На фотографијата родителите се седнати подолу од децата, што претставува техника за обликување на кадарот со којашто лицата на сите субјекти се поставуваат во иста висина. Фотографирано со EOS-1D X од Canon (којшто е сега заменет со новиот EOS-1D X Mark III од Canon) и објектив EF 50mm f/1.2L USM од Canon, со избрани 1/100 сек., f/5 и ISO 1000. © Helen Bartlett
Посебните пригоди како свадби, спортски настани и семејни прослави нудат одлични можности за снимање групни портрети од пријателите и саканите во коишто ќе можеме долго да уживаме.
Сепак, снимањето добри групни фотографии е посебна уметност. Кога фотографирате неколку луѓе, треба брзо да одлучите каде ќе ги поставите и точно да им објасните што очекувате од нив. Тоа значи дека веќе треба да ги владеете основите на групниот портрет.
Некои совети се универзални. Без разлика каков групен портрет снимате, субјектите треба да имаат убав израз на лицата, фотографијата да е добро обликувана и со добра експозиција, а позадината не треба да е натрупана или да го одвлекува вниманието.
Осветлувањето е секогаш важно. На пример, ако снимате надвор, на сончев ден, одберете место со сенка над субјектите за да не мижат кога гледаат во фотоапаратот.
Со користење на фотоапарат со електронски визир, како EOS RP од Canon или EOS R6 од Canon, ќе можете да ги гледате фотографиите додека ги снимате и да ја прилагодувате експозицијата, а екранот со променлив агол ќе ви овозможи да снимате од различен агол од креативни или практични причини.
Кога снимате внатре и ја користите природната светлина, препорачливо е да користите брз објектив, како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon. Доколку снимате голема група на луѓе во тесен простор, за да создадете добра фотографија, користете го објективот со извонредно широк агол, RF 16mm F2.8 STM од Canon.
Тука, четири амбасадори на Canon, секој со огромно искуство во своето поле, ги споделуваат своите најважни совети за снимање одлични групни фотографии во секаква ситуација.