Домашните миленичиња знаат да бидат многу слатки – многумина од нас честопати посегнуваме по фотоапаратот за да ги доловиме нивните лудории, смешни изрази и чудни навики. Предизвикот е во тоа што повеќето животни се целосно незаинтересирани да се сликаат. Всушност, некои суштества ќе направат сè во рамките на нивните можности да ве исфрустрираат и да ве надмудрат. Така што, ќе ви треба по некој трик за да им го привлечете вниманието. Комбинацијата од фотографските вештини, триковите при позирањето и џебот полн со вкусни награди треба да ви даде предност во битката на волјите.
Следете ги советите подолу за да снимате одлични фотографии од миленичињата и прочитајте до крајот за да ги видите советите за создавање персонализиран колаж за миленичиња.
Документирајте го животот на вашите миленичиња благодарение на советите за фотографирање миленичиња
Избор на опкружување и позиција на миленичето
Миленичињата се дел од семејството, така што треба да се фотографираат со истата грижа и внимание. Може да биде потребно повеќе убедување за да останат на истото место или да останат во истата поза, па затоа при рака имајте неколку грицки, играчки или, идеално, помошник кој ќе ви помогне да го извлечете максимумот од фотосесијата.
Без разлика дали фотографирате миленичиња во домот или на отворено, опкружувањето во кое ќе го фотографирате вашето милениче прави голема разлика. За опуштени портрети, изберете го местото на кое вашето милениче обично сака да одмора. Како алтернатива, изберете ја локацијата на која сакате да ја снимите фотографијата и обидете се да го поттикнете миленичето да застане во саканата позиција со помош на неговите омилени грицки или играчки. Кучињата полесно позираат од мачките, бидејќи не е потребно многу време за да ги заинтересирате. Кратко свиркање, прашање како „каде е мачката?“ или каков било смешен звук најчесто ќе им го привлече вниманието. Додека го шетате кучето, обрнете внимание на местата што би биле прекрасна заднина за портретот на вашето милениче.
Сите животни си имаат свој карактер, но објективно кажано, мачките обично помалку излегуваат во пресрет. Еве неколку совети за фотографирање мачки.
Клучот е во трпението, а можно е да почекате подолго време додека се опушти мачката. Обидете се да ги сместите во една позиција, како на пример некоја удобна фотелја или столче (можете дури да го донесете и нивното креветче). Земете ја нивната омилена играчка или пак садот за храна во рака и нежно тропнете на него над објективот за да го привлечете вниманието на мачката. Ако ве игнорираат, тогаш треба да бидете подготвени да го смените пристапот - на крајот на краиштата, ако индиферентноста е дел од нивниот карактер, тогаш зошто да не го доловите тоа во фотографијата?
Божиќ е совршениот период за да направите портрет од вашето омилено домашно милениче. Сликата од вашата мачка, куче или ’рчко како позираат во празнична облека можете да ја претворите во забавна домашно отпечатена честитка или пак да ја врамите како подарок.
Новогодишната елка е совршена заднина за божиќните портрети на вашите миленици. Таа ви дава нагласени бои, како и светли површини. Реквизитите како што се дедомразовските капи и шалови исто така може да изгледаат одлично, сè додека вашето милениче сака да ги носи. За идеално фотографирање, изберете просторија со големи прозори. Природната светлина е идеална за портрети на домашни миленичиња бидејќи меко и нежно ги пополнува сенките, додека користењето на блиц може да го исплаши животното. Поставете го миленичето завртено кон прозорецот, со новогодишната елка и светилките зад него.
Поставки на фотоапаратот за фотографирање домашни миленичиња
Поставувањето на ISO на Автоматски значи дека тоа ќе се адаптира на условите - во светла просторија со многу светлина од прозорците, вредноста на ISO би требало да се движи помеѓу 800-1600. При овие опсези, фотоапарат со високи перформанси при слаба осветленост ќе ви овозможи да снимате фотографии со релативно низок шум. Ако вашиот објектив се одликува со стабилизација, тогаш најдобро е да ја вклучите и неа.
