Која е разликата помеѓу EOS R50 и EOS R10

Без разлика дали сакате да ги подобрите вашите содржини на социјалните медиуми или да снимате впечатливи фотографии од патувања, ќе ви помогнеме да одлучите кој фотоапарат е соодветен за вас.
Поделена слика што го прикажува EOS R50 од Canon на маса до материјали за модели од хартија и EOS R10 од Canon на полица.

Револуционерниот систем EOS R без огледало од Canon беше претставен во 2018 година и оттогаш само се надградува. Првите модели со APS-C-сензор во палетата - EOS R7 и EOS R10 - беа претставени во 2022 година и станаа популарни кај фотографите кои сакаа фотоапарат што се одликува со функциите на системот EOS R во покомпактно куќиште.

Техничките иновации продолжија со претставувањето на EOS R50 од Canon, кој се одликува со истиот одличен квалитет на слика и моќност како и EOS R10, но во уште покомпактно и едноставно куќиште за креаторите кои сакаат да го надградат снимањето со паметни телефони и да ги подобрат своите водичи на YouTube или видеа со танцување на TikTok.

Овде се запознаваме со дел од заедничката технологија и клучните разлики помеѓу EOS R50 и EOS R10, благодарение на експертските совети на Mark Kendrick, специјалист за производи на Canon Europe, како и амбасадорот на Canon Martin Bissig, кој го тестираше EOS R10 при своето патување во Шри Ланка.

Снимајте и споделувајте висококвалитетни слики

Маж гледа видеоснимка во апликацијата Camera Connect од Canon на неговиот паметен телефон. До него има чинија со храна, избрани исечкани состојки и EOS R50 од Canon на статив со држач.

И EOS R50 и EOS R10 ви овозможуваат веднаш да ги вчитувате вашите содржини благодарение на беспрекорното поврзување преку Wi-Fi. Bluetooth и апликацијата Canon Camera Connect ви овозможуваат далечински да ги приспособувате поставките на фотоапаратот и да не го прекинувате креативниот процес.

Фотографот Martin Bissig држи фотоапарат EOS R10 од Canon до знак пред железничка станица во Шри Ланка.

Martin ужива во компактната големина на фотоапаратите APS-C како што се EOS R10 и EOS R50. „Луѓето може да се исплашат од голем фотоапарат со прикачен голем објектив“, објаснува тој. „Кога користите помала опрема при патувањето, станувате помалку забележителни“. © Martin Bissig

EOS R50 од Canon и EOS R10 имаат многу сличности. Сензорот за слика со 24,2 MP доловува богати детали и ги нуди сите поволности на форматот APS-C, меѓу кои и фактор на отсекување од 1,6x што ја продолжува ефективната фокусна должина при користењето RF-објективи, како и преносливо куќиште.

Комбинацијата на EOS R10 со малиот и лесен објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM се покажа како особено корисна во Шри Ланка, каде што Martin не сакаше да го привлече вниманието врз себе. „Поради големината на фотоапаратот, секогаш можев да го земам со себе без да се грижам дали ќе треба да понесам и голема торба за фотоапарати,“ вели тој. „Опсегот на зумирање од 18-150 mm (кој е еквивалент на приближно 29-240 mm кај фотоапаратите за целосна слика) ми овозможи да работам многу ефикасно“.

Во срцето на двата фотоапарати е истиот процесор DIGIC X, кој овозможува брзо снимање со одличен одзив. Потоа тука е и софистицираниот систем за автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II – кој може да се најде на професионалните модели како EOS R6 Mark II од Canon – кој може автоматски да ги открива, следи и фокусира луѓето, животните или возилата во сцената. Благодарение на 651 фокусна точка, тие можат да држат чекор со сѐ што сакате да го доловите, од фотографирање акција и диви животни, до презентирање на вашиот канал за готвење на Instagram.

И EOS R10 и EOS R50 се одликуваат со одлични перформанси при слаба осветленост, со вредности до ISO 32000 за фотографии и ISO 12800 за снимање видео, со можност за проширување до ISO 51200 и ISO 25600. Системот за автоматски фокус исто така може да фокусира до -4 EV, приближно еднакво на сцена осветлена од полумесечина.

