Како дел од нашиот PIXMA-предизвик за изработување модели од хартија, им дадовме задача на изработувачите на модели и семејствата да создадат прекрасни модели од хартија за различни прилики во текот на годината.
Сега е редот на илустраторката Emma Howcutt-Kelly, нејзината сопруга Clare и нивниот млад син. Што е мисијата на семејството? Да користи печатач PIXMA и шаблони од Creative Park од Canon за изработување игри, украси и реквизити за летен пикник.
Предизвик за изработување модели од хартија 2: летен пикник
Предизвик 2: летен пикник
Пикник со модели од хартија е забавна активност за време на летен одмор. Можете еден ден да ги правите хартиените елементи и вкусни закуски, а следниот ден да уживате во резултатите од напорната работа во паркот.
Без оглед на тоа дали сте во својата градина или во локален парк, пикник е одличен начин максимално да ги искористите подолгите летни денови. А, со тоа што нуди сѐ, почнувајќи од убави менија до голем избор на разнобојни знамиња, како и стотици други летни дизајни, Creative Park од Canon може да ви пружи навистина уникатно искуство.
Создавање свои летни украси, исто така, е достапен начин на којшто можете да внесете повеќе возбуда во ден поминат надвор за вашите деца, како и да додадете елемент на изработување во кој ќе уживаат. За разлика од пластиката од која се изработени многу детски украси и играчки, можете да ги рециклирате хартиените креации по изработувањето - или да ги задржите за идни настани.
При работењето со летната тема, Emma и Clare мораа да размислат за тоа како би изгледал пикник за нивното младо семејство. Emma ужива во тоа да биде креативна и неодамна започна мал бизнис како илустратор, но, нивниот син е сѐ уште премногу мал за понапредните шаблони од Creative Park, поради што мораа да најдат дизајни соодветни за сите возрасти.
„Решивме да направиме мала кутија за фотоапарат за да му биде забавно - а тоа беше совршеното место за чување слатки“, објаснува Emma. „Има проекти од Creative Park за сите нивоа на вештина и резултатите ве тераат да мислите 'Да, јас го направив ова!'“
Еве како можете да направите свои хартиени игри и украси за пикник.
Запознајте го креаторот
Ќе ви треба
- Апликацијата (или веб-сајтот) Creative Park.
- Печатач Canon PIXMA, како што е серијата PIXMA TS5350a
- Мат фотохартија од Canon
- Ножици
- Линијар (за повлекување на линии за превиткување)
- Лепило, пиштол за лепило, самолепливи точки
- Чепкалки за заби и сламки
Избирање летни шаблони
Emma и Clare решија да направат голем избор на додатоци и украси за пикник, како и игри и играчки со кои нивниот мал син може да си игра.
Големиот број шаблони на Creative Park значи дека има некои што се соодветни за најмалите, како и посложени опции за возрасни, што значи дека сите во вашето семејство или групата пријатели може да се вклучат.
Clare уживаше во палетата на шаблони на Creative Park и ја опиша како добро организирана и дека е лесно да го најдете тоа што го барате. „Неколку часа со задоволство ги прелистував сите проекти“, вели таа.
По пребарување на веб-сајтот Creative Park, Emma и Clare решија да го започнат предизвикот со шаблоните за кутија за фотоапарат, круна, сладолед и хартиен авион - но, имате избор од уште стотици шаблони ако овие не се по ваш вкус. Дали вашите дечиња се заинтересирани за диносауруси или фиџети, на пример? Тогаш, зошто да не направите возбудлив пикник со некоја тема?
Исто така, Creative Park го означува можното време за изработка на секој шаблон, поради што можете да ја испланирате сесијата за изработување модели од хартија и да гарантирате дека на помалите деца нема да им е здодевно.
„Избравме елементи што го направија пикникот многу убав и уникатен“, вели Clare за нивниот избор.
Печатење и сечење на шаблоните
Emma и Clare поврзаа паметен телефон со нивниот печатач PIXMA и ги отпечатија шаблоните директно од апликацијата Creative Park. Исто така, можете да ја користите веб-верзијата на Creative Park. „Сметавме дека е многу практично. Не ви треба многу опрема за да ги оживеете креациите, а печатењето е брзо“, вели Emma.
Emma смета дека изработувањето на шаблоните за пикник е забавна и трпелива активност. „Морате да се концентрирате за случајно да не пресечете делчиња, но бев толку фокусирана што не можев да мислам на ништо друго“, вели таа.
Кога ќе изберете шаблони, може да печатите директно од вашиот паметен телефон преку веб-сајтот или апликацијата Creative Park и печатач од Canon како што е серијата PIXMA TS5350a.