Брзината на блендата треба да остане доволно брза за да го долови случувањето. Идеално поставување би било 1/200 сек. доколку животните се прилично мирни, но ќе ви треба поголема брзина доколку многу мрдаат. Исто така, препорачуваме широка решетка, бидејќи ова ќе го издвои објектот од заднината и ќе создаде убаво дефокусирање.
Изберете поставување на експозицијата кое ќе можете да го поставите и да го заборавите, бидејќи ќе ве ослободи да се сконцентрирате на позирањето и кадарот. Наједноставниот начин да го направите ова е да го поставите фотоапаратот во режим за рачна експозиција (M).
Кога фотографирате животно со темно или црно крзно, можно е сликите да ви изгледаат премногу светло. Спротивното може да се случи ако фотографирате бели или бледи животни, при што сликите ќе изгледаат премногу темно. Ако се премногу светли, користете ја функцијата за компензација на експозицијата на вашиот фотоапарат за да ја затемните експозицијата и снимете уште една фотографија. Ако животното изгледа потемно отколку што треба да биде, користете ја компензацијата на експозиција за да ја осветлите експозицијата и снимете уште една фотографија.
Остри фотографии од вашите миленичиња
Фокусирањето може да биде еден од најголемите предизвици во портретите кај домашните миленици, бидејќи треба да фокусирате директно кај очите на животното кое може да ја мрдне главата или да побегне во секој момент.
Сите нови фотоапарати со EOS R-систем, меѓу кои и EOS R100 и EOS R10 имаат режим за автоматски фокус со откривање животни.
Ова значи дека фотоапаратот ќе го следи движењето на животното и ќе го приспособува фокусот за тој да се заклучува на неговите променливи положби. Прецизното фокусирање е од особено значење при фотографирањето одблиску, така што фиксирањето на лицето можно е да не биде доволно. Наместо тоа, обидете се да се префрлите на AF на очи на животни, ако вашиот фотоапарат ја нуди таа опција, или, пак, во една фокусна точка, а потоа насочете ја на окото што е поблиску до фотоапаратот.
Креативни портрети на миленичиња
Сите техники што добро функционираат за снимање портрети на луѓе може да се применат и на портретите на животни. Фотографирајте во меко осветлување, фокусирајте се на очите на животното (или на окото што е поблиску до фотоапаратот, ако главата на животното е под агол) и проверете дали има некакви пречки во заднината. Потрудете се да се спуштите на нивото на очите на животното за да снимите поинтимни фотографии.
Поставете го фотоапаратот во режимот на приоритет на решетка (Av), бидејќи тој ќе ви овозможи поголема контрола врз степенот на острина на заднината. Обично најдобро е да користите широка решетка за портретите на вашите домашни миленици, бидејќи ова значи дека фотографиите ќе имаат мала длабочина на полето, а заднината ќе биде заматена.
Покрај дефокусирањето на заднината, можете да го дефокусирате и предниот план.
Користењето на поголема фокусна должина исто така го зголемува заматувањето, така што зачекорете наназад и зумирајте со објективот.
За да направите празнични портрети на миленичињата, држете ги новогодишните светилки пред објективот и пронајдете отвор низ којшто ќе можете да фотографирате. Под вистинскиот агол, ова може да резултира со прекрасни дефокусирани светли површини кои го опкружуваат објектот и додаваат дополнителен елемент на длабочина на сцената.
Снимање фотографии од домашни миленичиња во движење
За да ги фотографирате вашите миленичиња во движење, ќе треба соодветно да го поставите вашиот фотоапарат. Ако сте нови во областа на фотографирањето, користете го режимот за спорт за фотоапаратот да продолжи да фокусира додека животното се движи, што ќе ги ви подобри шансите да снимите остра слика.