Разлики во дизајнот

Жена држи EOS R50 од Canon пред своето лице и гледа низ електронскиот визир.

EOS R50 од Canon има малку поинаков дизајн од претходните фотоапарати од EOS R-системот. Благодарение на помалата рачка, тој е компактен, но практичен за рачно снимање. Еден отвор за SD-картичка UHS-I под капачето на батеријата овозможува намалување на вкупната тежина и големина на фотоапаратот.

Жена фотографира чинија со храна со EOS R10 од Canon поставен на статив.

„Предноста на EOS R10 во споредба со EOS R50 е можноста за поголемо приспособување“, објаснува Mark. „Како и можноста да имате повеќе функции на располагање за да може да вршите промени во движење, која е особено корисна при фотографирањето“.

Вистинската разлика помеѓу двата фотоапарати е во нивната големина и дизајнот. EOS R50 од Canon е полесен од EOS R10, со помала рачка, благодарение на ротираниот отвор за батерија. Неговата длабочина изнесува само 68,8 mm и тежи само 375 g со картичка и батерија (наспроти 83,4 mm и 429 g на EOS R10). Без разлика дали ќе го понесете во скејт-парк за да снимате видеа со брза акција или ќе го ставите во чанта и ќе одите на закуска за да снимите фотографии од ново кафуле, се работи за пренослив фотоапарат што може да го понесете секаде.

Распоредот на копчињата исто така се разликува. „EOS R50 е поедноставен, полесен за користење и запознавање, како и поинтуитивен за корисниците на паметни телефони кои се навикнати да користат екран на допир,“ вели Mark.

Кога се работи за режими на фотоапаратот, EOS R50 нуди нов напреден режим A+ како дел од автоматскиот режим за интелигентно откривање на сцени. „Фотоапаратот автоматски снима и спојува повеќе слики во овој режим, така што може да постигнете напредни техники без да мора да учите како да ги изведете, па дури и без да знаете што точно прави фотоапаратот“, додава Mark.

Ако сакате да научите и да ги развиете вашите вештини за фотографирање, имате можност да ги користите рачните поставки, но за голем број почетници кои користат фотоапарати без огледало, автоматските опции им овозможуваат да не губат многу време со поставките, туку да го употребат времето да создадат впечатливи содржини.

Можности за снимање видео

Жена се снима со EOS R50 од Canon поставен на статив со држач. Снимениот материјал се гледа на екранот на лаптоп на масата пред неа.

И двата фотоапарати може да се користат како веб-камери за подобрени видеоповици или проследување, но за EOS R10 е потребен софтверот EOS Webcam Utility, додека EOS R50 автоматски функционира со помош на UVC/UAC.

Жена држи EOS R10 од Canon со статив со држач и прикачен микрофон за да се снима себеси на одмор.

Разновидниот екран на допир со променлив агол од 7,5 cm на двата фотоапарати ви нуди слобода да снимате од секаква позиција, но екранот со повисока резолуција на EOS R50 ви овозможува да ги прегледувате снимките или фотографиите подетално пред да ги префрлите на вашиот телефон.

Кога станува збор за видеосодржините, двата фотоапарати нудат снимање видеозаписи во 4K со 30p, со прекумерно семплирање од 6K, целосно користејќи го сензорот, како и Full HD со 120 fps за снимање видеозаписи со забавени движења. EOS R10 има и дополнителна опција за 4K 60p (со отсекување).

Флексибилноста за видеосодржини е помогната од поврзувањето преку HDMI, заедно со приклучокот за микрофон од 3,5 mm и паметниот приклучок за напојување дополнителна опрема како надворешен микрофон

Можно е да снимате многу подолго од претходно: неограничено на EOS R10 и до еден час на EOS R50, што би требало да биде доволно за да ги снимите вашите тренинзи без да мора да паузирате при вежбањето.

