Листи, планови и цели: организирајте се со печатење

Од планери за оброци што можете да ги отпечатите до дневници за благодарност, откријте како да изработите свои алатки за организирање со печатач PIXMA од Canon и Creative Park.
Фотографија снимена одозгора од отворен дневник со подредување до шаблони за рамки од Creative Park и печатач PIXMA од Canon.

Да се стане организиран е вообичаена новогодишна одлука, но има многу придобивки од тоа да се воспостават стратегии за нашите динамични животи да бидат организирани низ целата година. Не станува збор само за дневни планери – малку креативно размислување овозможува да се искористи моќта на печатењето за да создадете секакви прекрасни ресурси што ќе ви помогнат да се справите со многубројните животни предизвици. 

Ова може да биде едноставно, од листи за купување или планери за оброци што ќе ви помогнат да се сетите на сè што треба да купите во супермаркет, или дневник за благодарност со кој можете да ги евидентирате сите нешта за кои сте благодарни. Или пак, трагач на расположение што ќе ви помогне да се осврнете на нештата кои може да влијаат на вашето ментално здравје. 

Без разлика на целта, палетата на печатачи PIXMA од Canon може да ви помогне да ги усовршите вашите организациски вештини и да бидете креативни за време на тој процес.

Зошто да правите листи, планови и цели?

Жена седи на дрвено биро и пишува во дневник, до неа стои топол напиток.

Креаторот Temi Manning ужива во тоа да издвојува време за да ги изработува своите дневници со подредување. Според неа, седнување во недела навечер со топол напиток е совршената прилика за да се организирате за следната недела.

Жена со ножици сече мотиви со различни теми, преземени од Creative Park. Печатач PIXMA од Canon стои на бирото. 

Temi експериментираше со печатач серијата Canon PIXMA TS7450a и Creative Park од Canon, откривајќи нови начини за визуелно да ги подобри своите планери со рамки и мотиви со различни теми.

Создавањето листи, планови и цели може да биде многу повеќе од брзо запишување и обележување на нешта. Temi Manning од Портсмут, Обединетото Кралство, започна да води дневник како начин за подобрување на своето ментално здравје и се стекна со импресивен број на следбеници на социјалните мрежи откако ги сподели своите прекрасно илустрирани дневници со подредување. „Тоа ми даде можност да бидам совесна и да правам нешто во кое уживам додека си ги организирам хаотичните мисли на хартија“ - вели таа. Со дневниците со подредување се евидентираат секакви животни цели и достигнувања, почнувајќи од вежбање и храната што сте ја јаделе, сè до книги што сакате да ги прочитате или филмови што сакате да ги гледате.

За Temi, водењето дневник и планирањето претставува начин на живот, а создавањето свој дневник или планер во кој ќе мапирате сè што сакате да постигнете прави вашите цели да изгледаат помалку застрашувачки. „Не би можела да функционирам толку ефикасно без него“ - вели таа. „Важно е бидејќи ме мотивира, ме одржува организирана и можам да бидам совесна за време на креативниот процес додека правам прекрасни страници и поставувања, а притоа ги инспирирам и другите да го направат истото“.

Овде, таа ги споделува своите совети и техники за тоа како вие можете да станете поефикасни и покреативни преку печатење.

Избирање тема

Жена сече илустрација од лист додека седи на биро. На бирото стои печатач од Canon, тетратки и пенкала.

Ако првпат изработувате дневник со подредување, Temi ви препорачува да ги додадете вашите омилени илустрации на страниците за навистина да го персонализирате проектот. Temi самата ги нацрта овие мотиви на лисја, но вие можете да користите однапред подготвени дизајни од Creative Park – имате избор од стотици.

Раце ставаат налепници поврзани со кафе од Creative Park од Canon во дневник. До нив има различни отпечатени дизајни на бирото, розова тастатура и канцелариски материјал.

Temi верува дека клучот за создавање успешен и личен дневник е „избирање нешто во ваш стил, или нешто што ве интересира“. За овој проект, Temi избра тема на кафе и есен, комбинирајќи ги своите рачно нацртани дизајни со шаблони од Creative Park.

Temi често ги приспособува своите дневници и позитивни мисли со рачно нацртани илустрации, но вие можете да побарате однапред подготвени дизајни што можете да ги отпечатите и да ги додадете на вашите страници. Еден едноставен начин на прикажување на вашиот личен креативен стил во најдобро светло е да изберете тема за секој месец, како што предлага Temi. Темите може да се поврзани со живописни шеми, специфични бои или содржини, како што е темата на Temi со кафе/есен за октомври. „Овие ги користам како украси на секоја страница и поминувам една вечер поставувајќи ги за следната недела“ - вели таа.

