A snail travels through the reflection of a big wheel in Vienna.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Како да снимате прекрасни фотографии од диви животни: подигнување на свеста за зачувување на животната средина

Австриските фотографи Christine Sonvilla и Marc Graf, кои придонесуваат за зачувување на животната средина, фотографирале диви животни низ целиот свет. Од австрискиот алпски рис до нескротливиот бенгалски тигар, тие имаат снимено стотици слики што го привлекуваат вниманието на јавноста. Овие два фотографи се запознаа на Универзитетот во Виена каде што студираа за зачувување на животната средина. Таму го открија нивниот заеднички интерес за фотографирање и сфатија дека тоа е начин да ѝ дадат глас на природата.

Marc дава пример како тоа може да направи разлика: „При крајот на 2016 година ја објавивме првата фотографија со висока резолуција од алпски рис што го доловивме на австриските планини. Многу бевме возбудени бидејќи постојат само 10 до 15 такви животни во Австрија, а во тој период рисот бил забележан два пати. Се обидовме да ја пренесеме пораката за заштита на рисот низ цела Австрија преку сите видови на медиуми. Имавме интервјуа на радио и телевизија, а бевме објавени и на насловни страници на неколку австриски весници и списанија.“

Christine продолжува да раскажува: „По наша проценка, за оваа тема дознаа приближно 1,5 до 2 милиони луѓе. Исто така, правиме многу презентации во живо со фотографии и видеозаписи и разговараме во живо со публиката. Нашата цел е да ја споиме јавноста со организациите за заштита на природата, невладините организации, научниците и сите други луѓе на терен.“

Christine и Marc велат дека не треба да патувате далеку за да снимите одлични фотографии од диви животни. Тие веруваат дека ако посветите доволно време за да ги препознаете дивите животни во близина на вашиот дом, тогаш ќе создадете посилна врска со природниот свет.

Иако ова дуо има патувано на далечни и егзотични локации, за еден од последните проекти тие го насочија своето внимание кон урбаната природа во Виена и фотографираа зајаци, ежови и верверички за да ја подигнат свеста за дивите животни што живеат во близина на урбаните жители.

„Природата навистина е зад аголот и токму таму започнува нашата врска со природата“ - вели Christine. „Верувам дека штом ја воспоставите таа врска, ќе сакате да придонесете за зачувување на животната средина.“

Marc и Christine експериментираа со EOS M200 од Canon, лесен и практичен фотоапарат што е совршен за почетници кои сакаат да ја истражат својата креативна страна, како и со EOS 250D од Canon, најлесниот DSLR-фотоапарат во светот со подвижен екран* што може да снима во 4K.

„Ако сте на почетокот од вашата авантура за фотографирање природа, тогаш не ви треба фотоапарат со многу врвни спецификации“ - вели Marc. „Вашата опрема и вашите амбиции може да се зголемуваат паралелно“. Благодарение на големиот избор на достапни објективи и контроли за фотографирање, двата фотоапарати што ги користеа ќе ви бидат соодветни за користење долго време.

Тука, Christine и Marc ќе ги споделат своите совети за снимање прекрасни фотографии од диви животни.

1. Не ги вознемирувајте животните

Слични написи
A man standing among the trees using the PowerShot ZOOM.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Уживајте во природата

Фотографот за диви животни Tolga Aktas говори како PowerShot ZOOM може да ви помогне да уживате во моментот.

Young Wildlife Photographer of the Year to pro

ФОТОГРАФИРАЊЕ ДИВИ ЖИВОТНИ

Од добитници на награди до професионалци

Двајца добитници на наградата Young Wildlife Photographer of the Year и какво значење имаше раниот успех за нив.

Water droplets catching the light on a spiderweb.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ПРИРОДА

Природа во црно-бело со Powershot G7 X Mark III

Амбасадорката на Canon, Helen Bartlett, споделува совети за создавање инспиративни, црно-бели фотографии од природа со вашиот практичен фотоапарат додека сте во движење.