Ако сте запознати со режимот за приоритет на бленда (Tv), користете го за да поставите голема брзина на блендата за да ги замрзнете движењата. Изберете Servo/AI Servo AF во поставките за фокусирање на вашиот фотоапарат, така што тој ќе може да ги следи движењата на вашето домашно милениче. Двапати проверете дали фотоапаратот го открил вистинскиот субјект.
Ако фотографирате куче кое е добро обучено да враќа фрлени предмети, фрлете играчка во далечината за да може да го фотографирате кучето додека трча назад кон фотоапаратот.
Ќе ви биде многу забавно додека се обидувате да ја доловите совршената фотографија – дури и ако вашето милениче не е секогаш расположено да соработува. Без разлика дали се обидувате да снимите животински портрет за Божиќ или за кој било друг период од годината, тоа е секогаш одлична можност да ја вежбате вашата техника и да ги подобрите вашите фотографски вештини.
Сега, откако снимивте фотографии од вашите миленичиња, дознајте како може да создадете ваш персонализиран колаж со нивните фотографии.
Колаж за миленичиња - направете сами
Отпечатените фотографии заслужуваат свој дом, а колажот е одличен начин да ги овековечите скапоцените спомени од вашето милениче на едно место.
Еве неколку начини на кои може лесно да создадете креативен и персонализиран колаж:
• Прво, многу е важно да ги изберете вистинските фотографии. Ако имате доволно фотографии, може да создадете споменар за миленичето во кој ќе има фотографии од вашиот крзнен пријател од вашите први денови заедно, па до денес. Може да ги отсечете овие слики во различни формати (хоризонтални, вертикални и квадратни) за да внесете разновидност во колажот. Може да ги организирате сликите според локацијата, па дури и според бојата – замислете тематски есенски дел исполнет со забавни слики од вашето кутре кое си игра во лисја.
•Апликацијата SELPHY Photo Layout (SPLA) е одлична за додавање забава во вашите слики отпечатени со SELPHY CP1500 или Canon SELPHY QX20 Со додавање украси како што се балончиња за говор и преклопувања, може да ја доловите личноста на вашето милениче. Користете ги рабовите со простор за текст на хартијата за налепници за Canon SELPHY QX20 за да напишете нешто за омилените активности на вашето милениче или за означување на специјалните моменти – како на пример првото возење во автомобил на францускиот булдог Fredo или првото трчање во тркалце на ’рчкото Clarissa. (Преслатко.)
•Canon SELPHY QX20 овозможува лесно печатење на висококвалитетни слики во различни формати со имагинативни распореди. Тој се одликува со 2 големини на хартија. Но, може да користите колаж за да внесете разновидност во големините (така што ќе преклопите некои елементи врз други во разни соодноси) или да ја користите SPLA за да создавате колажи со помали слики што ќе може да ги исечете во помали налепници. Со SELPHY CP1500, на располагање ви се уште повеќе опции со три различни големини на налепници: квадратна, со големина на картичка и мини налепници. Има огромен број опции за големина што ви нудат слобода да создадете прекрасни колажи од емотивните портрети на вашето милениче.
• Во поглед на распоредот, ви препорачуваме да го пополните празниот простор со забавни акценти како што се лентата од украсна хартија, отпечатоците од шепи, а може да оставите и простор за рачно напишани белешки што ќе раскажуваат кратки приказни за секоја фотографија.
Има многу можности за зачувување на спомените од миленичињата, а креативните одлуки може да ги донесете само вие.
Слични статии
Најдобри совети за фотографирање домашни миленичиња
Снимајте прекрасни фотографии од вашите домашни миленичиња со советите од фотографот за домашни миленичиња Cat Race.
Снимајте моменти без напор
Снимајте ги секојдневните моменти на едноставен начин со Canon PowerShot PX.
Печатење божиќни честитки
Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.
11 совети за семејно фотографирање
Дознајте совети за фотографирање прекрасни семејни портрети од амбасадорката на Canon Helen Bartlett.