На веб-сајтот Creative Park и апликацијата Creative Park има безброј шаблони, шеми и дизајни што можат да се преземат и отпечатат во различни големини на различни типови хартија компатибилни со печатачи PIXMA. Можно е да се додадат рамки за да се освежат вашите планови за оброци, а со разнобојните хартии со шеми, можете да направите блескави рачно направени календари. Ако пробате нешто и не ви се допаѓа, лесно е да го рециклирате стариот дизајн и да се обидете повторно.

„Со Creative Park, можам да пребарувам од библиотека со широк избор на однапред подготвени дизајни и брзо да ги симнам, подготвени за печатење преку апликацијата Canon PRINT или преку директно користење на апликацијата Creative Park“ - Temi објаснува. „Се вљубив во сцената обликувана како ѕид од кафуле – ги обожувам храбрите, модерни дизајни, како и разновидноста на илустрациите. Исто така, ги искористив дизајните од париски кафез за птици за да си ја украсам кујната“.

Печатење, скенирање и правење дупликати 

Печатач PIXMA од Canon стои на биро и отпечатува листа за купување.

Печатачот од серијата PIXMA TS7450a од Canon – којшто има вграден скенер и ви овозможува да копирате повеќе листови за двојно пократко време – ѝ овозможи на Temi брзо да направи дупликати од своите омилени дизајни и да го забрза процесот.

Жена користи пенкало за да допише ставка на прекрасно дизајнираната листа за купување закачена на нејзиниот фрижидер.

Листите за купување се едноставен начин на кој можете да преземете контрола над вашата неделна рутина. Со магнетна фотохартија од Canon, можете да ги закачите вашите листи на фрижидерот. На овој начин, никогаш повеќе нема да заборавите нешто важно.

Опцијата за скенирање на серијата PIXMA TS7450a е одлична за правење дупликати од страници, така што не мора да правите нови страници секоја недела ако немате време. Исто така, би можеле да ја искористите оваа функција за да создадете копии на свои дизајни и илустрации од кои можете да отпечатите повеќе верзии што можете да ги додадете на вашите проекти.

Со апликацијата Canon PRINT, можно е да се отпечатат дизајни директно од вашиот паметен телефон во саканите големини, поставувања и видови на хартија. Дизајните на Temi претежно беа печатени на мат фотохартија од Canon, но магнетната фотохартија од Canon е идеална за закачување листи на магнетните површини во вашиот дом.

Посветување на процесот

Печатач од Canon, таблет и различен канцелариски материјал на дрвено биро. На ѕидот над бирото се закачени разгледници и белешки на метална ѕидна закачалка. 

„Нема поубаво чувство од достигнувањето и уживањето во тоа да се работи со хартија и планери, создавајќи прекрасни распореди со сопствените раце“ - вели Temi.

Фотографија снимена одозгора од дрвено биро со отворен дневник со подредување што прикажува список со дневни задачи, како и мотиви на лисја и шолји.

Не морате да ги криете вашите креации. Тие може да бидат уникатни подароци за вашите пријатели и најблиски кои сакаат да се организираат.

Убавината во тоа да се изработуваат дневници дома со производи како што е серијата PIXMA TS7450a од Canon е тоа што секој може да се обиде. „Можноста да се отпечатат сите овие дизајни е одлична ако сакате да заштедите време и да уживате во креативноста со библиотека од преземени содржини што ви е на располагање“ - вели Temi.

Таа исто така вели дека најдобриот начин да се посветите на вашите планови е да ја преобразите организацијата во рутина. „Ги создавам своите страници од дневникот со илустрации и дизајни секоја недела навечер за да се подготвам за следната недела. Си варам шолја чај, се опуштам на бирото и уживам во процесот“.

За разлика од просечните планери што се купуваат во продавница, домашно направените алатки за организација нудат можност за истражување на креативни и достапни резултати, што овозможува чувство на вредност на вашите дневни, месечни и годишни планови. Не станува збор само за завршениот производ, можете да уживате во процесот и во иднина да се осврнете на сè што сте постигнале.


Напишано од Rowan Davies

Слични производи

Слични статии

Совети за печатење за враќање на училиште

Најдете креативни начини да се организирате за учебната година со печатач од Canon.

Персонализирајте ги вашите нешта

Печатете приспособени налепници за вашите нешта со пренослив печатач од Canon.

Најдобрите печатачи за студенти

На секој студент му треба печатач - дознајте кои се најдобрите опции со пристапна цена што одговараат на вашите потреби.

Најдобрите печатачи за домашни канцеларии

Работењето од дома е беспрекорно со печатачите Canon PIXMA и MAXIFY.