Еден од најголемите предизвици што треба да се совлада при фотографирањето диви животни е да не се исплаши субјектот. Идеално решение за тоа е да се користи фотоапарат со тивок режим како што е EOS 250D од Canon.

Станете незабележителни во опкружувањето на субјектот и бидете колку што е можно потивки за да можете да снимите повеќе слики од животните во нивното природно опкружување, што е моќен фактор за фотографирањето диви животни. „Најважно е да бидете бесшумни“ - вели Christine. „Една од најважните карактеристики на фотоапаратот што им е потребна на фотографите за диви животни бесшумната бленда.“

Marc додава: „Важно е да има и брз автоматски фокус и секвенцијален режим [снимање неколку фотографии последователно со голема брзина], за да ја зголемите веројатноста за доловување одлична слика.“

Освен потивко функционирање во бесшумниот режим на работа, EOS 250D од Canon нуди и брзина на фотографирање од 5 fps, како и два системи за автоматско фокусирање што ја зголемуваат веројатноста за доловување неверојатно остра фотографија. Фотоапаратот може да го прилагодите ако ја исклучите функцијата за помошен зрак за AF, а тоа значи дека црвената светлина нема да се вклучи за да помогне при автоматското фокусирање, што е идеално за да не го вознемирите субјектот. Оптичкиот визир нуди избор помеѓу режим со 9 точки за AF или режим за прегледување во живо. Режимот за прегледување во живо ви овозможува да фотографирате преку екранот на допир и да го следите субјектот автоматски со 143 точки за AF, а за поголема контрола може да ги користите 3.975-те точки за рачен избор.

За да имате најповолни услови за да не ги вознемирите животните, намалете ја светлината на LCD-екранот за да не ве приметат. Фотографирањето без блиц ќе ви овозможи да ги фотографирате животните без да ги исплашите, но не заборавајте да ја зголемите вредноста на ISO за да доловите колку што е можно повеќе светлина. Максималната вредност за ISO кај EOS 250D од Canon може да се зголеми до 51200. Ако користите голема вредност за ISO може да создадете шум во сликата, но EOS 250D од Canon има опција за намалување на шумот при високи вредности на ISO што може да ја користите при обработка на вашите слики.

2. Зголемете ја брзината на блендата за да избегнете заматување

Зголемувањето на вредноста на ISO заради зголемување на брзината на блендата е одлична идеја кога фотографирате животни што се движат брзо, како што е оваа верверичка што ја снимив во Виена.

Брзината е најважна во фотографирањето диви животни, а Marc предложува да ја зголемите вредноста на ISO за да компензирате за помалата количина на светлина што ќе навлезе во фотоапаратот кога ќе ја зголемите брзината на блендата за да го доловите движењето и да го намалите заматувањето што го предизвикува тоа движење. „Независно какво животно фотографирате, секогаш користете висока вредност на ISO. Многумина се загрижени за користењето повисока вредност на ISO, но таа е неопходна.“

Christine додава: „ако не ја зголемите вредноста на ISO, постои ризик да добиете заматена слика бидејќи животното се движи побрзо од блендата“. За да избегнете заматување треба да ја зголемите вредноста на ISO за потоа да можете да ја зголемите брзината на блендата и да снимите остра слика со висок квалитет, притоа избирајќи соодветни поставки во зависност од движењето.

Како што утврдија и фотографите, избирањето висока вредност за ISO заради зголемување на брзината на блендата не го намали квалитетот на сликата и кај двата фотоапарати. Фотоапаратите EOS M200 од Canon и EOS 250D од Canon користат вредности до ISO25600, а вториот модел може да достигне до ISO51200.

3. Внимателно изберете ја минималната опрема

Избирањето соодветна количина на опрема пред да тргнете да фотографирате ќе ги ограничи вашите опции, па на тој начин ќе можете побрзо да носите одлуки за време на фотографирањето. Исто така, ќе патувате со полесен товар што го намалува ризикот од замор.

