На Canon Creative Park има илјадници идеи и шаблони за модели од хартија, почнувајќи од архитектура, па сѐ до сезонски украси. Едноставно изберете шаблон и следете ги упатствата. Но, што ако сакате да се воздигнете на ново ниво? На сцена стапува Zack Mclaughlin, уметник, илустратор и човекот зад Paper & Wood, за да пружи креативна рака.
Zack е долгогодишен љубител на светот на природата, со особен интерес за птици, без оглед дали се работи за набљудување или фотографирање со неговиот Canon EOS 90D. Тој има создадено поставувања за познати стоковни куќи, музеи, па дури и за сер David Attenborough. Zack се истакнува поради вниманието што им го посветува на деталите, а неговиот восхит кон природата блеска во сите негови креации.
За Zack, ентузијаст за птици, е соодветно што го избра овој предизвик за изработување 3D-модели од хартија и што реши да се фокусира на рибарчето.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Откријте го светот на хартиени модели од фина уметност со Canon Creative Park
Започнување
Набљудувањето и подготвувањето треба да биде првиот чекор од секој креативен процес. Zack забележа и фотографираше некои рибарчиња во локалните мочуришта. „Обожавам да излегувам и да ја фотографирам природата, особено во тивките рани утра за да уживам во тој мирен момент“, вели Zack. „Сакам да го внесам тоа чувство внатре“.
Покрај своите слики, Zack често проучува книги и онлајн цртежи за да се подготви за изработување. Откако го избра шаблонот од рибарчето на Canon Creative Park – достапно како апликација за паметен телефон и веб-сајт – го отпечати истиот, како и други слики, за инспирација, со печатачот од серијата Canon PIXMA TS5350a.
За да гарантира совршено печатење, со прецизни бои и граници, Zack следеше брз и лесен процес за одржување на печатачот во поставките, движејќи се низ сите потребни проверки на млазниците. Исто така, тој го префрли режимот на Најдобар квалитет, наместо Нацрт или Стандарден режим. Откако заврши со тоа, беше време да биде креативен.
„Ми се допаѓа предизвикот да се користи материјал како хартија за да се создаде нешто толку прекрасно што постои во природа“, вели Zack. „Можете да направите многу со хартија, како втиснување, а мат фотохартијата од Canon е совршен материјал за тоа. Секоја хартија е малку воздушеста, така што, со применување притисок, оставате вдлабнатина. Луѓето мислат дека хартијата е мошне рамен материјал, поради што е интересно да се направи нешто невообичаено со неа; има многу потенцијал!“
Планирањето и процесот
Се разбира, изработувањето на стандардниот шаблон од рибарче на Canon Creative Park беше мошне едноставно за Zack, но, тој додаде неколку лични детали што ја поткрепија неговата крајна мотивација - да ги оживее неговите хартиени птици.
„Секогаш се стремам кон тоа да ги направам моите модели реални“, објаснува тој. „Магијата е во деталите, можете да ја разберете изработката само ако погледнете многу внимателно“.
Откако Zack ги отпечати рамните елементи и ги исече со скалпел, ги додаде хартиените пердуви пред да ги спои елементите. Со обоена хартија со текстура и тежина од 160 gsm, Zack исече основна форма на лист и го стави меѓу прстот и палецот. Ставајќи ги ножиците на друг прст, тој сечеше околу работ, правејќи повеќе рабови на секое парче. Тој го прави ова со голема умешност за секој негов проект. „Никогаш не сум се исекол“, вели тој. „Држам еден прст на задната страна за безбедност, поради што чувствувам каде е сечилото во секое време“.
Zack проценува дека искористил околу 400 хартиени пердуви за ова рибарче, а советува да започнете со опашот и да правите слоеви. Откако го додаде дополнителното перје со помош на пердувите, Zack сфати дека е потребно клунот и стапалата да бидат околу 10% поголеми за пропорциите да изгледаат добро.
Внимание посветено на детали
Откако птицата беше покриена со пердуви, залепена и исушена, Zack ги додаде деталите со акрилни бои. „За среќа, шаблоните од Creative Park се многу богати со детали и ми помогнаа да ја обојам птицата“, вели тој.
Тој го лакираше клунот по боењето за да му даде сјаен и реален изглед, а потоа ги прилагоди очите на рибарчето за и тие да изгледаат пореални, со тоа што обои акрилни топчиња. Потоа, тој направи втор очен капак од друг шаблон, поради што очите делуваа малку подлабоки.
Zack смета дека уметноста на создавањето и изработувањето е медитативна. „Заборавате сѐ друго што постои, дури и кога изработувањето не оди според планот“, вели тој. „Не можете да размислувате за другите проблеми во вашиот живот. Нема екрани што ви го одвлекуваат вниманието бидејќи ги користите рацете. Многу е тактилно и ве оддалечува од сѐ друго“.
Завршениот производ
Откако моделот беше речиси готов, Zack направи уште неколку измени, како на пример, ја навали главата на птицата малку надолу за да изгледа како да е подготвена да нападне риба што воопшто не го очекува тоа. На крај, Zack реши да ја изложи на гранка во стаклено ѕвоно. „Закачив метална жица на основата и ја обликував со помош на пластелин и чепкалка за заби за да создадам текстура пред да ја обојам“, вели тој.
За многу луѓе што ги гледаат делата на Zack, ова може да е единствениот начин да се приближат и да ги прегледаат птиците. „Сакам луѓето да се посвесни и повеќе да ја ценат природата; и се стремам кон тоа да ја внесам природата внатре, а притоа, да не ја вознемирувам во природниот свет. Мојата работа била споредена со веганско препарирање“, се шегува.
Ако впечатливите хартиени креации на Zack ве инспирираа, зошто да не се обидете и вие да создадете кој било од шаблоните што се достапни на Canon Creative Park? Не заборавајте да ги споделите вашите хартиени дела на социјалните медиуми со хаш-ознаката #MadeWithPIXMA.
Напишано од Natalya Paul
Слични производи
-
Инк-џет печатачи
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park. -
Печатачи за во домот
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
Слични статии
-
ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ
Идеи за мини уметнички слики со Canon SELPHY Square QX10
Направете мини уметничка галерија со советите и триковите од специјалистите за диорами Ole Friedrich и Esther Mora Chavarria.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Хартиени модели од знаменитости
Прикажете ги специјалните локации во најдобро светло со печатач Canon PIXMA и Creative Park.
-
ПЕЧАТЕЊЕ
Најдобрите печатачи за дизајнери
Печатачите се основни алатки за дизајнерите - ние ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот модел за вашите потреби.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Печатете и изработувајте модели од пеперутки за на ѕид
Aimee Graham, која изработува хартиени модели, открива како да правите врвни украси со печатење.