Во споредба со EOS R10, EOS R50 од Canon нуди неколку нови функции за снимање видеозаписи што би биле идеални за снимање клипови со готвење или создавање водичи за шминкање на YouTube.

„EOS R50 се одликува со режим за видеодемонстрации одблиску“, објаснува Mark. „Тој ги приспособува поставките за фокусирање така што ако принесете нешто до фотоапаратот, тој ќе се фокусира на предметот, но штом го спуштите предметот, повторно ќе се фокусира на вашето лице“. Режимот за видеодемонстрации одблиску е идеална функција за снимање видеоснимки со фотоапаратот, од снимањето забавни готвачки демонстрации до споделувањето на вашите омилени техники за цртање.

Друга нова функција е дигиталната стабилизација на слика за видео (IS), која овозможува тресењето на фотоапаратот помалку да влијае на снимките и рачно снимените видеоснимки да останат рамномерни и јасни.

Дали EOS R50 или EOS R10 е подобар за вас?

Слика одблиску од лимон, пресечен на половина. Функцијата за фокусирање со групирање на EOS R50 од Canon обезбедува остар фокус на целата површина на сликата.

EOS R50 има 14 режими за сцени за фотографирање, кои ги приспособуваат поставките според различните субјекти. Фокусирањето со групирање и вградената алатка за спојување повеќе длабочини на поле ви овозможуваат да создавате слики со огромна длабочина на поле, со што може да ги подобрите вашите содржини наменети за социјалните мрежи и да ги забрзате работните процеси. Снимено со EOS R50 од Canon и објектив RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon со избрани 1/400 сек., f/4 и ISO 2000.

Воз излегува од тунел за да помине преку закривен вијадукт, опкружен со густа шума. Снимено од Martin Bissig на EOS R10 од Canon.

EOS R10 веројатно ќе им биде привлечен на фотографите кои сакаат да ги однесат своите слики на повисоко ниво при снимањето на впечатливите доживувања при патувањата или значајните семејни моменти. Снимено со EOS R10 од Canon и објектив RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon со избрани 31 mm, 1/160 сек., f/5 и ISO100. © Martin Bissig

Без разлика дали снимате за вашиот нов канал за фитнес или снимате впечатливи фотографии од патувања, EOS R50 од Canon и EOS R10 се алатки со високи перформанси за снимање фотографии и видеоснимки. Тие се идеалниот чекор за надградба на системот EOS R од вашиот паметен телефон, компактен фотоапарат или DSLR-фотоапарат, особено бидејќи ви овозможуваат да ја користите побрзата, поквалитетна палета на објективи RF и RF-S за уште повеќе да ги проширите вашите креативни можности и гледишта.

EOS R10 е идеалниот фотоапарат за ентузијастите кои сакаат да снимаат неверојатни фотографии при патувањата или да ги фотографираат свадбите на своите пријатели без да се справуваат со тежината на системите за целосна слика. Тој нуди напредни функции и високо ниво на контрола, благодарение на приспособливите копчиња, вртливи копчиња и режими.

Меѓутоа, EOS R50 е најдобриот основен модел од системот EOS R од Canon, кој ви нуди сѐ што ви е потребно за да снимате, фотографирате и да ги споделувате вашите хобија и интереси. За родените креатори на содржини, тој нуди врвен квалитет на слика, но е и едноставен за поставување и користење веднаш по отпакувањето, а се одликува и со компактен дизајн што нема да ве забави.



Напишано од Lauren Scott

Слични производи

  • EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • EOS R10

    Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C.
  • RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM

    Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори.

Слични статии

Создавање содржини со EOS R50

Усовршете ги вашите социјални медиуми со Canon EOS R50.

Како да почнете да фотографирате

Дали сакате да преминете од паметен телефон на фотоапарат? Нашиот водич за фотографирање за почетници ви нуди сè што ви е потребно за да започнете.

Обиколка на Севиља со EOS R10

Блогерката Diana Millos открива зошто овој креативен фотоапарат е совршен придружник за патување.

Како да изберете објектив

Сѐ што треба да знаете за објективи, почнувајќи од видови на објективи до функции што треба да ги барате.