A windmill against a green countryside background on a cloudy day

Светло

HDR фотографирање

HDR значи висок динамички опсег, а во фотографирањето претставува начин на снимање детали во најсветлите и најтемните елементи од фотографијата. Тоа всушност опфаќа снимање и комбинирање повеќе слики од истата сцена со цел да се извлечат најдобрите елементи од сите нив.

Постојат многу сцени што имаат премногу широк динамички опсег за да може фотоапаратот да ги сними сите детали во еден кадар. На пример, пејзаж на сончев ден, фотографирање преку прозорец кога надвор има силна сончева светлина или фотографирање згради во сенка што во заден план имаат светло сино небо.

A brighter version of the main windmill picture on the left, a darker version on the right.

Во оваа сцена, една снимка ги губи деталите од облаците на небото, а следната ја губи основата на ветерницата. Конечната HDR слика се добива во самиот фотоапарат. Сега можете да ги погледнете деталите и во темните и во светлите делови на сликата, бидејќи фотоапаратот ги урамнотежил експозициите за да се добие слика што е многу слична со тоа што го гледа човечкото око.

Многу компактни фотоапарати и паметни телефони имаат вградена функција за HDR. Воглавно, не постои голема контрола врз резултатот, едноставно ја избирате функцијата и ја снимате сликата. Фотоапаратот ќе побара од вас да го држите стабилно додека снима серија слики со различни експозиции и автоматски ги комбинира за да ја создаде конечната HDR слика.

DSLR со HDR функција може да понуди поголема флексибилност. Може да изберете колку слики ќе сними фотоапаратот и со колку различна експозиција ќе ги сними. На овој начин ќе ја добиете сликата што ја посакувате.

Користете статив. Најважната работа што треба да ја имате на ум е дека фотоапаратот ја намалува брзината на блендата кога фотоапаратот ги снима темните делови. Всушност, ако фотографирате од фиксна положба, тогаш фотоапаратот многу полесно ќе ги подреди експозициите доколку имаат сличен кадар.

Можете да создадете сопствена HDR слика. За да го направите тоа, сè што е потребно е да сте малку запознаени со контролата врз експозицијата.

1. Изберете режим за фотографирање со приоритет на решетка и поставете ги параметрите за ISO и решетката.

2. Променете го режимот за мерење на експозицијата во Просечен или Процена. Со овие поставки, фотоапаратот ќе избере просечна експозиција врз основа на сите тонови во сцената.

3. Користете го вртливото копче за компензација на експозицијата за да изберете премногу голема или премногу мала експозиција на сцената. Нивото зависи од количеството на светли и темни површини во сцената.

4. Започнете со промени од 1 чекор. Снимете слика со -1 на вртливото копче за компензација на експозицијата, потоа завртете го вртливото копче на -2, а потоа на -3. Повторете го процесот, но овој пат изберете +1, +2 и +3. Во конечната HDR слика може нема да ги искористите сите слики, но во секој случај, добро е да ги имате сите податоци.

5. Како алтернатива може да ја користите функцијата за автоматска експозиција со групирање (AEB) што ви овозможува да го изберете нивото на премногу големата и премногу малата експозиција, а потоа снима серија фотографии одеднаш

"Ако фотографирате од фиксна положба, тогаш фотоапаратот многу полесно ќе ги подреди експозициите доколку имаат многу сличен кадар."

Користете компјутерски софтвер за да ги споите сликите во една слика. Голем број фотоапарати од Canon се испорачуваат со софтверот Digital Photo Professional (DPP) кој има специјална алатка за HDR.

Обидете се да создадете слика што ќе биде слична на сцената што сте ја виделе. Нашите очи имаат многу поголем динамички опсег од фотоапаратите, па затоа оваа техника може да се искористи за прилагодување на сцената за да изгледа така како што сте ја виделе.

Барајте прилики за користење на оваа техника. Одлучувањето кога да користите HDR е подеднакво голема вештина како и создавањето одлични HDR слики. Вежбајте на очигледните пејзажи и неба, но имајте предвид дека HDR може да биде практична алатка и за фотографирање детали и макро фотографирање, каде што можете да ги нагласите скриените детали и да добиете многу интересни слики.

Inside a windmill, looking up at the mechanisms.

Сликите со многу детали честопати се претвораат во интересни HDR слики. Употребата на функцијата за HDR во оваа слика резултираше со зголемување на длабочината, така што сега можете да погледнете во механизмот на ветерницата, многу поблиску од тоа што го видел фотографот со своите очи.

Слични написи
Improve the composition of your photos

ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Подобрете ја композицијата на вашите фотографии

Направете ги вашите слики поинтересни со овие правила за композиција на сликите.

How to create stunning bokeh

ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ

Како да создадете прекрасно заматување

Следете ги овие совети и трикови за да добиете прекрасно заматување на вашите заднини.

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники