КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Создајте домашна семејна потрага по богатство
Откријте како може да го користите вашиот печатач PIXMA и малку фантазија за да создадете возбудлива авантура.
ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Сите сакаат да се забавуваат! Кога сте млади, поважните настани и специјалните датуми ви се најважни - родендени, Божиќ, положени испити, крајот на училишната година - листата е голема. Организирањето настани може да биде многу напорно: купувањето подароци, планирањето игри и забава и организирањето пијалаци и закуски честопати одзема толку многу време што едвај останува време за подготовка за украсите.
Меѓутоа, со апликацијата Canon Creative Park ќе добиете решенија по достапна цена што ќе ви заштедат драгоцено време и ќе ги задоволат дури и најголемите потреби за подготовка на забавата. И апликацијата и веб-страницата Creative Park се исполнети со стилски и модерни дизајни на шаблони, почнувајќи од украсни написи и торбички за роденденски забави па сè до реквизити за кабини за фотографирање и подлоги за правилно поставување на приборот за јадење. Тие нудат забавни, светли и разнобојни дизајни за да можат сите да пронајдат по нешто, независно од возраста.
За да започнете треба само да ја преземете апликацијата од App Store или Google Play. Сè што ви треба е Canon ID и поддржан печатач од Canon.
Апликацијата Creative Park е вашето сè-во-едно решение за украси за забава. Ако сте нов корисник, тогаш одете во категоријата „Party“ (Забава) во картичката „Featured“ (Популарни) што содржи сè што ви е потребно, почнувајќи од украсни написи, торбички и кутии па сè до шаблони за шапки за забава и картички со имиња. Ако не можете да го пронајдете тоа што ви е потребно или сакате повеќе опции, тогаш погледнете го делот „Letters/Cards“ (Писма/честитки) во картичката „Category“ (Категорија) за да пронајдете повеќе дизајни за покани и писма. Во картичката „Featured“ (Популарни) е достапна и категорија „Birthday“ (Роденден) за роденденски честитки и украси.
Со апликацијата Creative Park може да направите тематска забава по ваша желба. Зошто не направите забава со тропска тема за да се потсетите на летото со ботанички покани и подлоги за правилно поставување на приборот за јадење и кутии за подароци во форма на лубеница или ананас? Направете светли реквизити за кабини за фотографирање и разнобојни ѓердани во интересни форми и забавата може да почне. Или, пак, може да изберете тема за принцези со мали круни во ментол зелена боја, украси со розови дијаманти и кутии за подароци во разни бои.
Мат фотохартијата MP-101 A4 од Canon е идеален материјал за изработка на модели и висококвалитетни украси.
Една од големите придобивки што ги нуди апликацијата Creative Park е тоа што повеќето шаблони можат да се приспособат и може да им додавате ваши слики или текст. Откако ќе го преземете шаблонот, може да увезете слики во апликацијата што ќе ги снимите со паметниот уред и да ја искористите функцијата „Additional text“ (Дополнителен текст) за да напишете порака по ваша желба. Децата можат да уредуваат и дизајнираат шаблони по сопствен избор за само неколку минути, а потоа да се поврзат безжично со компатибилен печатач Canon PIXMA кога нивните дизајни ќе бидат подготвени за печатење.
Шаблоните се подредени во категории, а инстинктивниот дизајн ќе ви овозможи лесно да го пронајдете делот што го барате. Откако ќе најдете шаблон што ви се допаѓа може да кликнете на ѕвездичката за да го префрлите во менито „Favourites“ (Омилени) или да кликнете на картичката „Edit“ (Уреди) за да го преземете. Исто така, сите шаблони содржат јасни инструкции за изработка. Кликнувајте „Save“ (Зачувај) на вашите проекти (зачуваните елементи ќе се префрлат во менито „Your Items“ (Ваши елементи)) и кога ќе бидете подготвени притиснете „Print“ (Печати).
Напишано од Claire Gillo
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиКРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Откријте како може да го користите вашиот печатач PIXMA и малку фантазија за да создадете возбудлива авантура.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Сезонски идеи за забавни и страшни украси, костуми, слатки подароци и многу повеќе.
ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Откријте како дизајнерот и изработувачот Pippa Hiscock создаде забавни и персонализирани роденденски украси од хартија.