За да ја разберете експозицијата, може да е корисно да го гледате вашиот фотоапарат како алатка за собирање светлина. Експозицијата е количината на светлина што ја пропуштаме. Ако пропуштиме премалку светлина, сликата ќе биде темна или со недоволна експозиција. Премногу светлина резултира со пресветли слики со преголема експозиција.
Амбиентална светлина се одбива од предметите и површините во сцената и вашиот објектив ја пренесува низ фотоапаратот до сензорот – ова е тоа што ја создава сликата. Во Автоматскиот режим или Режимот за сцена, фотоапаратите од Canon одлично ја одредуваат оптималната количина на светлина за балансирана експозиција, но имаме поголема креативна слобода доколку самите преземеме контрола.
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Како да ја контролирате експозицијата
Решетка
Постојат три фактори коишто ни овозможуваат да ја контролираме експозицијата, познати како триаголник на експозиција. На прво место е решетката, којашто претставува големина на отворот на објективот којшто пропушта светлина и се мери како f-број.
Секој објектив има опсег на поставки за решетка, од мали до големи вредности. Големите решетки се изразуваат како мали вредности, како што се f/2,8, при што се пропушта повеќе светлина и се добива мала длабочина на полето (зголемено заматување зад точката на фокусирање). Малите решетки се изразуваат со поголеми вредности, како што се f/16, при што се пропушта помалку светлина и се добиваат големи површини во фокусот, од преден план, до заднината.
Брзина на бленда
Вториот фактор во триаголникот на експозиција е брзината на блендата, што го претставува времетраењето за кое ѝ дозволуваме на светлината да допира до сензорот. Како вода што тече од чешма, колку подолго ја држиме блендата отворена, толку повеќе светлина се пропушта.
Голема брзина на блендата (сензорот е отворен кратко време) е корисна за доловување на дејства со голема брзина, а мала брзина на блендата (сензорот е отворен долго време) се користи за креативни ефекти на заматени движења, како што се трагите од светлина или боење со светлина.
ISO и шум
ISO е третиот фактор во триаголникот на експозиција. Ова ни овозможува да ја приспособиме чувствителноста на светлина на сензорот. Пониски вредности на ISO како што е ISO100 резултираат со поквалитетни фотографии. Повисоки вредности на ISO ја зголемуваат чувствителноста на сензорот, така што ќе ви биде потребна помалку светлина за точна експозиција. Проблемот со тоа е зголемен шум на сликата, а многу високи вредности на ISO влијаат на квалитетот на сликата.
Како општо правило, најдобро е да се користи најмалата можна вредност на ISO, но современите фотоапарати од Canon имаат врвни ISO-перформанси што ви овозможуваат да фотографирате со вредности од ISO1600 или поголеми, а притоа да доловувате слики со прекрасни детали при слаба осветленост.
Триаголникот на експозиција
Трите клучни фактори во експозицијата – решетката, брзината на бленда и ISO – работат заедно, така што, кога менувате еден фактор, потребно е да го балансирате со друг доколку сакате да ја задржите истата експозиција или да му овозможите на фотоапаратот да компензира за неа. Во тој случај е корисно да се размислува за нив како за три страни од триаголник. Ако се приспособи една страна, тогаш и преостанатите страни треба да се приспособат, освен ако не се обидувате специфично да го зголемите или намалите нивото на експозиција.
На пример, зголемувањето на брзината на блендата за да ги доловите брзите дејства може премногу да ја намали експозицијата на сликата. За да компензирате за ова, ќе треба да ја зголемите решетката или ISO. Слично на тоа, намалувањето на решетката за да се максимизира целосниот фокус изискува намалување на брзината на бленда или ISO. Започнете да размислувате за експозицијата на ваков начин и набргу ќе сфатите дека постојат многу комбинации кои резултираат со фотографија со слична експозиција, а притоа, вие ја имате креативната слобода да ја изберете соодветната комбинација за вашиот субјект или сцена.
Режими на експозиција
Вашиот фотоапарат од Canon ви олеснува со тоа што ви нуди неколку режими на експозиција коишто ви овозможуваат да го поместувате триаголникот на експозиција на каков било начин. Во Режимот за програма (P), вие го контролирате ISO и фотоапаратот ја избира брзината на бленда и решетката. Со Режим за приоритет на бленда (Tv) можете да ја промените брзината на блендата, притоа овозможувајќи му на фотоапаратот да се погрижи за целокупната експозиција. Слично на тоа, во Режимот за приоритет на решетка (Av), можете да го одредите f-бројот, со што фотоапаратот ја поставува правилната брзина на бленда. Можете да изберете автоматски ISO или самите да го поставите ISO. Во Рачен режим (M), можете да поставите различни комбинации на решетка, брзина на бленда и ISO.
Палетата на фотоапарати EOS R исто така има и Режим за флексибилен приоритет (Fv), којшто ви овозможува да се префрлите од контролирање на решетката, брзината на блендата, компензација на експозиција и ISO во истиот режим. Кога менувате една поставка, останатите се приспособуваат автоматски за да се одржи правилната експозиција, поради што контролата на експозицијата е многу побрза и полесна.
Приспособувањето на експозицијата на овој начин може да се користи за креативен ефект. Затемнување на вашите слики ќе ги продлабочи боите и ќе им даде поамбиентално чувство на вашите слики, што особено се однесува на фотографирањето пејзажи. Зголемувањето на експозицијата ќе ги осветли сенките и ќе создаде помодерен изглед.
Групирањето на експозицијата ви овозможува да ја доловите сцената со повеќе експозиции и потоа да ја одберете онаа која најмногу ви одговара. Изберете меѓу ±1 и ±3 чекори на скалата за експозиција и овозможете му на фотоапаратот да ги изврши потребните приспособувања на вашите поставки.
Долги експозиции
Кога има помалку светлина, може да е потребно да се одржува блендата отворена подолго време. Ова е понекогаш неопходност, а понекогаш е креативен избор за да се овозможи заматено движење во сцената, можеби за да се замати движењето на водата или облаците. Фотоапаратот мора да стои сосема мирно, така што е неопходен статив или стабилна површина за да се спречи тресење на фотоапаратот. Самото притискање на копчето на блендата може да предизвика проблеми, така што е најдобро да се користи уред за далечинско активирање на блендата со помош на безжичниот далечински управувач BR-E1 од Canon, или апликацијата Canon Camera Connect на вашиот телефон за далечинско активирање на блендата. Апликацијата исто така ви овозможува да фотографирате Експозиции со светилка со тоа што можете да ја одржувате блендата отворена неколку минути или повеќе, што е совршено за фотографирање огномет или ѕвездите навечер.
Предизвикот при фотографирање со долга експозиција во текот на денот е поставувањето на брзината на блендата која ќе овозможи доволно време за одвивање на движењата. Идеално, брзината на блендата треба да биде подолга од неколку секунди, па затоа не заборавајте да користите мала вредност на ISO и мала решетка. Исто така, подобро е да фотографирате на облачен ден или во сенка или, пак, на почетокот или крајот на денот кога светлината е послаба. Можете и да инвестирате и во филтер што се поставува на крајот од објективот и што спречува навлегување на одредена количина на светлина. Најдобро е да користите филтер за неутрална густина (ND).
Усовршете ја експозицијата
Штом ја усовршите експозицијата, креативните можности се бесконечни. Повеќето фотоапарати без огледало и DSLR-фотоапарати од Canon се одликуваат со режим за повеќе експозиции што ви овозможува да споите повеќе од една слика. Оваа функција е инспирирана од техниката за повеќе експозиции на филм од минатото, при што кадар од филм е снимен со двојна експозиција или повеќе експозиции, овозможувајќи ви да создадете секакви извонредни ефекти.
Од сите три опции за спојување во самиот фотоапарат, „Additive“ е најслична на филмската техника бидејќи ги комбинира вредностите на осветленоста за белите зони да останат бели. При фотографирање во овој режим, барајте впечатливи облици, големи контрасти и неверојатни силуети.
Следниот пат кога ќе го користите фотоапаратот, обидете се да експериментирате со триаголникот на експозиција и самите да ги видите промените што тие може да ги извршат врз вашите фотографии.
Напишано од James Paterson
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R6
Без разлика што фотографирате и како фотографирате, EOS R6 ќе ви овозможи да бидете креативни на начини што никогаш досега не сте знаеле дека постојат. -
Стандарден објектив
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
Објективи RF
RF 24-105mm F4-7.1 IS STM
Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
Слични статии
-
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Совети за брзината на блендата
Усовршете ја брзината на блендата со нашиот водич за почетници и снимајте подобри слики од движења.
-
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Како да почнете да фотографирате
Дали сакате да преминете од паметен телефон на фотоапарат? Нашиот водич за фотографирање за почетници ви нуди сè што ви е потребно за да започнете.
-
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Како да создадете прекрасно заматување
Следете ги овие совети и трикови за да добиете прекрасно заматување на вашите заднини.
-
ТЕХНИКИ ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
7 совети за фотографирање при слаба осветленост
Дознајте важни техники за снимање остри фотографии при слаба осветленост и дознајте која е најдобрата опрема од Canon за фотографирање при слаба осветленост.