Храна во движење: како да преминете на снимање храна

Креаторот на содржини Jessie Bakes Cakes споделува совети со кои ќе може да снимате привлечни видеоснимки од храна.
Фотоапарат Canon EOS R8 и повеќе објективи Canon RF, прикажани одозгора, опкружени со торти, колачиња и состојки.

Храната има моќ да ги обединува луѓето од сите области на животот, а фотографирањето и снимањето храна одамна го привлекува интересот на публиката, особено по порастот на социјалните медиуми. Но, не е едноставно да се снима храна во движење – нешто што креаторот на содржини Jessica Marsden-Urquhart одлично го знае.

На нејзината сметка на социјалните медиуми, Jessie Bakes Cakes, каде што има повеќе од 100 илјади следбеници, Jessie создава кратки видеа што го истакнуваат креативниот процес и макотрпната работа што е потребна за да се приготви храната. Нејзината фотографска авантура со храната почнала за време на карантинот. „Отсекогаш сум сакала да печам, а се сеќавам дека снимав ужасни фотографии на мојот телефон во 2013 година“, се смее Jessie. „Во 2020 година, почнав посериозно да размислувам на таа тема и се запрашав: „Во што уживам?“. Почнав да ги подобрувам моите рецепти, но почнав и повеќе да се фокусирам на фотографската страна на готвењето“.

Овде, Jessie го опишува својот преод од фотографирање до снимање храна и споделува практични совети и трикови што може да им помогнат на луѓето кои имаат намера да снимаат видеозаписи со храна.

Транзиција од фотографирање храна во снимање видеозаписи со храна

Жена стои зад фотоапарат Canon EOS R8 поставен на статив за снимање храна.

Не мора да користите видеозаписи за да доловите движење при фотографирањето храна. Фотографирањето ролати од цимет со глазура од слатка павлака е доволно да го промени начинот на кој гледачот ги перципира сликите. Меѓутоа, преминот во видеоснимка додава целосно нова димензија во вашите содржини. Нашето уживање во храната во огромен дел зависи од нејзиниот изглед, а истакнувањето на текстурата и размерот е многу полесно преку видеоснимка. Во суштина, сакаме да гледаме слики од храна бидејќи сакаме да ја изедеме, а видеоснимките прават да сакаме да ја изедеме уште повеќе.

Многу е важно и креаторите на содржини да се приспособуваат на променливиот свет на социјалните медиуми. „Тоа што навистина го поттикна мојот интерес да се префрлам од фотографии на видеоснимки беше промената на трендовите“, вели Jessie. „Знаев дека мора да научам да ги користам видеоснимките за да овозможам мојата кариера и бизнисот да просперираат“.

Набавете ја вистинската опрема за да направите храната да биде вистинската ѕвезда

Раце прикачуваат објектив од Canon на фотоапарат Canon EOS R8.

Не можам да се изначудам колку полесни се RF-објективите од Canon во споредба со EF-објективите“, вели Jessie. „Да не го спомнувам подобрувањето во квалитетот на снимките, можностите за фокусирање и опсегот на решетката“.

Насмеана жена седи на кревет и држи виљушка пред колач на чинија која ја држи пред себе.

Експериментирањето е голем дел од подобрувањето на вашите вештини и разбирањето што успева и кај вас и кај вашите следбеници, вели Jessie. А во случај нештата да тргнат наопаку, сепак ќе ви остане еден куп вкусна храна во која ќе може да уживате.

Опремата што ја користите за снимање на храната може да има големо влијание врз вашата работа, но не мора да потрошите многу пари за да добиете одлични резултати. Jessie смета дека изборот на објектив е поважен од фотоапаратот и препорачува објектив од 50 mm со широк отвор на блендата, како што е Canon RF 50mm F1.8 STM. „Тој ми ги нуди резолуцијата и квалитетот што ги барам“, вели таа. Малата длабочина на полето овозможува храната да се истакне и да биде во центарот на вниманието.

