе им се допаѓаат на постарите деца кои се љубители на крволочните ѕверови. На единаесетгодишниот Okkie, изработката на модели му беше особено интересна – „особено начинот на кој хартиените рабови работат заедно за да создадат магија во 3D!“ - додава Chee.
Разговарањето за тоа што да се одбере е одличен начин да започнете разговор со вашите деца за различни видови диносауруси, за тоа кои им се допаѓаат и зошто. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од нив!
Поради оваа активност, децата можат на креативен начин да размислуваат за боите. Можеби би сакале да изберат своја комбинација на бои или да ги збогатат боите кои веќе ги имаат на ѕидовите и завесите. Можете да ја искористите оваа прилика за да разговарате за тркалото во боја и дека спротивните бои, како на пример сина и портокалова, изгледаат добро заедно. Иако сме склони кон тоа да размислуваме дека диносаурусите биле обоени со одредени бои, научниците не знаат точно која боја биле. Creative Park нуди нацрти од слики кои децата можат да ги обојат и да ја ослободат својата креативност. Кој би го одбил можното постоење на светкав диносаурус во сите бои на виножитото?
Ако вашите деца не одбиваат можност за автопортрет, можете да отпечатите комплет фото-реквизити од периодот Јура, да ги натерате да позираат и да создадете свои разиграни праисториски портрети коишто можат да ги изложат на ѕидовите или на табла со белешки.
CANON CLUB
Целото семејство може заедно да изработува модели
Секој шаблон доаѓа со упатства коишто ве водат чекор по чекор и можете да ги отпечатите и да ги гледате како што напредувате, со оценка со ѕвездички за да го прикаже нивото на тежина, како и информации за приближното време потребно за изработување. Некои дизајни се полесни за склопување од други, што значи дека има нешто за секого – почнувајќи од деца кои само што тргнале во училиште, до деца на предтинејџерска возраст, па сè до баби и дедовци. „Нешто во врска со избирањето и печатењето на диносаурусите ги натера момчињата да се чувствуваат дека изработуваат нешто од почеток“ - вели Chee.
Дозволете им на вашите деца независно да се справат со поедноставните шаблони, како што е слаткиот оригами трицератопс или лесен мини-диносаурус, а вие можете да им помогнете со потешките, како што е 3D-стегосаурусот. Лесно е да приспособите различни дизајни на нивото на вештина на вашите деца. "Okkie беше доволно умешен за некои комплицирани шаблони и за да спои сè" - вели Chee.
Некои од моделите, како што се подвижната хартиена кукла од тираносаурус и стегосаурусот со напојување од ластици, имаат подвижни делови кои вмешуваат инженерство и физика во образовниот процес.
Украсете ја собата и споделете ги вашите креации
Прашајте ги вашите деца како замислуваат да ги изложат своите хартиени модели од диносауруси во најдобро светло. Можеби би сакале да создадат ѕидна галерија од интересни отпечатени диносауруси? Заедно би можеле да испланирате каде секој од нив би изгледал најдобро. Можеби направиле многу модели од диносауруси или создале своја мини-диорама од диносауруси. Тие изгледаат фантастично наредени на полица, на биро, или на комода, за децата да можат лесно да ги грабнат кога сакаат да си играат. „На момчињата им беше интересно да ги стават диносаурусите во саксиите“ - вели Chee.
Следниот пат кога надвор ќе истура дожд или барате идеи за нешто што можете да го правите во попладневните часови за време на викендот, нема потреба да трошите пари на скапи активности. Оваа активност за изработување хартиени модели од диносауруси, освен што е забавна, исто така им овозможува на вашите деца да развијат секакви вештини, како што се креативност, концентрација, следење упатства и тимска работа. Ќе бидат пресреќни кога ќе ги видат резултатите – уникатна спална соба или простор за играње за кој со гордост можат да кажат дека го направиле свој. А кога ќе им се сменат вкусовите, повторно упатете се кон Creative Park од Canon за да откриете уште повеќе хартиени шаблони за дизајни што се поврзуваат со нивниот следен интерес.
Никогаш немало подобар начин да ја украсите спалната соба на вашето дете на достапен начин отколку со праисториските модели од хартија од Creative Park од Canon. Штом завршите, сликајте и споделете ја фотографијата со хаш-ознаката #MadeWithPixma за да ги инспирирате другите заинтересирани да се обидат. Сега, само треба да одлучите кој диносаурус ќе го оживеете!
Слични производи
-
Печатачи за во домот
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a -
Печатачи за во домот
PIXMA TS7450a Series
Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија. -
Печатачи MegaTank
PIXMA G3420
Сè-во-еден уред за голем обем на печатење со мали трошоци и Wi-Fi што нуди постојана сигурност и импресивна креативна флексибилност -
Инк-џет печатачи
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.