„На почетокот не ви е потребна целата опрема“ - советува Christine. „Започнете со широкоаголен и телефото објектив, а потоа набавувајте друга опрема.“

За да снимите фотографија од некое животно во неговата средина, може да го користите EOS M200 од Canon во комбинација со широкоаголен објектив како што е Canon EF-M 15-45mm f/3.5-6.3 IS STM. Или, пак, ако сакате да фотографирате од далечина со зум, тогаш телефото објективот Canon EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM ќе ви биде идеален партнер. Компактниот телефото објектив Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM, наменет за фотоапаратот EOS 250D од Canon, може да ве доближи блиску до случувањата, а објективот Canon EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM ќе ви овозможи да фотографирате со широк агол за да доловите животни со пејзаж или градска сцена во заднина.

4. Зумирајте и прикажете ги скриените детали

Зумирањето е одличен начин за истакнување на извонредната убавина на природата што честопати не се забележува во урбаните опкружувања.

Целта на зачувувањето на животната средина е да се земе предвид „поголемата слика“, но фотографирањето во овој жанр ги опфаќа сите суштества, независно дали се мали или големи. „Можноста за прикажување на деталите што вообичаено поминуваат незабележани е тоа што најмногу ми се допаѓа во макро фотографирањето“ - вели Christine. „Премногу убавина во премногу мал свет.“

Ентузијастите за макро фотографии кои го користат фотоапаратот EOS M200 од Canon можат да го прикачат објективот Canon EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM кој не само што нуди зголемување до 1,2x, дополнително осветлување и елиминирање на непотребните сенки, туку е и првиот објектив со автоматски фокус во светот што е опремен со две вградени LED-диоди (Macro Lite) што можат да се контролираат.

„Многумина мислат дека макро фотографиите не се типични за фотографирањето што придонесува за зачувување на животната средина“ - вели Christine. „Но, тоа што е важно за нас е да се има портфолио што ги опфаќа сите аспекти на природата. Ако има нешто мало и убаво што треба да се истакне, макро фотографирањето е совршената алатка за тоа.“

5. Научете како да го користите фотоапаратот

Искусното користење на вашата опрема ќе ви овозможи да посветите повеќе време за да создадете креативна слика.

Christine и Marc знаат дека најуспешниот начин за доловување на дивите животни е преку трпение и подготовка. „Предноста е во предвидувањето на следниот потег на вашиот субјект, па затоа мора внимателно да го набљудувате и да знаете како тој ќе реагира“ - вели Christine.

Исто така, важно е да сте запознаени со можностите на вашиот фотоапарат, односно да знаете за сите негови важни функции и границите до кои можете да го оптоварувате. „Користењето фотоапарат што разбирате како функционира е многу подобро отколку да користите посложен модел што ќе ви понуди две повеќе фотографии во секунда. Кога животното конечно ќе се појави, вие треба да бидете детално запознаени со вашиот фотоапарат и да можете да ракувате правилно со него, за да можете да реагирате брзо и да не губите скапоцено време барајќи поставки како што се контролите за фокусот.“

Една од првите работи што му се допадна на Marc за EOS M200 од Canon беше едноставниот и практичен дизајн, со екран што се врти за 180 степени. „Одличен е. Можете да пронајдете сè за неколку секунди, многу е брз и лесен за користење.“

Christine додава: „Многумина мислат дека треба само да се набави фотоапарат што може да направи сè, но всушност најважна е личноста зад фотоапаратот и неговите/нејзините вештини.“



Напишано од Natalie Denton



*EOS 250D од Canon (црна/сребрена боја) е најлесниот дигитален фотоапарат во светот со вграден објектив, сензор со APS-C-големина и LCD-екран што се врти, вклучувајќи батерија и мемориска картичка, согласно CIPA-стандардите, почнувајќи од 9 април 2019 година (истражено од страна на компанијата Canon).

Слични производи

Слични статии

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники