Без оглед на тоа дали сте снимател на документарци што сака авантури, видеоблогер за производи или готвач на социјални медиуми, важно е да знаете како да снимите видеоприказна. Снимањето се врти околу создавањето приказна, без разлика на тоа дали крајната дестинација е TikTok или големите екрани.
Како да создадете прекрасна видеоприказна? Прво, ви треба комплет што соодветствува на вашата креативност. Фотоапаратите EOS R од Canon се дизајнирани за денешните хибридни фотографи. EOS R50 од Canon, на пример, има мала тежина и е лесен за ракување, но се одликува со снимање во 4K со прекумерно семплирање, како и голем број професионални функции за снимање видео за да ви помогне да создадете висококвалитетни содржини, вклучувајќи и снимање забавени движења со максимум 120 fps, екран на допир со променлив агол и интелигентен автоматски фокус Dual Pixel CMOS AF II.
Меѓутоа, квалитетот и професионализмот на вашите видеа исто така зависат од правилните вештини и техники. Следат 10 совети за создавање видеоприказна која ќе ви го привлече вниманието од почеток до крај.
Како да снимите видеоприказна
1. Испланирајте го снимањето
Планирањето на снимањето ќе ви помогне да ги снимите сите потребни видеоснимки. Запишете белешки за тоа што сакате да прикажете или составете нацрт илустриран приказ - ова го организира снимањето во вашата глава пред да започне.
Исто така, помага да земете предвид како сакате видеото да изгледа и да се чувствува. Фотоапарат од Canon како што е EOS R50 се одликува со голем број креативни профили на бои за прекрасна естетика. Експериментирајте со овие поставки пред да се решите за тоа каква атмосфера сакате за вашата видеоснимка.
Исто така, важно е да ја подготвите опремата пред снимањето: наполнете ги батериите, исчистете ги објективите и форматирајте ги мемориските картички.
За крај, проверете дали вашиот паметен телефон или таблет-уред е поврзан со апликацијата Canon Camera Connect – ова ви овозможува далечински да ги приспособувате поставките и брзо да префрлите видео од вашиот фотоапарат.
2. Воспоставете ја сцената
Кога снимате на локација, воспоставете контекст со широки слики од опкружувањето. Мешајте ги тие слики со детали и фотографирање на околината одблиску, снимена на екстремно кратко растојание. Движете се низ локацијата и не снимајте од иста положба. Обидете се да снимите најмалку 10 секунди по видеозапис за воведни кадри, кои потоа можете да ги отсечете по желба при уредување.
Ако снимате други луѓе, прикажете ги главните ликови со тоа што ќе покажете детали од тоа каде се наоѓаат и што прават. Снимете различни снимки од субјектите во акција и експериментирајте со невообичаени композиции и стилови на осветлување.
3. Одржете ја стабилноста
За да избегнете нестабилни видеозаписи и да гарантирате дека ќе изгледаат професионално, важно е да го поддржите фотоапаратот и објективот. Држете го фотоапаратот со двете раце и вовлечете ги лактите.
За постабилни рачно снимени видеозаписи, EOS R7 од Canon се одликува со вградена стабилизација на слика (IBIS) со поместување на сензорот за да овозможи компензација на движењето на фотоапаратот со максимум 8 чекори, во зависност од објективот што се користи. EOS R50 од Canon исто така се одликува со вградена технологија што го сведува тресењето на фотоапаратот при снимање на минимум. Дигиталната стабилизација на слика за видео - како што е илустрирана во горенаведеното видео - гарантира дека рачно снимените видеа ќе останат остри и рамномерни.
Размислете за користење на објектив со внатрешна стабилизација, како што е RF-S 18-150mm F3.5-6.3 IS STM од Canon. Овој достапен објектив со зум се одликува со оптичка стабилизација на слика со 4,5 чекори за да ја одржи острината на рачно снимените видеозаписи, како и разновиден опсег на зумирање за снимање различни снимки.
4. Фокусирајте се на деталите
Изолирањето одредени предмети со снимки одблиску го зголемуваат интересот. Објективите со зум RF и RF-S од Canon можат да ви помогнат да се доближите колку што е можно повеќе за да направите субјектите да изгледаат поголеми во кадарот, а воедно и да ги изолирате уметнички од заднината.
Исто така, можете да искористите примарен макро објектив како што е RF 35mm F1.8 MACRO IS STM од Canon, кој ви овозможува да се фокусирате на сите детали, дури и при кратки растојанија. Макро објектив со кратко фокусно растојание е многу практичен за содржини поврзани со производи, храна или убавина, бидејќи гледачите сакаат да ги видат интересните детали.
EOS R50 се одликува со корекција на промените во фокусот, прикажано во горенаведеното видео, коешто го одржува аголот на гледање при менување на фокусот, гарантирајќи дека вниманието ќе остане таму каде што вие сакате да биде и обезбедувајќи поприроден и попрофесионален изглед.
5. Експериментирајте со различни перспективи
Снимете ги субјектите од необични агли за да го направите вашето видео подинамично. Сите снимки нема да изгледаат добро, но нема да дознаете сè додека не се обидете. Променете ја гледната точка така што ќе се позиционирате над вашиот субјект и ќе снимате надолу или, пак, спуштете се на земја и снимајте нагоре.
Менувањето на перспективата исто така помага при раскажувањето приказни, на пример, снимање од низок агол помага при доловување дека личноста во кадарот има моќ или доминира над гледачот.
Исто така, можете да ја менувате перспективата со објективи. Ако снимате зад субјектот што е во преден план, тогаш изберете одредена фокусна точка за да ја изострите заднината и да внесете филмско заматување во преден план. Можете да го сторите тоа со намалување на решетката. RF-објектив со широка максимална решетка, како што е RF 50mm F1.8 STM од Canon, ви дава неверојатно мала длабочина на полето и мало заматување за филмски ефект.
6. Обмислете ја композицијата
Размислете како најдобро да ги позиционирате елементите во кадарот. Генерално, испробани и тестирани пристапи за композиција, како што е правилото на третини и линии што го насочуваат вниманието, функционираат добро. Пробајте и други гледни точки. На пример, користете симетрија за да снимите алтернативни снимки. Ова може да биде едноставен процес на правење еден чекор налево или надесно, поместување на фотоапаратот повисоко или пониско, клекнување или легнување.
Ако најдете специфична композиција што функционира за вашиот субјект, усовршете ја и направете ја своја за да им дадете препознатлив изглед на вашите видеозаписи. Многу сниматели се прославиле поради својот стил на композиција, поради што вреди да се експериментира со различни правила - и кршење на истите - за да се долови атмосферата на видеозаписот, како и вашиот личен стил.
7. Експериментирајте со брзината и времето
Сцените со прескокнување внесуваат поголем простор во вашиот филм. Снимајте слични снимки од ист агол, а потоа прескокнувајте помеѓу различни делови од секоја снимка, преминувајќи од еден на друг момент.
Снимање при висока стапка на слики е одличен начин за снимање движења. Снимање во Full HD со 120 fps на EOS R50 ви овозможува да создадете извонредни ефекти со забавени движења, доловувајќи го секој момент кога го репродуцирате видеозаписот со нормална брзина.
Исто така, можете да го воодушевите гледачот со видеоснимка со забрзани движења за да ги компресирате бавните случувања во пократки снимки, или да се обидете да создадете видеохаику.
8. Снимајте појасен звук
Квалитетот на звукот е исто толку важен колку и сликата, подобрувајќи ја вашата видеоприказна со тоа што нуди контекст и создава атмосфера. Повеќето фотоапарати имаат вграден микрофон за снимање звук, но за да снимите поквалитетен звук ви треба надворешен микрофон како стерео микрофонот DM-E1 или стерео микрофонот DM-E100 од Canon.
Комбинирање на вашиот фотоапарат со STM-објектив од Canon, како што е RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM од Canon, е одличен избор кога снимате звук, бидејќи STM-моторот (чекорен) обезбедува рамномерно и тивко фокусирачко движење.
9. Зголемете ја неизвесноста
Важно е да вклучите елементи на визуелна напнатост, особено кога вашето видео го достигнува крајот. Тоа ќе го постигнете со различни снимки, снимки снимени на екстремно кратко растојание и широки кадри. Преминот од кадарот на неутралниот субјект во кадарот на главната последна сцена е одличен начин да ја навестите последната етапа на вашиот филм.
Снимајте кратки снимки за да ја зголемите неизвесноста. Не заборавајте дека може да скратите подолг видеозапис, па затоа обидете се да снимите неколку секунди резервен материјал пред и по саканата содржина.
10. Забавувајте се, но останете фокусирани
Иако е добра идеја да снимите малку повеќе од тоа што ви треба, лесно е да се занесете и да снимите премногу, па затоа, потрудете се да останете објективни и да имате цел. Ќе си бидете благодарни подоцна кога ќе почнете да уредувате и нема да биде потребно да разгледувате многу непотребни видеозаписи.
Најважно е да се забавувате додека снимате и да запомните дека понекогаш работите не излегуваат како што сте планирале, но затоа може многу да научите од таквите ситуации. Вашата приказна содржи дел од вашиот карактер, па затоа уживајте додека ја снимате.
Слични производи
-
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред. -
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
RF-S 18-45mm F4.5-6.3 IS STM
Стандарден објектив со APS-C-зум од серијата EOS R што е совршен за секојдневни ситуации како фотографирање членови од семејството, животен стил, портрети и одмори. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
RF 50mm F1.8 STM
Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла. -
Стерео микрофон DM-E100
Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.