Откако ќе ги отпечатите шаблоните, време е да започнете со сечење - можете да користите скалпел и даска за сечење за посложени дизајни, или, пак, ножици.
Градење на хартиените украси
Семејството смета дека пиштолот за лепило е практичен за посложените делови, но препорачуваат лепило или самолепливи точки за деца.
Врвните совети на Clare се да ја обележите хартијата и да бидете внимателни. „Нема потреба од брзање и ќе ви делува терапевтски!“ додава Emma.
Запомнете да ги обележите линиите со линијар пред да ги превиткате и залепите, бидејќи тоа ќе ја подобри формата на завршените шаблони. Emma вели дека ова беше најкомплицираниот дел од изработувањето на украсите. „Треба да го направите тоа пред да ги составите елементите бидејќи препорачаната хартија е мошне дебела“, вели таа. „Откако ќе го направите тоа, полесно е да се залепи сѐ заедно“.
Исто така, добра идеја е да ги изработите моделите еден ден пред пикникот за лепилото да има време да се исуши.
Организирање на летен пикник
Emma и Clare направија многу игри и играчки за нивниот син, вклучувајќи и кутија за фотоапарат, која воедно претставуваше забавна играчка и практично место за чување слатки.
На семејството многу му се допаднаа хартиените креации за пикник и изработија повеќе од потребното бидејќи се занесоа при изработувањето. Можете да ги употребите вашите дизајни за роденденски забави или како реквизити за игри за деца.
Откако ќе ги подготвите сите летни украси, време е да го подготвите пикникот, без оглед на тоа дали ставате ќебе во дворот или го посетувате најблискиот парк. Можете да направите и пикник во затворена просторија ако временските услови се несоодветни или немате пристап до градина - поставете го ќебето на подот во вашата дневна соба и внесете го сонцето со тоа што ќе ги репродуцирате вашите омилени летни песни.
Emma и Clare најдоа голем број реквизити за кабини за фотографирање за пикник на Creative Park за да ја направат приликата позабавна. Можете да најдете и реквизити за кабини за фотографирање за роденденски забави, спортови, Ноќта на вештерките или Божиќ.
Семејството, исто така, направи игра со бинго за да го поминат времето надвор на сонце. Можете да направите и нешто посложено, без шаблон, како хартиен модел од змеј.
Откако го заврши предизвикот, Clare вели дека дефинитивно повторно би сакала да изработува модели од хартија. „Многу ми се допаѓа тоа што може да се изработуваат нешта за секое годишно време. Има многу работи поврзани со Божиќ, а кога ќе имаме време, би сакале да започнеме некој покомплициран проект како што е минијатурната пекарница или многуаголните животни“.
Освен тоа што претставуваат забавна активност за изработување, играчките и додатоците од хартија се подобри за животната средина од пластиката, а притоа се релативно евтини за изградба и полесно е да се фрлат кога, неизбежно, ќе им здодеат на децата. Мат фотохартијата од Canon може да се рециклира покрај редовното рециклирање на хартија/картички - меѓутоа, тоа може да не важи ако ги украсувате дизајните со други материјали или користите лепило (секогаш проверувајте ги локалните насоки за рециклирање).
„Пластиката е секаде“, продолжува Clare, „особено кога станува збор за децата. Повеќе би сакала да користам нешто што може да се рециклира“.
Чекајте го нашиот следен предизвик, поврзан со есенска роденденска забава. Во меѓувреме, видете што друго можете да изработите со шаблоните од Creative Park и не заборавајте да ги споделите вашите креации со хаш-ознаката #MadeWithPixma. Можете да најдете многу инспирација на нашата страница на Pinterest. Со среќа!
CANON CLUB
Слични производи
-
Печатачи за во домот | Серија PIXMA TS5350a
PIXMA TS5350a (црна боја)
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a -
Инк-џет печатачи
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.
Слични статии
Самите направете кабина за фотографирање Canon Zoemini
Со само Canon Zoemini S2 и апликацијата Mini Print, направете ја вашата следна забава позабавна со спомени во стил на кабина за фотографирање.
Отпечатете и изработете фудбалска игра
Забавувајте се на свој начин со спортски игри изработени од хартија што можете сами да ги изработите и играте.
Направете украси од диносауруси со Creative Park
Украсете ја детската соба на вашето дете на достапен начин со праисториски модели од хартија.
Есенва, внесете ја радоста во домот
Откријте како дизајнерот и изработувачот Pippa Hiscock создаде забавни и персонализирани роденденски украси од хартија.