Jessie го користеше и објективот Canon RF 100mm F2.8L MACRO IS USM на ова снимање и вели дека веднаш се заљубила во него. „Тој е идеален за да ѝ се приближите на храната, а острината на снимките е неверојатна“, вели таа. „Сакам да го користам за да ги истакнам прекрасните текстури на печивата. Изборот помеѓу AF/MF овозможува неверојатно лесно префрлување меѓу рачното фокусирање, кога сакам да го задржам фокусот на субјектот, и автоматското фокусирање, кога сакам да го следам движењето во сцената“. Освен тоа, користењето мал отвор на блендата ѝ овозможува на Jessie да ја истакне храната и да создаде фантастична, заматена заднина. Објективот се одликува со оптичка стабилизација на слика од 5,5 чекори што овозможува снимање видеозаписи без тресење, но може да испорача до 8 чекори ако се користи во комбинација со фотоапарат со вградена стабилизација на слика (IBIS), каков што е Canon EOS R6 Mark II. Двата Nano USM-мотори овозможуваат прецизно и исклучително брзо автоматско фокусирање кое е речиси бесшумно, така што шумот од објективот нема да влијае на вашиот субјект.

Повеќенаменскиот Canon RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е компактна и лесна опција. „Широката фокусна должина ми овозможува да снимам долги кадри за да го доловам целиот субјект, а потоа да зумирам за кадрите одблиску без да треба да го променам објективот или да го поместам стативот и без загуба на резолуцијата“, вели Jessie. „Тој исто така брзо реагира на движење и бесшумно го фокусира субјектот – совршено за снимање видеоснимки со звук“. Овој објектив се одликува со оптичка стабилизација на слика до 5 чекори, а ако го поместувате објективот додека стабилизацијата на слика е вклучена, тој автоматски се префрлува од стандардна стабилизација на слика во стабилизација на слика при поместување. Тоа значи дека може рачно да снимате видеоснимки и да го движите фотоапаратот за да го снимите секој детаљ.

До почетокот на 2023 година, Jessie користела APS-C DSLR-фотоапарат пред да го надгради со фотоапаратот без огледало за целосна слика Canon EOS R8. „Користам вештачко осветлување, кое мора да го усогласите со бојата на вашиот фотоапарат, инаку ќе добиете зелени или розови тонови“, вели таа. „Со храната треба да обрнете уште повеќе внимание на тоа, бидејќи не сакате белиот крем да изгледа жолто. EOS R8 навистина ми помогна бидејќи ми овозможува да поставам приспособен баланс на белата боја за да може да ги добијам точно тие бои што ги барам“.

EOS R8 е особено добар за видеоснимки бидејќи снима во 4K со максимум 60p, добиени со прекумерно семплирање од податоците од 6K-сензорот, со што се добиваат 4K-видеоснимки со повисок квалитет во споредба со оние снимени во стандардна 4K-резолуција. Не треба да се грижите ни дека ќе испуштите некоја низа, бидејќи EOS R8 има функција за пред снимање, која прави видеоснимка од 3-5 секунди пред да го притиснете копчето за снимање.

Поедноставете го вашиот работен процес за снимање

Фотоапарат Canon EOS R8, поставен на статив под агол од 90° за снимање во вертикална ориентација.

Jessie најчесто снима во вертикална ориентација бидејќи знае дека голем дел од нејзините содржини се гледаат на паметни телефони. За да заштеди време, таа ги планира кадрите што сака да ги сними. „Запишете краток список, имајќи ја предвид приказната што сакате да ја раскажете“, советува таа. „Ги запишувам аглите на фотоапаратот, објективот што сакам да го користам и поставките за кои сметам дека ќе бидат соодветни. Организирањето навистина ми помогна“.

Фотографија од рака што нанесува глазура на торта, отворена во софтверот Canon EOS Utility на екран од лаптоп.

„Размислете како може да додадете текстура во кадарот, нешто што ќе ги натера вашите гледачи да посакаат да посегнат низ екранот и да ја зграпчат храната“, вели Jessie. „Без разлика дали се работи за мачкање глазура на колач со шпакла или нанесување со специфична прскалка“. Jessie го користи софтверот Canon EOS Utility за подетално да ја погледне текстурата на своите слики на нејзиниот лаптоп.

