Печатењето и изложувањето спомени од семејството, пријателите и миленичињата е прекрасен начин да создадете прекрасни уметнички дела од вашата животна приказна, да додадете карактер на вашиот дом и да се опкружите со среќни спомени. За фотографот на семејни портрети и амбасадор на Canon од Лондон, Helen Bartlett, семејните фотографирања се можност навистина да се изрази зад објективот - но печатењето и изложувањето на овие слики може да биде подеднакво креативен процес.
„Една од огромните придобивки на печатењето е што ви останува физички предмет што може да го задржите, што нема да исчезне ако заборавите да му направите резервна копија или ако некоја датотека се оштети,“ вели Helen. „Тоа е нешто што вие и вашите деца може да го допрете и да го зачувате. Мислам дека печатењето слики е од клучно значење за врежувањето на сликите во вашата меморија.“
Овде, Helen ги споделува нејзините совети за печатење, врамување и поставување на вашите омилени фотографии низ вашиот дом.
Најдобри совети за изложување семејни фотографии
1. Печатете слики што ве радуваат
Има огромен број опции за печатење и прикажување на вашите слики, а најдобро е што не мора да размислувате за фотографирањето на друг начин, вели Helen.
„Не размислувајте за тоа дека фотографиите ќе ги отпечатите, бидејќи тогаш веќе почнувате да си поставувате пречки,“ објаснува таа. „Отпечатете ги фотографиите што ви носат радост, а ако тие не се технички совршени, тоа и не е толку важно. Поважно е да ги имате моментите што ви предизвикуваат среќа на вашиот ѕид.“
Ако планирате да ги отпечатите сликите во големи димензии, важно е да користите соодветен фотоапарат. Точките мастило што печатачите за фотографии ги оставаат на хартијата не се во сооднос еден-на-еден со пикселите на сликата, но добро правило е да имате најмалку 300 пиксели на инч за квалитетно отпечатени фотографии од 300 dpi. Тоа значи дека за печатење во A3 формат (16,54x11,69 инчи) ќе ви биде потребна слика со најмалку 4.962x3.507 пиксели, односно 17 MP. Воглавно, повисокиот број пиксели овозможува печатење фотографии со поголем квалитет.
„Ако знаете дека ќе печатите нешто големо, користете го најдобриот фотоапарат што ви е на располагање бидејќи тоа ќе ви понуди најдобри можности за зголемување и најдобар квалитет,“ вели Helen. Не заборавајте да го поставите на највисоките поставки за квалитет. „Обидете се да фотографирате кога осветлувањето е добро, бидејќи лошото осветлување е позабележливо во отпечатените материјали.“
2. Размислете за изложбениот простор
Без разлика каде сакате да ги изложите отпечатените фотографии, изберете бои што се вклопуваат во декорот, а размислете и за просторот околу нив. „Ви треба рамка што ќе одговара на вашиот дом,“ објаснува Helen. „Јас сакам едноставна црна или бела рамка, оној стил што може да се види во фотографските галерии - нешто едноставно и безвременско. За простории со топли тонови, рамка од дабово дрво би била одличен избор, но за голема и светла модерна просторија, црна или бела рамка може да биде подобар избор.“
Портретите на Helen најчесто се црно-бели, што создава безвременски изглед во домовите на нејзините клиенти - нешто што може да го сторите и вие ако сакате да направите комбинација на семејни фотографии од различни генерации. „Мислам дека семејните фотографии особено добро изгледаат во црно-бело бидејќи на тој начин добивате долговечност и навистина е убаво да се комбинираат отпечатените фотографии од повеќе генерации на ѕидот. Црно-белите фотографии од сегашно време одлично се надополнуваат со црно-белите слики од младоста на вашите родители, баби и дедовци.“
Важно е да се земе предвид и опкружувањето во кое ќе бидат изложени отпечатените фотографии и на што би биле изложени со текот на времето за да може да изберете соодветен материјал. Палетата фотохартии од Canon вклучува производи за различни намени со различни завршни обработки. Сјајната фотохартија за секојдневна употреба GP-501 од Canon е достапна хартија за општа намена за печатење фотографии со фотолабораториски квалитет - идеална за повеќето простории во домот. Меѓутоа, ако сакате да ги изложувате вашите отпечатени фотографии во простории со висока влажност, како што се бањите, можеби е најдобро да посетите специјалист за печатење кој ќе ги отпечати вашите слики на акрилична хартија.
3. Направете ги вашите отпечатени фотографии уникатни
Големите отпечатени фотографии може да изгледаат прекрасно во вашиот дом, но може да биде корисно да размислите за нивната големина пред да ги отпечатите. „Мора да ја изберете вистинската слика, бидејќи нема сите слики да изгледаат добро во толкава големина,“ вели Helen. „Потоа добра идеја е да земете неколку весници и да ги закачите на ѕидот, бидејќи инаку е многу тешко да си претставите како ќе изгледа сликата во голем формат. Се работи за избирање на правилната големина за дадениот простор и тоа преку мерење и поставување предмети во тој простор.“
Фотографиите што се доволно впечатливи за печатење во голем формат се оние што го вклучуваат опкружувањето околу субјектот, објаснува Helen. „Тоа навистина добро функционира со впечатливите слики. Најчесто, сликите што ги продавам во најголем формат се оние во кои околу субјектот е видлива архитектура, опкружувањето или шума. Така се добива чувство на уметничко дело.“
Користењето печатач како imagePROGRAF PRO-300 од Canon ви овозможува да печатите со професионален квалитет во удобноста на вашиот дом. Helen го користи печатачот imagePROGRAF PRO-1000 од Canon за своите деловни потреби. Овој модел со Wi-Fi нуди можност за печатење без рабови и е идеален за печатење црно-бели слики благодарение на неговото мат црно мастило, кое испорачува длабоки темни тонови за извонредни уметнички фотографии. За неверојатна црно-бела завршна обработка, користете го вашиот печатач од Canon со хартија Pro Premium Matte PM-101 од Canon, која е дизајнирана за прекрасно истакнување на топлите бели и сиви тонови во формати од A4 до A2.
4. Бидете креативни со галеријата и распоредите на решетките
Кога изложувате голем број отпечатени фотографии, ѕидовите и полиците како во галерија може да ги направат ходниците и скалите повпечатливи. Ако печатите помали формати, може да отпечатите висококвалитетни материјали во вашиот дом со помош на вашиот печатач PIXMA од Canon. PIXMA G540 од Canon може да печати од уредите со Wi-Fi и печати извонредни живописни материјали со големина до A4 и по ниска цена.
Helen истакнува дека придобивката од изложбените ѕидови е тоа што може да додавате или да ги менувате сликите на нив кога сакате. „Многу е лесно да ги менувате или заменувате сликите, така што галеријата еволуира со текот на времето, како што тоа го прават и семејствата. Имам клиент со одличен изложбен ѕид во кујната. Почна со три отпечатени фотографии, потоа шест, потоа девет, потоа 12 - а мислам дека сега се 16. Со системот на решетка, многу лесно може да ја надградувате збирката секоја година,“ вели таа.
„Гледајте на тоа како на можност да додавате нови работи во иднината. Затоа, ако имате едно малечко бебе и го исполните целиот ѕид со фотографии кога тоа е на шест месечна возраст, нема да имате место за кога ќе порасне или кога вашето семејство ќе се прошири. Овозможете си одредена флексибилност.“
5. Експериментирајте со и без рамки
Фотографиите не мора секогаш да бидат врамени. За разлика од професионалните портрети што можеби ќе сакате да ги изложите и да ги заштитите, кога печатите уникатни фотографии од вашето семејство, можеби едноставно сакате да ги изложите така што ќе бидете опкружени со омилените семејни моменти. „,Многу сакам неврамени отпечатени фотографии. Ги редам по полиците и ги лепам на фрижидерот,“ вели Helen. „Сум видела како клиентите прават неверојатни нешта со жици и мали штипки. Многу ми се допаѓа идејата дека сликите си имаат некој свој живот и откако ќе бидат снимени, може да се користат на различни начини.
„Отпечатените фотографии одлично се вклопуваат во спалните соби на тинејџерите бидејќи може да ги лепите една до друга за да правите колажи или да ги поврзувате со жица,“ додава таа. „Тоа може да биде постојано растечка галерија со неврамени отпечатени фотографии бидејќи нема да се чувствувате како тие да се премногу скапи.“
Може да го користите и мобилниот печатач SELPHY Square QX10 од Canon и да ги прикачите отпечатените фотографии за да ги прикажете. Печатењето на вашите омилени моменти и нивното изложување во домот е одличен начин да го подобрите вашето расположение, како и да ги зачувате семејните спомени.
Напишано од Lorna Dockerill
Adobe и Photoshop се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.
Слични производи
-
PIXMA G540
Печатач со една функција и шест резервоари за мастило базирани на боја коишто може да се дополнуваат, што овозможува печатење на голем обем висококвалитетни фотографии во боја со екстремно ниски трошоци. -
imagePROGRAF PRO-300
Професионален печатач imagePROGRAF за на работна маса што нуди печатени материјали во формат A3+ со квалитет како за во галерија и со едноставен работен процес за сигурно печатење. -
SELPHY SQUARE QX10
Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.