Понекогаш, едноставен и домашно направен подарок може многу да им значи на семејството и пријателите. Без оглед на тоа дали се среќни или минуваат низ тешкотии, сигурно ќе им значи подарок што лично сте го направиле со љубов и грижа, наместо нешто за развеселување што сте го купиле од продавница. Притоа, можете да ја изразите вашата креативност за печатење.
Canon Creative Park има многу шаблони за изработување модели од хартија, што значи дека можете да отпечатите и составите букет од хартиени модели од цвеќиња, без оглед на годишното време, како и картичка што ќе соодветствува, во стилот којшто го сакате. Овие подароци, освен тоа што ќе бидат позначајни поради времето кое сте го посветиле за да ги направите, ќе траат подолго од вистински цвеќиња – и ќе ја разубават секоја соба.
Изработувањето модели од хартија е и подостапен начин на давање подароци, а е воедно и креативна активност – и можете да ги рециклирате вашите креации (секогаш проверувајте ги локалните насоки за рециклирање) ако се премислите за темата или ако направите грешка при изработувањето.
Имајќи го горенаведеното предвид, Canon го предизвика ентузијастот за изработување модели од хартија Martin Stone да создаде совршен подарок за неговиот партнер со помош на Canon Creative Park, печатач PIXMA и сопствената креативност.
Отпечатете прекрасни домашно направени подароци
Ќе ви треба:
- Ножици
- Даска за сечење
- Скалпел
- Пинцета
- Лепило/пиштол за лепило/самолепливи точки
- Линијар
- Печатач Canon PIXMA како што е серијата Canon PIXMA TS5350a
- Мат фотохартија од Canon
- Апликацијата или веб-страницата Canon Creative Park
Избирање шаблони: идеи за подароци
Можете да изработите речиси каков било подарок за вашите најсакани со помош на шаблоните од Canon Creative Park, не мора да бидат цвеќиња. Имате брат, сестра или внук кој обожава диносауруси? Изработете им некои хартиени модели! Или, пак, зошто да не се обидете да изработите модел со тема на музика за вашиот пријател што е опседнат со рок-бендови?
За овој проект, Martin избра да направи букет од хартиени модели и картичка. „Гледајќи ги дизајните од цвеќиња, можеби би помислиле дека се многу сложени“, вели Martin. „Клучот е во тоа да бидете организирани – има едноставни и илустрирани упатства што се лесни за следење“.
Печатење на вашите шаблони
Откако ќе ги изберете шаблоните за вашиот подарок, време е за печатење. Можете да го направите ова преку поврзување со вашиот печатач PIXMA преку апликацијата Canon PRINT на вашиот паметен телефон, или преку лаптоп. Ако имате компатибилен печатач, можете да се претплатите на PIXMA Print Plan1 – евтино решение за печатење што нуди флексибилни планови и испорачува мастило до вашиот праг за никогаш да не ви снема.
Martin смета дека Creative Park е лесна за управување, што го стори преку пристапување до веб-страницата на неговиот паметен телефон пред да ја преземе и користи апликацијата.
Секој шаблон доаѓа со предлог за тип на хартија што може да се користи, поради што треба да ги прочитате упатствата. Овде, Martin употреби мат фотохартија од Canon (170 gsm), којашто е подебела од просечната хартија за печатење и обезбедува издржлив краен модел.
Како да направите букет од хартиени модели
Martin вели дека неговиот пристап кон изработувањето е методски. Откако ги отпечати сите шаблони, тој ги организираше отпечатените материјали во купчиња за секој цвет, за да внимава на тоа кој шаблон соодветствува со цветот. „Ги чував шаблоните одвоени во овие купчиња низ целокупниот процес за да не се измешаат работите“, вели тој.
Тогаш, Martin ги исече сите шаблони пред да ги превитка. Тој употреби домашно направена алатка за обележување за да ги обележи рабовите таму каде што упатствата посочуваа, за превиткувањето да биде полесно. „Овие линии за обележување се многу мали, поради што прецизноста е клучна“, вели тој. „Користев обична пинцета со деликатни врвови за да ги обележам линиите. Исто така, важно е да се измазнат [полираат] овие обележувања за линиите да бидат чисти“.
