Како да снимите креативни фотографии од забави

Лесни совети и техники за неверојатни фотографии од забави и настани.
Група пријатели позираат со прскалки, се смеат завртени кон фотоапаратот, а нивните лица се осветлени од прскалките. © AdobeStock

Една од најдобрите работи за празничната сезона се забавите и настаните на кои се собираат пријателите или семејството за да се забавуваат, танцуваат, релаксираат и разговараат. Ако креативно ги фоторафирате славеничките насмевки, блескавите светла и неверојатното танцување, ќе создадете спомени што ќе ги цените засекогаш.

Со овие корисни совети и техники, не само што ќе добиете одлични снимки што сите ќе ги засакаат и ќе ги споделат, туку и ќе добиете слики од вашите специјални моменти во најдобро светло што можете да ги отпечатите и чувате.

1. Изберете ги најдобрите поставки на фотоапаратот за фотографирање забави

Семејство е собрано околу торта за 65-ти роденден во слабо осветлена соба, снимено со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM.

Ако сакате да снимите групни фотографии во ситуации при слаба осветленост, избирање помала брзина на бленда ќе го изложи сензорот на фотоапаратот на светлина подолго време. Фотографирано со Canon EOS R100 и објектив Canon RF 16mm F2.8 STM со избрани 1/60 сек., f/3,5 и ISO 1600.

Без оглед на тоа дали сте надвор или во затворена просторија, на забава често има субјекти во движење, поради што е важно да се уверите дека вашиот фотоапарат е поставен на најдобрите поставки за фотографирање забави.

За да ги доловите брзите движења на подиум без блиц, мора да се уверите дека брзината на блендата е доволно голема. Режимот на приоритет на бленда (Tv) ви овозможува да ја наведете брзината на блендата, а фотоапаратот ја избира решетката и вредноста на ISO за слика со точна експозиција. Минимална брзина на блендата од околу 1/160 или 1/250 сек. е најдобра за движење, но побрзите движења може да значат дека ќе ви треба брзина од 1/1000 сек. Ако сте во рачен режим (M), уверете се дека решетката е релативно широко отворена (мал f-број) за да ја компензирате побрзата бленда. Започнете со автоматски вредности на ISO, но ако сликата е премногу темна, поставете умерена или висока вредност на ISO, како што е ISO 3200 или ISO 6400.

Ако забавата е собир со седење, режимот на приоритет на решетка (Av) ви овозможува да изберете длабочина на поле. Во помирни опкружувања, можете да ги процените вашите поставки на фотоапаратот врз основа на достапната светлина. На пример, бленда од 1/80 сек. е соодветна за портрети со бавно движење или групни фотографии - ќе овозможи повеќе светлина да допре до сензорот, што ви дава слобода со вредностите на решетката и ISO.

2. Обидете се со неочекувано фотографирање

Четворица луѓе на забава танцуваат слободно, косите им се лелеат додека се движат, а низ чад, зад нив се гледа DJ.

Подолг објектив ви овозможува да доловите неочекувани снимки од вашите пријатели на подиумот. Широка решетка значи дека не ви треба блиц, дури и кога фотографирате во затворена просторија. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со избрани 1/160 сек. и f/1,4. © AdobeStock

Сликите со позирање си имаат свое место, но ако сакате да доловувате природни изрази на радост на забава, неочекуваното снимање е вистинскиот избор.

Објектив со зум, како Canon RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM, ќе ви помогне да опфатите подалечни објекти во кадарот и ќе ви овозможи да фотографирате без да биде премногу очигледно дека фотоапаратот ви е насочен кон некој човек конкретно. Овој објектив има и стабилизација на слика со 4 чекори, што ќе ви помогне да го елиминирате заматувањето од вашите снимки кога фотографирате рачно.

Наместо да го користите блицот на фотоапаратот кога фотографирате неочекувано, подобро е да користите широка решетка и умерена до висока вредност на ISO за субјектите да останат остри и фокусирани. На овој начин, блицот нема да ги вознемири вашите субјекти и ќе биде задржано природно чувство. Од истата причина, треба да го исклучите светлото за помош при AF на фотоапаратот.

Снимете неочекувани фотографии со тоа што ќе поставите фотоапарат на далечина, како што е Canon PowerShot PX, којшто интелигентно и автоматски составува и снима фотографии и видеозаписи. Бидејќи пречи помалку од традиционален фотоапарат, ви овозможува да продолжите со забавувањето.

3. Дознајте како да доловите заматување во преден план и заднина

Слика одблиску од запалени свеќички на торта, пламенчињата се заматени, а во заднина има големи и кружни ефекти на дефокусирање.

Објектив со широка максимална решетка, како што е Canon RF 50mm F1.8 STM, може да ја претвори заднината во прекрасно и кремасто заматување. Снимено со Canon EOS R6 и објектив Canon RF 50mm F1.8 STM со избрани 1/40 сек., f/1,8 и ISO 100.

Слабо осветлен портрет од жена наспроти заднина од впечатливо бело и сино кружно дефокусирање.

Заматувањето во преден план и заднина е идеално за вашиот субјект да се истакне и за вашите фотографии да изгледаат амбиентално.

Без оглед на тоа дали станува збор за море од блескави светла закачени на елката, или најобична свеќа, празничниот период е полн со убави светла што, со точните поставки, може да се претворат во прекрасни и сјајни глобуси во заднината на вашите слики. Јапонскиот збор „bokeh“ се користи за да се опишат естетските особини на овие дефокусирани светли тонови.

Ефектот најлесно се постигнува кога најшироката решетка е поставена на објективот. Ова резултира со многу мала длабочина на полето, што ви овозможува да бидете многу селективни со фокусирањето, за вашиот субјект да се истакнува наспроти заматена заднина. Идеален објектив за ова е Canon RF 50mm F1.8 STM, којшто се одликува со неверојатно широка максимална решетка f/1,8. Но, пријатни заматени светли тонови може да добиете и со користење на помали решетки, како f/5.6. Засилете го ефектот со зголемување на растојанието помеѓу објектот и заднината или со приближување до вашиот објект.

4. Намалете ја брзината на блендата за да произведете заматено движење

Намерно заматена снимка од тапанар додека свири.

Еден од начините за прилагодување на целосната експозиција на сликата е менување на брзината на блендата на вашиот фотоапарат. Промените можат да се искористат и на креативен начин, овозможувајќи ви да го контролирате нивото (или отсуството) на заматување на движења во вашите слики.

Иако поголемите брзини на блендата ќе ви овозможат да снимите остри фотографии од објектите во движење, алтернативен пристап е да користите многу помала брзина на блендата за да создадете движење во сцената со статични објекти.

Поставете брзина на блендата од приближно 1/10 сек. или 1/20 сек., доколку фотографирате рачно и проверете дали статичниот (или релативно статичниот) субјект јасно се гледа во сцената. Корисно е ако вашиот објектив има вградена оптичка стабилизација на слика (IS), како Canon RF 35mm F1.8 MACRO IS STM, бидејќи ова ќе ја одржи острината на вашите слики при помали брзини на блендата. Некои фотоапарати, како што се Canon EOS R7 и EOS R6 Mark II имаат вградена стабилизација на слика (IBIS). Ова физички го поместува сензорот на фотоапаратот за да компензирате за какво било движење кога не фотографирате од фиксна положба (како со статив). Овој тип стабилизација на слика ќе функционира со секој објектив.

Доколку користите статив, ќе можете да користите многу помали брзини на блендата за да го постигнете овој ефект. Активирајте ја блендата со користење на жично или безжично далечинско активирање, апликацијата Canon Camera Connect или на режимот за тајмер за снимател.

5. Доловувајте траги од светлина на подиумот за танцување

Млада жена на забава ги фрла рацете зад себе среде разнобојни траги од светлина.

Долгите експозиции се идеални за претворање на обични сцени во магични слики. © Tetra Images/Getty Images

Со контролирање на тоа кога фотоапаратот го активира блицот за време на експозицијата, можете да доловите разнобојни траги од светлина кои ја пренесуваат атмосферата на забавата на креативен начин, додека објектот останува остар. Изберете мала брзина на блендата од приближно една секунда и изберете помеѓу режимот за синхронизација со прва или со втора завеса во менито со опции за блицот на фотоапаратот.

Синхронизацијата со прва завеса е зададена опција на повеќето фотоапарати. Таа го активира блицот на почетокот од експозицијата и снима секакво заматување пред објектот. Синхронизацијата со втора завеса го активира блицот на крајот од експозицијата, снимајќи траги од светлина и други детали зад објектот.

6. Осветлете ги вашите фотографии од забави со блиц

Насмеано семејство позира на кауч пред златен транспарент на надувување на кој пишува „Среќен роденден“ во фотографија од забава снимена со Speedlite EL-100 од Canon.

Користење блиц за рефлектирање светлина од ѕидови и тавани помага при создавање природни фотографии од забави. Фотографирано со Canon EOS 800D и објектив Canon EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM и Speedlite EL-100 од Canon со избрани 20 mm, 1/200 сек., f/5,6 и ISO 400.

Доколку користите блиц, поставете го на таков начин што ќе ги истакнува субјектите. Доколку користите блиц Speedlite, наместо да го насочите директно кон тоа што се обидувате да го доловите, насочете го кон таванот за светлината да се одбива кон објектите. Ова не само што ќе создаде поприродно осветлување, туку и на вашите објекти ќе им биде поудобно.

Speedlite EL-100 од Canon може да се врти и хоризонтално и вертикално, што ви овозможува да го изберете совршениот агол за одбивање. Исто така, се одликува и со автоматски режим, што ќе ги избере најдобрите поставки за вас врз основа на вашето опкружување, па можете да се фокусирате на фотографирањето.

Друг начин да добиете извонредни резултати од вашиот блиц е да користите капаче за распрскување на светлината или мал уред за меко осветлување врз главата на блицот. Ова ќе ја распространи и омекне светлината од блицот, овозможувајќи ви да добиете поприродни тонови на кожата додека го замрзнувате движењето.

7. Фокусирање на помалите детали

Две круни со скапоцени камења, една помала и една поголема, наспроти заднина со големи и кружни ефекти на дефокусирање.

Централни украси за маса, украси на ѕидовите или лампиони што висат од елка се одлични субјекти за амбиентални фотографии од забави. Фотографирано со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 135mm F1.8L IS USM, со избрани 1/5 сек., f/5,6 и ISO 400.

Не заборавајте дека фотографиите од забави не мора секогаш да бидат исполнети со луѓе. Фокусирањето на помалите детали може ефективно да ја долови приликата, а и расположението.

Ако не можете доволно да се приближите до субјектот со објективот што го користите, размислете за објектив со макро способности, како што е Canon RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM (во режим MF) или Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM. Во меѓувреме, релативно широка опција, како Canon RF 35mm f/1.8 MACRO IS STM ќе ви овозможи да се доближите, а притоа ќе ви овозможи да доловите поголем дел од опкружувањето за да дадете контекст.

8. Снимајте повеќе експозиции

Некои фотоапарати со EOS R-систем како што се Canon EOS R10 и Canon EOS R8, нудат режим за повеќе експозиции. Ова снима повеќе фотографии и ги преклопува за уметнички ефект. Бидејќи сето ова се одвива во фотоапаратот, нема потреба од софтвер за уредување.

Има четири режими за повеќе експозиции кои можете да ги изберете врз основа на вашето осветлување и крајниот резултат што го сакате, иако можете да изберете да фотографирате со „Просечна“ контрола на експозиција, за фотоапаратот да ја пресмета точната конечна експозиција во ваше име. Можете да изберете и да фотографирате само две експозиции или да наслојувате повеќе различни снимки за неверојатно надреален резултат.

9. Играјте си со перспективата

Група луѓе што одат на забава се навалуваат нанапред за заедно да држат прскалки. Фотографијата е снимена на висина на прскалките и гледа нагоре кон лицата на луѓето.

Приближување до субјектите во преден план, како украси или прскалки, ви овозможува да создадете заматување на заднината. © AdobeStock

Направете ги вашите фотографии од забави поинтересни визуелно со тоа што ќе користите перспектива на креативен начин. Ова може да биде многу едноставно, почнувајќи од движење на фотоапаратот пониско или повисоко, но не плашете се од екстремна вертикалност и снимајте нагоре од подот, или надолу од таванот за птичја перспектива. Фотографирањето од високи или ниски агли е лесно кога користите фотоапарат како што е Canon EOS R50, којшто се одликува со екран со променлив агол кој може целосно да се заврти. Одличен е и за забавни автопортрети.

Различно обликувајте ги кадрите со врати, прозорци или балустради на скали и побарајте сјајни површини или вода за да ги доловите одразите на забавата, или за да се вметнете себеси во снимката на креативен начин.

Материјали што ја менуваат светлината може да ја променат естетиката на вашите слики - фотографирајте низ проѕирни течности, како пијалаци, за да доловите прекршена светлина, којашто ги изобличува големината и пропорциите. Фотографирање низ матирано стакло или стакло со текстура може да создаде впечатлив заматен ефект.

Играјте си со овие техники, забавувајте се и не грижете се ако не успее - експериментирањето е најважно.

Напишано од Matt Golowczynski и Peter Wolinski

Слични производи

Слични написи

10 совети за фотографирање огномети

Опрема, техники и композиција - најдобри совети за фотографирање огномети.

Совети за снимање видео навечер

Зачекорете во потполно нов свет на креативност со нашиот водич за снимање видео навечер.

Зошто и како да користите блиц

Пет начини да ги поправите вашите фотографии со блиц.

Како да создадете прекрасно заматување

Следете ги овие совети и трикови за да добиете прекрасно заматување на вашите заднини.