Користењето на однапред поставениот параметар „вештачка светлина“ за баланс на белата боја во DPP на Canon, или рачното поставување на ниска температура на бои, додава ладна сина боја врз сликите снимени под природна светлина.
Фотографиите со пејзажи се идеални за креативно печатење. Без разлика дали сакате да ги пренесете живописните бои на зајдисонцето врз сјајна хартија или сакате да отпечатите црно-бели материјали од типот фина уметност, ако самите го правите процесот, тогаш значи дека и сами ќе ги контролирате сите негови чекори.
Ако печатите во големи формати, тогаш ќе можете да ги видите сите детали што сте ги доловиле во вашите пејзажи, а печатачите за формати со големина A3+ како што е PIXMA iP8750 од Canon ќе ви овозможат многу лесно да го правите тоа во домот. Благодарение на технологијата за глава за печатење FINE што нуди резолуција до 9600 dpi и напредниот систем на мастила во 6 бои (вклучувајќи и сиво мастило) што печати фотографии со извонредни бои и црно-бели фотографии, PIXMA iP8750 од Canon може да создава различни видови на уметнички дела што може да се закачат на ѕид.
Фотографирањето во RAW-формат ќе ви овозможи максимално да ги искористите можностите на вашиот печатач, нудејќи ви флексибилност за прилагодување на вашите пејзажи откако ќе ги снимите - без да им го намали квалитетот. Со софтверите за обработка на RAW-формати, како што се Digital Photo Professional од Canon (DPP) или Adobe® Lightroom®, може да ја прилагодувате експозицијата, боите и острината на вашите фотографии според избраниот медиум за печатење.