Важно е да најдете решение што ќе ви одговара. Кога смислувате рецепти за печење или готвење, а потоа снимате, тоа може да биде проблематично и да одземе многу време, па затоа Jessie секогаш прави повеќе работи одеднаш. „Кога развивам рецепт, веќе размислувам како да го доловам во видеоснимка“, вели таа. „На пример, кога пишувам рецепт за колачиња, си мислам: „Овде ќе ги додадам чоколадните парченца, тоа ќе биде кадарот“. Веројатно ќе снимате 30 минути кои подоцна ќе ги скратите во 30 секунди, така што важно е да забележите кои делови се најважните."

Содржините на Jessie пред сѐ се наменети за социјалните медиуми – тие се снимени во вертикална ориентација за гледање на паметни телефони, а таа смета дека е добра практика да се уредуваат снимките на телефонот. „Не користам скап софтвер за уредување фотографии“, објаснува таа. „Ги префрлувам видеата во телефонот со апликацијата Canon Camera Connect и таму ги уредувам. Има многу бесплатни апликации што може да ги користите - не мора да издвојувате многу пари за претплата“.

Таа го користи и софтверот EOS Utility од Canon за на својот лаптоп да го прикаже тоа што фотоапаратот го снима. „Кога го гледам тоа што фотоапаратот го снима, тоа навистина ми помага во поставувањето на сцената, како и при снимањето и доловувањето на храната во движење“, вели Jessie. „Ги користам ознаките на решетката во софтверот за попрецизно да ги распоредам предметите во кадарот. Имам и целосна контрола врз температурата на боите, што е важно кога се користи вештачко осветлување за да се добие најдобра прецизност на боите“.

EOS R8 и EOS R50 може да прикажуваат маркери за сооднос на слика, така што ќе може правилно да го обликувате кадарот во зависност од платформата на социјалниот медиум за којшто снимате. Целиот кадар е видлив, но ознаките покажуваат каде тој ќе биде отсечен.

Најдобри поставки и техники за снимање храна

Жена поставува торта пред придушен рефлектор, во близина се гледа лаптоп поставен на маса и фотоапарат Canon EOS R8 поставен на статив за снимање одозгора.

„Размислете за начините на кои може да го задржите вниманието на гледачите со вашата видеоснимка“, вели Jessie. „Одличен трик за тоа е да го промените начинот на снимање. Фотоапаратот не мора постојано да е свртен кон храната. Снимете еден таков кадар, потоа снимајте одозгора, а потоа страничен кадар под агол од 75 степени. Менувањето на аглите ќе го истакне и аспектот на движењето“.

Жена го насочува својот Canon EOS R8 кон сад со разни видови чоколадо додека наросува парченца бело чоколадо одозгора.

При нанесувањето глазура, наросувањето додатоци или сечењето пандишпан со нож, брзината на видеоснимката може да направи голема разлика. Jessie предлага да експериментирате со различни ефекти за да видите што ќе постигнете.

Jessie вели дека една од најчестите грешки во снимањето видеоснимки е да не знаете кога да се префрлите од рачно во автоматско фокусирање. „Ако земате нешто од кадарот и сакате фокусот да се насочи на предметот зад него, користете автоматско фокусирање“, објаснува таа. „Сепак, јас најчесто снимам со рачно фокусирање за фокусот да не се поместува низ кадарот, бидејќи тоа може да го одвлекува вниманието“.

Важно е и да се експериментира со различни агли при снимањето видеа со готвење. „На пример, снимањето одозгора е совршено за снимање кадар со мешање тесто за торта во длабок сад, бидејќи може да го долови движењето и да го привлече вниманието на гледачот“, вели таа. „Префрлувањето помеѓу снимките одблиску и широкоаголните кадри исто така е корисно бидејќи може да ги прикажете разните текстури на храната или нејзината големина“.

Иако повеќето видеоснимки што ќе ги објавите ќе бидат во реално време, експериментирањето со нивното забавување или забрзување може да има огромно влијание врз крајниот резултат. При уредувањето, може и да забрзате некои делови од објавите за социјалните медиуми, а некои делови и да ги забавите. „Може да снимите кадар со забавени движења и да го користите како вовед бидејќи забавените движења прават сѐ да изгледа луксузно“! вели Jessie. Од друга страна, вели таа, „забрзувањето на видеоснимките им дава голема енергија“. Кога има временски ограничувања за објавите, забрзувањето на видеото може да ви помогне и да вклучите повеќе содржини во пократок временски период: „забрзаните движења се практични и кога треба да ја ограничите снимката на 5 или 10 секунди“, вели Jessie.

Искористете ги трендовите и верувајте им на своите инстинкти

Фотоапарат Canon EOS R8 поставен за снимање, додека рака нанесува глазура врз торта.

„Голем дел од снимањето храна се заснова на експериментирање, така што не плашете се да преземате ризици“, вели Jessie. „Ако некоја снимка не доживее успех, нема проблем. Обидете се повторно“.

Трендовите на социјалните медиуми постојано се менуваат. Една недела луѓето се опседнати со видеа од леб од банана, а следната со пандишпан и глазури, што може да биде напорно за креаторите на содржини. „Трендовите се минливи,“ вели Jessie. „Најважно е да размислите што ви се допаѓа во тој тренд и да размислите: „како може да го вклучам ова во моите содржини?“ А не: „и јас треба да го правам истово“.“

Jessie истакнува и колку е важно да го задржите сопствениот стил и пристап кон снимањето храна. „Тоа е она што им се допаѓа на брендовите или клиентите со кои соработувате; тие ве избираат поради вашата индивидуалност“, објаснува таа. „Лесно е да се исплашите од луѓето со поголем број следбеници, но ако само се обидете да ги копирате за да стигнете до нивните бројки, веројатно нема да успеете. Фокусирајте се на причината поради која го работите тоа што го работите. Правете го тоа што го сакате, бидејќи таа страст ќе биде видлива во вашиот труд. Кога јас го обезбедив мојот прв клиент, имав само 2.000 следбеници, така што не ви е потребна голема публика. Може да имате успешен бизнис и со мал број следбеници.

„Во ред е да се преиспитувате“, продолжува таа. „Насекаде има многу извори на инспирација, па може да се обидете да повторите нешто и да помислите: „ова не се вклопува во мојот стил“ или „дали навистина ми се допаѓа ова?“. Верувајте му на својот инстинкт. Најчесто тоа се исплати“.

Затоа, следниот пат кога ќе печете торта или ќе готвите вечера, може да се обидете да експериментирате со можностите за снимање видео на вашиот фотоапарат и советите во оваа статија и да видите што може да постигнете.

Напишано од Nikita Achanta

Слични производи

  • EOS R8

    Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции.
  • EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • RF 16mm F2.8 STM

    Компактен, достапен и извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со фокусна должина од 16 mm што е наменет за серијата EOS R и дизајниран за видеоблогери и креатори на креативни содржини.
  • RF 24-105mm F4-7.1 IS STM

    Идеален објектив за секојдневна употреба за фотоапарати за целосна слика без огледало наменет за ентузијасти. Практичниот објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM е лесен, компактен и подготвен да го однесе вашето фотографирање на повисоко ниво.
  • RF 50mm F1.8 STM

    Компактен, тивок и лесен примарен RF-објектив од 50 mm, со широка решетка од f/1,8, што е совршен за реализирање на вашата креативна замисла.
  • RF 100mm F2.8L Macro IS USM

    RF 100mm F2.8L MACRO IS USM е професионален макро објектив RF што е совршен за рачно снимање слики и извонредни портрети со зголемување до 1,4x од реалната големина, со квалитетот на серијата L.

Слични статии

Совети за подобрување на вашите видеоснимки за социјалните медиуми

Четворица креатори дискутираат што значи тоа да се направи добра содржина и како да се истакнувате онлајн.

Најдобри објективи за фотографирање храна

Снимајте прекрасни фотографии од храна со нашиот избор на објективи од Canon кои мора да ги имате.

Како да станете инфлуенсер за храна

Совети за фотографирање храна од Yasmin AlBatoul, инфлуенсерка на Instagram и амбасадорка на Canon.

Како да фотографирате храна како професионалец

Прочитајте го водичот за фотографирање храна на Yasmin Albatoul, што содржи информации за усовршување на композицијата, скриени реквизити и техники за внесување реалистичност во вашите слики.