Martin можеше да започне со изработувањето веднаш штом отпечатените материјали беа подготвени. „Мастилото се исуши веднаш, така што можев да продолжам без страв од размачкување“, вели тој.
Кога станува збор за лепење на дизајните, Martin препорачува да ги оставите шаблоните неколку часа, за да се осигурите дека се целосно суви и дека нема влажност во хартијата. Откако имате избор од изработени цвеќиња, можете да ги составите со конци, жици, или лепило, правејќи аранжман што вам ви изгледа најдобро.
CANON CLUB
Правење подароци од срце
Иако на Creative Park има шаблон за букет, можете да изберете свои аранжмани од цвеќиња ако сакате да изработите нешто поуникатно, или ако примателот е голем љубител на сончогледи, на пример.
„Многу ми се допаѓа како излегоа цвеќињата“, вели Martin. „Кога за прв пат седнав да го погледнам букетот од цвеќиња, размислив за тоа какви цвеќиња сакав. Големиот опсег на шаблони навистина ми овозможи да го приспособам по желба. Поради тоа, многу повеќе уживав во процесот, бидејќи можев да ги изберам цвеќињата кои најмногу ми се допаѓаа, а исто така, имав опција да размислам за тоа што би му се допаѓало на примателот“.
Рачно изработени картички
Следната изработка на Martin беше забавна релјефна картичка за надополнување на неговите цветни дизајни. Релјефната картичка беше многу едноставна поради упатствата што ве водат чекор по чекор“, вели тој. „Исто така, многу ми се допадна тоа што во шаблонот имаше многу прави линии, така што лесно можев да го исечам“.
При правење на картичката, Martin реши да го внесе својот личен стил на пликот. „Пликовите се елементот што се исфрла од секоја честитка и затоа сакав да го сменам тоа, бидејќи дизајнот на пликот беше толку убав“, вели тој.
Martin создаде свој механизам за прицврстување за пликот за да спречи кинење – користејќи две слики од маргаритки од дизајнот на букетот. „Закачив една на отворот на пликот, а другата на основата на пликот“, објаснува тој. „Употребив пенливо лепило, поради што сликите беа подигнати. Ставив јаженце под подлогата од пена на отворот на пликот, кое може да се обвитка во форма на бројот осум за да се прицврсти пликот“.
Кога создавате приспособени картички за повеќе луѓе, а времето е од суштинско значење, можете да ја употребите двостраната мат хартија MP-101D од Canon, којашто се испорачува со плик.
Последни детали
Martin вели дека повторно би изработил подарок од хартиени модели. „Сите кои го видоа хартиениот букет беа многу импресионирани и сите сакаат еден за нив. Тоа е совршен подарок, а најдобриот дел е тоа што ќе трае долго време. Веќе нема потреба да купувате свежи цвеќиња што ќе овенат за четири дена!“
Creative Park, исто така, го инспирираше да направи венец што може да го закачи на влезната врата. „Иако ова е за лична употреба, знам дека моите пријатели и семејство ќе сакаат едно за нив, поради што може да биде убав подарок“.
Ви се допаѓа идејата? Можете да направите венец од почеток како прекрасен подарок, или да ги користите шаблоните од венци на Creative Park за поедноставни дизајни. Врз основа на годишното време, можете да направите сезонски украс за на лето, или празнична зимска изложба.
Разубавете нечиј ден
Откако ќе ги направите подароците, време е да ги подарите. Без оглед на тоа дали сакате да го завиткате хартиениот букет во кафеава хартија за да му го подарите на пријател, или да го ставите во вазна за да го разубавите неговиот дом, давање подароци во форма на отпечатени модели е љубезен и креативен начин да му покажете некому дека се грижите за него.
Зошто да не се обидете? Не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со хаш-ознаката #MadeWithPIXMA. Ако барате повеќе инспирација, како на пример, како да создадете персонализирана кутија со спомени, придружете му се на Canon Club за повеќе совети и техники за изработување модели!
- Потребен е компатибилен печатач и зависи од достапноста во вашиот регион
Слични производи
-
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a -
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.