Секоја година, фотографи и ентузијасти патуваат далеку за да ја видат неверојатната поларна светлина или аурора бореалис. Се очекува зголемена соларна активност во 2024 и 2025, поради што сега е совршениот момент да испланирате фотосесија што ќе го долови овој природен феномен во најдобро светло.
Сонцето се приближува до врвот на својот 11-годишен соларен циклус, т.н. соларен максимум. Ова значи дека има повеќе сончеви блесоци и исфрлања на коронална маса - бранови од наелектризирани честички и плазма кои експлозивно се исфрлаат во вселената. Овие исфрлања се судираат со магнетното поле на Земјата и создаваат геомагнетни бури, а овој феномен предизвикува посветла поларна светлина која сјае при помали географски ширини од вообичаеното. Ова ја привлече амбасадорката на Canon, Menna Hossam, фотограф на фина уметност со потекло од Египет, да оди подалеку на север од вообичаеното.
Фотографиите на Menna се спој од фина уметност и висока мода кој создава надреални и бајковити слики кои ги возвишуваат нејзините креативни херои, а притоа доловува глобални пејзажи на уникатни начини. Нејзин долгогодишен сон е да ја фотографира поларната светлина.
„Мислам дека е волшебна“, вели таа. „Ништо не се споредува со неа“.
Menna, откако доби инспирација од напис во списанието National Geographic, знаеше дека ова ѝ е моментот. Menna ја сними поларната светлина со Canon EOS R5 и објектив Canon RF 14-35mm F4L IS USM над познатиот рид Kirkjufell во Исланд.
Тука, таа ги споделува своите доживувања од првото фотографирање на аурора бореалис и најдобрите поставки за фотоапарат за поларната светлина.
Танцувачки светла, кадри од бајките: фотографирање на поларната светлина со Menna Hossam
Каде да ја фотографирате поларната светлина - пронаоѓање на најдобрите локации
Според Menna, „Исланд е магија“. Затоа ја избра оваа локација за фотографирање на поларната светлина наместо сите други земји во северна Европа каде што може да се види овој феномен.
Важно е да знаете кое е најдоброто време и место за да ја фотографирате поларната светлина за да си ги зголемите шансите и подготвеноста. На пример, ако планирате да патувате во снежен регион, корисно е да разберете како најдобро да фотографирате во екстремни временски услови.
Покрај соодветната опрема за фотоапарат (ќе се надоврземе на ова), Menna вели дека се неопходни резервни батерии, топла облека и да се внимава на временските услови. Логистички, ќе ја чекате аурора бореалис со часови и ќе ви требаат уште повеќе часови за да ја фотографирате, земајќи го предвид движењето натаму-наваму додека ја барате совршената композиција и совршените агли.
„Многу беше ветровито. Многу беше студено. Мора да ви е топло за да преживеете преку ноќ“, вели Menna. Опрема со отпорност на лоши временски услови е неопходен дел од процесот. Додава „Ви треба издржлив статив и соодветен широкоаголен објектив“.
Menna вели дека неколку апликации се екстремно важни за фотографите. Некои нудат ажурирања во реално време за тоа каде ќе биде видлива поларната светлина, што значи дека можете поефикасно да ги планирате фотосесиите. Известувањата од апликациите и услугите за локација за најдобрите прегледни места се практични алатки кои го поддржуваат фотографирањето.
Откако ќе пристигнете на избраното место, следува втора рунда од планирање и подготовки пред да го фотографирате овој прекрасен феномен. Кога станува збор за позиционирањето и одлучувањето каде да фотографирате, без оглед на популарноста на локацијата, советот на Menna е да најдете места кои не се толку полни со луѓе, „за да имате време да се поставите и да експериментирате“.
Избирање на најдобриот фотоапарат и објектив за фотографирање на поларната светлина
Пред да отпатува во Исланд, Menna направи истражување за да го избере најсоодветниот објектив за да ја фотографира поларната светлина. За неа беше важно објективот да е многу лесен за да може да се справи со комплицираното опкружување и за да може полесно да работи. Исто така, нејзе ѝ требаше широкоаголен објектив за правилно да долови колку е спектакуларна аурора бореалис.
„Го избрав објективот со извонредно широк агол RF 14-35mm F4L IS USM“, вели Menna. „Многу е лесен и мал, поради што беше практичен“. Canon RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM, со речиси идентичен опсег на фокусна должина, е одличен достапен алтернативен избор за луѓето кои бараат широкоаголен објектив со зум за фотографирање на поларната светлина.
Примарните објективи нудат пошироки решетки за поквалитетни слики при слаба осветленост. Објективот Canon RF 16mm F2.8 STM е лесна и достапна опција со решетка f/2,8, а RF 24mm F1.8 MACRO IS STM е одличен избор за луѓето кои бараат поширока решетка за да снимаат слики од аурора бореалис.
Немате време да купите нов објектив? Стандардните објективи за фотоапаратите со EOS R-систем ви овозможуваат да снимате одлични слики во секакви услови, како и при слаба осветленост, ако ги користите соодветните поставки и статив.
Menna го комбинираше објективот RF 14-35mm F4L IS USM со Canon EOS R5. Сензорот за целосна слика од 45 MP на фотоапаратот испорачува извонредни детали и јасност, идеално за произведување отпечатени материјали во голем формат кои ги зачувуваат прекрасните бои и дезени на поларната светлина.
За фотографи кои сакаат поекономична опција без да го жртвуваат квалитетот на сликата, Canon EOS R8 има сензор за целосна слика од 24,2 MP кој обезбедува импресивни детали и динамички опсег, поради што претставува солиден избор за снимање слики од аурора бореалис.
Најдобри поставки за фотоапарат за фотографирање на поларната светлина
Важно е да разберете како брзината на блендата и поставките за ISO влијаат на вашите фотографии од поларната светлина. За идеални резултати, Menna ги препорачува следните поставки на фотоапаратот за доловување на аурора бореалис:
- ISO: започнете со ISO 1600 или 3200, но можете да го зголемите по потреба. Ова ја зголемува чувствителноста на светлина на фотоапаратот, што значи дека тој може да сними поголем дел од достапната светлина, што создава посветла слика дури и навечер. Ова би требало да ви обезбеди доволно чувствителност за да ја фотографирате поларната светлина без премногу шум на слика.
- Решетка: нека биде максимално широка (најнизок можен f-број) колку што дозволува објективот, идеално, f/4 или пониско, зависно од објективот, за да се максимизира внесот на светлина. Колку е поширока решетката, толку е помала длабочината на поле, што значи дека помал дел од сликата ќе биде во остар фокус. Но, не грижете се и погледнете ги советите за фокусирање подолу.
- Брзина на бленда: меѓу 5-15 секунди типично функционира добро, со пократки експозиции за поларна светлина која се движи побрзо. При подолги експозиции, неопходен е статив за фотоапаратот да остане стабилен и да го спречи заматувањето предизвикано од тресење на фотоапаратот.
- Фокус: поставете го објективот на рачно фокусирање и користете ја функцијата за издвојување со фокус на фотоапаратот за да видите што е остро во снимки со луѓе или преден план. Користете го LCD-екранот на задниот дел од фотоапаратот за поголема прецизност. На овој начин, дури и во темнина, фокусот ќе биде на соодветниот субјект. Ако имате проблем со фокусирањето, обидете се да се фокусирате на светла ѕвезда.
- RAW-формат: снимање во овој формат гарантира највисок квалитет на сликата, подготвен за детална обработка по снимањето.
Пребродување вообичаени предизвици при фотографирање на поларната светлина
Фотографирањето аурора бореалис доаѓа со свои предизвици. Врз основа на искуството на Menna, следат неколку совети за да ги решите и да добиете неверојатни резултати.
- Тресење на фотоапаратот: тресењето на фотоапаратот за време на долги експозиции може да ви ги замати сликите. Кога е ветровито, оптоварете го стативот со камења или вреќа со песок. Можете далечински да ја активирате блендата со жичен уред за активирање или апликацијата Canon Camera Connect за да ги намалите вибрациите.
- Фокусирање во темнина: користете рачно фокусирање, и, ако е можно, фокусирајте се на светлина во далечината или замолете некого да ви светне со светилка за да помогне со фокусирањето.
- Балансирање субјекти во преден план со аурора бореалис: за фотографирање на поларната светлина која вклучува луѓе или предмети, размислете да користите надворешен извор на мека светлина. И двојните експозиции може да се креативно решение за балансирање на аурора бореалис и субјектот во преден план.
Menna вели дека вклучувањето на човек во композицијата им дава референца на гледачите за да можат да го разберат размерот на поларната светлина.
Ако го направите ова, Menna предлага да користите мек светлосен извор на субјектот за суптилно да го осветлите без да одвлекувате внимание од сјајот на поларната светлина. „Замолив другарка да држи светилка за да можам да се фокусирам на неа“, вели Menna за својот субјект. Додава дека вашите субјекти треба да најдат удобна стоечка положба бидејќи „мора да стојат многу мирни за да нема заматени движења, поради што вообичаено препорачувам стоење со рацете во џебови“.
Се разбира, ако не е можно потполно да се спречат заматените движења, можете да создадете нешто поапстрактно. На пример, ако субјектот ги мрдне рацете, движењето може да изгледа промислено и подобро ќе се вклопи во креативната визија. Ако ги користите препорачаните поставки, кога субјектите ќе ги движат рацете, фотоапаратот ќе ги долови бледите траги или заматувања од движењето, што додава надреален, речиси насликан ефект.
Уште една работа поврзана со фотографирањето на поларната светлина: морате да бидете брзи. Да ја цитираме Menna, „може да исчезне додека да трепнете“.
Совети за усовршување на вашите фотографии од поларната светлина во обработката по снимањето
Menna прави минимални уредувања во обработката по снимањето. Ги зголемува светлите тонови, ги намалува сенките и ја приспособува живописноста за да ги истакне боите на поларната светлина и пејзажот. Снимањето во RAW-формат обезбедува поголема флексибилност за приспособување во експозицијата, бојата и контрастот, со што се доловува целосниот ефект на поларната светлина и други екстремни природни феномени, како вулкани.
Сите фотоапарати без огледало Canon со EOS R-систем поддржуваат фотографирање во RAW-формат, што е клучно за флексибилност при обработката по снимањето. RAW-датотеките ги задржуваат сите податоци за слики кои ги доловува сензорот, што ви дава поголем опсег за приспособувања на експозицијата, балансот на боите и намалувањето на шумот - клучни фактори кога се справувате со комплицираните услови за осветлување при фотографирање на поларната светлина.
За усовршување на фотографиите откако ќе ги сликате, софтверот Digital Photo Professional (DPP) од Canon нуди издржливи алатки наменети за уредување на фотографии во RAW-формат, вклучително и напредно намалување на шум, враќање на светли тонови и детално приспособување на боите. Погледнете ги нашите совети и насоки за уредување RAW-слики за да ги прикажете вашите слики во најдобро светло.
За да внесете реалистичност во вашите слики, можете да ги отпечатите вашите слики од ноќното небо. Сликите со 45 MP снимени со Canon EOS R5 овозможуваат висококвалитетни отпечатени материјали кои ги прикажуваат и најситните детали, реални бои и одличен контраст - што е идеално за отпечатени материјали во голем формат кои му помагаат на гледачот да се внесе во сцената. Сликите со 24,2 MP снимени со Canon EOS R8 може да се отпечатат во големини до A2-формат, со јасност и длабочина која ја пренесува убавината на поларната светлина со исклучително реален квалитет.
За најдобри резултати, висококвалитетна фотохартија како што е Pro Platinum или Pro Luster од Canon ќе ја зголеми длабочината и осветленоста на боите, со што бајковитиот сјај на поларната светлина се пренесува на хартија и ви овозможува да ја доловите нејзината убавина и да добиете траен квалитет, без оглед на тоа дали се работи за отпечатена фина уметност или приказ на големи екрани.
Со следење на овие совети и поставки, ќе бидете добро подготвени да ја доловите поларната светлина и да создадете впечатливи фотографии од поларната кои можете да ги споделите и отпечатите.
Слични производи
-
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
EOS R6 Mark II
Фотографии или видео, акција или портрет - комбинацијата од перформанси и квалитет на слика што ја нуди EOS R6 Mark II ви овозможува да бидете максимално креативни -
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината. -
RF 24mm F1.8 MACRO IS STM
Компактен и лесен примарен објектив од 24 mm што е идеален за фотографирање пејзажи, снимање видеоблогови и ентериери, но и за снимање одлични макро слики. -
RF 15-30mm F4.5-6.3 IS STM
Компактен и лесен објектив RF со зум од 15-30 mm што е совршен за патувања, но и за фотографирање градски сцени, пејзажи, архитектура и снимање видеоблогови во движење. -
RF 16mm F2.8 STM
Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.